Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги изманипулира граѓаните, место четири – еден викенд без ДДВ

Објавено пред

„СДСМ ги манипулира граѓаните. Во предизбори ветија четири викенди без ДДВ во септември, а сега гласаат само еден викенд без ДДВ, и тоа со низа недостатоци, не за септември, туку за во октомври, и сето тоа откако ВМРО-ДПМНЕ направи притисок“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според партијата, СДСМ вети, но не реализира. СДСМ не се стави над ситуација и над секојдневната теза за добивање ситни политички поени и не го прифати предлог-амандманот на ВМРО-ДПМНЕ за четири викенди без ДДВ.

„Со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ реално ќе се помогнеше на граѓаните, а не само декларативно. Доколку СДСМ беше искрен во намерата да им помогне на граѓаните, ќе го прифатеше овој наш амандман. Така и ќе го реализираа она што го ветија.

Законот за викенд без ДДВ ваков како што го истурка СДСМ не носи придобивка за сите граѓани. Граѓаните кои немаат паметен телефон, немаат право на поврат на ДДВ! – привилегија имаат само оние граѓани кои ја инсталирале апликацијата МОЈ ДДВ. Тие што немаат пари за набавка на опрема за учениците и овој викенд ќе немаат да купат! А најважно од сè  е што есенскиот бран на зараза зема замав, а граѓаните во брзање да го искористат единствениот викенд без ДДВ, ќе го ризикуваат своето здравје. Доколку СДСМ излезеше од партиската политика и малку се ставеше во функција на народот, ќе се заштитеше здравјето на граѓаните и ќе нема турканици во продавниците, но СДСМ избра повторно да оди на штета на народот“, се додава во соопштението.

Соопштенија

„Sport Life“ ги израдува со новогодишни пакетчиња децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби

Објавено пред

Радост и празнично расположение кај децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби, при посетата на претставниците на „Sport Life“ обложувалници.

dobivaj vesti na viber

Тие им подарија новогодишни пакетчиња на 70 деца во групните домови за деца без родители од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, исто така и на верните пријатели од Здружението регионален центар за лица со интелектуална попреченост – „ПОРАКА НАША“ Куманово, а оваа година 32 пакетчиња беа доделени и на Здружението за рехабилитација и инклузија на лицата со даунов синдром – Дневен центар „ДОЗА СРЕЌА“ во Скопје.

„Ова е петта година по ред, во која во пресрет на Новогодишните празници, сакаме да ја подигнеме свесноста за децата од ранливите категории и лицата со посебни потребни, т.е. оние кои секојпат треба да бидат во нашите мисли и дел од општествената одговорност на компаниите.

Се надеваме дека оваа наша посета и донација, ќе им донесе многу насмевки и среќа и ќе им ги разубави Новогодишните празници. Оваа благородна традиција е дел од нашата визија за похумано и инклузивно општество и истата ќе продолжи и во иднина“ – изјави Петар Поцков, маркетинг директор на „Sport Life“.

Воедно, „Sport Life“ обложувалниците им посакуваат среќни Новогодишни и Божикни празници, на сите граѓани, со желби за здравје, мир и благосостојба.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Мукаетов: „Алкалоид“ го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија

Објавено пред

Во „Алкалоид“ посветеноста, економичноста и ефикасноста ги кренавме на највисоко можно ниво, настојувајќи максимално да ги оптимизираме процесите во компанијата потпирајќи се на нашиот највреден ресурс – луѓето, вели Живко Мукаетов, Генерален директор и претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје.

dobivaj vesti na viber

Тој вели дека компанијата и оваа година го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија.

„Го добивме бронзениот медал од EcoVadis (глобално призната платформа за оцена на одржливоста), со што се позициониравме меѓу водечките субјекти во регионот во поглед на транспарентноста и примената на одржливи практики“, вели меѓу другото Мукаетов.

Целото обраќање е објавено во видеото:

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Фотоволтаични централи и за четири куќи од СОС Детско село – до 2027 година ОКТА ќе обезбеди производство и складирање на енергија од обновливи извори за целиот комплекс

Објавено пред

Четири куќи во СОС Детско село во Скопје отсега ќе користат соларна енергија. Компанијата ОКТА донираше соларни панели за оваа организација со вкупна инсталирана моќност од 24 KWp, со годишно производство од 32,4 MWh. Покрај соларните панели, дополнително се инсталирани и четири батериски системи за складирање на енергија со капацитет од 20 KWh.

dobivaj vesti na viber

Ова е само прва фаза од проектот кој што компанијата ќе го реализира во следните 3 години. Согласно планот, до 2027 година сите куќи во кои живеат згрижувачките семејства ќе имаат инсталирано соларни централи и батериски системи за складирање на енергија. Со реализацијата на овој проект, СОС Детско село значително ќе ги намали трошоците за електрична енергија, а истовремено ќе ја зајакне својата одржливост и дополнително ќе го унапреди квалитетот во домувањето.

„Одржливоста е заедничка обврска на сите нас. Во нашата деловна култура основа на делување и реализација на сите активности е поттикнување на одржливост и поддршка за сите чинители во заедницата. Реализацијата на овој проект за нас е вистинска чест, бидејќи со овие активности ќе дадеме конкретен придонес во унапредувањето на квалитетот на живот на децата поддржани од СОС Детско село. Тоа за нас е вистинска мотивација и во иднина да ја продолжиме соработката со оваа организација која е од големо значење за заедницата“, изјави Димитриос Пасхос, извршен директор на ОКТА.

Реализираната донација на соларни панели за четири куќи во СОС Детско село, ќе придонесе за намалување на јагленородниот отпечаток за 26 тони на годишно ниво. ОКТА и досега ја поддржуваше работата на СОС Детско село со различен тип на донации.

„Во сржта на нашата работа е детето и обезбедувањето стабилна, сигурна и грижлива семејна средина. За остварување на оваа мисија, поддршката од приватниот сектор е од исклучително значење. Ваквите проекти имаат конкретен и долгорочен ефект – ја зголемуваат нашата енергетска ефикасност и ни овозможуваат дел од средствата да ги пренасочиме кон директна поддршка на децата и згрижувачките семејства. Дополнително, еколошкиот аспект е особено важен, бидејќи со користење обновливи извори на енергија создаваме поздрава и поодржлива средина за раст и развој на децата“, истакна Јулијана Накова Гапо, национална директорка на СОС Детско село.

ОКТА ќе ја заокружи 2025 година со успешно реализирани вкупно шест донации на фотоволтаични централи наменети за едукативни и образовни институции. Овие значајни иницијативи за општеството но и за компанијата која што уште еднаш ја потврди својата цврста решителност и општествено одговорна мисија, се доказ дека одговорно домување, работа и живеење, треба да бидат врвен приоритет на сите општествени чинители. И следната година, компанијата планира продолжување и проширување на активностите на овој план со вклучување на значајни институции на локално и национално ниво.

 

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Ледени зрна на одделни патни правци: ЦУК апелира на зголемена внимателност поради заледување на патиштата

Центарот за управување со кризи известува дека денес, во попладневните часови, на одделни патни правци е евидентирана појава на врнежи...

Свет6 часа

Огнените прскалки на шишиња шампањ најверојатно го запалиле барот: повредените транспортирани во повеќе европски земји на лекување

Во пожарот што избувна во скијалиштето Crans-Montana загинале најмалку 40 лица, а повредени се вкупно 119 лица, од кои 113...

Економија8 часа

До 1 милион евра помош од државата ќе добијат компании за истражување и развој, а 4.400 евра годишно по лице ќе добиваат компаниите со нови вработувања

За да ја намали невработеноста за 20 %, колку што бара од нас Европската Унија, Владата од овој месец нуди...

Топ8 часа

МВР со детали за смртта на двегодишното дете: Пред полноќ со мајката гледале огномет, па забележала крв на главата

МВР објави детали за трагедијата на новогодишната ноќ, по што загина двегодишно дете во Скопје. Според информациите од полицијата, на...

Топ9 часа

Осомничен за убиството во Старата чаршија уапсен на Косово, почнува постапка за екстрадиција

Обвинителството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против турски државјанин за кого постои основано сомнение дека е извршител на кривично...

Македонија10 часа

Кочани по трагедијата во Швајцарија: „Со вас сме, не како набљудувачи, туку како родители што ја носат истата рана“

Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани упатија јавно сочувство до семејствата на жртвите во пожарот во...

Свет11 часа

(Видео) Објавена снимка од почетокот на пожарот: таванот гори, едно момче се обидува да го изгаси

Видео кое прикажува обид за гаснење на пожарот што се прошири низ таванот на барот Le Constellation во Швајцарија се...

Топ11 часа

Почина двегодишно дете повредено на новогодишната ноќ, обвинителството нареди обдукција

Двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ, утринава почина на клиника во Скопје. Основното јавно обвинителство...

Топ12 часа

Поднесено обвинение за скопјанецот кој усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за – Тешки дела против безбедноста на...

Македонија13 часа

Поднесено обвинение за злоупотреби и измами со набавките во РЕК Битола, обвинети се директори и раководители

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против осум физички и едно правно лице за злоупотреби поврзани...

Свет14 часа

Родители на исчезнат тинејџер: „Нарачаа шише шампањ со прскалка, минута или две подоцна се случи апокалипсата“

Родителите на 16-годишен тинејџер кој исчезна по смртоносниот пожар во барот во швајцарскиот скијачки центар Кранс-Монтана се надеваат дека нивниот...

Свет14 часа

Мамдани положи заклетва на Куранот и стана првиот муслиман градоначалник на Њујорк

Демократот Зохран Мамдани вчера официјално ја презеде функцијата градоначалник на Њујорк, ветувајќи за време на јавната церемонија на положување заклетва...

Свет14 часа

(Вознемирувачко видео) Луѓе бегаат во паника од пожарот во Швајцарија

Снимка што кружи на социјалните мрежи покажува луѓе како бегаат во паника од барот во ски-центарот во Швајцарија во кој...

Македонија24 часа

Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар

Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на...

Македонија1 ден

Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: И во април 2026 ќе има линеарно зголемување на пензиите, со тоа се намалува сиромаштијата кај оваа група граѓани

Во текот на денешната работна посета на општина Кавадарци, премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарските прашања се осврна на зголемувањето...

Топ1 ден

МВР со детали за убиството во Старата скопска чаршија: загина маж од Турција

Денеска во 01:11 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект во Стара скопска чаршија“ бил нарушен јавниот...

Македонија1 ден

Двегодишно дете во животно загрижувачка состојба, Тошковски потврди дека случајот е под истрага

Новогодишната ноќ низ целата држава поминала мирно, а за стабилна безбедносна состојба на терен имало засилено полициско присуство, информираше денеска...

Свет1 ден

(Видео) „Пиротехника поставена на шишиња со пијалоци го запалија таванот, а потоа се појави паника“: сведоци ги опишаа деталите од трагедијата на новогодишната ноќ во Швајцарија

Сведоците на трагедијата во барот „Le Konstelasion“ во Кран-Монтана тврдат дека пожарот, во кој загинаа повеќе од десетина луѓе, а...

Свет1 ден

Зеленски: Мировниот договор е 90 проценти завршен, но клучните десет, одлучуваат сè

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето новогодишно обраќање до нацијата изјави дека Украина сака крај на војната, но не по...