Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги крати административните процедури за граѓаните и правните лица

Објавено пред

Македонија мора да тргне напред. Македонија мора да биде држава со еднакви услови за сите. ВМРО-ДПМНЕ е насочено кон обезбедување целосна инклузивност на лицата со попреченост и обезбедување еднакви права и можности. Во таа насока предвидуваме систематизирање и адаптација на работни места кои ќе бидат наменети за вработување на лица со инвалидност, соопшти партијата.

dobivaj vesti na viber

Дополнително во насока на деполитизација на администрацијата и заради обезбедување транспарентност во постапките по жалбите во втор степен за права од работен однос, како и при полугодишното и годишното оценување, ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека ќе предвиди законски измени со кои ќе се обезбеди вклучување синдикални претставници во сите наведени постапки.

„ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на усогласување на платата на судската администрација, администрацијата во здравствените установи и воспитните установи со платата на административните службеници.Како главна реформа ќе предвидиме скратување и рационализација на административните процедури низ кои секојдневно поминуваат граѓаните и правните лица. Овој проект има за цел да го скрати времето на чекање на граѓаните, метежот пред шалтерите во институциите и да го поттикне и олесни бизнисот. Имаме обврска кон граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да изврши обнова на Македонија. Зоран Заев изминативе години докажа само дека може повеќе да краде, да рекетира и да се богати. Мора да ставиме крај на овој грабеж. Исправи се Македонијо! Одбери обнова“, се вели во соопштението.

Соопштенија

Грин Машинс на БРАКО на саем во Мексико Сити

Објавено пред

Електричните машини за урбана хигиена на БРАКО беа изложени на големиот саем Експо Резидуос 2025 (Expo Residuos) кој се одржа во главниот град на Мексико од 25 до 27 март. Застапникот на Грин Машинс, мексиканската компанија Мегамил, и претставниците на фирмата-ќерка на Грин Машинс во Калифорнија, САД, во прв план ги понудија електричните компактни машини од моделот 400ze, кои се управуваат рачно и овозможуваат чистење на пешачки површини, паркови, градски јадра, трговски центри, аеродроми и сл., притоа нула бучава и со нула загадување на околината. Изложен беше и моделот 636 на класичен погон, кој е многу баран на мексиканскиот пазар.

dobivaj vesti na viber

Саемот во Мексико Сити се одржува по осми пат и претставува најголем настан во земјата за вмрежување на сите субјекти во индустријата за јавно чистење и постигнување циркуларна економија во собирање, управување, уништување или рециклирање на отпад.

Инаку, Грин Машинс на БРАКО неодамна го извади на пазарот најновото, деветто возило за чистење, електричниот 720ze, за кој производителот очекува да биде многу баран поради неколку предности во својата категорија, пред се, постигнувањето значајно поголем капацитет на контејнерот, а вкупна тежина под 3,5 тони, што прави да може да биде управуван со возачка дозвола Б-категорија, во услови кога општините и комуналните претпријатија се потешко наоѓаат возачи со повисока категорија за управување на поголемите возила за чистење.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Peugeot го зголемува електричниот опсег на Peugeot Е-208 нудејќи 433 км

Објавено пред

Peugeot го зголемува електричниот опсег на Peugeot Е-208, нудејќи 433км, најдобриот опсег во својот сегмент – потврдувајќи го неговиот статус на најпродаван модел.

dobivaj vesti na viber

Peugeot го оптимизира својот исконски модел Peugeot E-208, кој минатата година беше најпродаваниот модел во електричниот Б-сегмент во Европа.

Веќе наградуван и признат за својата исклучителна ефикасност, Peugeot E-208 сега нуди најдобар опсег во својот сегмент и воведува дополнителни придобивки, како што се интегриран планер за патувања (Trip Planner) и функцијата Vehicle to Load (V2L), која овозможува лесно полнење на мали електрични уреди.

Во 2024 година, Peugeot E-208 го зазеде врвното место како најпродаван модел во 100% електричниот Б-сегмент во Франција и Европа. За да го продолжи овој успех, Peugeot сега воведува неколку дополнителни елементи кај Peugeot E-208…

Peugeot E-208 сега нуди најдобар електричен опсег во својот сегмент со до 433 km (WLTP комбиниран циклус) за верзијата опремена со мотор од 156 КС (115 kW), што претставува подобрување од 23 km. Овој развој ја зацврстува позицијата на моделот како репер за ефикасност, што беше потврдено и за време на 2024 Ecotest спроведен од престижниот ADAC, кој го прогласи PEUGEOT E-208 за најефикасен автомобил на европскиот пазар.

За да обезбеди целосен мир и спокој за своите клиенти, PeugeotT сега го до-опремува Peugeot E-208 со Trip Planner. Во комбинација со поврзаниот навигациски систем (достапен како опција), оваа функција ги планира патеките на возење, на оптимален начин, за да го максимизира опсегот на автомобилот и да го олесни полнењето. За пресметување на идеалната рута, системот ги зема предвид растојанието што треба да се помине, нивото на наполнетост на батеријата при поаѓање, посакуваното ниво на наполнетост при пристигнување и достапните полначи во близина на дестинацијата, земајќи ја предвид потрошувачката на енергија според различни критериуми, како што се брзината, сообраќајот, типот на патот и надморската височина.

Воведувањето на функцијата „80% лимит на полнење“, достапна при полнење со наизменична струја (AC), исто така овозможува приспособување на нивото на наполнетост според дневните потреби.

Peugeot E-208* сега е опремен со прединсталација за функцијата V2L, која нуди можност за напојување на електрични уреди преку високонапонската батерија на автомобилот. На пример, може да се полни електричен велосипед или да се напојува мобилно осветлување. Двонасочниот адаптер овозможува напојување на надворешни уреди преку влезот за полнење и може да обезбеди до 3,5 kW и 16A. Адаптерот е достапен како додаток во салоните на Peugeot.

Сите нови модели Peugeot 208 ги добиваат следниве подобрувања:

· Нова мултифункционална видеокамера, која ја зголемува безбедноста со проширување на „областа на детектирање“ за автоматското сопирање во итни случаи, со подобро препознавање на велосипедисти и пешаци.

· Нова боја на каросеријата – Okenite Бела, која ја заменува бојата Ice Бела и сега е достапна во целата гама.

· Нова класификација на хибридните мотори. HYBRID 100 КС и HYBRID 136 КС стануваат HYBRID 110 КС и HYBRID 145 КС, за да ја претстават вкупната комбинирана моќност на нивниот бензински мотор и електричен мотор. Со ова, PEUGEOT однапред ги исполнува барањата на стандардот Euro 7.

Сите модели Peugeot 208 ќе го задржат виокото ниво на квалитет што го направија овој модел успешен: атлетски дизајн со новиот светлосен потпис на Peugeot, подобрено уживање во возењето со сè понапредниот PEUGEOT i-Cockpit®, и целосна палета на мотори за различни потреби (Бензин 100 КС, Хибрид 110 КС и 145 КС, Електричен 136 КС/100 kW и 156 КС/115 kW).

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Од бесконтактно плаќање до Lounge Key, Mastercard World Contactless на Халкбанк носи нови искуства

Објавено пред

Сѐ поголем број граѓани се одлучуваат за користење на кредитните картички поради големиот број на предности и бенефиции кои тие ги нудат покрај основната бенефиција – практично и безбедно решение за плаќање. Во таа насока, Mastercard World Contactless кредитната картичка на Халкбанк се издвојува како премиум производ наменет за корисници кои бараат да добијат нешто повеќе од класично плаќање.

dobivaj vesti na viber

Оваа картичка овозможува брзи и сигурни трансакции благодарение на бесконтактната технологија, при што за износи до 2.000 денари не е потребно внесување ПИН. Покрај оваа предност, корисниците добиваат пристап до низа дополнителни бенефиции.

Како дел од понудата, Халкбанк АД Скопје им овозможува на корисниците на Mastercard World картичката членство во Lounge Key програмата. Преку оваа програма, сопственикот на картичката, заедно со уште една личност по негов избор, може да ужива во погодности и привилегии при патувања, на бројни аеродроми ширум светот. За полесен преглед на достапните локации, корисниците можат да ја преземат мобилната апликација достапна за iOS и Android уреди.

Картичката е поврзана со револвинг кредитен лимит до 1.200.000 денари, достапен 24/7, со минимална месечна отплата од 10% од искористениот кредит. Дополнително, последните седум дена од секој месец, корисниците имаат можност да повлекуваат готовина без провизија од банкоматите на Халкбанк.

Mastercard World Contactless овозможува и интернет плаќања без провизија – и на домашни, и на странски веб-страници – со целосна сигурност, благодарение на највисоките безбедносни стандарди: 3D Secure – Verified by Visa и Mastercard SecureCode.

Меѓу дополнителните поволности, картичката нуди 10% пониски цени при купување полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување. Исто така, корисниците можат да купуваат на рати без камата кај трговци со кои Халкбанк има воспоставено соработка – до 60 рати.

Аплицирањето за Mastercard World Contactless е едноставно и достапно – во најблиската филијала на Халкбанк или онлајн преку веб страната на банката.

Во време кога удобноста, флексибилноста и сигурноста се очекувани стандарди, Mastercard World претставува модерен начин за управување со финансии, без компромис во квалитетот на услугата.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Се зголемува капитацијата за матичните лекари, за гинекологија и за стоматологија

Владата донесе одлука за зголемување на капитацискиот бод за матичните доктори по општа медицина, гинекологија и стоматологија, почнувајќи од април...

Македонија57 минути

Меџити: Таравари треба да расчисти со дилемите, неприродно е и „Влен“ и соработка со ДУИ

Арбен Таравари треба да расчисти со дилемите, смета неговиот коалициски партнер, Изет Меџити. За односите меѓу нив, во рамки на...

Топ1 час

Уапсен 19-годишник по сообраќајната несреќа во Скопско каде загина малолетничка

Вчера околу 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Патишка река – село Осинчани, скопско,...

Топ2 часа

Тетовец загина во сообраќајна несреќа на патот Маврово – Дебар

Вчера во 17:50 часот во Полициско одделение Ростуше било пријавено дека на регионален пат Маврово-Дебар поточно во местото викано Скудрински...

Македонија4 часа

Најстудено утрово на Попова Шапка, најмногу снег во Крушево

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -12 степени, -7 било во Маврови Анови и Крушево, -6...

Македонија5 часа

Партијата Левица: На локалните избори во конечна пресметка со десничарскиот режим

Партијата Левица ја одржа 28-та редовна сесија на Централниот комитет на која беа донесени стратешки одлуки во пресрет на претстојните...

Свет5 часа

Милијардер близок до Трамп: Не е тоа за што гласавме

Менаџерот на Хеџ Фонд, Бил Акман предупреди дека царините на Трамп би можеле да го доведат светот во „економска нуклеарна...

Европа5 часа

Шефот на НАТО за мировниот договор: Топката е јасно на теренот на Русија

Русија веројатно нема да може да им диктира услови на САД за прекин на огнот во војната во Украина, но...

Свет6 часа

(Видео) Хамас го ракетира југот на Израел

Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека истрелала ракети врз градовите во јужен Израел како одговор на „израелскиот масакр на цивили“...

Свет6 часа

(Видео) Трамп: Не можам да ви кажам што ќе се случи со пазарите, понекогаш треба да пиете лекови

Американскиот претседател Доналд Трамп рече „понекогаш мора да земете лекови“ на прашањето на новинарите за турбуленциите на светските пазари на...

Македонија14 часа

(Видео) Филипче: Понеспособна влада сме немале никогаш досега, ќе се бориме за доброто на државата

СДСМ ќе ја врати државата на победничката патека, за доброто на Македонија, за доброто на сите граѓани, кажа вечерва на...

Македонија20 часа

ЦУК: Планинар од Скопје поради лошите временски услови изгубил ориентација на Кожуф, за брзо е пронајден

Ефикасно и брзо е пронајдено залутано лице кај Мрежичко на Кожуф, информираат од Центарот за управување со кризи. Во 13:15...

Македонија22 часа

Таравари бара отворање на истрагите за Дурмо Турс, Беса Транс и модуларна, но и целосна истрага за Кочани без влијанија

Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, на денешниот партиски состанок донесе резолуција со која повика на независна и транспарентна истрага...

Македонија24 часа

Уште денес очекувам убави вести за македонските граѓани, рече Мицкоски за царините на Трамп

Премиерот Христијан Мицкоски очекува уште денес убави вести за македонските граѓани и економијата, во врска со царината од 33 отсто...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да оформи предмет против градоначалникот на Крива Паланка

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да оформи предмет против градоначалникот на Крива Паланка од редовите на СДСМ, Сашко Митовски, за...

Македонија1 ден

(Видео) Приведен прилепчaнец поради видеото со пукањето од балкон, се трага по уште едно лице

Приведен е 51-годишен прилепчанец од селото Црнилиште Општина Долнени поврзан со видеото со пукањето споделено на „Фејсбук“. МВР трага и по...

Свет1 ден

(Видео) Киев под руски напад

Најмалку три лица се повредени, а неколку пожари избувнаа во Киев рано утринава по руски ракетен напад, соопштија градоначалникот и...

Свет1 ден

Во САД протести против Трамп: „Рацете подалеку од нашата демократија“

Во делови од САД вчера беа одржани околу 1.200 протести под името “Hands Off!” во знак на спротивставување со политиката...

Македонија2 дена

(Видео) Директорката на клиниката за пластична хирургија низ солзи им се заблагодари на странските доктори за помошта по трагедијата во Кочани

Д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, директорката на Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија низ солзи се заблагодари на докторите од...

Топ2 дена

Притвор за 15-годишно дете кое неколкупати силувало 5-годишно девојче

Основното јавно обвинителство Гостивар до судијата за деца во гостиварскиот суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка и предлог за...