Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: МВР лаже дека имало голема полициска акција за апсење на терористи од Сирија

Објавено пред

За да се покријат скандалите, злоупотребите и криминалите во кои се фатени пријателите на Заев, вчера повторно беше злоупотребено Министерството за внатрешни работи за да се дезинформира јавноста со измислена голема полициска акција против терористи и радикали кои учествувале на боиштата во Сирија, наведуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму истакнуваат дека МВР лаже, односно дека голема полициска акција немало.

„Спасовски цел ден се криеше и немаше дополнителни информации кога и каде се приведени опасните радикали, за коишто беа обезбедени информации уште во рамки на операциите Келија 1 и 2, пред МВР да биде претворено во МВР – Турс. Вистината ни ја открија денеска нашите партнери од Пентагон кои посочија дека Сириските демократски сили до јули заробиле 600 странски платеници од повеќе од 40 земји“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека според меѓународните медиуми, македонската полиција вчера немала никаква акција, туку била извршена само репатријација, односно преземање на приведените македонски државјани на скопскиот аеродром.

„ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува соработката со САД и останатите партнери од глобалната коалиција за борба против тероризмот, но најосторо ги осудува обидите за манипулација од страна на СДСМ и злоупотребата на институциите којашто ја гледаме во моментов. Со вакво срамно однесување на Оливер Спасовски и МВР само се нарушува меѓународниот углед на државата“, велат од партијата.

Соопштенија

Бачев: Стара практика на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е да се расправаат кога земјата е во криза

Објавено пред

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, на денешната прес-конференција зборуваше за, како што рече, најновата срамна кавга меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоси за тоа дали треба или не треба да се стопира исплатата на пари од буџетот за партиите во 2020 година.

Според него, стара практика на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е секогаш кога земјата е во криза да се расправаат меѓу себе за сè и сешто.

„Кај народот владее страв и паника од коронавирусот, се бара начин како животот на луѓето да се врати во нормала, само Зоран Заев и Христијан Мицкоски три дена се расправаат дали да се стопираат парите за финансирање на партиите за 2020 година“, истакна претседателот на Единствена Македонија.

Според него, расправијата во која Заев божем бара, а Мицкоски божем не се согласува со откажувањето од парите за партиите, е само евтин пропаганден трик и навреда на интелегенцијата на народот.

„Прашањето е што ќе покрие Заев со 1,5 милион евра во кризата кога и самиот рече дека му требаат дури 2 милијарди и 200 милиони евра, а не е лошо да потсетиме дека Заев на изборите во 2016 потроши фантастични десет милиони евра во кампањата, а сега и на изборите што следуваат, ќе потроши десетици милиони евра“, посочи Бачев.

Единствена Македонија бара Заев да каже од каде ќе ја финансира кампањата, штом се откажува од легални пари од буџетот и порачува дека коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ на конкретен начин покажува дека секогаш е со народот со секојдневното предлагање мерки за борба против коронавирусот.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Мицкоски: Естонија ја решава кризата со пари од вториот пензиски столб, мерка за која апелиравме

Објавено пред

Естонскиот премиер и владата ја преземаат истата мерка што ja предлагав пред една недела, а тоа е да се искористат парите од вториот пензиски фонд, без да се доведат во каков било ризик средствата на осигурениците, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во обраќање до јавноста.

„Оваа мерка не беше добра за Заев и Спасовски, но е одлична за естонскиот премиер. Или свесно не сакаат да ги преземат мерките што се добри затоа што во прашање е суетата или не се разбираат во економија. Но, што и да е од двете причини, едно е јасно – дека сето ова се удира врз грбот на македонските граѓани“, посочува Мицкоски, кој во обраќањето на „Фејсбук“ нагласува дека истата мерка според „Асошиетед прес“ ќе ја имплементираат и други европски држави.

 

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ГДУ: Колективен одмор од 30 дена за да се спречи ширењето на вирусот

Објавено пред

Политичката партија Граѓанско-демократска унија (ГДУ) настојува и апелира веднаш да се затворат сите производствени капацитети, особено конфекциите и на работниците да им се даде 30-дневен колективен одмор како превенција од ширењето на коронавирусот.

„Очекуваме ова да биде дел од вонредните мерки донесени од Владата во договор со сопствениците на компаниите и доколку има прекршување на овој договор, да следуваат строги казнени мерки. Се работи за животот, здравјето и безбедноста на илјадници работници, како и на нивните семејства. Колку побргу ќе се донесе мерката за колективен одмор, толку поголема е веројатноста да се спречи наглото ширење на вирусот“, се наведува во партиското соопштение.

Од ГДУ ваквиот предлог го објаснуваат со тоа дека во производствените хали работат многу луѓе, без да имаат безбедна дистанца еден помеѓу друг и исто така соодветна опрема за заштита. Работниците користат и заеднички транспорт, а тоа може да предизвика дополнителна опасност од ширење на вирусот.

„Вчера, директорката на Центарот за јавно здравје – Прилеп изјави дека 59-годишна жена, вработена во текстилна фабрика, во која работат уште 200 други работници, е позитивна на Ковид-19. Исто така, директорката изјави дека текстилната фабриката е целосно затворена и дека работниците се наоѓаат во самоизолација“, потсетуваат од ГДУ истакнувајќи го овој пример како потврда дека нивниот предлог треба што побргу да се усвои.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија55 минути

На коронавирус позитивен психијатар од Демир Хисар, колегите од болницата испратени во изолација

Во Психијатриската болница во Демир Хисар доктор психијатар кој работел во болницата е позитивен на коронавирусот, информираше министерот за здравство,...

Свет3 часа

СЗО: Над 95 отсто од починатите од коронавирус во Европа се лица над 60 години

Шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, рече дека официјалните податоци покажуваат дека повеќе од...

Економија4 часа

Финансиска помош и за занаетчиите и вршителите на самостојни дејности

Владата денеска ја донесе уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица што вршат самостојна дејност, а кои...

Економија4 часа

(Видео) По 14.500 денари месечно за вработен за април и мај или 50 отсто од трошоците за придонеси

Државата спасува работни места, 14.500 денари месечно за вработен за април и мај за сите фирми погодени од кризата или...

Економија4 часа

Спасовски: Со уредба ќе ги замрзнеме кредитите ако банките го гледаат само својот интерес

По понудените решенија за одложување на кредитите, техничкиот премиер, Оливер Спасовски, вели дека чекаат да видат какви ќе бидат ефектите....

Македонија5 часа

Потврдени 30 нови случаи на коронавирус, вкупниот број се искачи на 384

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Топ6 часа

Уапсени насилниците што тепаа девојче во влез на зграда во Штип

Во врска со видеото со насилство врз девојче, кое од утрово се споделува на социјалните мрежи, штипската полиција информира дека...

Свет7 часа

Австралија почна со тестирање на две потенцијални вакцини против коронавирусот

Научници од Австралија почнаа со тестирање на две потенцијални вакцини против новиот коронавирус, што може да биде голема пресвртница која...

Свет7 часа

Новите процени покажуваат дека од 25 до 50 проценти од носителите на вирусот се без симптоми

Податоците од Исланд покажуваат дека 50 проценти од позитивните на коронавирусот биле без симптоми, а САД проценуваат дека до 25...

Македонија8 часа

Скопјанец знаел дека има коронавирус, шетал низ Охрид и дома примил вработени кај еден оператор

Четириесет и четиригодишен скопјанец, кој се вратил од странство и кој бил позитивен на коронавирусот, наместо да биде во строга...

Македонија8 часа

Министерството за здравство: На располагање има повеќе од 1.000 кревети за хоспитализирање пациенти со коронавирус

Здравствениот систем е подготвен да апсорбира поголем број пациенти, кој се очекува со пикот на коронавирусот кон крајот на април,...

Македонија8 часа

Во болницата „Плодност“ во Битола двајца доктори и една медицинска сестра позитивни на Ковид-19

Двајца доктори, еден анестезиолог и еден гинеколог, и една медицинска сестра од приватната болница „Плодност“ во Битола се позитивни на...

Регион9 часа

Србија ја укина одлуката со која се цензурираа информации за коронавирусот

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, објави дека ја повлекува одлуката за информирање во време на пандемијата на коронавирусот, со која...

Свет9 часа

ЕУ: Во Западен Балкан пандемијата се користи за промоција на антиевропски ставови

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) оцени дека кризата во врска со пандемијата на коронавирусот во Западен Балкан се користи...

Македонија10 часа

Во Битола 55 сантиметри снег, во Крушево 47

Снежната покривка во Битола достигна до 55 сантиметри, а во Крушево има 47 сантиметри снег. Во Маврови Анови има 40...

Свет10 часа

Руски воен транспортер со медицинска опрема пристигна во САД

Руски воен транспортен авион пристигна во Њујорк носејќи медицинска опрема и маски како помош за САД во борбата против коронавирусот....

Забава10 часа

Во НАСА пристигнале 12.000 апликации за идни астронаути

Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека примила 12.000 апликации за идната генерација астронаути за десетина слободни места, а резултатите од...

Свет12 часа

„Ламборгини“ ќе произведе хируршки маски за да помогне во борбата против Ковид-19

Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ламборгини“ претвори некои оддели во својата фабрика „Сант’Агата болоњезе“ во погони за производство на хируршки...

Македонија23 часа

Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор

Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело,...

Македонија23 часа

Починатата родилка од Охрид немала коронавирус

Министерството за здравство информира дека се негативни резултатите на битолчанецот кој беше пронајден починат во својот стан и кај родилката...

Досие