Соопштенија
ВМРО-НП: Францускиот предлог има многу елементи што се во интерес на Македонија

Францускиот предлог има многу елементи што се во интерес на Македонија, велат од ВМРО-Народна партија.
Од партијата на Љубчо Георгиевски сметаат дека предлогот може да биде полезен за надминување на ветото и продолжување на европската интеграцијата на државата.
„Во исто време ги повикуваме сите оние што го критикуваат францскиот предлог да не го отфрлаат во атмосфера на хистерија, туку конкретно да ги критикуваат деловите што сметаат дека не се во интерес на Северна Македонија.
На тој начин ќе демонстрираат дека сепак го прочитале францускиот предлог“, се наведува во партиското соопштение.
Претседателот на соседна Бугарија, Румен Радев, денеска изјави дека францускиот предлог во моментот е најдобар за надминување на спорот меѓу двете држави, а и лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, рече дека неговата партија ќе го поддржи предлогот во Народното собрание.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Османи трајно ги нарушија македонските позиции

Ковачевски и Османи трајно ги нарушија македонските позиции и ја ставија државата во ризик од хибридни напади за кој не кажуваат од што се состои, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Со преговарањето и договорањето на последниот предлог Ковачевски и Османи трајно ги нарушија преговарачките позиции на државата. Секои идни преговори ќе тргнуваат од почетната точка опфатена во предлогот.
Со криење од јавноста, од експертите, од академската заедница и од парламентарните партии тие ја донесоа државата во опасност за потоа да измислуваат наводни хибридни напади за кои не кажуваат од што се состојат, кој е одговорен и зошто не презеле ништо.
Ковачевски и Османи, наместо да продолжат со молчење, да кажат од кого е нападната државата и зошто не го спречиле тоа, ако тоа се случило?
Власта да не бега од одговорност. Тие 6 месеци тајно преговарале и носат вина за нанесување трајна штета на државата и нејзините преговарачки позиции, но и за неуспехот што државата го има на патот кон ЕУ“, се додава во соопштението.
Ковачевски, Османи и целата Влада треба да си заминат. Потребни се избори веднаш, порачаа од партијата.
Соопштенија
СДСМ: СДСМ ги штити националните интереси, а ВМРО-ДПМНЕ прави штета

Владата предводена од СДСМ ги штити државните и националните интереси во решавањето на прашањата со Бугарија, не отстапува од црвените линии, кои се дефинирани со резолуцијата усвоена во Собранието од страна на пратениците од сите политички партии, велат од СДСМ.
„За македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, за македонската историја и посебност, нема, ниту може да има никакви преговори.
Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во време кога се решава евроинтеграцискиот процес на државата, се однесуваат срамно, неодговорно и недозволиво, со што им прават штета на државните позиции и на националните интереси. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја засилија деструкцијата и лажеа дека ќе се избрише македонскиот јазик, дека народот ќе биде асимилиран, а државата ќе се бугаризира“, се вели во соопштението.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да покажат одговорност, да престанат да одработуваат за туѓи интереси и да не прават штета само за задоволувања лични и партиски интереси, порачаа од владејачката партија.
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ги очекува нов ценовен шок со новото покачување на струјата

„Граѓаните ги очекува нов ценовен шок со новото покачување на струјата, криминалната влада на СДСМ и ДУИ повторно удрија по џебот на граѓаните
Граѓаните ги очекува нов ценовен шок со новото покачување на електричната енергија, криминалната влада на СДСМ и ДУИ повторно удрија по џебот на граѓаните
Нема повисоки плати, повисоки пензии, социјална помош, нема ниту повисоки субвенции за земјоделците, ниту пак капитални инвестиции, ама затоа за граѓаните ќе има повисоки сметки за електрична енергија за над 20%.
Владата на Ковачевски заради својата неспособност ќе ги награди граѓаните со нови енормно повисоки сметки за струја.
Со ова покачување на цената на електричната енергија се очекува и зголемување и на така веќе двоцифрената инфлација, а со тоа и покачување на цената на сите основни прехранбени продукти.
Без конкретни мерки, без помош за стопанството за излез од кризата, секојдневно се затвараат компании, а граѓаните остануваат без работа заради неспособноста на владата на СДСМ и ДУИ.
Додека министрите во владата јадат од златниот прибор од над 40 илјади евра, граѓаните не можат да врзат крај со крај во месецот.
За работниците и вработените во јавниот сектор владата нема пари во буџетот за линеарно зголемување на нивните плати од 2.806 денари. ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува протестите на синдикатот за зголемување на платите и е од страна на работниците и нивните права.
Единствено што знаат функционерите на СДСМ и ДУИ е да работат за својот џеб и своите луксузирања, а не за доброто на државата и народот. Премногу е, избори“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ