Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија и понатаму е рекордер по бројот на новозаразени од коронавирус

Објавено пред

„На Заев и СДСМ не им е важно како живеат граѓаните, туку важно им е само нивното богатење.Неспособната влада на Заев воопшто не води грижа за здравјето на граѓаните. Бројот на новозаразени од коронавирус секојдневно е трицифрен. Поради неспобноста на Филипче, Република Македонија и понатаму е рекордер по бројот на новозаразени, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, владата на Заев не води воопшто никаква грижа за граѓаните.

„Единствено нешто за што водел грижа Заев е депозитот на Нина Ангеловска од 250 илјади евра да биде извлечен од Еуростандард банка. По пропаѓањето на Еуростандард Банка само 10 проценти од лицата успеале да отворат сметки во други банки, што значи дека околу 90.000 граѓани ќе останат без своите пари наредниот месец.

Иако Република Македонија се наоѓа во корона криза, СДСМ и Заев одлучија да ја поскапат струјата за 7.5%. Со поскапувањето на струјата тие директно удираат по џебот на граѓаните, а фирмите блиски до СДСМ и Заеви ќе се богатат.Сето ова покажува дека СДСМ и Заев не им е гајле како граѓаните живеат, туку само водат грижа за нивно богатење“, се додава во соопштението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Мафијата на власт создаде општество во кое се тепа народот

Објавено пред

Мафијата на власт наместо Едно општество за сите, создаде општество на доминација на насилство, притисок и криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ во однос на полициското насилство врз граѓани Роми во Битола.

„Вистината е дека Заев и Спасовски удрија по народот. Заев и Спасовски стоеја зад убедувањето дека партиската книшка на СДСМ ќе ги заштити во криминал, а сега мафијата на власт брутално тепа. Наместо превенција, мафијата на власт ја злоупотребува полицијата и користи сила“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава дека мора да има одговорност од врвот на власта и оставка од Оливер Спасовски.

„Вчерашниот случај на физички напад и пречекорување на овластувања врз граѓанин, мора да биде предмет на реакција на соодветните инстанци и потоа да следат санкции. Полицијата мора да работи на градење на доверба“, истакнуваат од партијата од каде изразуваат и жалење поради непрофесионалноста во мал дел од полициските редови.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Досега со бескаматни кредити се помогнати 1.300 фирми со речиси 17.000 вработени

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ во првите недели од избувнувањето на пандемијата со коронавирусот реагираше веднаш со суштински мерки и политики за ублажување на негативните последици врз економијата, соопшти СДСМ.

„Во рамките на мерките за помош за стопанството, со бескаматната кредитна линија Ковид-1, преку Развојната банка, во стопанството се вбризгани свежи финансиски средства од 5 милиони евра на 737 компании, кои вработуваат над 6.509 лица, од најпогодените сектори: туризмот, угостителството и транспортот на патници, кои беа први на ударот на кризата

Развојната банка пласираше и кредитна линија Ковид-2 во износ од 8 милиони евра, кои се одобрени за 639 домашни компании во кои работат 11.325 лица.

Со двете кредитни линии, низ отворен, инклузивен процес, беа поддржани над 1.300 домашни компании, а најголем дел од нив се микро претпријатија, кои вработуваат до 10 лица.

Поддршката за стопанството не застанува тука. Следува четвртиот пакет антикризни мерки, чија подготовка е при крај и чија реализација ќе почне во следниот период.

Како одговорна партија, СДСМ продолжува со мерките и политиките што значат вистинска грижа за граѓаните и стопанството“, се додава во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Левицата: Две години нема информации како се трошат парите во Министерството за образование

Објавено пред

Детаљниот буџет на Министерството за образование и наука (МОН) не е достапен на официјалната страница, реагираат од партијата Левица.

Како што објаснуваат од таму, последниот буџет, кој е достапен, е оној од 2018 година, а за 2019 и 2020 година не постојат јавно објавени и достапни информации за тоа како се трошат парите во МОН.

Од партијата укажуваат и на проблемот дека само на шест работни дена до почетокот на учебната година наставниците и учениците не знаат по кои нови учебници ќе се одвива наставата по странски јазици во целото основно образование.

Објаснувајќи дека треба да се изврши набавка на нови учебници за странски јазици за сите осум одделенија, од Левицата укажуваат дека Министерството за таа цел би требало да потроши околу милион и 120 илјади евра.

„Во Македонија во просек има по речиси 20 илјади ученици во секое од одделенијата на основното образование. Ако се земе дека еден учебник ќе чини во просек 7 евра, односно набавка на учебник за странски јазик за едно одделение за сите училишта, ќе чини 140 илјади евра, за сите одделенија ќе се излеат оваа година речиси 1 милион и 120 илјади евра“, стои во партиското соопштение, во кое се додава дека подобро би било да се користат ланските учебници, кои во голем број ќе се ротираат помеѓу учениците од разните одделенија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Починаа 9 лица, регистрирани се 143 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-43, Куманово-16, Штип-4,...

Македонија40 минути

(Видео) Спасовски: Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој претепа Ром во Битола

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички стандарди и професионални истраги во МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење...

Европа2 часа

Напаѓачот уапсен, полицијата пронајде мачета и сатар на местото на нападот во Париз

„Бев во мојата канцеларија. Слушнав врисоци на патот. Погледнав низ прозорецот и видов жена која лежеше на подот и имаше...

Македонија4 часа

Пендаровски до Пахор: Споделуваме сегашност во НАТО, уверен сум дека ќе имаме и заедничка иднина во ЕУ

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“ претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека...

Македонија4 часа

Казна за Рудникот САСА – ќе плати 65 илјади евра поради истекувањето јаловина

Откако при направениот увид и констатиран прекршок водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина предложи постапка за посредување согласно...

Свет4 часа

(Видео) Ковид-19 создал мутација којашто е уште позаразна

Резултатите од една нова студија покажуваат дека Ковид-19 создал нова мутација која се чини дека е уште позаразна, а експертите...

Македонија5 часа

Николовски ќе бара мотивациско писмо од директорите за да спречи корупција

Вицепремиерот Љупчо Николовски бара од граѓаните да не очекуваат чудо за брзо време бидејќи проблемот со корупцијата во Македонија постои...

Македонија5 часа

Маричиќ не поддржува бирање државен јавен обвинител со политички договор

Не веруваме дека е добар начин на избор на обвинител со политички договор меѓу партиите, рече министерот за правда, Бојан...

Регион5 часа

(Видео) Во Србија се урна воен авион „Миг 21“

Авионот на српската армија „Миг 21“ се урна утрово при извршување на редовна задача за летање во селото Брасина, во...

Свет6 часа

Водечкиот германски епидемиолог предупредува: Пандемијата допрва ќе почне

Водечкиот германски епидемиолог Кристијан Дростен во својот говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди на предвременото славење на успехот...

Свет6 часа

Трамп: Бајден ќе ја уништи Флорида, мојот план ќе го уништи вирусот

Како дел од предизборната кампања, американскиот претседател, Доналд Трамп, ги посети Северна Каролина и Флорида, некои од државите каде што...

Свет6 часа

Бројот на заболени од Ковид-19 во САД надмина 7 милиони

Бројот на заболени со коронавирус во САД вчера надмина седум милиони, што е повеќе од 20 проценти од вкупниот број...

Македонија6 часа

Заев: Бруталноста од полициски службеници врз граѓани Роми е за најсилна осуда

Премиерот Зоран Заев го осуди вчерашниот инцидент, во кој полицајци брутално тепаат Роми. Според него, таквото однесување е срамно за...

Регион7 часа

Албански претседател: Косово гарант за безбедноста на Балканот

Претседателот на Албанија, Илир Мета, на 75. заседание на ООН изјави дека членството на Косово во ООН би било корисно...

Свет21 час

Гутереш: Вирусот се шири во сите правци, потфрли заедничката соработка

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека светот не успеал да соработува во борбата против пандемијата на Ковид-19....

Топ22 часа

(Видео) Во Визбегово пронајдена мини лабораторија за масло од канабис, уапсени три лица

Попладнево, околу 15 часот, Единицата за недозволена трговија со дрога извршила претреси во скопско Визбегово, при што пронајдена била мини...

Европа23 часа

Додека Навални закрепнуваше во Берлин, во Русија му го заплениле станот

Сметките на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се замрзнати, а неговиот стан во Москва е одземен додека тој во болница во...

Македонија24 часа

Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаја на...

Македонија1 ден

Владата ќе го разгледа барањето за продложување на породилното отсуство

Владата ќе ги разгледа барањата на родителите кои предлагаат времено продолжување на породилното отсуство за месец или два и ќе...

Свет1 ден

Ниту едно вакцинирано лице во Москва немало компликации

Не се забележани компликации кај ниту едно од 3.000 лица кои биле вакцинирани против коронавирусот во Москва како дел од...

Досие