Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се откаже од фалсификат попис, излезно решение е електронскиот попис

Електронскиот попис е единствено решение, кое е брзо и ефикасно ќе понуди цврсти информации кои и се потребни на државата, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму истакнуваат дека време е СДСМ да се откаже од, како што велат, насилно туркање кон попис кој ќе значи фалсификат и лажење како на институциите, така и на граѓаните.
„Никој нема полза од фингиран попис и Заев и СДСМ мора да го сфатат тоа. Македонија 40 години немала реален попис, кој може да помогне на државата во планирањето на идните чекори, Заев е на пат да спроведе уште еден политички попис, кој ќе биде само за задоволување на коалициони апетити и ништо друго“, стои во партиското сооопштение.
Во него се додава дека електронскиот попис би се спровел со споредување на базите на податоци на повеќе државни институции, по што ќе се добие јасна слика на бројот на државјани, резиденти, нерезиденти, вработени, невработени, нивото на образование и слика за секој еден податок од значење.
„Доколку Заев сака навистина европски попис ова е шансата, во спротивно ќе покаже дека само сака да си ја зачува фотелјата преку коалициони пазарења“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Нов сканадал ја тресе државата, вратен предлогот за Фрчковски за амбасадор во САД

Државава ја тресе нов скандал, вратен предлогот за Фрчковски за амбасадор во САД поради тепање на жени, нерасветлен атентат врз Глигоров и лустриран кодош, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„ Заев со нов скандал за лице претставник на државава во најмоќната земја го прати Фрчкоски кој е женомразач, шверцер на нафта и цигари и министер кога се изврши атентатот врз Глигоров. Неприфаќањето на Фрчкоски од страна на САД за амбасадор на Македонија е доказ дека Заев и дружината не поминуваат подалеку од Софија. Фрчкоски беше дел од владата на СДСМ која ја направи матната приватизација и во чие време се кршеше ембаргото кон Србија.
Зоран Заев ги понижи САД со испраќањето на Фрчкоски како амбасадор. Зоран Заев направи дипломатски скандал, и ја посрамоти Македонија.
Фрчкоски е четврти дипломат кој му го враќаат сојузниците. Како четврти вратен се поставува прашањето дали Заев намерно ја поткопува западната алијанса и НАТО? Дали Заев по шамарот од САД го спрема Фрчковски за уставен судија или амбасадор во Белград?
За кого работи Заев, за Македонија и НАТО сигурно не!“ се наведува во партиското соопштение.
Соопштенија
„Не отворам врата“: Секој член на владата да потпише изјава за одговорност доколку било кој биде заразен од попишувачите

Националниот блок „Не отворам врата“ бара сите министри и премиерот да потпишат изјава за одговорност со која се обврзуваат под морална, материјална и кривична одговорност дека ангажираните околу 30.000 попишувачи и инструктори нема никого да заразат при нивното влегување во домовите на населението, а во спротивно ќе сносат полна одговорност.
„Ова е текстот на изјавата:’Долупотпишаните членови на Владата, под морална, материјална и кривична одговорност изјавуваме дека 32.000 теренски попишувачи и инструктори кои ќе вршат попишување во 80 општини во државата групирани во 50 пописни реони, за време на пописот нема да заразат никого со коронавирусот при нивното влегување во домовите таму каде што ќе бидат пуштени да влезат и да вршат попишување на населението, становите и домаќинствата’ – завршен цитат“, изјави претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев како дел од Националниот блок „Не отворам врата“.
Тој кажа дека ова е уште чекор во насока власта да се вразуми и да го одложи, како што вели, животозагрозувачкиот попис во април.
„Ние, националните и патриотските сили во државата, нема да прифатиме попис со кој се загрозува здравјето на народот, тоа не ви го прифаќа и македонскиот народ. За секој обид за загрозување на здравјето, одговорност мора да има. Потребен е попис со нула ризик за здравјето на народот“, рече Бачев.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Каков е тој нов концепт за кој говори Царовска, без план и програма

Изјавата на Мила Царовска дека новата концепција значи нов стандард и квалитет во образованието и подобра инфраструктура не се ништо друго, освен празни зборови, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Ништо од изнесеното не е поткрепено со факти, па ја повикуваме да објасни каков е тој нов стандард и квалитет само со наставен план, без наставни програми, за кои вчера рече дека допрва ќе распишува конкурс, а наставниците ќе ги обучува преку летото. Нов квалитет без посебни предмети и вовед во науките, со интегрирана историја и географија, со посебен осврт на севкупно сексуално образование и јога? Каков квалитет би бил тој што не е во согласност со мислењата на најголем број релевантни фактори од образованието, ниту со најголем број наставници, па ни со Синдикатот? БЕЗ УЧЕБНИЦИ? Нов квалитет со фингиран избор на ментори?“, прашаа од опозициската партија.
Оттаму додаваат дека власта на СДСМ, кога се ближат избори, тогаш почнува со политичка кампања со стари лаги и нереализирани дадени ветувања.
„Откако под превезот за унапредување на средните стручни училишта направи кампања за својот шеф Зоран Заев, Мила Царовска тргнала во посета на општини за исполнување на истата оваа цел. Мила Царовска ветувањата дадени пред 4 години ги поврзува со концепцијата“, се наведува во партиското соопштение.
Како што се додава, по четири гидини, пред локални избори добро се сетила дека требаше да ги среди инфраструктурните услови во основното училиште „Димитар Поп Ѓеорѓиев – Беровски“ во Хром, да ја заврши доградбата за сите паралелки и за доградбата на градинката.
Ваквите лицемерни постапки повеќе не поминуваат кај граѓаните, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер