Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е на прав пат да ја втурне Македонија во провалија

Објавено пред

СДСМ е на прав пат Македонија да ја втурне во провалија. Заев и екипата околу него се на прав пат да ги наполнат своите приватни конта, додека граѓаните гладуваат, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, СДСМ е на прав пат да исели уште 1.000 луѓе за еден ден во градови како Делчево, Берово, Виница или Македонска Каменица.

,,СДСМ е на прав пат да го уништи земјоделието. Со СДСМ на власт родот наместо на пазар завршува на буниште.СДСМ е на прав пат да го колабира здравството. Министерот и директорот на ФЗО наместо за подобро здравство работат за криминалот на Заев.СДСМ е на прав пат да го осакати образованието. Учениците и по еден месец откако почна учебната година немаат учебници.СДСМ е на прав пат да ги понижи безбедносните служби. Полицајците и војниците носат скинати униформи.СДСМ е на прав пат за во опозиција. Предвремени избори час поскоро. Граѓаните ќе му го покажат патот на СДСМ”, се додава во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: Избори на 5 јули

Објавено пред

Избори мора да има час поскоро, бидејќи најважно за државата и за граѓаните е што поскоро да добиеме институции со целосна функционалност, велат од СДСМ.

„На нашата парламентарна демократија, на нашата економија, но пред се на јавното здравје, и на сите наши граѓани, на сите ни е потребно ново активно Собрание, за да се носат сите неопходни одлуки за менаџирање на здравствената и економската криза. Изборите по сила на закон се на истекот на 22 дена по завршување на вонредната состојба, а тоа значи дека изборите ќе бидат на 5 јули – било какво пролонгирање не е можно, ниту од правен ниту од праведен аспект“, се наведува во соопштенито.

Секој термин за избори кој ќе навлезе во летниот период, додаваат од СДСМ, ќе го загрози гласачкото право на граѓаните, зашто ќе го спротивстави со правото на одмор, затоа изборите треба да се случат веднаш, согласно законските рокови.

„Избори на есен се опасна идеја за здравството и економијата. Државата не смее да продолжи да функционира со техничка влада и без Парламент. Овие две инститиции мора да се во полн технички и политички капацитет, заради успешно справување со Ковид-19. Изборите се поважни за здравјето на граѓаните и од кафеаните, и од спортските натпревари, и од славите и веселбите. Ако можеме да ги правиме овие, сигурно можеме да одиме на избори, бидејќи тие се целосно безбедни за здравјето на граѓаните. СДСМ е одговорна партија, а одговорна политика е да се обезбеди работата и функционалноста на сите институции, затоа изборите мора да се одржат час поскоро, а сите политички субјекти, особено ВМРО-ДПМНЕ треба да преземат одговорни чекори и да бидат дел од решението, наместо да бидат извор на проблеми“, пишува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Полицијата не ги казни учесниците на литијата во Струга и на орото во Чаир

Објавено пред

Мицкоски и Чулев се несовесни, а изборите се решение за нивното неодговорно однесување, смета владејачкиот СДСМ.

Партијата преку соопштение укажува дека опозициската партија шири паника и политиканство, додека здравствените власти се справуваат со пандемијата. Според СДСМ, министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, го поминал мандатот во заштита на криминалот на Мицкоски и со неговите постапки за неказнување на несовесните го загрозил здравјето на граѓаните.

„Полицијата не ги казнува лицата кои не почитуваат самоизолација, не ги казни оние од литијата во Струга, навивачите пред црквата Свети Спас, учесниците во орото во Чаир, граѓание кои не носат маски и не почитуваат дистанца. Затоа изборите се решение а не проблем. Тие се решение за незрелото и несериозно однесување на Христијан Мицкоски и Наќе Чулев и сите кадри на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада“, велат од СДСМ.

Според партијата, изборите се потребни за функционални институции кои ефикасно ќе се справат со сите последици од коронавирусот и подготвени ќе го дочекаат новиот бран на пандемијата најавен за наесен.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Стануваме балканска Ломбардија, за 4 дена имаме 15 починати

Објавено пред

Неодговорноста на Заев и неговата лажна нормалност ја претвораат Македонија во балканска Ломбардија, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Оттука нагласуваат дека новата лажна нормалност на Заев носи нови црни биланси.

„Додека тие работеа по диктат на Заев како да го спасат од убедлив пораз, бројката на заразени и починати уште повеќе се зголемува. За последните 4 дена имаме 150 нови заболени и 15 починати. Целиот регион има исклучителен успех во справувањето со епидемијата, а Македонија се претвора во балканска Ломбардија. Имаме вкупно 2164 заразени и 131 починати. Со овие бројки Македонија е рекордер по смртност и по заразени во регионот на еден милион жители“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, владејачката партија се уште се однесува неодговорно и ноншалантно и се уште прв приоритет им се изборите, мислејќи дека така ќе има мала излезност и нивниот пораз нема да биде катастрофален.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Од утре пак не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионери

Oд утре, вторник, 2 јуни, повторно нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, односно за жени...

Македонија1 час

Османи: Денеска бројот е уште позагрижувачки!

Денеска бројот е уште позагрижувачки, напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на „Фејсбук“. Тој вели дека не е потребно...

Македонија2 часа

Царовска и Манчевски во самоизолација, биле на состанок со Зекири

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, од денеска се во самоизолација...

Македонија2 часа

Црна Гора не прима македонски државјани поради зголемениот број заразени

Владата на Црна Гора ја отстрани Македонија од листата држави кои немаат потреба од државен карантин при влез на територијата...

Свет2 часа

(Видео) Протестите за смртта на Афроамериканецот се проширија и во Европа

Во Лондон и уште неколку градови во Велика Британија се одржаа протести како поддршка на демонстрациите во САД, поради смртта...

Свет2 часа

(Видео) Трамп евакуиран во подземен бункер под Белата куќа

Агенти од тајната служба го спровеле американскиот претседател Доналд Трамп во бункер во време кога Белата куќа ја опколија демонстранти,...

Свет13 часа

(Видео) Астронаутите на „Спејс-икс“ и НАСА пристигнаа во вселенската станица

Вселенското летало „Dragon“ на американската компанија „Space-X“, во кое се вклучени астронаути нa НАСА, Роберт Бенкен и Даглас Харли, пристигна...

Македонија15 часа

Заев: Гласањето на изборите ќе се одржи според сите безбедносни протоколи

Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи, пишува претседателот...

Македонија18 часа

Јанушев чека резултати од тестот по дебатата со Зекири, новинарката Мрѓа е во домашна изолација

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој е заразен со коронавирус, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ24 заедно со...

Спорт19 часа

Позитивни на Ковид-19 има во Ренова и Шкендија

Ре-стартот на фудбалскиот шампионат на Македонија, предвиден за 14 или 21 јуни, најверојатно ќе биде одложен откако четворица од Ренова...

Економија20 часа

Бектеши: Од 15 јули ваучери од 6.000 денари за домашен туризам

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на последната седница на Владата, на предлог на Министерството за...

Македонија20 часа

Арсовски: Несериозно и морбидно е да се зборува за избори на 5 јули

Фиксираниот датум за избори на 5 јули кога би се случиле изборите не само што е несериозно туку е морбидно,...

Македонија20 часа

Најмногу новозаразени скопјани денеска има во Чаир и Бутел

Денеска во Скопје се регистрирани 24 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу во Чаир и Бутел. Имено, од Чаир...

Македонија21 час

Потврдени 62 нови случаи на ковид 19, починаа 2 лица

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 62 нови случаи на ковид-19, а починале 2 лица....

Македонија21 час

Мухамед Зекири е позитивен на коронавирус

Потпрестедателот на СДСМ Мухамед Зекири на социјалните мрежи објави дека е позитивен на коронавирусот. Зекири информира дека позитивни на коронавирус...

Македонија22 часа

(Видео) Спасовски: По сила на закон изборите ќе се одржат на 5 јули

По сила на закон изборите се на истекот од 22 дена по завршувањето на вонредната состојба, што значи дека ќе...

Свет23 часа

(Видео) Маск за лансирањето: Преплавен сум со емоции, тешко е да се зборува

Елон Маск не можел да опише како се чувствува откако неговиот SpaceX во соработка со НАСА прв пат испрати астронаути...

Македонија24 часа

Во ладилник кај Миравци пронајдени над 100 мигранти, приведен е жител на Косово

Синоќа на автопатот Гевгелија – Демир Капија, кај клучката Миравци, при преглед во товарното возило „сканија“ и ладилник со скопски...

Свет24 часа

(Видео) Немири на протестите во САД, полицијата со возило туркала луѓе

Во 25 градови ширум САД воведен е полициски час по протестите за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше задавен...

Македонија1 ден

Казнети 673 лица за неносење на маска

Во текот на изминатото деноноќие на територија на целата држава, по однос на уредбата за носење на лична заштита на...

Досие