Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Светската банка ѝ даде црвен картон на Владата

Објавено пред

Светската банка ѝ даде црвен картон на Владата. Според најновата прогноза на Светска банка, растот на економијата во наредните две години ќе биде под регионалниот просек, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, во ситуација кога Светска банка прогнозира раст на регионалните економии со околу 4% и над тоа, македонската економија ќе има раст со нешто над 3%.

„Зоран Заев од опозиција ветуваше од 5% до 7% раст, а три години како е на власт, а не сме ни блиску. Со ова темпо на раст економијата премногу бавно се движи и не може да го стигне ниту балканскиот, а не, пак, европскиот просек.

Економијата тоне затоа што власта презема погубни политики. Покачените даноци, зголемувањето на акцизата, воведувањето нови давачки се причина земјата сè повеќе инвеститори да ја заобиколуваат. И додека инвеститорите не доаѓаат, граѓаните бегаат. Според податоците на Светска банка, над 500.000 граѓани ја напуштиле земјата.

Доволно е само да се тргнат розовите очила на СДСМ и ќе видиме како од Делчево во само еден ден си заминаа 1.000 луѓе. Луѓе заминуваат и од Липково и од Тетово и од Сарај. Македонија се празни. Реалноста што ја креираше СДСМ е сурова. Граѓаните живеат без надеж и можност за подобра иднина .СДСМ нема легитимитет да ја управува државата. СДСМ мора да си замине”, се додава во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против сè` што е во интерес на граѓаните

Објавено пред

Додека ВМРО-ДПМНЕ е против сè што е во интерес на граѓаните, Владата предводена од СДСМ е насочена кон економски раст, намалување на буџетскиот дефицит, стабилен јавен долг и вложување во човечки капитал, реагираат од СДСМ на тврдењата на портпаролот на ВМРО-ДПНЕ, Димче Арсовски, дека државата денеска ќе се задолжи на 65 до 67 милиони евра.

„ВМРО-ДПМНЕ секојдневно потврдува дека останува на страната спротивно од интересите на граѓаните. Откако претходно се изјаснија дека се против растот на минималната плата и против раст на платите во приватниот сектор, а со тоа и против парите да завршуваат назад кај граѓаните. Политиките на Владата предводена од СДСМ се во насока на економски раст , намалување на буџетскиот дефицит, а со тоа и потребата од негово финансирање, односно задолжување и стабилен јавен долг“, реагираат од СДСМ.

Истовремено, велат од СДСМ, предлог-буџетот за 2020 година е развоен со акцент за инвестирање во човечкиот капитал, а тоа значи инвестирање во подобро здравство, образование, социјална грижа и воопшто, подобри услови за живот на сите наши граѓани.

„При тоа, имаме финансирање на стари доспеани обврски. Па така, следната година за враќање доспеваат 439 милиони евра по основ на стари долгови земени во 2013 година, кој доспева во јануари во висина од 155 милиони евра. И во декември во износ од 178 милиони евра по основ на еврообврзницата издадена во 2015 година. Овие стари долгови мора да се рефинансираат, но како резултат на водење на политика за стабилизирање на долгот, како и сегашните поволни услови на пазарот на капитал, долговите ќе се рефинансираат по значително помали каматни стапки. Тоа значи помал трошок за државата и стеснување на долгот. Според последните податоци, јавниот долг изнесува 47,7% од БДП, што е за 1,1 процентен поен понизок од 2016 година“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според оценката на ММФ, велат од партијата, се очекува економскиот раст да забрза следната година и го проектираат на 3,4%, што е подобрување на проекцијата за 0,3 процентни поени во однос на пролетната проекција.

„Пониските даноци и повисоките пензии и плати, вклучително и минималните плати, очекуваат да бидат дополнителен стимул за потрошувачката. Намалување бележиме и во невработеноста, кое, пак, е поддржано од значителното креирање ови работни места. 17.8 отсто историски најмал процент на невработеност и 54.000 нови работни места. Успешните политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати за што потврдуваат и официјалните бројки кои се јавно достапни. ВМРО-ДПМНЕ залудно се обидува да манипулира со дезинформации. Сè додека е против интересите на граѓаните, ги очекува загарантирано фијаско на претстојните избори во април“, се вели во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ должи 400.000 евра за кампањата на Силјановска

Објавено пред

На повидок е нов скандал поврзан со начинот на финансирање на изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ за последните претседателски избори, изјави на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој кажа дека од финансискиот извештај може да се потврди оти ВМРО-ДПМНЕ должи 400.000 евра за кампањата на Гордана Силјановска.

„Согласно Изборниот законик, сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка. Долгот на ВМРО-ДПМНЕ од 400.000 евра останал, а сметката за оваа кампања е веќе затворена. Значи нема законски основ веќе за покривање на овој огромен долг“, истакна партискиот портпарол.

Костадинов вели дека ВМРО-ДПМНЕ и потписникот на сметката за овие избори, генералниот секретар на опозициската партија, Игор Јанушев, не го почитувале Изборниот законик.

„Повикуваме надлежните институции да извршат детални анализи и да излезат со одговори пред јавноста“, кажа гласноговорникот на СДСМ и порача дека одговорност за скандалот мора да има.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Арсовски: Државата ќе се задолжи за нови 67 милиони евра

Објавено пред

Нина Ангеловска и Зоран Заев денеска повторно ќе ја задолжат Република Македонија за нови 65 до 67 милиони евра. Четири месеци како е министер Нина Ангеловска, има пет задолжувања во вредност од над 270 милиони евра и ниту еден капитален проект што може да се види со голо око, изјави  Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Психолошката граница од над 50% задолжување е одамна помината и граѓаните и државата секојдневно живеат во неизвесност. Најкрупниот проект на новата министерка е враќањето на рамниот данок по примерот на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е дека државата се води недомаќински. Секое ново задолжување само ја покажува развратноста на Владата во делот на финансиите. Нема ниту еден капитален проект реализиран“, рече тој.

Реализацијата на капитални инвестиции, додаде Арсовски, како и сумата на странски инвестиции директни влезени во Република Македонија во моментот се историски најниски.

„Заклучно со септември капиталните инвестиции се 37.6%, значи 3 од 4 квартали не е постигнато ниту 40% од планираната реализацијата на капиталните инвестиции и тоа планирана со ребаланс на буџет. Новиот буџет што го предвидуваат СДСМ, Заев и Нина Ангеловска ќе биде историски најголем, со историски најголема сума нето задолжувања идната година каде што стотици милиони евра ќе се задолжи нето државата само во 2020 година. Капиталните инвестиции повторно ќе бидат драстично пониски и од оваа година“, рече Арсовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Три лица убиени во пукање во супермаркет во САД

Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркетот „Волмарт“ во Данкан, Оклахома, објавија американските медиуми. Од локалната полиција наведоа...

Македонија3 часа

Османи се сретна со Тимоние: „Процесот на интегрирање во ЕУ не е запрен“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, на која главна...

Економија5 часа

Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија...

Македонија8 часа

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија8 часа

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија9 часа

(Видео) Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија9 часа

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Свет11 час

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет11 час

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија12 часа

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија13 часа

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија23 часа

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет23 часа

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа1 ден

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет1 ден

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија1 ден

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет1 ден

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Свет1 ден

(Видео) Бојно поле на улиците на Хонгконг, полицаец погоден со стрела

Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои...

Македонија1 ден

Во републичка акција, за една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22...

Регион1 ден

Српскиот министер за здравство: Животот на Вучиќ беше во опасност

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични,...

Досие