Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е помеѓу земјите со најголема смртност од Ковид-19 во Европа

Заев и Филипче потфрлија. Македонија, според Би-би-си, е една од земјите со најголема смрттност во Европа. Според нив, бројот на умрени на 100 илјади жители е 34,6, што е 10 пати повеќе од бројот на починати од корона во Грција на истиот број на жители, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонија под палката на Заев и Филипче има 737 починати и над 17 илјади заразени од коронавирус, иако првичните прогнози им беа дека бројот на заразени нема да оди над 2.000. Сè што кажаа – излажаа. Заев и Филипче не беа способни да се справат со корона-кризата. Македонија не е излезена од првиот бран, кој постојано доживува нови пикови. Среде лето со СДСМ и нивната неспособност имавме трицифрена бројка на заразени секој ден. Со почетокот на есента се очекува и вирусот да се шири во позасилено темпо, но Заев и Филипче немаат направено ништо да превенираат евентуални катастрофи. Ветија 16 монтажни болници и ништо од тоа нема. Целиот процес на управување на Заев и Филипче е под секое ниво. Секојдневно медицински лица, лекари и сестри си заминуваат од државата поради лошиот однос кон нив“, се наведува во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека од фелата алармираат дека Македонија ќе се соочи со масовни заминувања медицински лица по завршување на корона-кризата, а тоа, велат од партијата, е последица на нечовечкиот однос на лицата од власта, за што најодговорни се Заев и Филипче.
„Македонија само тоне. Со Заев и Филипче пред колапс е и здравството. Мафијата, криминалот и Владата, кои се едно исто во Македонија, мора да си заминат“, пишува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: ДКСК да го расчисти незаконското назначување на Велковски за секретар на Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска со назначување на Ѓоко Велковски за секретар на Град Скопје го прекршија законот, поточно член.44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, стои во писмената реакција од СДСМ.
Велковски, како што појаснуваат од таму е избран советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Чаир, и не може истовремено да биде секретар на Град Скопје.
„Неговата плата во Град Скопје е околу 50.000 денари, и заедно со надоместот како советник Велковски од парите на граѓаните месечно добива околу 68.000 денари.
Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по ова очигледно прекршување на законите, случајот да биде расчистен а одговорните да бидат соодветно санкционирани согласно законите. Велковски мора или да биде разрешен од функцијата Секретар на Град Скопје или да го врати советничкиот мандат, а Арсовска да одговара за ваквото незаконско постапување“, се потенцира во напишаното од страна на партијата на власт.
Оценуваат дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува по старо со прекршување на законите и партизација на институциите, работи на штета на граѓаните.
Соопштенија
СДСМ: Со Мој ДДВ за три месеци кај граѓаните вратени осум милиони евра

СДСМ преку институциите што ги предводи реализира мерки кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните. Само преку Мој ДДВ за првото тромесечје од оваа година кај граѓаните се вратени 491,5 милиони денари, или речиси 8 милиони евра, информираат од партијата на власт.
Оваа успешна мерка, како што додаваат, веќе три години ги остварува своите цели и тоа унапредување на даночната дисциплина, сузбивање на сивата економија и враќање пари кај граѓаните, што е особено добредојдено во ова време на светска економска криза.
Во време на светска економска криза СДСМ, потенцираат од партијата, презема низа мерки кои обезбедуваат повисоки плати и пензии и помали трошоци за граѓаните.
Појаснуваат дека минималната плата е зголемена на 18.000 денари, а од септември следува рекордно зголемување на пензиите согласно новата методологија.
„Со 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра се намалуваат месечните трошоци на семејствата. Ребалансот на буџетот ќе обезбеди дополнителни средства за ублажување на последиците од кризата за компаниите и за граѓаните“, се истакнува во информацијата од страна на СДСМ.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев бил спремен да тргува со ликот и делото на Гоце, знаел ли и Ковачевски?

„Во јавноста и медиумите излезе потврда дека Зоран Заев бил подготвен да тргува со ликот и делото на Гоце Делчев, заедно со уште други историски личности. Тоа на виделина ја вади лицемерноста на СДСМ. Кога целокупната јавност стравуваше дека Заев е подготвен да направи ваков анационален чекор, тие без срам и перде тврдеа дека тоа не е точно. Сега гледаме дека било и тоа како точно, ама СДСМ ја лажеле јавноста“, е истакнато во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
„Кој му го дал тоа право на Заев да се пазари со ликот и делото на Гоце Делчев? Дали и Ковачевски како дел од владата учествувал во ваквото раскрчмување на националните и државните интереси?“, прашуваат од опозициската партија.
„Сега е јасно и зошто СДСМ бегаше како ѓавол од темјан од гласање на Декларација за ликот и делото на Гоце Делчев во Собранието по повод јубилејот од неговото раѓање. Се покажа целиот карактер на СДСМ. Ред анационални политики, ред лаги, ред тргување со државните интереси“, е истакнато во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.
Се потврди, велат од таму, дека далеку од очите на јавноста, опозицијата, парламентот, експертите, ликови како Заев и Ковачевски на маса се пазарат, како што додаваат во напишаното, со ликовите и делата од македонската историја само за да зачуваа фотелја некој месец повеќе.