Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е на дното во Европа според бројот на направени тестови за Ковид-19

Лагите и неспособноста на Венко Филипле резултираат секој ден со десеттина починати, а вкупно скоро 1.700 смртни случаи, велат од ВМРО-ДПМНЕ во однос на состојбите со епидемијата на коронавирус.
„Македонија е на врвот на европската листа по број на почнати на милион жители или на петто место. На светската ранг листа од 220 земји повторно сме на врвот по починати на милион жители или на 13 место. Македонија е на дно во Европа по број на направени тестови“, нагласуваат од опозициската партија.
Од таму додаваат дека додека во другите земји во Европа се тестирани од минимум 20 проценти до 60 проценти на населението, бројката на тестирани во Македонија е само околу 15 отсто.
„За какво смирување на епидемијата зборува Филипче? Граѓаните молат за термин за тестирање бидејќи нема доволно тестови, граѓаните молат за прием во болница, чекаат по ходници, а ако бидат хоспитализирани добиваат третман во крајно нехумани услови, нема кислород, нема кревети“, велат од ВМРО-ДМНЕ од каде предупредуваат дека трагично е и тоа што секој ден има се повеќе заразен медицински кадар и веќе ќе нема кој да се грижи за болните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Богојески – Гир: Македонија не е сама на патот кон ЕУ

Претседателот на Унијата на европските федералисти на Македонија – УЕФМ и промотор на Македонскиот концепт, Петар Богојески, имаше средба со шефот на делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир.
Од Македонскиот концепт информираа дека на средбата се разговарало за европската перспектива на Македонија во пресрет на новите предизвици, особено појавата на засилен европесимизам кај младите.
„Македонија не е сама на патот кон ЕУ. Портите за интеграција се широко отворени, а билатералните проблеми ќе се разрешат во духот на европските вредности“, е заклучокот од средбата.
УЕФМ е партнер на ЕУ во промоција на можностите за образование на младите во земјите на ЕУ.
Соопштенија
Демократскиот сојуз: Македонците од дијаспората да ја искористат можноста и масовно да се попишат

Демократскиот сојуз на првиот ден од почетокот на пописот ги повикува Македонците што живеат во дијаспората, а имаат македонско државјанство, матичен број и адреса во Македонија, да ја искористат можноста што им се нуди со Законот за пописот и масовно да се попишат преку онлајн-апликацијата во периодот од 1 март до 31 март оваа година.
Од партијата велат дека попишувањето на Македонците што живеат на сите континенти е од исклучителна важност за добивање вистинска слика за етничкото потекло на сите македонски државјани.
„Демократскиот сојуз предупредува дека отпорот против попишувањето и тивкиот бојкот што се заговара од некои политички партии во Македонија може да произведе неверодостојни податоци за бројот на етничките Македонци и да го доведе македонскиот народ во нерамноправна положба во сопствената држава. Истовремено, ги повикуваме и роднините на нашите Македонци иселеници, што живеат во Македонија, да ги потсетат своите блиски на оваа обврска и да им го објаснат значењето на пописот и попишувањето“, се наведува во соопштението.
Соопштенија
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Шилегов не направи ниту еден проект

Петре Шилегов нема направено ниту еден проект. Нема тунел под Калето, нема нови булевари, освен булеварите што што му ги остави Коце Трајановски, само менува имиња на улици, а Заев ќе го кандидира пак, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
Според нив, Шилегов е најнеуспешниот градоначалник на Скопје и со самиот факт што за Заев е фаворит, тоа уште еднаш потврдува дека целото работење на Шилегов е по насока на Заев, а тоа е целосна неработа и раздавање тендери.
„Шилегов не оствари ниту 10 % од својата изборна програма. Нема никакви резултати од областа на екологијата, борбата против загадувањето и комуналната хигиена. Скопје за овие 4 години стана еден од најзагадените градови во светот. 4 години ‘Вардариште’ е дива депонија и проблем за Аеродром и Гази Баба. Диви депонии има насекаде во околината на Скопје и во самиот град. Мерните станици на загаденоста на воздухот често покажуваат и по 10 и 20 пати зголемена канцерогеност на воздухот“, велат советниците од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие обвинија дека Шилегов не се грижи за зеленилото, граѓаните немаат доволно вода за пиење, а нема ни инфраструктурни проекти.
„Шилегов вети и не ја направи Универзалната сала. Шилегов вети и не направи забавен парк. Шилегов вети и не направи тунел под Калето. Шилегов вети и не направи нови мостови и булевари. Петре Шилегов ќе остане само познат по потрошените 100.000 евра за новогодишна журка, ливадата на плоштадот Македонија, продажбата на градската куќа, обезличување на Скопје и како најнекултурен градоначалник на Скопје, кој ги навредува сите неистомисленици со многу погрдни зборови“, велат од советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран