Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија не може да стане членка ниту на ЕУ ниту на НАТО додека со неа раководи човек кој бара мито

Објавено пред

Бекир Асани може да биде симбол на Заевата визија за „европска Македонија”, но сигурно не може да биде модел за илјадници млади македонци кои веќе се чувствуваат како дел од Европа и се подготвени да се натпреваруваат со своите врсници, се наведува во денешното соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Осуденици на тешки кривични дела може да бидат поткрепа на Заев во лагата дека со откажување од македонскиот идентитет ќе тече „мед и млеко”, но тие не може да бидат урнек за чесниот и достоинствен македонски работник. Од вчера и Бекир Асани и лица осудени за тешки кривични дела станаа адути на заевата кампања со која што се обидува да го изманипулира македонскиот народ за да ја легитимира капитулцијата на која што се согласи, а која подразбира бришење на македонскиот идентитет“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека човек како Асани кој нападна службено лице, полицаец, настан кој власта и Спасовски направија се за да го прикријат не може да бидат дел од европската иднина на Македонија колку и да го поддржуваат Зоран Заев.

Криминалот е главен мотив на власта, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека јавноста во изминативе година и половина видела се освен европските манири на владата на СДСМ и Зоран Заев.

„Криминалните тендери и грантови доделени на високи партиски и државни функционери не се дел од вредностите на Европската Унија и западната цивилизација. Човек со свиткана кичма кој е спремен да ги продаде националните и државните интереси само за да си ја спаси својата политичка кариера, не е пример за Европски политичар“, стои во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Македонија не може да стане членка ниту на ЕУ ниту на НАТО додека со неа раководи човек кој целата јавност го виде како бара мито од 200 илјади евра, а судот наместо да го казни го амнестираше за неговите криминали.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата дозволи 15.000 граѓани од угостителскиот сектор да останат без работа

Објавено пред

Залудно Костадин Костадинов лаже од партиската говорница, кога во ек на епидемија Владата на СДСМ дозволи околу 15.000 граѓани само од угостителскиoт сектор да останат без работа, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешната прес-конференција на ривалската партија.

„Илјадници граѓани нема да земат плата за март, месец во кој буџетот и економијата сè уште ‘блескаа’, па владата не успеа и покрај предупредувањата да донесе мерки и да ги заштити граѓаните кои сега останаа без работа“, се вели во партиската реакција.

Во неа се додава дека поради рестрикциите на движењето, редовите пред маркетите и банкоматите се сè поголеми, а метеж и турканици има на секој чекор.

„Жителите на поголемите градови велат дека надлежните институции мора да го решат овој проблем, не само вината да ја префрлаат на граѓаните. Најтрагично е што бројот на починати и заболени секој ден се зголемува. Медицинскиот персонал со натчовечки напори се бори за секој живот, но изостанува навремено и обмислено менаџирање со кризата“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат дека сега не е време СДСМ преку лаги да собира политички поени.

 

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Костадинов: Нема да дозволиме некој да остане без приход

Објавено пред

Пред нас е клучен период во кој се очекува пикот на ширење на вирусот и затоа токму сега е потребна уште поголема одговорност од сите нас, порача на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој апелира граѓаните максимално да се посветат на заштита на здравјето и целосно да се придржуваат до владините мерки за заштита.

Како што рече партискиот портпарол, додека владата се соочува со здравствени предизвици, истовремено се справува и со негативните економски последици од коронавирусот.

„Пакетот економски мерки обезбедува првична помош од 200 милиони евра помош која опфаќа 250.000 вработени и 35.000 компании. Државата дава 14.500 денари плата за секој работник во фирмите коишто се погодени со кризата, затоа што секој работник е важен. За граѓаните обезбедуваме сериозни финансиски олеснувања, се одложува наплатата на кредити, се стопираат извршителите“, посочи Костадинов кој додаде дека нема да се дозволи некој да остане без приход.

Тој подвлече дека само со заеднички сили ќе ја добиеме оваа борба против последиците од коронавирусот.

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Мицкоски и Заев со честитки по повод Меѓународниот ден на Ромите

Објавено пред

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев, на припадниците на ромската етничка заедница им го честитаа Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април.

Мицкоски во своето обраќање по повод 8 Април, вели дека ВМРО-ДПМНЕ како во минатото така и во иднина ќе се залага за унапредување на политичката, културната и социо-економската позиција на Ромите во општество. Според него, потребна е ефикасна инклузија на Ромите во Република Македонија за да се надминат предизвиците со кои тие се соочуваат.

„Во овие тешки моменти за нашата земја посакувам добро здравје, надминување на предизвиците и подобар живот за Ромите и за сите граѓани на Република Македонија“, стои во честитката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев, пак, вели дека нашата држава е градена и продолжува да функционира на темелите на еднаквоста, заедништвото и меѓусебното почитување.

„Ромите отсекогаш биле составен дел од тој концепт и тоа така ќе продолжи. Преку вистинските, исправните политики што ги преземаме денес во Република Северна Македонија, Ромите се целосно рамноправни со сите наши граѓани, ги уживаат сите права, го негуваат својот јазик, ја развиваат својата култура и традиција и активно учествуваат во креирањето успешни политики, преку нивните претставници во централната, извршната, но и локалната власт“, истакнува претседателот на СДСМ кој додава дека општеството е исправено пред уште предизвици, но како одговорна партија СДСМ останува доследна на концептот едно општество за сите.

Заев воедно апелира согласно ситуацијата со корнавирусот празнувањето на 8 Април годинава да биде во согласност со мерките и задолженијата што се на сила.

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања...

Европа7 часа

Рекорден број починати за еден ден во Велика Британија

Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирус починаа 938 луѓе, што е рекорден број на смртни случаи во...

Европа8 часа

Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над...

Македонија8 часа

Излекувани уште двајца пациенти од Штип

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица...

Македонија9 часа

Медицинска помош од Турција пристигна во земјата

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и...

Македонија11 час

Почина родилката од Куманово заразена со коронавирус

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска починала 27-годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19. Таа на 30 март...

Македонија12 часа

Странски државјанин кој починал во стан во Кавадарци посмртно позитивен на вирусот

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминативе 24-часа починалo едно лице од Куманово...

Свет12 часа

Стапката на смртност од коронавирус е шест пати помала во земјите коишто ја користат БСЖ-вакцината

Земјите кои имаат широко распространета програма за вакцинирање со БСЖ имаат стапка на смртност од коронавирус речиси шест пати пониска...

Економија12 часа

Од 10 до 12 часот приоритет во банките ќе имаат лицата над 67 години

Народна банка заради заштита на јавното здравје апелира филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат само кога тоа е...

Свет16 часа

Сопственикот на „Твитер“ издвои една милијарда долари за борба против коронавирусот

Основачот и сопственик на „Твитер“, Џек Дорси, ќе даде 1 милијарда американски долари за борба против пандемијата на коронавирус. Во...

Свет16 часа

ЕУ: Лажните вести за коронавирусот доаѓаат од Русија

Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, вели дека Европската Унија идентификувала лажни информации за пандемија на коронавирус коишто доаѓаат од...

Македонија17 часа

Скопјанец потпишал изјава за изолација, па отишол да пазари во маркет

Скопското основнo јавно обвинителство предлага казна за човек кој ја прекршил мерката за самоизолација, откако од Словенија се вратил во...

Свет17 часа

Главниот научник во ЕУ поднесе оставка

Главниот научник во Европската Унија поднесе оставка, обвинувајќи го Брисел поради одговорот на кризата со коронавирусот, нарекувајќи го „разочарувачки“, објави...

Свет17 часа

Борис Џонсон е во стабилна состојба

Британскиот премиер Борис Џонсон ја помина и втората ноќ на интензивна нега, каде прима соодветна терапија поради коронавирусот. „Господинот Џонсон...

Свет17 часа

(Видео) Вухан излезе од изолација, луѓето ја пееја химната на мостовите

По речиси 11 недели или точно 76 дена, кинескиот град Вухан, каде почна пандемијата на коронавирусот, излезе од изолација. Кинеските...

Свет18 часа

Трамп ги шокира Американците: Ќе го прекинеме финансирањето на СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа одржа ретко видена прес-конференција во Белата куќа, на која се пресмета со противниците на најлошиот...

Регион18 часа

Вучиќ: Полициски час преку цел викенд, вонредна состојба уште еден месец

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека вонредната состојба во Србија поради пандемијата на коронавирусот, би можела да биде укината во...

Македонија1 ден

Вработените во јавниот сектор, кои се ослободени од работа, нема да имаат лански одмор

На оваа седница Владата ја донесе уредбата со законска сила за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за...

Македонија1 ден

45-годишен скопјанец почина од коронавирус на пат кон болница

Четириесет и петгодишен пациент од Скопје заболен од коронавирус починал на пат кон болницата „8 Септември“. Според информација од Институтот...

Економија1 ден

Македонската банкарска асоцијација апелира: Плаќајте преку интернет, користете картички место кеш

Македонската банкарска асоцијација информира дека банките и штедилниците интензивно преземаат активности за заштита на здравјето на клиентите. „Апелираме до граѓаните,...

Досие