Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов не е градоначалник, туку крадоначалник на Скопје

Објавено пред

Петре Шилегов е две години на чело на градот Скопје и наместо градоначалник ја презема улогата на крадоначалник кој не реши ниту еден клучен проблем на скопјани, велат од советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Од таму истакнуваат дека градските претпријатија бележат загуби, а наспроти тоа за две години Шилегов вработил над 1000 партиски војници на терет на скопјани.

Според советничка група на ВМРО-ДПМНЕ, главен фактор зошто скопјани дишат и понатаму најзагаден воздух во светот е неспособноста на Шилегов и Владата на Заев да преземат клучни мерки против загадувањето.

„Наспроти ова Владата средствата кои ги одвојува за намалување на загадувањето со ребаланс на буџетот ги скрати, а Шилегов за сето ова молчи и го одобрува“, се нагласува во соопштението.

Во него се додава дека Шилегов наместо работа се занимава со крпење на улици, зад кои, како што се вели, стои сомнеж за дебела заработка и провозии за компании блиски на власта.

Соопштенија

Платформата „Македонски концепт“: Да се формира национален економски совет за справување со кризата

Објавено пред

Платформата „Македонски концепт“, на чело со Петар Богојевски, до Владата достави предлог-уредба за формирање национален економски совет за создавање услови за економско и финансиско стабилизирање на замјата поради вонредната состојба предизвикана од коронавирусот.

„Предлагаме националниот економски совет да има советодавно-консултативна улога во креирање и имплементација на економски стратегии и политики со задача да дава конкретни мерки, предлози, мислења и препораки за надминување на економската криза во државата. На тој начин, наместо лицитација на економски мерки, ќе имаме синхронизација на мерките, врз основа на релевантни влезни податоци и изградени врз научна и искуствена основа“, се наведува во соопштението на „Македонски концепт“.

Политичката платформа предлага во националниот економски совет да членуваат: премиерот, членови на Владата од финансискиот и од економскиот сектор, претставници на МАНУ, гувернерот на НБРМ, директорот на ДЗС, редовни и вонредни универзитетски професори на економски науки, претседателите на стопанските комори, претставници на невладини организации и други членови делегирани од Владата.

 

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата само импровизира, со нашите предлози ќе покажеме што се вистински мерки

Објавено пред

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека мерките што ги предлагаат треба да бидат прифатени од Владата доколку заедничка цел е добра и стабилна иднина на државата и граѓаните.

Според нив, помошта од Владата на СДСМ не само што е задоцнета туку и е недоволна.

„Мерките што ги донесе Владата за стопанството и граѓаните се само причина повеќе за огромна и сериозна загриженост. Граѓаните ги чека црна и тешка економска криза. Ова е далеку од доволно за помош на стопанството“, се наведува во партиската реакција.

Во неa се додава дека во деновите што следуваат ВМРО-ДПМНЕ до Владата ќе достави уредби со сила на законот за мерките што ги предлага. На тој начин, како што велат, ќе се отвори дебата на самата владина седница за да може претставникот што ќе биде таму и кој е дел од техничката Влада да ги брани тие мерки.

„Првата мерка што ќе ја достави ВМРО-ДПМНЕ е да се покријат до 50 проценти од трошоците по основ на бруто-плата и за сето тоа ќе доставиме методологија. Тоа ќе важи и за март, април, мај и јуни, а потоа соодветно на ситуацијата, ќе предлагаме нови мерки. Втората мерка што ја повторува ВМРО-ДПМНЕ е веднаш да се интервенира во вториот задолжителен приватен пензиски фонд и средствата кои во висина од 10 милијарди денари биле предвидени за оваа година, да бидат веднаш со уредба со сила на законот пренасочени во единствениот државен задолжителен пензиски столб. На тој начин ќе се обезбедат дополнителни осум и пол до 10 милијарди денари“, објаснуваат од партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Левица: Статусот на Охрид во УНЕСКО се жртвува за интересите на ДУИ

Објавено пред

Среде пандемија, кога се соочуваме со можеби најголемата криза во последните 30 години, од „Бихаќска“ уште сега сигнализираат дека статусот на Охрид во УНЕСКО е спремен да се жртвува на олтарот на голата желба за власт и профит-интересите на нивниот коалициски партнер ДУИ, сметаат од политичката партија Левица.

Ова го констатираат врз основа на, како што велат, несреќна изјава на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, кој во радиоемисија рекол дека ако утрe се обиде да ги урне дивоградбите во Охрид, можеби некој ќе го убие.

„Ова најпластично ги илустрира импотентноста и немоќта на владејачката партија пред урбаната мафија предводена од нивниот коалициски партнер. Узурпацијата на охридското крајбрежје продолжува и сега, при што пред неколку дена објавивме дека само на неколку метри од спорниот објект на советникот Нефи Усеини забрзано се гради нов цврст објект во време кога беснее епидемија“, алармираат од Левицата.

Тие сметаат дека потребно е градоначалникот Константин Георгиески да собере храброст и да си ја врши работата за која е избран и да го почитува правниот поредок на Република Македонија.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

Руски воен транспортер со медицинска опрема пристигна во САД

Руски воен транспортен авион пристигна во Њујорк, носејќи медицинска опрема и маски, како помош за САД во борбтата против коронавирусот....

Забава10 минути

Во НАСА пристигнале 12 000 апликации за идни астронаути

Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека примила 12 000 апликации за идната генерација астронаути, за околу десетина слободни места, а...

Свет2 часа

„Ламборгини“ ќе произведе хируршки маски за да помогне во борбата против Ковид-19

Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ламборгини“ претвори некои оддели во својата фабрика „Сант’Агата болоњезе“ во погони за производство на хируршки...

Македонија13 часа

Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор

Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело,...

Македонија13 часа

Починатата родилка од Охрид немала коронавирус

Министерството за здравство информира дека се негативни резултатите на битолчанецот кој беше пронајден починат во својот стан и кај родилката...

Македонија16 часа

Бројот на излекувани пациенти со коронавирус во Македонија се искачи на 17

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, денеска се испишани пет пациенти....

Македонија16 часа

ЕУ дозволи пристап за земјава до Европскиот солидарен фонд

Северна Македонија доби пристап и до Европскиот солидарен фонд, од каде заедно со земјите – членки на ЕУ ќе бидат...

Македонија18 часа

Се продолжува породилното отсуство додека трае вонредната состојба

Родилките чие породилно отсуство од работа истекува за време на вонредната состојба, ќе може да останат дома цело време додека...

Македонија18 часа

Со Ковид-19 заразена медицинска сестра од Клиниката за пулмологија

Во Куманово медицинска сестра, вработена на Клиниката за пулмологија, дошла на работа без симптоми, но вчера ѝ се појавила зголемена температура...

Економија18 часа

Ангеловска: Подготвени сме за најлошото сценарио за буџетот, работиме да се случи најдоброто

Многу е тешко за економските аналитичари, вклучително и за меѓународните финансиски институции, да ги предвидат случувањата за време на кризата...

Македонија19 часа

Нов смртен случај на коронавирус во земјата, позитивна и починатата пациентка од Струга

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести во Скопје починала една пациентка од Лабуништа на возраст...

Економија19 часа

Ангеловска: Каматите на кредитите не може да бидат укинати, банкарскиот сектор треба да биде стабилен

Банките ќе пресметуваат камати на одложените кредити за да се овозможи нормално функционирање на банкарскиот сектор. Министерката за финансии, Нина...

Свет19 часа

Речиси 2.500 туристи ќе тужат скијачки центар во Австрија поради коронавирусот

Речиси 2.500 туристи спремаат тужба против ски-центарот Ишгл во Австрија поради лошо постапување за време на епидемијата на коронавирусот и...

Свет20 часа

(Видео) Во Лондон за пет дена направена болница за 4.000 пациенти

Британската агенција за јавно здравје со помош на војската за пет дена ја претвори конференциската сала „Ексел“ во Лондон во...

Македонија21 час

Министерството за здравство со совети како да го заштитиме менталното здравје во време на коронавирус

Карантинот, изолацијата и социјалното дистанцирање се мерки што докажано го забавуваат ширењето на Ковид-19 и ни помагаат да го заштитиме...

Македонија21 час

Починаа родилката од Охрид и нејзиното бебе

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје доцна синоќа почина пациентка на возраст од 37 години од Охрид, која...

Свет22 часа

За еден ден во Москва излекувани 45 луѓе од коронавирусот

Нови 45 луѓе, кои се излекувале од коронавирусот, се пуштени од болница во Москва изминатите 24 часа, соопштија градските власти....

Европа22 часа

Бројот на починати од Ковид-19 во Европа се искачи над 30.000

Европа изгуби над 30.000 животи во пандемијата на новиот коронавирус Ковид-19, од кои повеќе од една третина се во Италија,...

Европа23 часа

Уапсен терорист во Виена, се криел во старски дом

Во Виена е уапсен терористот што го барале руските власти, а кој се криел во старски дом. Руските власти издале...

Свет23 часа

Сто заразени на американски носач на авиони: „Не сме во војна, морнарите не мора да умрат“

Капетанот на американскиот наосач на авиони „Теодор Рузвелт“, на кој има повеќе од 4.000 членови на екипажот, побарал итна помош...

Досие