Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Со растот на производството, Анѓушев се обидува да ја покрие неспособноста на Владата

Објавено пред

Обидот на Кочо Анѓушев да ја покрие неспособноста на Владата со растот на индустриското производство во ТИРЗ е уште една манипулација на СДСМ, реагира опозицијата по прес-конференцијата на Анѓушев.

„Признанието на вицепремиерот Кочо Анѓушев дека капиталните инвестиции се незначително реализирани не е доволно. За катастрофалната реализација од 16.65% мора да има и одговорност. Оправдувањата дека проектите наводно не чинеле се банални и смешни бидејќи Владата на СДСМ ја има власта повеќе од една година и имаше доволно време да ги ревидира, доколку навистина била потребна корекција. Не може никако да се оправда тоа што неспособната власт со мал прст не мрдна и го проектираше најголемиот, расипнички буџет во историјата, од кого ги реализираат само ставките што  се однесуваат за нивно луксузирање, а не за капиталните инвестиции кои значат благосостојба за државата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата додава дека растот на индустриското производство е уште еден доказ за добрите економски политики на ВМРО ДПМНЕ и ефектите од креирањето бизнис-клима во којашто странските инвеститори би биле мотивирани да работат во ТИРЗ.

Македонија

СДСМ посочува на одговорност кај министерот Чулев за зголемувањето на бројот на новозаразени

Објавено пред

Наместо да работи на почитување на мерките од страна на граѓаните и санкционирање на прекршувањата, министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, во време на епидемија со коронавирусот, се однесува неодговорно и несериозно, а приоритет му е одбрана на неговиот шеф Мицкоски за случајот со теретаната, а не заштита на јавното здравје, велат од СДСМ преку соопштение.

Од владејачката партија нагласуваат дека изјавата на Чулев оти граѓаните не треба да бидат казнувани заради непочитување на мерките и задолженијата придонела за масовно непочитување на мерките од страна на граѓаните.

„Полицијата предводена од Чулев не презеде ништо ни кога се прекршуваа забраните за собири, кога масовно се прекршуваа забраните за движење, а и самиот Чулев организираше јавни собири без почитување на мерките. Сега, за жал, стигнува сметката за неказнувањето и неработата на Чулев преку зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус во земјата. Ова е само уште еден доказ за несовесното и незрело однесување на Чулев и ВМРО-ДПМНЕ кои на овој начин дејствуваат против јавното здравје. Чулев по налог на Мицкоски не само што не помага, туку и одмага во борбата против коронавирусот“, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека изборите се решение за незрелото, неодговорно и несериозно однесување на Христијан Мицкоски и неговите кадри во техничката влада. Од СДСМ порачуваат дека на државата и се потребни институции со полн капацитет кои ефикасно ќе се справат со последиците од актуелната пандемија, но и ќе бидат подготвени за новиот бран кој по сите најави се очекува наесен.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Алијанса за Албанците: ДУИ ја користи пандемијата како алатка за предизборна кампања

Објавено пред

Не е првпат официјални лица на ДУИ, како што се тие на локално и централно ниво, да ја злоупотребат ситуацијата со пандемијата на Ковид-19 за нивните партиски интереси, се наведува во соопштение на политичката партија Алијанса за Албанците.

„Министерот за економија Крешник Бектеши, промовираше економски мерки од седиштето на ДУИ, проекти кои се спроведуваат со парите на даночните обврзници. Исто постапи и заменик министерот за финансии, Ширет Елези“, се посочува во партиското соопштение во кое се додава дека ваквата навредлива практика ја применуваат и раководителите на општините предводени од ДУИ.

„Градоначалниците на Дебар, Хекуран Дука и тој на Чаир, Висар Ганиу парадираа пред логото на ДУИ, со што се подразбира дека логото на партијата дури и во време на пандемија е поважно од здравјето и животот на нашите граѓани“, реагираат од Алијанса за Албанците.

Од партијата ја повикуваат Антикорупциската комисија да реагира што е можно поскоро на, како што се вели, недоличното однесување на функционерите на ДУИ кои своите институционални позиции ги ставаат во служба на нивниот рејтинг.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Николов: Филипче наместо да признае неуспех вината дрско ја префрли кај граѓаните и МВР

Објавено пред

Состојбата со Ковид-19 епидемијата е алармантна, а на владата и се случува здравствена капитулација, рече денеска на прес-конференција Игор Никлов од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој го обвини министерот за здравство Венко Филипче дека дрско, безобзирно и неодговорно ја префрла вината кај граѓаните, или кај МВР, иако претходно уверувал дека состојбата е под контрола, дека пикот е поминат и дека заразата е победена.

„Граѓаните не се виновни, виновна е власта кој што не го заштитува здравјето на граѓаните и носи чудни мерки. Имаме чисто фијаско на Владата на Спасовски, и Филипче кое што граѓаните го плаќаат со животите. Граѓаните се препуштени сами на себе, затоа што сами мора да се грижат за сопственото здравје заради нивните мерки. За три дена имаме 10 починати, 115 ново заразени, од кој само денес се 52 заразени“, нагласи Николов и додаде дека Македонија по бројот на заболените станува изолиран случај, на врвот по неуспешноста.

Партискиот претставник посочи дека ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и повикува на разрешување на членовите на Комисијата за заразни болести и итно формирање на нова составена од експерти и надпартиски решенија кои, како што рече, нема да подлегнат под политички влијанија и ќе донесат итен пакет на мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

„Министре потребни се ефикасни решенија. Потребно е да се престане да се глуми нормализација, потребно е да бидете одговорна Влада, тоа го очекуваат граѓаните на Македонија“, јавно му порача Николов на Филипче.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Oд Македонија и Филипините биле објавувани теории на заговор поврзани со коронавирусот, соопшти „Фејсбук“

Еден од најголемите дезинформатори за коронавирусот на Фејсбук е забранет од платформата поради користење т.н. Трол-фарми од Македонија и Филипините,...

Македонија1 час

СДСМ посочува на одговорност кај министерот Чулев за зголемувањето на бројот на новозаразени

Наместо да работи на почитување на мерките од страна на граѓаните и санкционирање на прекршувањата, министерот за внатрешни работи, Наќе...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ бара разрешување на членовите на Комисијата за заразни болети

Повикуваме да се разрешат членовите на Комисијата за заразни болести и на нивно место да дојдат експерти со морален интегритет,...

Македонија1 час

Денеска ќе се одлучува за укинување или воведување нова вонредна состојба

Денеска во Кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски, во „Вила Водно“, ќе се одржи седница на Советот за безбедност....

Свет14 часа

Трамп и официјално соопшти: САД ги прекинуваат сите врски со СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа објави дека Соединетите држави ги прекинуваат сите врски со СЗО. Тој...

Македонија17 часа

Над половина од новозаразените во Скопје се од Сарај, Бутел и Чаир

Шест лица од денешните 26 случаи на Ковид-19 регистрирани во главниот град се од општина Сарај, покажуваат статистиките на Министерството...

Регион19 часа

Вратите за македонските туристи во Грција отворени од 15 јуни, тестови за корона ќе се прават по случаен избор

Грција од 15 јуни ќе ги отвори своите врати за туристи од 29 земји, објави денеска министерот за туризам, Хари...

Македонија19 часа

(Видео) Пауновски: Некои угостители ги понижуваа инспекторите, се однесуваат како да нема вирус

Одредени угостители со понижување се однесувале кон инспекторите од Пазарниот инспекторат велејќи им: „Едуцирајте нè и напуштете го локалот“, посочи...

Македонија20 часа

Филипче: Да знаевме дека нема да се почитуваат мерките, немаше да дадеме препорака за отворање на кафеаните

По објавата на фотографиите од скопски кафеани, каде што, наместо почитување на препораките, се правеле забави, без одржување дистанца, без...

Македонија21 час

(Видео) Филипче: Мерките не се почитуваат, можен е карантин во некои општини

Новозаболените од коронавирусот се резултат на непочитувањето на мерките, вели министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека има информации...

Македонија21 час

Загинувањето на планинарите на Кајмакчалан било несреќа, отфрлена кривичната пријава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање кривична пријава против водичот на планинарската тура, во која пред 2 години...

Македонија21 час

Потврдени 52 нови случаја на заразени, починаа 4 лица

Денеска, потврдени се 52 нови случаја на Ковид-19, оздравени се 30 пациенти, а починати се 4 лица, информира Министерството за...

Македонија22 часа

Се бара казна од 10.000 евра за поранешната директорка на кожната клиника

Скопското Обвинителство денеска до надлежниот суд поднесе предлог за издавање казнен налог против поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија,...

Економија22 часа

(Видео) ФИТР објави повик за финансиска помош, фирмите со добивка ќе треба да ги вратат парите

Речиси 150 домашни микро, мали и средни компании имаат можност да добијат поддршка за брзо приспособување на последиците од Ковид-19...

Македонија22 часа

(Видео) Американски и грчки воени авиони летаа над нашата земја

Два авиона на американското воено воздухопловство, придружувани од четири воени авиона на Грција, околу 11 часот извршија прелет над територијата...

Македонија22 часа

Бугарија го укинува задолжителниот карантин за патниците од Македонија од 1 јуни

Бугарија планира од 1 јуни да го укине задолжителниот 14-дневен карантин за патниците од Македонија и од повеќето земји на...

Свет23 часа

Нов Зеланд има само еден активен случај на коронавирус

Седум дена по ред Нов Зеланд не потврди ниту еден нов случај на коронавирус. Здравствените власти соопштија дека во моментот...

Свет1 ден

(Видео) Немири во Минеаполис поради смртта на црнецот, запалена полициската станица, прогласена вонредна состојба

Демонстрантите влегоа во полициската станица во Минеаполис, предизвикаа пожари и уништија сè што им се нјаде на патот во текот...

Регион1 ден

Хрватска го објави протоколот за свадби – најмногу 150 гости, на подиумот да се држи растојание од два метра

Хрватскиот завод за јавно здравје објави детаљни препораки за одржување свадби, кои од неодамна повторно се дозволени во Хрватска. Некои...

Свет1 ден

Кина се закани со напад на Тајван

Кина ќе го нападне Тајван ако нема друг начин да се спречи неговата независност, предупреди еден од главните кинески генерали,...

Досие