Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со Филипче ја има само на листата на починати, но не на онаа кои вакцинираат против корона

Објавено пред

Македонија со министерот за здравство, Венко Филипче ја има само на листата на починати, но не на онаа кои вакцинираат против корона, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата упатуваат пофалби за Србија, откако српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот, Владимир Путин постигнаа иницијален договор за производство на руската вакцина во Србија.

„Група екссперти следната недела доаѓа в Србија за старт на прозиводство на руската вакцина во Србија. Ова вчера беше вест во светските медиуми. По број на жители најмногу вакцинирани има во Израел, Велика Британија и САД, а на четврто место на светската листа е Србија.

Македонија ја нема на листите за тоа колку лица се вакцинирани, затоа што нема вакцини, ама ја има на листите за број на заболени и починати. И тука котира високо затоа што има скоро три илјади починати или околу илјада и петстотини починати на милион жители.

Ова е резултат од (нe)работата на Филипче. Ова е резултат на тоа што Филипче се возеше на КОВАКС механизмот.
Ова е резултат на непреговарањето со прозиводителите на вакцини. Ова е резултат на бирањето/одбивањето од каде вакцини, а во суштина никој не ги ферма надлежните во Македонија. За ова одговорност мора да има“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

СДСМ: Растот на рејтингот во извештајот на „Фридом хаус“ нова потврда за успешните политики

Објавено пред

Најновиот извештај на реномираната „Фридом хаус“ нотира напредок на Република Северна Македонија во споредба со минатата година за 3 поени. Генералната оценка на најновиот извештај на „Фридом хаус“ е дека Владата на повторно избраниот премиер Зоран Заев направила пресврт во однос на повеќегодишното претходно уназадување на демократијата, соопшти СДСМ.

Од партијата велат дека тоа е неоспорлив доказ за успешните политики на СДСМ и премиерот Заев за слободата и демократијата што сега ги живееме.

„Извештајот го потенцира новиот забележителен напредок на нашата земја, пред сè, во поглед на изборите, стабилниот напредок во реформите, како и активната вклученост на медиумите и граѓанското општество во интензивниот јавен дискурс. Забележан е прогрес во поддршката на граѓанското општество со забелешка дека одреден дел од граѓанските организации кои застапуваат човекови права и натаму укажува на притисок врз нивното работење од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението.

Повикувајќи се на позитивните оценки на ЕУ за реформите во правосудството, велат од СДСМ, „Фридом хаус“ нотира дека е потребно да продолжи практикувањето на законските можности за зајакнување на независната работа на судиите.

„Извештајот констатира дека работата на невладините организации е слободнa и безбеднa со сериозни промени за разлика од периодот до 2017 година. Истовремено, нотирано е дека расте бројот на критички и независни медиуми, особено на онлајн-платформите. Времето кога земјата беше препознаена како заробена и изолирана држава заврши со падот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е потврдено и од меѓунардони реномирани организации“, соопшти СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Бошњаците бараат називот бошњачки јазик во образецот за попис да се промени во босански јазик

Објавено пред

Називот бошњачки јазик во образецот за попис да се промени во босански јазик, бара Бошњачкиот демократски сојуз.

„Поврзано за ова, БДС реагира во повеќе наврати како писмено така и со директни контакти до надлежните институции на Северна Македонија, но, за жал, оваа грешка постојано се повторува. Конечно, ги повикуваме сите надлежни институции на Северна Македонија веднаш да ја исправат оваа грешка, односно називот бошњачки јазик да го променат во босански јазик“, велат од партијата.

Доколку тоа не биде сторено, велат од таму, БДС ќе ги повика Бошњаците од Северна Македонија да го бојкотираат пописот.

„Бараме од сите институции на Северна Македонија еднаш и засекогаш да разберат дека никој нема право да го менува нашиот национален и верски идентитет и дека се обврзани тоа да го почитуваат и применуваат бидејќи ние по националност сме Бошњаци, кои зборуваат на босански јазик и чија вера е исламот. БДС ги застапува интересите на Бошњаците од Северна Македонија и за таа цел подготвен е да ја напушти владејачката коалиција“, велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Глас за Македонија: Планот за борба против корупција е урнебес-салата

Објавено пред

Политичката партија Глас за Македонија изнесениот акциски план за борба со корупцијата од страна на министерот Љупчо Николовски го оценува како нецелосен, манипулативен и нецелисходен.

„Кај нас корупцијата почнува во партиите што предолго практикуваат власт и ги заробуваат јавните институции. Токму јавните институции, најавнати од партиски директори и луѓе, се најголемиот извор на коруптивни, непотребни и партиски вработувања, но и на наместени тендери. Не постојат конкретни решенија како да се ослободиме од наместените тендери и како ќе се стави крај на аплицирање за тендери на фирми блиски до власта“, истакнуваат од партијата.

Според оценката од партијата, не постои јасно разграничување на мерките против корупцијата во администрацијата и во правосудниот систем, двата, како што велат, најкорумпирани системи.

„Што е со дивеењето во банкарскиот сектор? Постои ли овде воопшто контролата од Народната банка? Што е со дивеењето на цените во приватните болници за време на кризната состојба? Што е со коруптивниот Изборен законик?“, прашуваат од Глас за Македонија.

„Ова е само една урнебес-салата, во која има надробено од сè по нешто, за на крајот да не се направи баш ништо“, велат од оваа партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Нови 807 заболени од Ковид-19, починале петмина

Во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 359,...

Македонија43 минути

(Видео) Почна попишувањето на бездомните лица

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заедно со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, денеска го...

Македонија1 час

Министерството за здравство: Задолжителен карантин за лицата што доаѓаат од сите јужноафрикански земји

Министерството за здравство соопшти дека Комисијата за заразни бoлести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лицата што...

Регион4 часа

Русија ќе ѝ достави на Хрватска еден милион дози од вакцината „спутник В“

Русија може да достави милион дози од вакцината „спутник В“ во Хрватска во рок од една недела, пишува „Вечерњи лист“....

Регион5 часа

Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени од коронавирус

Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени со коронавирус на сто илјади граѓани, изјави за „Политика“...

Свет5 часа

Најопасните мутации на коронавирусот и нивните симптоми

Мутациите се нормална низа во животниот циклус на вирусот и сите негови нови соеви не мора да бидат нужно опасни...

Регион5 часа

Во Загреб 25 отсто од позитивните случаи се од британскиот сој, владата ќе купува руски вакцини

Британскиот сој е пронајден кај една четвртина од позитивните случаи на коронавирус во Загреб, а на ниво на цела Хрватска...

Свет6 часа

УНИЦЕФ: Училиштата се затворени речиси една година за 168 милиони ученици

За време на карантинот поради пандемијата на коронавирусот, училиштата беа затворени за речиси 168 милиони ученици во светот на една...

Европа6 часа

Експлозија во центарот за тестирање на Ковид-19 во Холандија, нема повредени

Пред отворањето на центарот за испитување на Ковид-19 во Бовенкарспел, град северно од Амстердам, одекна експлозија. Во несреќата нема повредени,...

Свет7 часа

Тексас контра Бајден: ги укина рестрикциите и обврската за носење маска

Тексас ги укинува ограничувачките мерки – се отвораат продавници и прекинува да важи обврската за носење маски. Гувернерот на американската...

Македонија22 часа

(Видеоинтервју) Георгиевски: Србите биле три пати пожестоки, па не ги нарекуваме окупатори, зошто да не им простиме и на Бугарите

За експремиерот Љубчо Георгиевски нема ништо спорно ако македонската страна  ги смени во учебниците називите за Бугарите од типот окупатор, номад...

Македонија1 ден

Заев за новиот систем против корупција: Ќе се дигитализираат сите обвинителства, нема веќе предмети во фиока

Ќе се екипираат и дигитализираат јавните обвинителства со оперативни истражни центри, за сите 23 јавни обвинителства во државата заедно со...

Свет1 ден

До 60 проценти од луѓето што прележале коронавирус може да се заразат со бразилскиот вид

Шест од 10 лица што прележале Ковид-19 се ранливи на бразилскиот вид П1, покажа истражувањето спроведено во градот Манаус, во...

Топ1 ден

Двајца Косовци осомничени дека пукале во полицаецот во Ѓорче Петров

Двајца Косовци се уапсени под сомнение дека го предизвикале вчерашниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров кога околу 16.30 часoт...

Македонија1 ден

На следниот конгрес СДСМ ќе го смени своето име во согласност со договорот од Преспа

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека името на партијата сè уште не е сменето поради пречките што ги предизвикала...

Европа1 ден

Во Диселдорф забрана за стоење во место: „Јадете само во движење“

Градската управа на Диселдорф донесе одлука граѓаните да не смее да стојат на едно место на главните шеталишта во градот...

Свет1 ден

Експертите на СЗО против употребата на лекот „хидроксихлорокин“

Лекот „хидроксихлорокин“, за кој поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврдеше дека ќе го промени текот на пандемијата, не треба да...

Свет1 ден

Шок-бомби, кациги и импровизирани шлемови на протестите во Мјанмар

Полицијата во Мјанмар активира шок-бомби за да ги растера демонстрантите во Јангон, најголемиот град во Мјанмар. Тие се собраа пред...

Свет2 дена

Кина им забрани на наставниците да ги тепаат и навредуваат учениците

Кина воведе забрана за казнување во училиштата што може да предизвика физичка и психолошка траума, бидејќи неколку ученици починаа во...

Свет2 дена

Навални, Грета Тунберг, СЗО и Трамп номинирани за Нобелова награда за мир

Приближно 329 номинации пристигнаа за Нобеловата награда за мир оваа година, како одраз на бројни горливи прашања низ целиот свет...

Досие