Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ поддржува измени на Изборниот законик во согласност со препораките на ОБСЕ-ОДИХР во консензус со партиите

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ поддржува измени на Изборниот законик во согласност со препораките на ОБСЕ-ОДИХР во консензус со партиите, соопштија од партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ поддржува измени и дополнувања на Изборниот законик во согласност со препораките на ОБСЕ-ОДИХР, со кои ќе се овозможи поголема транспарентност на изборниот процес и поголема ефикасност на изборните органи, но, пред сѐ, поголема можност за избор на граѓаните со непосредно гласање за посебно по една личност – кандидат од секоја предложена листа на партиите и независните листи на кандидати“, се наведува во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, ваквата опција за отворени листи овозможува поголема демократија во која личноста на кандидатот, а не само партијата, ќе бидат избирани од страна на граѓаните да одлучуваат за нивната општина.

„Дополнително, со измените на законот се доуредуваат аспектите на изборната кампања, времето на рекламирање, роковите, содржината и постапката на доставување на финансиските извештаи и други процеси поврзани со изборниот процес. Измените на Изборниот законик во согласност со препораките на ОБСЕ-ОДИХР се пракса пред секои избори во консензус со партиите да се подобри изборниот процес со крајна цел фер и демократски изборен процес, пред сѐ, во интерес на опозициските партии“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

СДСМ: Две нови стратешки инвестиции во енергетиката, сончева електрична централа и ветерен парк

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ донесе одлука за спроведување на две нови стратешки инвестиции во енергетиката. На последната седница Владата ги усвои инвестициските проекти на Друштво за производство на енергија ЕФТ „Солар“ дооел Скопје и на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ветерен Парк Вирови“ дооел Скопје, со што енергетскиот систем ќе добие два дополнителни два извори на обновлива енергија, известија од СДСМ.

Ова, според СДСМ е еден од низата чекори што Владата ги презема со цел зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори и замена на старите нееколошки енергенси со нови зелени извори на енергија.

Пред неколку месеци, државата се вклучи во гасната централа „Александропули“ во Грција која треба да обезбеди стабилно снабдување со природен гас, потсетија од владејачкaта партија.

Додаваат дека во фаза на подготовка или во фаза на реализација се и неколку фотонапонски електрани и ветерни паркови, распоредени во неколку општини во државата.

„Од земја зависна од увоз на енергија, денес сме држава која го трансформира и модернизира својот енергетски систем. Сето ова е силна потврда за посветеноста на Владата на инвестициите во зелени, еколошки и обновливи извори на енергија со цел да се обезбедат поевтини извори на енергија, здрава животна средина и почист воздух“, нагласуваат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Зградата дивоградба на Шилегов ќе биде урната по смена на власта

Објавено пред

Зградата дивоградба на Шилегов ќе биде урната веднаш по смена на власта, општеството треба да се исчисти од криминалци, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваа партија, институциите со денови молчат за луксузната дивоградба на Петре Шилегов.

„Да беше дивоградба на обичен граѓанин досега ќе беше срушена, но кога станува збор за функционер на СДСМ инспекторите никаде ги нема. Институциите се неми пред криминалот на градоначалникот во заминување Петре Шилегов. Дваесетина дена јавно се посочува дека Петре Шилегов менува документи во Катастар во неработен ден во сабота“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ, дополнуваат од партијата, посочува со денови дека Петре Шилегов пријавил имот изградена луксузна вила од 300м² со 4 пати помала вредност. Дваесетина дена секој ден јавно се посочува дека Петре Шилегов има коли од 130.000 евра, кои што не се пријавени во анкетниот лист, додаваaт од таму.

Велат, дека освен што институциите молчат, дури и Петре Шилегов се крие од камери и бега од одговори.

Јавното обвинителството мора да почне да работи по допрен глас, потенцираат од опозициската партија, додавајќи дека молчењето на институциите единствено значи соучество и злоупотреба.

„Петре Шилегов е веќе завршена приказна. Шилегов не смее да избега од одговори и одговорност“, стои напишано во писмениот допис од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Со рушењето на галијата се чистат остатоците од ѓубрето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

Објавено пред

Рушењето на Галијата изведено согласно сите правни услови е чистење на остатоците од ѓубрето на ВМРО-ДПМНЕ што зад себе го остави во главниот град по 27 години владеење, пишува во соопштението од владејачката СДСМ.

Од ова партија посочуваат, дека како што наближуваат изборите, во ВМРО-ДПМНЕ, како што велат, се се понервозни.

„Знаат дека се се поблиску до нов изборен пораз па затоа секојдневно ги засилуваат лажните вести, конструкциите и празните закани кон градоначалникот Петре Шилегов. ВМРО-ДПМНЕ го запусти Скопје трошејќи стотици милиони евра на барок, гипс фасади, галии, споменици и палми додека цели населби беа без основни услови за живот“, реагираат од СДСМ.

Додаваат дека денес во Град Скопје се инвестира рамномерно, се следат и реализираат потребите и барањата на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Првичните резултати од изборите во Русија покажуваат победа на партијата на Путин

Руската владејачка партија Единствена Русија, од која потекнува и претседателот Владимир Путин, е на пат да победи на парламентарните избори,...

Македонија6 часа

23 починати и 365 нови случаи на Ковид-19

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа направени се 4.015 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи...

Македонија7 часа

Маричиќ: Над милион попишани граѓани, влегуваме во последната фаза

Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, министерот за правда Бојан Маричиќ, преку социјалните...

Свет7 часа

Три европски земји ги укинуваат сите ковид-мерки, за таквиот чекор клучни се две нешта

Данска, Шведска и Холандија ги укинуваат практично сите мерки во борбата против пандемијата на коронавирус. Стапките на вакцинација се релативно...

Македонија8 часа

Изминатава недела Македонија е прва во Европа според бројот на починати од Ковид-19 на милион жители

Според бројот на смртни случаи минатата седмица, Гренада е повторно на прво место во светот со 212 смртни случаи на...

Македонија11 час

Започна уривањето на старата конструкција на Универзална сала

Универзална сала започнува да го добива своето ново лице, сподели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил. Според...

Македонија13 часа

Со хебла оштетена таблата за електрична енергија во модуларната болница во Прилеп

Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од...

Топ14 часа

Приведен сопственикот на угостителски објект во Гостивар кој примал гости без сертификат за вакцинација

Гости без сертификат за вакцинација биле затекнати во угостителски објект во Гостивар а по реакција на полицијата објектот бил затворен...

Свет14 часа

Париз за потегот на САД и Австралија – лицемерие, презир, лаги

Лицемерие, презир, лаги, се зборовите што ги користи францускиот министер за надворешни работи за да ја опише кризата во односите...

Свет16 часа

Светските лидери среде пандемија во Њујорк и покрај противењето на Американците

Светските лидери се собираат во Њујорк од вторник на дебата на Генералното собрание на Обединетите нации, која ќе се фокусира...

Европа16 часа

Италијанците следната година излегуваат на референдум за легализација на марихуаната

Референдум за легализација на марихуаната најверојатно ќе се одржи во Италија следната година. Поддржувачите за легализација на марихуаната ги собраа...

Свет16 часа

Русите на гласање на последниот ден од парламентарните избори

Недела е последен ден за гласање на Русите на тридневните парламентарни избори во земјата. Околу 110 милиони луѓе имаат право...

Македонија1 ден

41 починато лице, регистрирани 539 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 5.589 тестирање, а регистрирани се 539 нови случаи на...

Топ1 ден

Осумдневен притвор за пет лица од вчерашните протести во Тетово

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово им определил осумдневен притвор на петмината приведени по вчерашните протести во Тетово....

Свет1 ден

Експертите во САД против трета доза на вакцина за севкупната популација

Советодавниот одбор на Американската администрација за храна и лекови (ФДА) денеска го отфрли планот да понуди дополнителна, трета доза на...

Македонија1 ден

Османи формира работна група за укинување на визите со САД

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на неговиот Фејсбук профил информира дека формирал работна група во рамки на Министерството за...

Македонија1 ден

Шилегов: Се урива првата од трите галии во Вардар

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денес на својот Фејсбук профил објави фотографии од демонтирањето на галијата која е поставена во...

Свет1 ден

Американски милијардер случајно признал убиство, му се заканува доживотен затвор

Американскиот милијардер Роберт Дурст вчера беше прогласен за виновен пред судот во Лос Анџелес за убиство на неговата најдобра пријателка...

Топ2 дена

Жител на Сарај уапсен поради кражба на графички картички и струја за „копање“ на биткоини

Во скопското село Љубин, вчера околу 19.30 часот, единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го уапсила 39-годишниот Е.А. Како...

Свет2 дена

Американската војска призна: Во нашиот напад со дрон во Кабул загинаа 10 цивили

Американската војска во петокот потврди дека нејзиниот последен напад во Кабул кон крајот на август, во кој загинаа десет цивили,...

Досие