Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е најголемиот проблем за корона-кризата во земјата, оставка веднаш

Објавено пред

„Без никаков срам, СДСМ праќа соопштенија дека виновник за корона-кризата во Македонија се ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кога граѓаните добро знаат дека СДСМ и Филипче се целосно изгубени во справувањето со ситуацијата. Поради нивната неспобност, секојдневно во земјата има над 1.000 заразени и над 20-ина починати од Ковид-19“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, високата бројка на заразени и починати од почетокот до денес не значи ништо ниту за СДСМ ниту за Филипче. Во период кога граѓаните секојдневно гледаат да се заштитат од вирусот, за СДСМ и Заев важни се изборите во Штип.

„Здравствениот систем е колабиран, исцрпени се медицински лица, нема соодветна, а нема ниту секаде терапија, граѓани умираат на пат до болница или во ходници. Сè почести се апелите за помош и собирање донации на социјалните мрежи за своите најблиски да ги лекуваат во приватните установи. Граѓани се заглавуваат во кредити за да најдат лек во приватно здравство. Филипче како министер не решава проблеми затоа што тој е проблемот. Токму затоа Филипче веднаш треба да понесе одговорност! Филипче, оставка веднаш“, се вели во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: Обидите на Мицкоски да го блокира Собранието се опасни и штетни за граѓаните

Објавено пред

Очајните обиди на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се блокира работата на Собранието во услови на сериозна светска пандемија на коронавирус е опасно, штетно, неодговорно и срамно однесување, велат од СДСМ.

„Немањето сопствен став, мерка или политика, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да го надоместат со тоа што ќе предизвикаат штета на граѓаните, во време кога им е неопходна помош од државата.

Затоа бесрамно се обидуваат да блокираат носење важни закони, меѓу кои и оние за ваучерите од 6.000 денари за помош на пензионерите, самохраните родители, слободните уметници и филмски работници, како и мерките за помош на лозарите.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно застануваат спротивно од интересите на граѓаните, на стопанството, на државата.

Очигледно дека очајот и нервозата кулминираат во ВМРО-ДПМНЕ откако јавноста дозна за одработувањето на Мицкоски за странски цели и интереси, па затоа поднесуваат илјадници нелогични амандмани преку кои се обидуваат да го блокираат Собранието.

Залудни се обидите на Мицкоски. Деструктивноста, антидржавното и антинародно однесување на ВМРО-ДПМНЕ може да ја забави, но нема да ја спречи функционалноста на институциите.

Со или без ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ќе добијат функционално Собрание посветено на реформите важни за државата и граѓаните“, додаваат од партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го одби предлогот за бесплатни ковид-тестови, директно загрозувајќи животи на граѓани

Објавено пред

Однародената власт сега станува и одлепена од реалноста уште повеќе. Среде епидемија во 2021 наместо повисок буџет за здравството, тие предвидуваат помалку средства за 5% во споредба со оваа година. Ама затоа непродуктивните трошоци, за мебел, за возила, шкампи, бурбони, торти, шампањи остануваат екстремно високи, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Дури Филипче и Заев кројат расипнички буџет, секој ден заболуваат илјадници граѓани, а десетици умираат од коронавирусот, а тие абер немаат нешто да преземат. Само во последното деноноќие починаа 29, а се заразија нови 1.069 лица.
Повторно црни биланси кои ја прават Македонија една од земјите рекордери во светот по смртност на милион жители, бидејќи досега изгубивме 1.792 сограѓани во епидемијата. А на власта око не ѝ трепнува нешто да промени и да спречи ваков геноцид.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага амандмани на буџетот за 2021 со кои ќе се обезбедат средства за бесплатно тестирање на граѓаните и дополнителна набавка на 50 амбулантни возила за цела Македонија. Недозволиво е функционерите да може експресно и бесплатно да се тестираат и лекуваат, а народот да чека до денови тестирање, а со часови брза помош.

Но, за жал, оваа одлепена власт го одби овој конструктивен предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа велиме дека оваа неспособна власт е подеднаква опасност како и коронавирусот. Нивната неодговорност чини здравје и животи на граѓани“, наведува партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги кочи измените на Деловникот на Собранието

Објавено пред

„ВМРО-ДПМНЕ на чело со деструктивниот Христијан Мицкоски продолжува да работи на штета на граѓаните и во услови на сериозна криза со пандемијата предизвикана од коронавирусот се обидува да ја блокира работата на Собранието. Со поднесување голем број нелогични амандмани на предложените измени на Деловникот за работа на Собранието, кои треба да овозможат пратениците, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во изолација да можат да учествуваат во работата на собраниските тела на далечина, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го покажа своето неодговорно лице“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, во време на сериозни предизвици од коронавирусот, на граѓаните им се потребни функционални институции, кои ќе работат со полн капацитет, функционално собрание кое ќе носи мерки за ублажување на ударот од пандемијата.

„Граѓаните го препознаваат и ќе го казнат користењето на ситуации со заразени или пратеници во изолација за остварување на теснопартиски интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет21 минута

Франција ќе проверува џамии поради екстремизам

Француската влада во борбата против верскиот екстремизам ќе преземе низа акции, масовни и без преседан, меѓу кои и проверка на...

Регион27 минути

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер утрово го погоди југоистокот на Турција. Управата за катастрофи и вонредни...

Европа11 час

Белгија планира да почне со вакцинација од 5 јануари

Белгија планира да почне со вакцинација на 5 јануари доколку се одобри вакцина развиена против коронавирусот. Премиерот Александер де Кро...

Свет12 часа

Убиецот на словачкиот новинар осуден на 25 години затвор

Словачкиот Врховен суд го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Куцијак на 25 години затвор. Оваа пресуда на апелацискиот суд...

Спорт13 часа

Синот на Марадона бара Меси да се откаже од „десетката“ во чест на татко му

Диего Синагра, попознат како Диего Јуниор, синот на Диего Марадона, вели дека бил потресен од гестот на Лионел Меси со...

Македонија13 часа

946 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 33 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на...

Македонија15 часа

Лингвистите апелираат: Не прифаќајте разговори за јазик, нација и историја

„Прифаќањето договори за добрососедство, анекси и слично, во кои македонскиот јазик ќе биде заменет со синтагми од типот – официјален...

Македонија17 часа

Сеизмолошка опсерваторија: Земјотресот во Скопје со јачина од 3,5 степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија објави дека денешниот земјотрес бил со јачина од 3,5 степени според Рихеровата скала. Епицентарот на...

Свет17 часа

Во Виена развиен најбрз тест за Ковид-19 во светот

На Виенскиот универзитет за технологија (ТУ Виен) е развиен нов метод на тестирање за коронавирус, кој е исклучително чувствителен и...

Македонија19 часа

Пратениците да покажат бојадисано јајце за Велигден, бара опозицијата во еден од амандманите

Во еден од амандманите на опозицијата се вели дека за време на велигденските празници, пратениците кои ќе учествуваат во работата...

Македонија19 часа

ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти

Бројот на новозаболени со коронавирус во периодот од 23 до 29 ноември се намалува, додека расте бројот на оздравени пациенти,...

Македонија20 часа

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да...

Македонија20 часа

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не ги исплатила долговите за 270 уметнички слики со позлатени рамки

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на...

Економија20 часа

Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сеавус“

Претставниците на Групацијата АРИКОМА (ARICOMA), која е дел од чешката Групација ККЦГ(KKCG) на Карел Комарек, најавуваат значаен чекор поврзан со...

Свет20 часа

Русија почна со вакцинација на војниците против коронавирус

Во Централниот воен округ на Русија почна вакцинација на војниците со вакцината против коронавирус „Спутник V“ и прво ќе се...

Регион21 час

„Коха“: Тачи ќе го бранат пет адвокати во Хаг

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ќе го бранат пет адвокати пред Специјалниот суд во Хаг, пишува „Коха“. Специјализираниот совет...

Свет21 час

Интерпол предупредува на опасноста од лажни вакцини

Интерпол предупредува дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19. Како што е...

Регион21 час

Во Хрватска 3.539 новозаразени и 55 починати од Ковид-19

Според официјалните податоци, во Хрватска денес има 3.539 новозаразени лица со Ковид-19, а 55 пациенти починале. Хоспитализирани се 2.408 пациенти,...

Македонија22 часа

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се примени 30 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 16 града

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира во 16 града. Од партијата најавија дека на протестите ќе биде испратена порака до премиерот Зоран...

Досие