Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе инвестираме во културата и во квалитетно образование

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на инвестиции во културата и квалитетно образование, велат од опозициската партија преку соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ најавува зголемување на средствата во образованието од 3,7 на 5 проценти од БДП.

„По победата на 12 април, следуваат пакет-мерки за квалитетно образование и целосна обнова на Република Македонија. Затоа, ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните се обврзува на обнова, која ќе донесе повеќе пари во образованието. Покачувањата на стапката од 3,7 на 5 проценти ќе овозможи спроведување на неопходните вистински, а не само декларативни реформи во образованието. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова, која ќе овозможи најмалку еден универзитет во првите 1.000 според Шангајската листа за квалитет“, нагласуваат од партијата.

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова, која ќе донесе намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти во културата.

„Ова ќе се однесува за уметнички дела, за организирање културни настани – продажба на билети, за изнајмување простор, за организирање културни настани во институциите од културата, а ќе придонесе и за стимулација на самоодржливоста на институциите. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова, која ќе опфати изградба на нови театри во Прилеп, Охрид и во Скопје. Конечно, Прилеп и Охрид ќе добијат комплетно нови театарски згради, а Скопје уште една нова современа зграда за театар. ВМРО-ДПМНЕ се бори за повеќе за секого во државата. На 12 април следува победа на ВМРО-ДПМНЕ и сите граѓани на Република Македонија. Заеднички со народот ќе се избориме за обнова на Република Македонија и целосна реализација на проектите и мерките од програмата на ВМРО-ДПМНЕ“, додаваат од партијата.

Македонија

Левицата: Владата доцни три недели со конкурсот за студентски легла

Објавено пред

Само три дена до одложениот почеток на учебната година не се знае изборот на студентите кои би добиле место во редуцираните капацитети на студентските домови, иако според најавите на Владата тој требаше да биде објавен пред три недели, велат од политичката партија Левица додавајќи дека стотици студенти се во неизвесност и стрес поради можното отсуство од наставата.

„МОН и Владата немаат конкретни одлуки и насоки за цел дијапазон прашања што ги вклучуваат и наставниците и учениците и студентите и нивните родители. Ресорното Министерство за образование и наука издава општи соопштенија наменети за површна медиумска присутност, но не и за ефективна и практична употреба од страна на идните академски граѓани. Во изминатите шест месеци ресорното Министерство успеа да објави конкурс за студентско сместување на 28.7.2020, но не и да ги процесира и објави резултатите навремено за студентите што зависат од тоа. Исто така, успеа на 23.9.2020 само да даде општо соопштение на веб-страницата на МОН дека ќе предложи до Владата (која ќе предложи до Собранието) предлог-закон за дополнување на Законот за студентскиот стандард. Со најавениот предлог на студентите и учениците што конкурирале за сместување во студентските и ученичките домови и на кои им се одобрени барањата за сместување, но поради намалениот број сместувачки легла, не може да се сместат во студентски дом – ќе им се исплаќа месечна сума на средства за покривање на трошоците за приватно сместување, односно месечна сума на средства за покривање на трошоците за превоз од местото на живеење до местото во кое се одвиваат студиите“, велат од Левицата.

Како што се додава во соопштението, за да ја остварат оваа помош, студентите и учениците треба да се пријавуват на интернет-платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, која е сѐ уште неактивна, односно неупотреблива.

По овој план, според Левицата, јасно е дека наместо да се оспособат други јавни капацитети за студентско домување, кои ќе останат во функција и наредните години – буџетските средства ќе се издвојат по непознати критериуми, за еднократна активност (покривање трошок за сместување), што не го прават ни најбогатите држави во светот. Од политичката партија оценуваат дека со ова темпо на динамика на решавање круцијални прашања за студентите – очигледно е дека ресорното Министерство се однесува како набљудувач, а не лидер на ситуацијата, а учениците и студентите немаат информација како ќе го решат сместувачкото прашање оваа година.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту едно соопштение на СДСМ не може да го покрие фактот дека тонeме во економска криза

Објавено пред

Ниту едно соопштение на СДСМ не може да го покрие фактот дека Македонија тонe во економска криза, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на тврдењата од владејачката партија дека и во време на пандемија земјата е атрактивна дестинација за инвестиции.

„Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го скрие фактот дека поради нивната неспособност без работа останаа над 40.000 граѓани. Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го скрие фактот дека над 500.000 граѓани живеат под прагот на егзистенцијата и денот го поминуваат со помалку од 50 денари. Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го скрие фактот дека даноците енормно растат. Во првите денови од нивното доаѓање на власт, СДСМ ја покачи струјата за 7,4%“, се нагласува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека наместо нови инвестиции, СДСМ донел повеќе криминал и корупција во Македонија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: И во време на пандемија сме атрактивна дестинација за инвестиции

Објавено пред

Инвеститорите ја препознаваат позитивната стабилна клима за вложување во нашата економија и отворениот и инклузивен пристап на Владата за креирање услови за побрз развој и одржливост на стопанството, велат во соопштение од СДСМ.

Од партијата посочуваат дека процесот на реализација на директните странски инвестиции се одвива тековно и во време на пандемијата со коронавирусот.

„За тоа зборува вториот инвестициски проект на компанијата ‘ВИК (WIK) Македонија’ во технолошко-индустриската развојна зона Прилеп, кој доби државна поддршка. Станува збор за инвестиција во вредност од 2,5 милиони евра со која е предвидено да се вработат нови 100 лица“, се нагласува во соопштението во кое се додава дека тоа е потврда за позитивната и стабилна клима за инвестирање што ја гради Владата, како и предност од членството во НАТО и забрзаниот процес на интеграција во ЕУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Србинка заврши со притвор со новороденчето – била шеф на балканска наркобанда во Шпанија

37-годишна Србинка заедно со нејзиното новороденче е притворена во Шпанија, откако тамошната полиција спровела истрага во која е откриена балканска...

Свет4 часа

Ако Баку користи турски авиони „Ф-16“ – Ереван ќе ги користи ракетите „Искандер“

Ерменскиот амбасадор во Русија, Вардан Тогањан, изјави дека Ереван ќе користи ракети „Искандер“ доколку Баку употреби турски ловци „Ф-16“ во...

Свет4 часа

Ерменија бара итна реакција од Европскиот суд за човекови права

Ерменија итно реагираше до Европскиот суд за човекови права од кого побара привремени мерки против Азербејџан, каде што траат борбите...

Македонија5 часа

Јанкулоска спроведeна во затворот „Идризово“

Ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска од нејзиниот дом е спроведена во затворот „Идризиво“, потврдуваат од МВР. Таа треба да...

Македонија6 часа

Јанакиески до судот: Дали треба да се најде жртвено јагне за да ја понесе одговорноста за постапките на Груевски?

„Ниту сум прифатил, ниту сум дал насоки, ниту сум поттикнувал“, вели обвинетиот ексминистер Миле Јанакиески во завршните зборови на рочиштето...

Македонија10 часа

Четири лица починаа, потврдени 48 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 теста, а починаа четири лица, соопшти Министерството...

Македонија10 часа

МОН: Во тек се тестирањата на Националната платформа за онлајн-настава

Во тек се тестирањата на платформата, се работи на нејзина оптимизација, велат од Министерството за образование и наука по реакциите...

Регион10 часа

Црна Гора го враќа полицискиот час во некои градови

Со оглед на екстремно распространетиот локален пренос на коронавирус, големиот број случаи во болниците и огромниот притисок врз здравствениот систем,...

Свет11 час

(Видео) Жестоки борби во Нагорно-Карабах, светските лидери бараат прекин на огнот

Голем судир меѓу Ерменија и Азербејџан избувна во регионот Нагорно-Карабах. ООН повика на итен прекин на огнот. Москва, Вашингтон и...

Свет11 час

Kина: Запрете го увозот на замрзната храна од загрозените земји, преку неа се пренесува короната

Властите во Пекинг апелираа до увозниците да престанат да увезуваат замрзната храна од земјите погодени од епидемијата Ковид-19 бидејќи примероците...

Македонија12 часа

Притвор за десеттемина дрвокрадци кои претепаа полицајци

Судот определи мерка притвор од 30 дена за десет осомничени лица кои биле вклучени во претепувањето на полициските службеници во...

Регион13 часа

Трамп: Лидерите на Србија и Косово се прегрнаа во Белата куќа, прекрасно беше да се види тоа

На предизборен митинг во сојузната држава Пенсилванија, Трамп повторно зборуваше за неговото посредување меѓу Србија и Косово, како и меѓу...

Економија14 часа

Усвоен четвртиот пакет економски мерки – 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството

Владата на вчерашната редовна седница ја разгледа информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на...

Македонија15 часа

Седум града со над 100 активно заразени од коронавирус

Во моментот во земјата како активни се водат 2.323 случаи на заразени од коронавирус. Од нив, во седум македонски града...

Економија1 ден

Субвенции и за казината – ќе плаќаат само една третина од износот за лиценца

Во четвртиот сет мерки Владата предвиде субвенции за приредувачите на игри на среќа за месеците октомври, ноември и декември. Тие...

Македонија1 ден

Заев и Борисов разговараа телефонски: Историските комисии треба да најдат решенија прифатливи за двете страни

Премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска телефонски разговараа за повеќе области на...

Регион1 ден

Серија земјотреси кај Атос

Серија земјотреси, од кои најсилниот од 5,2 степени според Рихтеровата скала, ја погодија областа Атос во Грција во последните 24...

Свет1 ден

(Видео) Борбите околу Нагорно-Карабах траат со часови, има мртви и ранети војници и цивили

Парламентот на Азербејџан прогласи воена состојба и полициски час во неколку региони по вооружениот конфликт со Ерменија околу Нагорно-Карабах, јавува...

Свет1 ден

Папата Франциско повика на мир меѓу Ерменија и Азербејџан

Папата Франциско денеска апелираше до Ерменија и Азербејџан да ги решат „нивните недоразбирања“ преку преговори по конфликтот за отцепениот регион...

Топ1 ден

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско. Како што информира МВР, вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од...

Досие