Контакт

Соопштенија

ВМРО-Народна партија го поддржува замрзнувањето на прогресивното оданочување

Објавено пред

ВМРО-Народна партија изрази подршка на Владата за одлуката за замрзнување на прогресивното оданочување и враќање на рамниот данок.

„ВМРО-Народна партија уште на почетокот беше против одлуката за промена на даночната политика во Македонија и сеуште стои на ставот дека не е потребно само одложување туку и целосно укинување на прогресивното оданочување. Причините за ваквиот став ги согледа и самата Влада со тоа што прогресивната даночна политика всушност резултираше со контрапродуктивен ефект“, се вели во соопштението.

Од партијата сметаат дека со укинувањето на прогресивната даночна политика ќе се постигне најдобар ефект и ќе придонесе за поголема стабилност на бизнис секторот.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Кластерите на заразени воопшто не им се познати на надлежните

Објавено пред

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Министерството за здравство нема никаква контрола врз ситуацијата со коронавирусот и смета дека на надлежните воопшто не им се познати кластерите на заразени.

Партиската Комисија денеска вонредно заседаваше со оглед на новонастанатата состојба и бројката на новоинфицирани во последното деноноќие од 89 лица и седум починати.

Со оглед на големата бројка на новозаразени во 24 часа, Комисијата заклучи дека мора итно да се преземат мерки во насока на поголема заштита на здравјето на граѓаните.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Демократскиот сојуз: Верските заедници да повикаат на почитување на мерките, а полицијата да биде поефикасна

Објавено пред

Поради зголемениот број инфицирани од коронавирусот, Демократскиот сојуз ги повикува сите политички партии да инсистираат граѓаните да ги почитуваат препораките и мерките на Владата за заштита на здравјето.

„Респектирајќи ја самостојноста на верските заедници и правото на верска определба на граѓаните, апелираме до верските заедници да се вклучат со свои активности за спречување на ширењето на вирусот“, се посочува во партиското соопштение.

Во него се додава дека само со железна дисциплина во почитување на мерките ќе може да се елиминира инфекцијата и животот да се врати во нормала.

Од Демократскиот сојуз исто така повикуваат полицијата и целокупниот систем за безбедност да дејствуваат многу поефикасно и ефективно.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Во денови кога стотици граѓани се заразиле, а десетина починале од корона, СДСМ уште зборува за избори

Објавено пред

Во денови кога стотици граѓани се заразиле, а десетина починале од корона, СДСМ уште зборува за избори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението на СДСМ дека избори треба да има на 5 јули.

„Однесувањето на СДСМ е веќе загрижувачко. Во овие неколку денови кога стотици лица се заразиле, а десетици починале од коронавирусот , тие уште зборуваат за избори. Во услови кога пола влада е во изолација, тие говорат за датум на избори. Кога секој ден заболуваат и умираат луѓе и имаат свои партиски функционери заболени, тие водат кампања, се среќаваат со граѓани, држат состаноци и делат партиски материјал. Ова веќе не е комично, ова е трагично“, пишува во реакцијата.

Граѓаните, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, веќе јасно гледаат дека СДСМ и Заев не се грижат за здравјето и живото на луѓето, туку само за тоа како да го ублажат својот изборен пораз и на тој начин да му ја спасат кариерата на Заев.

„Продаваат лажна нормалност и со тоа уште повеќе придонесуваат епидемијата да се шири. Потоа кога состојбата ескалира тие бараат виновници во други, а не во самите себе. Целта на СДСМ е јасна, да се оди на избори во ек на епидемија со цел мала излезност и мал изборен пораз, па макар и по цена на животот и здравјето на граѓаните. Навистина срамно и долно.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Македонија прво треба да ја победи епидемијата, а потоа на избори ќе го победи хибридниот режим на Заев, неговата неспособност, криминал и корупција во која ја држи државата три години“, пишува во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион49 минути

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет2 часа

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет2 часа

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт3 часа

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа3 часа

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Свет3 часа

(Видео) Трамп најави дека ќе испрати илјадници тешко вооружени војници на улиците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири во...

Свет14 часа

(Видео) Се огласи братот на Џорџ Флојд: Тој беше џин со нежно срце, немаше да поддржи насилни протести

Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избувнаа...

Свет15 часа

СЗО: Нема докази дека коронавирусот сега е послаб

Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат...

Македонија15 часа

Судниците и просториите во зградата на Кривичниот суд се подготвуваат за продолжување на судењата

Основниот кривичен суд Скопје, по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења, која беше објавена...

Македонија20 часа

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија20 часа

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија21 час

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија22 часа

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Економија23 часа

Горивата поевтинуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на...

Македонија23 часа

(Видео) Заев: Датумот е завршена работа, избори ќе има на 5 јули

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме...

Регион1 ден

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на Ковид-19

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирус. Од денеска се олеснети рестриктивните мерки, а со работа почнуваат фитнес-центрите, салоните...

Македонија1 ден

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на Ковид-19

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, објави на Фејсбук дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека по...

Македонија1 ден

И директорот на финансиска полиција и градоначалникот на Чаир во самоизолација

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се во самоизолација затоа што...

Македонија1 ден

Од утре пак не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионери

Oд утре, вторник, 2 јуни, повторно нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, односно за жени...

Досие