Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Рапидното задолжување мора веднаш да запре

Објавено пред

„СДСМ пропаѓа. Сè послабиот рејтинг е јасен показател дека расипништвото, корумпираноста и неспособноста на Заев се прочитани. На граѓаните им е преку глава од лошите политики, стагнацијата во економијата, руинираното здравство, закржлавеното образование, запуштеното земјоделство“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, граѓаните ѝ веруваат на ВМРО како единствена алтернатива која ќе ја извлече државата од апатијата во која нè внесе Зоран Заев.

„Рапидното задолжување мора веднаш да запре. Недозволиво е Македонија да има над 5,3 милијарди евра јавен долг, а во исто време да бележиме пад на инвестициите и катастрофална реализација на капиталните инвестиции. 28 отсто капитални инвестиции за 2/3 од годината е одлика на неработа, безидејност и некадарност.

Немањето откуп за земјоделските производи, ниските цени и лошата земјоделска политика резултираа со буништа полни со земјоделски производи, земјоделци во тага и изнемоштеност.
СДСМ нема капацитет да ги запре негативните политики, ниту кредибилитет повторно да бара поддршка, да лаже и да ветува. Единствен начин државата да се исправи на вистинскиот пат е пад на Зоран Заев и СДСМ. СДСМ паѓа и назад нема. Доаѓа време за обнова на Македонија“, се додава во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: Лажни се тврдењата дека „Еуростандард банка“ пропаднала поради актуелната економска состојба

Објавено пред

Одземањето на дозволата за работа на „Еуростандард банка“ се должи на неисполнување на минималните законски услови за работење на банка, согласно Законот за банки, велат во соопштение од СДСМ.

Од таму додаваат дека имајќи предвид дека учеството на „Еуростандард банка“ во вкупната актива е само 1,3 отсто, депозити 1,7 отсто и кредити на банкарскиот систем 1,6 отсто, oва во никој случај не ја загрозува стабилноста на банкарскиот систем.

„Граѓаните можат да бидат спокојни, банкарскиот систем е стабилен и ликвиден. Спокојни треба да бидат и лицата депоненти во банката, бидејќи нивните депозити согласно Законот за Фондот за осигурување на депозити се осигурени и ќе бидат обесштетени од Фондот за осигурување на депозити во износ до 30.000 евра по лице во денарска противвредност“, велат од СДСМ од каде додаваат дека на овој начин, ќе бидат обесштетени 99,4 отсто од депонентите во банката во законските рокови.

„Според официјалните информации од Народната банка, причина за несолвентноста на ‘Еуростандард банка’ се проблеми од минатото, а не тековни проблеми. Со тоа паѓаат во вода лагите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и медиумите под нивна контрола, дека одземањето на дозволата на ‘Еуростандард банка’ е поради наводни проблеми со актуелната економска состојба“, стои во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Пропадната банка, над 12.000 инфицирани – доказ за неспособното владеење на СДСМ

Објавено пред

Македонија тоне со Зоран Заев секој ден во секој поглед, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија истакнуваат дека бројот на заразени од корона надминал 12 илјади лица и потсетуваат дека тоа е 6 пати повеќе од она што го прогнозира министерот Венко Филипче.

„Но, неспособната власт на Заев покажа дека не само што не умеат да се справат со здравствениот аспект од корона-кризата туку не умеат да се справат ниту со економската криза. Македонија е единствена земја во регионот во која пропаѓа банка исто како што сме единствени на врвот по заразени и починати на еден милион жители“, се наведива во партиското соопштение.

Во него се додава дека по изборите, народот ја гледа сметката од, како што се вели, неспособното владеење на Заев.

„Сега граѓаните плаќаат 7,5 % повисоки сметки за струја, сега пропаѓа банка, сега цената за откуп на грозјето е катастрофална, сега излезе на виделина дека долгот пораснал 1 милијарда евра за три месеци. Сега Македонија е меѓународна опасност за ширење на коронавирусот, сега се кажува дека немаат конечен план како ќе се спроведува образовниот процес и редица други неуспеси што ги донесе власта на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде што нагласуваат дека Македонија со Заев продолжува да пропаѓа и тоа мора да престане.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Заев ќе биде мандатар, новата влада обезбедува нова развојна економија

Објавено пред

„Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, ќе биде мандаторот за состав на новата влада, која ќе ја води државата напред во следните четири години. Во тек се сериозни разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат затоа што успешните политики на СДСМ и Владата што ја предводи се потврдија и на последните парламентарни избори“, соопшти СДСМ.

Според партијата, граѓаните го избраа концептот што ја води државата напред, концептот што ги враќа парите назад кај граѓаните и со своето избирачко право потврдија дека сакаат да продолжат по тој пат. Кон градење нова развојна економија, која креира нови работни места и создава шанса за секого.

„Покажавме дека и во време на најголемата светска криза се грижиме за сите граѓани преку антикризните мерки, со цел зачувување на работните места и одржување на бизнисите во живот наместо ставање клуч на врата. Ние сме социјална држава и солидарно општество и затоа во мерките може да се пронајде секој – зашто секој треба и секој ќе добие поддршка. Во следните 4 години продолжуваме уште повеќе и уште подобро да работиме за граѓаните и државата“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

141 нови случаи на Kовид 19 во земјава, починале 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на...

Македонија46 минути

Ахмети: Заев треба да понуди силни аргументи зошто Албанец не би бил премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на брифинг за новинарите денеска рече дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ,...

Македонија1 час

Заев: Подготвен сум да бидам премиер во наредните четири години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев е уверен дека ќе успее да состави Влада во следните 20 дена, а веќе денеска...

Македонија1 час

(Видео) Лидерите од албанскиот блок не дојдоа, Ахмети остана сам на средбата во хотел „Парк”

На закажаната средба на партиите од албанскиот блок на иницијатива на ДУИ, се појави само Али Ахмети. Како што рече...

Македонија2 часа

Браќа од Битола обвинети за ширење на детска порнографија, собирале интимни снимки од малолетнички

Битолското јавно обвинителство поднесе обвинение против двајца браќа од Битола на возраст од 51 и 52 години, од кои едниот...

Топ2 часа

Обвинение за скопјанец што организирал фудбалски турнир на кој имало 100 луѓе во публика

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 17 лица...

Економија3 часа

Граѓаните ќе добијат обесштетување од Еуростандард банка по 20 дена во вредност до 30 илјади евра

Фондот за осигурување депозити, во согласност со решението на гувернерот на Народната банка за укинување на дозволата за основање и...

Свет4 часа

Лекот „РЛФ-100“ покажува позитивни резултати кај тешко заболените од коронавирус

Швајцарската компанија и нејзиниот американски партнер објавија дека нивниот лек „РЛФ-100“ („авиптадил“) покажува позитивни резултати кај пациенти со коронавирус, кои...

Македонија5 часа

Поради семејни причини, Џафери не закажа за денеска собраниска седница

Претседавачот со конститутивната седница, Талат Џафери, се премисли и не го закажа продолжението на седницата и покрај најавите во дел...

Европа5 часа

Грција и Франција со рекорден број новозаразени од коронавирус

Грчката влада соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 262 нови случаја на коронавирус, што е најголем дневен број...

Свет5 часа

Стотици луѓе починале од лажни информации за коронавирусот

Во првите три месеци од оваа година најмалку 800 луѓе во светот починале поради дезинформации за коронавирусот, објавија научниците. Според...

Македонија6 часа

Деветнаесет години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Денеска, се одбележуваат 19 години од потпишувањето на Рамковниот договор, со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјата...

Свет16 часа

Најмалку 800 луѓе во светот умреле поради дезинформации во врска со ковид-19

Најмалку 800 луѓе во светот починале поради дезинформации врзани за коронавирусот во првите три месеци од оваа година, тврдат научниците....

Свет18 часа

(Видео) Најмалку тројца загинати и шестмина повредени во тешка железничка несреќа во Шкотска

Најмалку три лица, вклучително и возачот на возот, загинаа во железничка несреќа што се случи во Шкотска, откако патнички воз...

Македонија19 часа

Градинките добија протокол за работа – се прилагодуваат групите согласно насоките

Министерството за труд и социјална политика информира дека на денешниот состанок со Комисијата за заразни болести и претставници на Министерството...

Економија21 час

Бежоска: НБРМ ќе побара стечајна постапка за „Еуростандард банка“

Стечајна постапка за „Еуростандард банка“ ќе побара Народната банка од судот, најави гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Таа кажа дека се направени...

Македонија22 часа

МВР го расчисти случајот со авотмобилот што изгоре во Ново Лисиче

Истрагата на МВР за инцидентот, во кој автомобил целосно изгоре во Ново Лисиче, покажала дека се работи за несреќен случај,...

Македонија23 часа

Регистрирани 139 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Охрид

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на...

Македонија24 часа

Пендаровски утре ќе му го врачи мандатот на Заев

Претседателот Стево Пендаровски, утре, во 12 часот, мандатот за состав на новата влада ќе му го довери на Зоран Заев,...

Македонија24 часа

Села и Гаши нема да дојдат на средбата на албанските партии што ја организира Ахмети

Алијансата за Албанците и Алтернативата нема да дојдат на средбата на партиите од албанскиот политички блок, која треба да се...

Досие