Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Четвртиот пакет мерки е задоцнет

Објавено пред

Четвртиот пакет мерки со кои се фали СДСМ не обезбедува никаква поддршка за компаниите. Тие пари завршуваат директно во џебот на Зоран Заев и мафијата на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дека пакетот мерки не даде никаков резултат потврдува и бројот на над 40.000 лица кои од почетокот на пандемијата до сега останаа без своите работни места и без приходи. Според Анкетното истражување на претпријатијата од страна на македонските организации на работодавачи, 27% пријавиле дека кризата од Ковид-19 сериозно влијае врз нивното работење и пријавиле целосно затворање на фирмите. Значи, околу 14.304 микро и мали претпријатија кажале дека ќе затворат. Поради неспособноста на Република Македонија има историски најголем пад на БПД од 12.7%“, велат од партијата.

И во проекцијата на ЕБРД, велат од ВМРО-ДПМНЕ, јасно е наведено Македонија има корекција на БДП за годинава најголем , а тоа е 1.5% надолу од тоа што првично ЕБРД го проектирала.

„1% има пад кај Црна Гора, 5 % кај Босна и кај сите останати земји имаат иста проекција за следната година ЕБРД ја намалува нашата проекција за 2.5%,што јасно кажува дека мерките се навистина задоцнети. СДСМ и Заев не се решение на проблемите. Тие не се борат против криминалот, тие го прават криминалот во државата“, се наведува во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски наместо да организира таканаречени протести за струјата, да поднесе оставка

Објавено пред

Очајниот губитник Мицкоски наместо да организира таканаречени протести за струјата, на кои и самиот не се појавува, да поднесе оставка, велат од СДСМ.

„Нема крај лицемерието и деструкцијата на губитникот Христијан Мицкоски, кој од ден на ден е се повеќе очаен и осамен. Во време кога есенскиот бран на коронавирусот, како во Европа така и тука е во полн налет, Мицкоски исплашен за својата фотелја во белиот дворец организира јавни собири на неговите приврзаници. Додека глуми загриженост за состојбата со коронавирусот, Мицкоски секој втор ден го малтретира своето членство со таканаречени протести загрозувајќи го нивното и јавното здравје“, велат од партијата.

Според СДСМ, нема поголемо лицемерие од тоа против цените на струјата да протестира оној кој ја укинал евтината тарифа и за 100 отсто ја зголемил цената на струјата, додека си терал бизниси со хидроцентрали добиени од Владата во која бил советник.

„Наместо да организира „протести“ на кој и самиот не се појавува, Мицкоски треба да си го одржи ветувањето пред избори и да поднесе оставка затоа што ниту победи на изборите, ниту формира Влада. Граѓаните одамна не му веруваат ниту нему ниту на нереформираното ВМРО-ДПМНЕ кои не знаат ништо друго освен да бранат криминал и да делуваат деструктивно на штета на интересите на граѓаните“, велат од СДДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Само со почитување на мерките може да очекуваме намалување на бројките на инфицирани со коронавирусот

Објавено пред

Само со почитување на мерките може да очекуваме намалување на бројките на инфицирани со коронавирусот, велат од СДСМ.

„Кога пандемијата со коронавирусот е во полн налет, бројот на инфицирани расте, болничките капацитети се полнат, а здравствените работници се преморени, важно е сите да ги почитуваме мерките за заштита на сопственото и на јавното здравје. Само со почитување на мерките, носење маска во затворени простори каде што може да се соберат повеќе лица во исто време и на отворен простор, држење дистанца, миење и дезинфекција на рацете и избегнување на групирање може да очекуваме намалување на бројките“, велат од СДСМ.

Од почетокот на пандемијата со коронавирусот, додаваат од партијата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат неконструктивно и ги кочат, опструираат и критикуваат сите напори за справување со коронакризата, а сега организираат масовни собири, на кои се кршат мерките за заштита и го доведуваат во опасност јавното здравје.

„Граѓаните знаат дека сега е неопходно сите да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од коронавирусот, само така заедно можеме да го намалиме ширењето на вирусот и да го заштитиме јавното здравје“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче урива рекорди секој ден, бројката на починати од корона е скоро 1.000

Објавено пред

Филипче урива рекорди секој ден. Црн петок за Македонија и граѓаните – заразени 934 лица. Бројот на активни случаи надмина 9.000, а бројот на починати се движи кон 1.000, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта на Заев со својата неспособност прави состојбата со пандемијата од корона вирус да биде уште полоша. Секој ден Македонија руши рекорди на нови заразени и починати. Веќе сме земја во Европа која е црн рекордер по корона статистиката. Во државата корона вирусот се шири неконтролирано. Никој веќе не води сметка на кластери. Во градинките од септември 33 деца се позитивни на корона вирусот и 109 вработени. Во моментов во изолација се 107 вработени и 650 деца. Во училиштата 60 ученици и 160 наставници на ниво на држава кои се со физичко присуство во училиштата се активни на КОВИД-19“, се наведува во соопштението.

Од таму велат дека амбулантата за прегледи на педијатриските пациенти во болницата Козле се наоѓа во самиот оддел во црвена зона каде се хоспитализирани пациентите со КОВИД – 19, што, според ВМРО-ДПМНЕ, само говори дека Здравствените власти лошо менаџираат со системот и создаваат дополнителна опасност.

„Лица со најтешки облици на болести се доведуваат во опасност од контакт со заразени со корона. И за сето ова властите не гледаат вина во себе, туку виновни се граѓаните. Затоа предлагаме Владата и Министерството за здравство, да овозможат и организираат, бесплатно тестирање еднаш во месецот за сите здравствени работници кои имаат потреба и кај кои постои најголем ризик да заболат. Дополнително бараме да се ослободат од работа хронично болните и сите останати ранливи категории граѓани“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

Австрија оди во карантин до крајот на ноември

Поради зголемениот број на заразени со Ковид-19 во Австрија, од вторник земјата воведува полициски час. Мерката ќе биде на сила...

Свет13 минути

Велика Британија се очекува да воведе едномесечна блокада на земјата

Британската влада размислува за воведување на едномесечна блокада, пренесува Би-Би-Си. Според информациите, премиерот Борис Џонсон се очекува да одржи прес-конференција...

Регион2 часа

Нов рекорд во Србија – потврдени 1.817 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани рекордни 1.817 нови случаи на коронавирус, а починале шест лица. Тестирани се...

Македонија4 часа

Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април

Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на сегашната министерка за одбрана Радмила Шекеринска на 27 април 2017 година во Собранието....

Македонија5 часа

Кафе-барот „Интермецо“ ја отстранил пломбата и продолжил со работа и покрај забраната

Кафе-барот „Интермецо“ продолжил со работа и покрај забраната од 30 дена што ја изрече Општина Центар заради бучава. Градоначалникот на...

Свет5 часа

(Видео) Снимки од дрон го покажуваат ужасот по земјотресот во Измир

Снимките направени со дрон го покажуваат ужасот што го остави силниот земјотрес што вчера го погоди турскиот град Измир. Може...

Регион6 часа

Во Словенија 1.796 новозаболени со коронавирус и 23 починати

Во текот на претходниот ден, во Словенија се регистрирани 1.796 новозаразени со коронавирус, а 23 лица починаа. Процентот на позитивни...

Македонија6 часа

Мицкоски: Потребни се бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека се потребни бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички. „Образованието...

Македонија6 часа

УНИЦЕФ: Училиштата да се затворат единствено тогаш кога нема други алтернативи

Училиштата треба да бидат последни што ќе се затворат, а први што ќе се отворат, изјави Патриција ди Џовани, претставничка...

Македонија6 часа

Милевски: По 40 години, Пониква добива реконструирани ски лифтови

Владата преку Јавното претпријатие за државни патишта издвои средства да се реконструира патот за еден помасовен туризам на Пониква, а...

Регион6 часа

Во Хрватска 2.769 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 2.769 нови случаи на коронавирус, а 15 лица починаа, објави Националниот штаб...

Свет8 часа

Бројот на загинати во земјотресот во Измир се искачи на 24

Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди егејскиот брег на Турција и источниот грчки остров Самос се искачи...

Свет22 часа

Сведоштва: Луѓето трчаа во паника, улиците се преплавени со мртви риби

Луѓето панично трчаа во турскиот град Измир, изјавија очевидци, откако земјотресот со јачина од седум степени според Рихтеровата скала започна...

Македонија22 часа

Ексминистерот Наќе Чулев заразен со Ковид-19

Поранешниот министер за внатрешни работни Наќе Чулев, кој беше претставник на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада на Оливер Спасовски, е позитивен...

Свет22 часа

(Видео) Бројот на жртви во земјотресот во Турција се искачи на 14, над 400 лица се повредени

Бројот на жртви во денешниот земјотрес кој се случи во Турција и Грција, се искачи на 14. Епицентарот на земјотресот...

Свет24 часа

Меркел е против затворање на границите на ЕУ поради Ковид-19

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека е против затворање на границите во рамките на земјите-членки на Европската Унија во услови...

Македонија24 часа

Вучиќ, Рама и Заев разговараа за обновување на иницијативата за регионална соработка

Лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија – претседателот Александар Вучиќ, премиерите Еди Рама и Зоран Заев денеска одржаа состанок...

Регион1 ден

Вучиќ: Од 10 ноември без ПЦР-тест меѓу Србија, Албанија и Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека биле донесени неколку важни одлуки на видеосостанокот на тема „Мал шенген“, чија имплементација...

Македонија1 ден

Обвинителството отвори истрага за Лидија Димова за злоупотреба на европските фондови

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага за директорката на Националната агенција за европски образовни програми...

Македонија1 ден

Бојан Јовановски оди во домашен притвор

Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 за предметот „Рекет“, со што ја укина...

Досие