Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорноста на раководството на ЕЛЕМ го доведува во опасност енергетскиот систем

„Неспособноста и неодговорноста на раководството на РЕК ‘Битола’ и ЕЛЕМ го доведуваат во опасност енергетскиот систем во Македонија. Наместо да бараат одговорност и оправдување во временските услови или опозицијата раководството треба да одговори зошто од 18 јули 2020 РЕК ‘Битола’ работи само со еден блок?“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Партихата прашува зошто најголемиот багер за ископ на јаглен повеќе од еден месец е надвор од употреба.
„Зошто енергетските компании ги претрупуваа со партиски и непотистички вработувања? Зошто цело време се прават скандалозни тендери со кои се испумпуваат народните пари? Зошто на крајот од бараа поскапување на струјата од 7,5%, а според тврдењето на регулаторна и 25% кога беа до пред некој месец енергетски шампиони? Ова се вистинските одговори што јавноста ги бара од нив. Очигледно дека матните зделки, неспособноста и недомаќинското работење на енергетските власти сега сакаат да го покриваат со повисоки сметки за струја и со тоа директно да влијаат на стандардот на граѓаните“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Пецаков: Охрид ќе продолжи да се развива, со визија за модерен, дигитален, економски и зелен град

Горд сум на сѐ што успеавме да реализираме. Нашата работа се гледа во секое поле: од изградба и реконструкција на училишта и градинки, преку подобрување на патната инфраструктура, до инвестиции во спортот, културата и животната средина. Сето тоа придонесе за поквалитетен живот на сите охриѓани, вели Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Кога ја презедовме општината, долгот изнесуваше околу 14 милиони евра, без долговите на јавните претпријатија. Веднаш пристапивме кон финансиска консолидација и планови за раздолжување. За помалку од две ипол години, сметката на општина Охрид беше одблокирана, а потоа ги консолидиравме и јавните претпријатија, што доведе од друга страна, до целосно раздолжување на ЈП „Нискоградба“ а секако и финансиска стабилизација на останатите јавни претпријатија. Ова домаќинско работење значеше и крај на непотребното вработување. За првпат, по четири години, вкупниот број на вработени во сите јавни претпријатија и локалната самоуправа е намален за 70 лица“.
Овој успех, додава тој, ни овозможи да започнеме со реализација на капитални проекти кои беа ветување со децении наназад. Докажавме дека можеме и знаеме да направиме промени. Овие успеси се резултат на заедничката енергија, транспарентност и одговорно управување.
Нашата мисија не завршува тука. Ова е само почеток, а пред нас стојат нови предизвици и уште поголеми цели. Новата изборна програма е плод на темелна анализа, со визија за модерен, дигитален, економски силен и зелен Охрид, кој живее во хармонија со своето езеро и културно наследство“.
Во програмата, како што рече, голем дел од енергијата е посветен на изградба на современа општинска инфраструктура.
„Реконструкција на Кеј „Македонија“ и дел од булеварот „Туристичка“.
Изградба на уште една катна гаража во спортискиот комплекс „Билјанини Извори“ и на Младински културен центар.
Уредување на кејот во Пештани и уредување на градскиот пазар.
Проекти за канализација и патишта во Трпејца, Долно Лакочереј, Орман, Чекоштина и другите населени места.
Инвестиции во училиштата и детските градинки, вклучувајќи и поставување на фотоволтаици за енергетска ефикасност.
Ќе го воведеме Охрид во дигитална ера. Ќе ги дигитализираме јавните услуги и ќе ја зголемиме транспарентноста. Ќе воведеме QR-кодови за документи, плаќање на такси преку СМС и дигитализација на седниците на Советот. Граѓаните ќе можат електронски да ги поднесуваат барањата и да го следат статусот на своите предмети.
Ќе ја поддржуваме локалната економија со поддршка на малите бизниси и занаетчиството, како и со привлекување на странски инвестиции. Ќе формираме локален иновациски фонд за млади претприемачи.
Нашата цел е чиста, зелена и енергетски ефикасна општина, за што веќе Советот на општина Охрид ја изгласа физибилити студијата. Продолжуваме со организација на редовни акции за чистење на езерскиот брег, поставување на модерни корпи за селекција на отпад и засадување на нови дрвја. Ќе работиме за заштита на езерото преку строга контрола на отпадните води и ќе ги субвенционираме граѓаните за соларните панели.
Во областа на туризмот, ќе ја промовираме нашата дестинација како одржлива и инклузивна. Ќе изработиме стратегија за туризам 2025-2030, со фокус на еко, културен и авантуристички туризам.
Културата е срцето на Охрид, па затоа планираме реконструкција на домовите за култура во Љубаништа, Кошишта и Радојца Новичиќ. Ќе ја поддржуваме традицијата, и покрај постоечките Вино фест, Охрид Ватер Фестивал, Џез фестивал, како и Коктел фест, ќе воведуваме и нови настани, како што е Охридски џез фестивал со интернационална вечер и Фестивал на креативни индустрии.
Оваа програма е посветена на сите вас, драги сограѓани, со цел да го направиме Охрид уште подобро место за живеење. Таа е наша заедничка обврска и наш пат кон просперитетна иднина.
Пред четири години, чесно и достоинствено ја побарав вашата доверба. Денес, повторно стојам гордо, со исправена глава. Охрид не смее да застане. Охрид мора да продолжи да се развива! Знаеме како, покажавме дека умееме и продолжуваме уште помотивирани и со побогато искуство. Заедно, за уште поубав Охрид“, вели Пецаков.
Соопштенија
Каде завршија 1,4 милиони евра за чистење на градот да одгворат Османи и ДУИ, побара Влен

Портпаролот на Локалниот штаб на ВЛЕН во Чаир, Сабри Азири, на денешната прес конференција го обвини кандидатот на ДУИ за градоначалник на
општина Чаир, Бујар Османи, за директна одговорност на неговата партија за мизерната состојба со хигиената во Скопје, особено во Чаир.
Според него, наместо да се грижат за општината, кадрите на ДУИ со години го саботирале функционирањето на ЈП “Комунална Хигиена“ и ја претвориле
во извор на злоупотреби со милионски тендери. “Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, изминативе денови излегува пред јавноста претставувајќи се како загрижен родител и како лекар револтиран од нечистотијата во општината. Тој еднаш го нарече Чаир
„Кандахар“, а потоа изјави дека ова е највалканата општина во Скопје.
Но, граѓаните на Чаир треба да ја знаат вистината: за состојбата со нечистотијата е одговорна токму партијата на Османи и нивните кадри.
Наместо да се грижат за Чаир, тие со години го саботираа неговото функционирање и дозволија сериозни злоупотреби во јавното претпријатие
задолжено за чистотата на градот – ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Само од јануари оваа година се склучени договори во вредност од над 1,4
милиони евра и тоа: 422 илјади евра за сервисирање на возила, 276 илјади евра за гуми, 253 илјади евра за контејнери за отпад и друга опрема, 192
илјади евра за четки и други делови. Значи, потрошени се цели 1,4 милиони евра од парите на граѓаните. А сепак, реалноста е сосема
поинаква – Скопје, а особено Чаир, се дави во ѓубре.“, изјави Азири.
Тој нагласи дека тендерите се користат за збогатување на партиски семејства и за клиентелистички договори, посочувајќи го и договорот од
12 илјади евра за “интелектуални услуги“ со компанијата „Хели Консалт“, во сопственост на синот на Блерим Беџети.
“Ова се „резултатите“ од милионските тендери: камиони и возила во катастрофална состојба, кои не можат да ја извршат ни најосновната
функција – чистење на градот. Додека граѓаните живеат во нечистотија, тендерите на „Комунална хигиена“ се користат за збогатување на партиски
семејства и за клиентелистички договори. Да потсетиме – постои и договор од 12 илјади евра за „интелектуални услуги“ со фирмата Heli Consult, во
сопственост на синот на Блерим Беџети.“, додаде портпаролот на ВЛЕН.
Азири ја заврши изјавата со порака до Бујар Османи дека тој и неговите сопартијци треба да им дадат објаснување на жителите на Чаир за ова и
дека на 19 октомври граѓаните на Скопје и Чаир ќе имаат можност “да го исчистат не само ѓубрето, туку и оние кои со години ја користеа
општината за тендери и политички профити“.
“Затоа денес јавно му порачуваме на Бујар Османи: Вие им должите на жителите на Чаир објаснување! Како е можно да се потрошат 1,4 милиони
евра за сервисирање на возниот парк, а возилата да бидат во ваква скандалозна состојба? И како имате храброст, без срам, да излегувате со
футуристички ветувања и празни зборови? Почитувани граѓани, не е доволно да се игра улогата на загрижен лекар кога си дел од самиот проблем. На
19 октомври, граѓаните на Скопје и Чаир имаат можност да го исчистат градот – не само од ѓубрето, туку и од оние кои со години го користат за
тендери и политички профити.“, потенцираше Азири.
Соопштенија
Трајановски: Контрола врз загадувачите и редовно чистење на дивите депонии

Контрола врз загадувачите и редовно чистење на дивите депонии ветува Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од ДСМ.
„Аерозагадувањето е сериозен проблем за здравјето на граѓаните, не само во Општина Аеродром, туку и на ниво на целото Скопје. Во зимскиот период, алармот за загаден воздух е многу висок. Нашите деца, повозрасните, хронично болните, сите ние ја чувствуваме оваа закана врз здравјето и квалитетот на живот. Како општина, мораме да преземеме одговорност. Затоа, планираме контрола на загадувачите и редовно чистење на дивите депонии. Ќе воспоставиме континуиран мониторинг на сите регистрирани и потенцијални извори на загадување, со транспарентни податоци достапни за граѓаните. Паралелно, ќе понудиме субвенции за граѓаните кои ќе преминат на еколошки системи за затоплување, со што директно ќе се намали емисијата на штетни честички. Општината ќе вложи и во едукација: подигање на еколошката свест преку кампањи, работилници и училишни програми. Борбата против загадувањето е заедничка задача“, вели тој.