Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не презема ништо за енормното загадување

Објавено пред

Зоран Заев и Садула Дураки им порачаа на македонските граѓани дека ќе продолжат да се трујат од загадениот воздух бидејќи Македонија не била Швајцарија. Понижувачко оправдување на неспособна и криминогена власт, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Знаат граѓаните дека Македонија не е Швајцарија бидејќи во Швајцарија не се делат милиони на лубриканти додека 460.000 луѓе се под прагот на сиромаштија и имаат проблем да си купат леб. Знаат граѓаните дека Македонија не е Швајцарија бидејќи претседателот на владата таму не барал по едно евро од квадрат за црквата и евро за неговиот брат. Знаат граѓаните дека Македонија не е Швајцарија бидејќи таму нема криминални тендери, нема субвенции за иновации за снаи на советнички, ниту концесии со марихуана за премиерот. Швајцарија не го продава името, како што вицепремиер во Македонија си ја продава фирмата на грчкото електростопанство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На Шилегов, додаваат од партијата, полна му беше устата со ветувања за почисто Скопје, а една година со прст не мрдна да преземе соодветни мерки против загадувањето на Скопје.

„Како последица на рекордното загадување во Скопје и во другите градови во пораст е бројот на лица со малигни заболувања. Во пораст се и другите заболувања кои се резултат на негрижата на локалните власти. Додека карциномот тивко ги убива граѓаните, Шилегов и СДСМ немаат никаков план и не преземаат никакви мерки за загадувањето. Тие се одговорни што свесно ги оставаат граѓаните секојдневно да се гушат. Ветувањето на СДСМ за чист воздух е голема измама, се губат човечки животи а владата не превзема ништо. Граѓаните секој ден слушаат само бајати теми, а владата на СДСМ не презема конкретни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот. Зоран Заев, Садула Дураку и Петре Шилегов или да ги засукаат ракавите или да си заминат и целосно да се посветат на криминал, а да остават некој сериозно да преземе мерки за подобрување на животот на граѓаните. СДСМ директно е виновен затоа што секој ден се губат човечки животи поради енормното загадување“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

„Еуромакс ресурсес“ со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Објавено пред

„Еуромакс ресурсес“, компанија сопственик на концесиите „Иловица 6“ и „Иловица 11“ за рудникот за бакар „Иловица-Штука“, денеска на прес-конференција издаде последно предупредување пред арбитражата.

dobivaj vesti na viber

Од компанијата истакнаа дека од своето основање во 2004 година, проектот Иловица-Штука симболизира светилник на можности, отелотворувајќи ја цврстата посветеност на „Еуромакс ресурсес“ за одговорен развој и економски просперитет. Сепак, и покрај значителните инвестиции и во финансиските и во човечките ресурси, проектот се наоѓа себеси заробен во мрежа од правни и административни пречки.

Третманот на проектот од страна на властите е скандалозен, цени „Еуромакс ресурсес“. Менаџментот на компанија истакна дека и покрај јасните правни победи, бирократската инерција и произволните одлуки постојано го попречуваат напредокот. Овие одложувања не само што ја нагризуваат довербата во регулаторното опкружување, туку и ја загрозуваат егзистенцијата на илјадници кои ќе имаат корист од проектот и ги одвраќаат идните странски инвестиции во Македонија.

 

„За да не бидеме погрешно протолкувани, сакаме да бидеме јасни и прецизни. Нашето трпение е при крај. Не можеме повеќе да одолговлекуваме, чекајќи политички одлуки за/игнорирање на правните околности. Ако политиката – спротивно на законот – каже „не“ за нов и модерен рудник за бакар, има правен епилог кој нема да биде поволен за државата, а за жал и нејзините граѓани. Меѓународната арбитража не е одлука што ја земаме лесно. Тоа има значителна цена – и во однос на ресурсите и угледот на нашата компанија и на земјата. Сепак, во услови на континуирано малтретирање и флагрантно непочитување на владеењето на правото, тоа е чекор што сме подготвени да го преземеме за да ги заштитиме нашите и интересите на нашите инвеститори“, истакна претседавачот на Бордот на директори и главен извршен директор на „Еуромакс ресурсес“, Тимоти Морган Вин.

На прес-конференцијата свое обраќање имаше и Габриел Лански, од адвокатската куќа Lansky, Ganzger, Goeth & Partner, која е правен застапник на „Еуромакс ресурсес“. Тој истакна дека „Еуромакс ресурсес“ има доставено формално известување за спор (тригер-писмо) до Владата во март 2020 година, за настанатиот спор и нивната намера да влезат во меѓусебни консултации за решавање на спорот и дека.

„Повеќе од очигледно е дека Владата на Северна Македонија не ги исполни обврските да се консултира и соодветно да преговара со член 10(1) од Договорот Швајцарија – Северна Македонија и со тешко срце сега размислуваме да го пренесеме нашиот случај пред меѓународната арбитража. Оваа одлука доаѓа по исцрпните напори за решавање на нашите спорови во локалната рамка, а сето тоа доведе до овој ќорсокак каде финансиските последици би можеле да бидат страшни за и онака кревката економија на Северна Македонија. Владата вака постапува иако Северна Македонија е во процес на обид да влезе во Европската Унија како земја членка. Пред да заклучам, поставувам едно неодложно прашање до владата и народот на Северна Македонија: Дали оваа средина на правна непредвидливост ќе се прошири и на други инвеститори или е предизвик единствено насочен кон ‘Еуромакс ресурсес’? Ресурсот што сакаме да го развиеме е национално богатство и неминовно ќе треба да го искористиме, ако не ние тогаш некој друг. Изборите направени денес ќе резонираат надвор од нашиот проект, обликувајќи го економскиот пејзаж на земјата и нејзината меѓународна репутација во годините што доаѓаат “, истакна Лански.

„Еуромакс ресурсес“ ги повика надлежните државни институции да ги исполнат своите законски обврски, да го почитуваат владеењето на правото и да се вклучат во напорите со добра волја за да се забрза решението. Компанијата останува посветена на соработка со владата, заедниците и пошироките засегнати страни за да испорача трансформативен проект, кој е повеќе од потребен на повеќе нивоа.

„Еуромакс ресурсес“ ја потврди својата непоколеблива посветеност за одговорен развој, просперитет на заедницата и успехот на проектот „Иловица – Штука“ со највисоко ниво на почитување на најсовремените стандарди за заштита на животната средина преку примена на најсовремени технологии во рударската индустрија. Меѓутоа, ако тековниот третман на проектот од страна на властите продолжи, и ако владеењето на правото продолжи да се занемарува, тогаш арбитражата ќе стане неизбежна реалност.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Нова акција на „Спорт лајф“ – „Кој е твојот среќен тип?“

Објавено пред

Во обложувалниците на „Sport Life“, во тек е акцијата „Кој е твојот среќен тип?“. Среќната игра ќе им донесе на обложувачите на Sport Life, многу „седумки“: главна премија од 777.000 денари и по 7 (седум) вредносни ваучери од 500 денари за секој од победниците во поединечните етапи на акцијата.

dobivaj vesti na viber

Среќата треба да ја бараат во онаа игра со која ќе успеат да погодат тикет со најголем број натпревари со исто типување. Соодветно на тоа, играчите ќе се рангираат и на генерално ниво, до крајот на играта, и на седумдневно – етапно ниво.

Акцијата се однесува само за несистемските тикети, со погодени минимум шест натпревари со ист тип, со минимална квота од 1,50 по пар. Исто така, во пресметката за бодување и рангирање на тикетот влегуваат и натпреварите од понудата „Супер тип“ и натпреварите од понудата за обложување во живо.

Акцијата ќе трае до 25-ти април и важи за членовите на СЛ клубот со приложување на СЛ клуб картичката.

Сите информации за играта и тековното рангирање за генералниот и етапен пласман се објавени на вебстраницата на Sport Life и на официјалните канали на социјалните мрежи.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Праизведба на претставата „Хенгинг Араунд“

Објавено пред

Во Македонскиот народен театар, на 19 април, со почеток во 20 часот, ќе се одржи праизведбата на претставата „Хенгинг Араунд“ во режија и адаптација на Бојан Трифуновски, по текст на Љупчо Јованов.

dobivaj vesti na viber

Главните ликови 0 (Хенгинг) и 1 (Араунд) во оваа приказна се изгубени во светот на бајките и не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во реалноста, во нивните топли огништа. Можеби се Дисмас и Гестас, но пред да ги распнат можеби некако им избегале на Римјаните и продолжиле да го живеат својот динамичен живот, овој пат празен и лишен од средба со Спасителот. Можеби патем решиле да се смират, да создадат семејство со единствена цел – да умрат во длабока старост почитувани од пријателите и саканите и жалени од најблиските. Дали нивниот карактер, судбина, ги натерала повторно да си ја пробаат среќата и да почнат нова авантура, да влезат во нова приказна…

Целото дејство се случува во светот на бајките, а местото и времето се ирелевантни.

Во претставата играат: Сашко Коцев, Александар Михајловски, Стефан Спасов, Гораст Цветковски, Борче Начев, Ана Стојановска, Софија Насевска-Трифуновска и Нела Павловска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Пендаровски: Мицкоски пред некој ден повика на формирање на семакедонски патриотски фронт, исто како во времето на режимот

На денешниот граѓански собир во Скопје, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски се осврна и на меѓуетничките односи, истакнувајќи дека од независноста...

Свет3 часа

(Видео) Опасни поплави ѝ се закануваат на кинеска провинција, над 127 милиони луѓе се евакуирани

Големите реки, канали и езера во кинеската провинција Гуангдонг се соочуваат со опасни поплави, поради што владата денеска одобри акционен...

Македонија3 часа

Битиќи: Јавно здравство без партиципација и повисоки плати за медицинските лица

„Срцето и душата на државата лежи во здравјето на нашите граѓани, а должноста на една социјалдемократска власт е да се...

Македонија4 часа

Николоски: Директорката на прилепската болница поставена од Филипче со огромен корупциски скандал – за иста услуга плаќала дупло

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4, на денешната пред сконференција се осврна на, како што...

Регион5 часа

Отстранета голема бомба во Ниш, евакуираните 1300 граѓани се враќаат дома

Завршена е акцијата на неутрализирање и уништување на воздушната бомба која остана од бомбардирањето на НАТО на улицата Александра Медведева...

Свет6 часа

(Видео) Иран ја засилува репресијата врз граѓаните: Егзекуции, апсења и враќање на моралната полиција

Со погубување на осуденици, апсење дисиденти и враќање на полициските патроли за спроведување на задолжителните правила за хиџаб, Иран ја...

Свет7 часа

На изборите во Баскија може да победи партијата која сака независност од Шпанија 

Баскиската сепаратистичка партија Билду, која влече корени од политичкото крило на сега веќе непостоечката вооружена група ЕТА, би можела за...

Македонија7 часа

Три завршни митинзи на претседателските кампањи денеска во Скопје, кампањата за парламентарни избори продолжува

Продолжуваат кампањите за претстојните претседателски и парламентарни избори, каде претседателските кандидати, како и кандидатите за пратеници во шесте изборни единици...

Македонија8 часа

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

Пред граѓаните на Струмица, кандидатот за претседател, Стево Пендаровски се осврна на ставот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во однос...

Македонија8 часа

Силјановска-Давкова: Пендаровски е еднакво одговорен за скандалите и криминалите на ДУИ

„Претседателот воопшто не е невин. Барем дваесетина пати требаше да посегне по ветото кога се носеа лошите закони. Тој, скромно,...

Македонија19 часа

Гордана Силјановска-Давкова: Однесувањето на ДУИ е врв на султанатот во Македонија

Денеска, во рамките на својата кампања за претседателка на Македонија, професор д-р Гордана Силјановска-Давкова, одржа говор во Берово. – Врв...

Свет20 часа

САД изгласа помош на Украина: Ова може да го промени текот на војната

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска го изгласа законот за дополнителна помош за Украина, дел од пакетот од 95 милијарди...

Македонија21 час

Пендаровски: Јас сум ваш, вие сте мои, а сите заедно сме наши – ќе успеееме

Зборувајќи пред граѓаните на Василево, кандидатот за претседател Стево Пендаровски потенцираше дека Македонија веќе е горда на постигнатото, а со...

Македонија21 час

Ковачевски: Само со ЕУ е можна реална и суштинска промена во нашето општество

Само со ЕУ е можна реална и суштинска промена во нашето општество. Само со ЕУ можеме да ги одобриме состојбите...

Македонија23 часа

Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин од Унгарија до Скопје

Денеска (20.04.2024) по добиено барање од ЦУК, со полициски хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици, од Сегедин, Унгарија до...

Македонија23 часа

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе направат трансформација во Македонија, со „Платформа 1198“ ќе се решат проблемите на граѓаните

„Во очите на граѓаните има една желба да што побргу заврши сето ова кое што се случуваше шест и половина...

Македонија1 ден

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите противкандидати

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ја прифати поканата на националниот јавен сервис за учество на дебата со сите противкандидати во...

Македонија1 ден

Коалицијата ВЛЕН најавува спектакуларен митинг во понеделник на плоштадот Скендербег – не добиле дозвола на митинг на Плоштад Македонија

Шефовите на изборната кампања на Коалицијата ВЛЕН денеска ја информираа јавноста за централниот митинг што ВЛЕН (ВРЕДИ) планира да го...

Свет1 ден

Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува...

Македонија1 ден

Гордана Силјановска Давкова учествуваше на одбележувањето на 75 годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција и 76 годишнината од прогонството на Македонците од егејскиот дел на Македонија

Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, на 20 април...