Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски е пуштен од притвор откако почна да се зборува дека ќе „пропее“

Драги Рашковски е пуштен од притвор, откако се раширија гласините дека ќе пропее за Зоран и Вице Заев, за сите бизниси и сè што знае за работењето на браќата Заеви, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Партиската реакција следува откако во петокот беше објавено дека притворениот Рашковски, кој еден месец издржуваше казна во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, оди во куќен притвор.
„Откако се раширија гласините, Заев панично по медиуми почна да кружи со приказната дека Рашковски работел законски, и дека не верува дека сторил криминал. Заев со таквите изјави од позиции на премиер изврши притисок врз судството и обвинителството и му даде сигнал што да прави“, сметаат од опозициската партија.
Од таму порачуваат дека судството и ЈО не смеат да подлегнуваат под притисокот на Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Попусливоста кон Бугарија поттикната поради штитење на криминалот на Ковачевски и Ахмети донесе нова блокада

Попусливоста кон Бугарија поттикната поради штитење на криминалот на Ковачевски и Ахмети донесоа нова блокада, прифатија сè што бараше Бугарија, а ескалираа односите. ВМРО-ДПМНЕ апелира навреме да се реагира со протесни ноти и цврст став, СДС молчеше, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека неколкупати до сега Македонија е понижувана или навредувана од страна на бугарски политичари, ВМРО-ДПМНЕ осудуваше, но Владата е таа што има политичка моќ и таа молчеше и дозволи провокациите да одат до недоглед.
И сега кога имаме напади, негации и омаловажувања, од Ковачевски и Османи имаме само бледи говори, без реална акција, секогаш кога власта попушта на понижувањата, има некој криминал, кој сакаат да го скријат.
Со СДС, Ковачевски и Османи имаме само несигурност, понижувања и блокади. Недржавничкиот однос што власта го покажува на дело е најголемиот пораз што може да ѝ се случи на Македонија, се вели во соопштението.
Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не мора да се извини за договорот ФРОНТЕКС, само нека го поддржи

Договорот со ФРОНТЕКС е еден од најсилните докази дека македонскиот јазик е признаен од ЕУ и тоа со чиста формулација, без додавки и фусноти, како што тоа беше случај пред десеттина години. Со тоа потонаа сите лаги и хистерии што ги ширеше ВМРО-ДПМНЕ дека македонскиот јазик ќе бил загрозен, немало да биде признаен од ЕУ, дека ќе станел бугарски дијалект, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека не мора од ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните за сите лаги за македонскиот јазик и идентитет, со кои грубо ја манипулираа јавноста. Сега, кога на дневен ред во Собранието е ратификацијата на договорот со ФРОНТЕКС, ВМРО-ДПМНЕ има шанса да го поддржи, со што барем малку ќе го испере срамот од лажните вести, навредите и клеветите.
Имаат можност преку гласање за ратификација на Договорот на дело да го поддржат евроинтегративниот процес како стратешка цел и единствена алтернатива на државата, се вели во соопштението.
Македонија
СДСМ: Мицкоски со денови го нема во јавност, дали се крие од срам или во договор со Апасиев?

Христијан Мицкоски со денови го нема да се појави во јавноста ниту како прв човек на ВМРО-ДПМНЕ ниту како шпицен градоначалник. Дали се крие од јавноста од срам откога му потонаа сите лаги, откако сите негови прогнози се покажаа неточни, или се крие во договор со Апасиев, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека поради неговите деструктивни политики и дејствувањето против интересите на граѓаните и државата, Мицкоски стана заложник на Левицата и на Апасиев и затоа тој честопати е поекстремен и порадикален во своите настапи за да не заостане зад Апасиев.
Сè што има Мицкоски зад себе се лажни вести и дезинформации и отсуство на став за најважните државни прашања, се вели во соопштението.