Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Приоритет во инфраструктурата е изградба на автопатишта, железничко поврзување со Бугарија и набавка на пет возови
Патната и железничката инфраструктура е суштинска не само за подобра комуникација на граѓаните, туку и за бизнис-секторот. Оттука, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува пред народот дека следниот мандат токму инфраструктурата ќе биде еден од врвните приоритети, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, клучни проекти во овој сектор ќе бидат изградбата на автопатот Кичево – Охрид, проширување на патот Гостивар – Тетово со што би се добил современ автопат, изградба на автопат Прилеп – Битола и експресен пат до Меџитлија, довршување на експресните патишта Градско – Прилеп, експресниот пат Штип – Кочани и Штип – Радовиш и др.
„Дополнително ќе се изработат проектните документации за автопатот Гостивар – Кичево, експресниот пат Струмица – Смоквица и автопат од Требеништа до Струга и друго. Во делот на железничката инфраструктура се предвидува отпочнување на изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка – Деве Баир, но и набавка на 5 нови патнички возови и генерален ремонт и модернизација на постојните локомотиви. СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето ‘рбет. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
IQOS-карванот на нова локација, во Струмица
Новата генерација IQOS ILUMA уреди со револуционерната технологија на индукциско загревање, без сечило и без потреба од чистење може да се набават на новата локација на IQOS караванот, поставен во близина на плоштадот во Струмица, а овој петок (06.09.2024) ќе биде поставен на влезот на претстојниот фестивал Get EXITed, во градот. Работното време е среда и четврток, од 10 до 22 часот и петок од 17:30 до 00 часот.
На оваа привремена локација, сите полнолетни пушачи ќе можат да се запознаат со IQOS уредите и да дознаат повеќе за нив и за напредната технологија на индукциско загревање, купување додатоци, замена на стар уред за нов, корисничка поддршка и друго.
IQOS ILUMA семејството вклучува три модели на уреди, кои се засновани на иста технологија на индукциско загревање. Сите три модели на уреди го загреваат, а не го согоруваат тутунот, со што се намалува нивото и количината на штетни материи во просек и до 95 проценти во споредба со чадот од цигарите. IQOS не е без ризик, создава никотин кој предизвикува зависност, но претствува подобар избор за возрасните пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат.
Освен во Струмица, овој уред е достапен и кај продажните партнери во повеќе градови во земјата. Во главниот град Скопје има два IQOS бутика во трговските центри Ист Гејт Мол и Дајмонд Мол и IQOS зони моментно сместени во трговските центри Скопје Сити Мол и Капитол Мол, Веро Тафталиџе и Палма Мол во Тетово. Покрај тоа, овој производ може да се купи и онлајн преку IQOS веб-страницата.
ПР текст
Соопштенија
5 причини зошто спортот треба да е дел од животот на младите
Олимпијадата е причина да зборуваме повеќе за спортот додека трае. Така и со менување на нашите навики, зборуваме за нив, сакаме да ги смениме, но најчесто остануваме само на зборови.
Но и во нашиот случај да не остане недокажано еве 5 причини зошто да спортуваме и зошто да бидеме физички активни посебно во младоста.
1. Здравје
Сé повеќе забележуваме дека нашата младина е недоволно активна, има прекумерна телесна тежина и поминува премногу време пред екраните. Во минатото, децата поминуваа многу повеќе време на спортски терени каде што се занимаваа со различни спортови. Здравјето е дефинитивно најважната причина зошто новите генерации треба да се одлучат за спорт и активен начин на живот.
2. Социјализација
Преку организирано или неорганизирано вежбање или занимавање со некој спорт, децата повеќе ќе се дружат и ќе напредуваат како личности. Со тоа, тие полесно ќе се снаоѓаат во меѓучовечките односи и во иднина.
3. Самодоверба
Младите ќе се чувствуваат подобро и ќе имаат поголема самодоверба ако се занимаваат со физичка активност. Особено, ако по одредено време совладаат одредени пречки или предизвици, кои претходно не можеле, или ако станат посилни, побрзи и поиздржливи.
4. Забава и рекреација
Една од најважните придобивки од спортувањето е што младите се забавуваат и се рекреираат. Преку спортот, тие можат да уживаат во играта, да се смеат и да се ослободат од стресот што им го предизвикува динамичниот начин на живот. Спортувањето создава позитивни емоции и помага во градење здрави навики.
5. Носење паметни одлуки
Преку спортот, младите учат како да носат паметни одлуки, како да се справуваат со предизвици и да решаваат проблеми. Тие развиваат стратегиско размислување, способност да проценат ризици и да направат брзи и вистински одлуки под притисок. Овие вештини се многу важни и ќе им помогнат како во секојдневниот живот, така и во нивната професионална кариера.
Освен спортот и активниот начин за живот, една од најмудрите одлуки на младите претставува и вистинскиот избор на банка што ќе биде вистински пријател и поддржувач на нивниот развој и клучен чекор за нивната финансиска стабилност и успех во иднина. Следејќи ги потребите на младите и нивниот динамичен стил на живот, Халкбанк АД Скопје креираше нов, иновативен банкарски пакет Halk EZ (Halk Easy), кој што е прилагоден на стилот и животните навики на секој современ млад човек. Покрај низата финансиски услуги и поволности, пакетот претставува и платформа за едукација, забава, дружење и вмрежување, а идејата е Halk EZ да прерасне во платформа што ќе овозможи сосема поинакво, брзо и лесно банкарско искуство. Нуди голем број поволности и динамични содржини за сите корисници на возраст од 16 до 24 години: бесплатно мобилно и електронско банкарство, Visa PayWave дебитна платежна картичка без надоместок за годишна членарина, со која може да се повлекува готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење на истата, и низа иновативни услуги како GarminPay, SmartSend и SmartCash.
И додека спортот ги учи младите да носат паметни и одлуки, така ХалкЕз им помага да направат мудри финансиски избори.
ПР
Соопштенија
„Кожувчанка“ донираше 15.000 литри за Општина Пехчево
Ситуацијата со пожарите низ цела држава во која веќе подолг временски период се наоѓаме не ги остави рамнодушни од Кожувчанка. Последниот пожар кој го зафати Пехчево и околината, го остави овој крај и без вода за пиење. Кожувчанка ДОО денес итно испрати 15.000 литри вода донација на Општина Пехчево.