Контакт

Соопштенија

ГДУ: Посетата на Столтенберг е уште еден показател дека периодот во кој се наоѓа земјата е од исклучителна важност

Објавено пред

Посетата на Република Македонија од страна на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, е уште еден показател дека периодот во кој се наоѓа земјата е од исклучителна важност, велат од Граѓанско-демократската унија.

Во нивното соопштение посочуваат дека пораката што ја испратил Столтенберг е јасна и дека имаме историска и неповторлива можност, како и дека членството на Македонија во НАТО е многу блиску и е на дофат.

„Но едно треба властите да имаат на ум, не само спроведување на успешен референдум, туку ни требаат и успешни реформи за да го фатиме правиот правец. Оти без рефеорми ниту ќе ни се отворат вратите на Алијансата, ниту ќе влеземе во ЕУ. А реформи пред сè затоа што секој еден од нас сака да живее во безбедна, економски просперитетна и успешна Македонија. И затоа што идните генерации заслужуваат да имаат подобри перспективи од нашите“, стои во сооопштението на ГДУ.

Од партијата преку своето соопштение меѓудругото испратија и апел до сите политички чинители во државата да се однесуваат одговорно, а не да калкулираат и да водат есап само за, како што посочуваат, партиските и лични интереси.

ГДУ смета дека во овој период се многу значајни и посетите кои следат. Доаѓањето на австрискиот канцелар, Себастијан Курц, и канцеларката на Германија, Ангела Меркел.

 

 

 

Соопштенија

(Видео) Петров: Почна аплицирањето за мерката за плати за мај, за април ја искористиле 19.350 компании

Објавено пред

Од 1 до 7 јуни сите работодавачи погодени од коронакризата може да поднесуваат барања за финансиска поддршка од 14.500 денари за исплата на плати за мај, посочи на денешната прес-конференција потпретседателот на СДСМ, Коста Петров.

Тој соопшти дека во текот на минатиот месец Управата за јавни приходи примила, проверила и обработила вкупно 23.861 барање за финансиска поддршка за исплата на плата на повеќе од 120 илјади вработени.

Мерката за финансиска поддршка за исплата на плати за месец април ја искористиле 19.350 компании за 127.426 вработени од кои 42 компании кои имаат над 250 вработени (за 26.680 вработени), 300 компании со број на вработни од 51 до 250 (за 27.635 вработени) и 19.008 компании со број на вработени од 1 до 50 (за 73.111 вработени).

Условите за користење на финансиската поддршка остануваат исти како и за претходнитот месец: намалени приходи од над 30% во април и мај споредбено со просекот од месеците минатата година, да не се исплаќаат дивиденда или бонуси за време на користење на мерката и да нема над 120.000 денари нето-плата на над 10% од вработените, посочи Петров.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ДУИ: Административците вработени со средно добија можност за напредок во кариерата

Објавено пред

Од вчера (први јуни) стапи на сила Законот за административни службеници со кој ја олеснивме можноста за унапредување на државните службеници, а кој исто така подразбира и прифаќање на високото образование за сите државни службеници кои се примени на работа со средно, а во меѓувреме завршиле факултет, порача на прес-конференција Адем Авзиу од ДУИ.

Како што рече тој, со оваа измена на сите државни административци кои работат на работни места со средно образование, а во меѓувреме, до усвојување на Законот имаат завршено високо образование, ќе им се признае, односно ќе им се вреднува високото образование.

„По овој повод да им честитам и им посакувам успеси на сите државни службеници за понатамошно развивање и унапредување во кариерата“, истакна на пресот Авзиу.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Калеска -Ванчева: Изборот е јасен – или ќе ги почитуваме мерките или ќе мора повторно карантин

Објавено пред

Македонското здравство има капацитет и успешно се справува со вирусот Ковид-19 и во услови кога има покачување на бројот на новозаразени, изјави Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на жени на СДСМ.

„Здравствените установи не се оптоварени, капацитетите се празни, а голем дел од новозаразените се или без симптоми или се со благи симптоми и се на домашно лекување, појава што ја има и во други земји. Но сепак, останува заедничката одговорност да се заштитиме од коронавирусот. Изборот е јасен – или ќе ги почитуваме мерките за заштита или ќе мора повторно да се враќаме на рестриктивни мерки, како што е карантинот или полицискиот час“, кажа таа.

Затоа, додаде Калеска-Ванчева, е неопходно сите заедно, безусловно да ги почитуваме мерките за заштита, да носиме маска секогаш кога е тоа потребно, да држиме физичка дистанца и да не се групираме.

„Сите овие поголеми бројки, на кои сведочиме деновиве, се директна последица на неколку фактори. Прво од неработењето и саботирањето на мерките од страна на Наќе Чулев. Наместо да преземе одговорност да се спроведуваат мерките и задолженијата, Чулев јавно порача дека нема да казнува и со тоа поттикна масовно кршење на мерките. Целата јавност ги гледаше масовните прекршувања на забраните за собири и движења и бројните прекршувања на полицискиот час, само Чулев ги игнорираше и свесно не преземаше ништо. Со тоа тој свесно го загрози јавното здравје и придонесе да имаме вакви бројки“, рече таа.

Второ, додаде Калеска – Ванчева, како што објави Министерството за здравство, тековните тестирања се таргетирани во познати кластери и затоа бројките се поголеми, тоа значи дека се тестира во точно утвдени фамилии и населби и дека здравствениот систем добро знае што прави.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија3 часа

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија3 часа

67 новозаразени, еден починат и нов кластер во Тетово

Во последниве 24 часа од 868 тестови, регистрирани се 67 позитивни пациенти на коронавирусот, информираше министерот за здравство, Венко Филипче. Еден...

Македонија4 часа

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Македонија4 часа

Бухова: Завршени се 100 од 485 тестови на вработени во конфекциските фабрики во Штип

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова вели дека будно се следи состојбата со кластерите на новозаразени од...

Регион6 часа

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Македонија7 часа

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион8 часа

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет9 часа

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет9 часа

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт9 часа

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа10 часа

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Свет10 часа

(Видео) Трамп најави дека ќе испрати илјадници тешко вооружени војници на улиците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири во...

Свет21 час

(Видео) Се огласи братот на Џорџ Флојд: Тој беше џин со нежно срце, немаше да поддржи насилни протести

Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избувнаа...

Свет22 часа

СЗО: Нема докази дека коронавирусот сега е послаб

Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат...

Македонија22 часа

Судниците и просториите во зградата на Кривичниот суд се подготвуваат за продолжување на судењата

Основниот кривичен суд Скопје, по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења, која беше објавена...

Македонија1 ден

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија1 ден

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија1 ден

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија1 ден

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Досие