Контакт

Соопштенија

ГДУ: По дожд, охридските улици се како по елементарна непогода

Објавено пред

Во Охрид, по дожд, улиците се како да имало елементарна непогода, обвинуваат од партијата Граѓанско-демократска унија (ГДУ).

„Сликата е хаотична, фекалии на сите страни и на крајот, најголемиот дел од нив завршува во езерото. Фекалната канализација е голем проблем, кој се влече со години и постојано се даваат солуции (за време на избори), а реалноста е дека нема никаква промена, дури и се даваат заклучоци дека нема излез“, се наведува во партиското соопштение.

Во него исто така се бара општинските власти да одговорат зашто барале гласови од граѓаните доколку немаат решение за проблемите.

„Живот дојде само за партиските војници кои се насадени насекаде“, велат од ГДУ.

„Проблемот со фекалната канализација останува, со кучињата скитници останува, проблемот со депонијата останува, всушност, само ДПМНЕ замина, а СДСМ дојде и како и во минатото, така и сега, се случи само мала промена на фотелјите“, истакнуваат од оваа партија, од каде што додаваат дека изборните програми веќе нема ни потреба да се менуваат зашто најголемите партии имаат исти ветувања повеќе од 20 години.

Соопштенија

(Видео) Колемишевски: До крајот на 2020 година просечната плата ќе се искачи на 30.000 денари

Објавено пред

Само ако останеме на правиот пат од државата може да направиме квалитетно и удобно место за живеење, во кој секој ќе ја гледа својата иднина. Истакна претседателот на Комисијата за економија на СДСМ Кирил Колемишевски на граѓанската трибина „На прав пат“ во Струга.

Колемишевски се осврна на економските политики на СДСМ, кои, како што рече, даваат очигледни и реални резултати.

„Економијата од минус за само две години бележи раст на БДП од над 4 насто, директните странски инвестиции од минорни бројки во 2018 година се искачија на на 624 милиони евра. За три години минималната плата се зголеми за 5.500 денари од 9 на 14.500 денари“, нагласи Колемишевски, и ги повика сите работници на кои газдите им бараат пари назад слободно да ги пријават.

Тој најави дека со ваквото темпо на раст на платите, до крајот на 2020 минималната плата ќе се искачи на 16.000 денари, а просечната на 30.000 денари.

„Со младинските и економските политики на СДСМ, младите повеќе нема да се иселуваат, тука ќе имаат услови за добро платена работа, бидејќи ние се грижиме за граѓаните, вложуваме во нив, а не во споменици“, истакна потпретседателот за економија на СДСМ Кирил Колемишевски на граѓанската трибина „На прав пат“ во Струга.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Шекеринска: Продолжуваме по прав пат до нова победа на брзи избори

Објавено пред

Кога е најважно ние сме најбројни, кога е најсериозно ние сме обединети и тоа повторно ќе го покажеме, истакна заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на граѓанска трибина во Струга.

„Постои една порака многу јасна и најважна, ние нашето го испорачавме, Европската Унија направи историска грешка. И тоа е порака испратена од највисоките претставници на Унијата. Со чист образ и многу долга листа исполнети обврски дојдовме во Брисел. Се она што зависеше од нас беше исполнето.Разбирливо е разочарувањето на граѓаните, но едно нешто останува јасно, ова што ни се случи не прави посилни, не прави повеќе убедени дека сме на вистинскиот пат и дека ќе победиме. Затоа од Струга праќаме порака дека веруваме во нашата држава и нашиот народ. Подготвени сме. Веруваме дека нашиот народ ја носи вистинската одука на брзи избори за да продолжиме по прав пат“, Шекеринска.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев веднаш да поднесе оставка

Објавено пред

Доста бea лаги, доста манипулации. Зоран Заев веднаш да си поднесе неотповиклива оставка. Европа кажа не на криминалот и корупцијата, кажа не на рекетот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Европа му кажа не на Зоран Заев, а жртва за жал се граѓаните и Република Македонија. Овој пораз е единствено на сметка на Зоран Заев и погубните политики на СДСМ, а не на македонскиот народ и граѓаните на Македонија“, обвини опозициската партија.

Како што предупредуваше ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од таму, откажувањето од името, идентитетот, јазикот и историјата не се европски вредности, без реформи европската перспектива за Македонија е само мисловна именка.

„Потребни се реформи кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги предложи во најкус можен период. Доаѓа обновата на Македонија и крај на криминалната банда која ја корумпираше секоја пора на македонското општество. Заев е во паника и единствено го одложува неизбежниот крај на неговата трагична политичка кариера во која донесе само порази за македонската држава и македонскиот народ. Заев се плаши само од едно нешто, тој се плаши поради тоа што ќе мора да плати за се што стори. Се плаши бидејќи ќе одоговора за лоповлукот, корупцијата, рекетот, криминалните тендери и грантови на штета на македонскиот народ. Крајот е близу, време е за обнова, време е за предвремени парламентарни избори, на кои граѓаните на Република Македонија ќе кажат доста е од корумпирани политичари за кои синоним е Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: По 3 јануари имаме техничка влада и нова реалност

Имаме нова реалност. На 3 јануари имаме нов технички премиер, а по изборите и нова влада, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија3 часа

(Видео) Заев: Предвремени избори на 12 април

Дванаесетти април идната година е датумот на кој ќе се одржат предвремените избори, изјави претседателот на СДСМ и премиер, Зоран...

Македонија4 часа

Пендаровски: Имаме државен консензус за ЕУ, не размислуваме за алтернатива

Имаме јасен државен консензус, а тоа е дека Република Северна Македонија треба што поскоро да ги почне преговорите со Европската...

Топ6 часа

Стружанец пијан паднал од балкон и починал

Педесет и осумгодишен стружанец доцна синоќа починал по пад од незаграден балкон во неговиот дом. МВР соопшти дека мажот бил...

Топ7 часа

Мајка и ќерка нападнати од малолетници во автобус

Мајка и нејзината малолетна ќерка вчера биле физички нападнати од група на малолетни лица во автобус со бројот 21, што сообраќајл...

Македонија10 часа

Обвинителството ги демантира пишувањата на весникот „Ла Верита“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро ги демантира наводите изнесени денеска во италијанскиот весник „Ла...

Македонија11 час

Следниот викенд почнува зимското сметање на времето

Ноќта сабота кон недела (26-ти и 27-ми октомври) часовниците треба да се вратат за еден час наназад. Поточно, во 3...

Македонија11 час

Пановски: „Ла Верита“ пишува глупости, Заев не барал одмрзнување на 750.000 евра

Обвинителот во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, Наум Пановски ги демантира пишувањата на италијанскиот весник „Ла Верита“ за инволвираност...

Свет13 часа

(Видео) Тестиран првиот лет во историјата од Њујорк до Сиднеј без прекин

Авион на австралискиот авиопревозник по 19 часа и 16 минути лет, утрово успешно слета во Сиднеј. Тоа беше прв нон-стоп...

Свет13 часа

Трамп ја повлече одлуката самитот на Г7 да се одржи во неговиот хотел на Флорида

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече одлуката следниот амит на Г7 да се одржи во неговиот хотел „Дорал“ во близина...

Свет13 часа

Турција планира да врати два милиони бегалци во Сирија

Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, изјави дека Турција сака силите на сириската Влада да се повлечат од пограничното подрачје,...

Македонија14 часа

Лидерите на средба кај Пендаровски за предвремени парламентарни избори

Лидерите на најголемите политички партии денеска попладне во вила Водно ќе имаат лидерска средба, на која повика претседателот Стево Пендаровски...

Свет14 часа

Туск доби писмо од Џонсон за одлагање на брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск потврди дека синоќа добил писмо од британскиот премиер Борис Џонсон во кое се бара...

Свет14 часа

Во Барселона повторно судири меѓу полицијата и демонстрантите

Во Барселона синоќа продолжија судирите помеѓу полицијата и демонстрантите, откако Мадрид го одби барањето на каталонскиот лидер, Квим Тора, кој...

Свет1 ден

Турција ги предупреди САД: Исполнете ги своите обврски или ја обновуваме операцијата во Сирија

Турскиот министер за одбрана, Хилуси Акар изјави дека турската војска е подготвена да ја обнови операцијата „Извор на мир“ во...

Свет1 ден

Џонсон: Предлог законот за брегзит ќе го испратам во парламентот идната недела

Британскиот премиер Бори Џонсон им порача на пратениците дека од Брисел нема да бара ново одлагање. Тој треба да побара...

Свет1 ден

Одложено конечното решавање на брегзит

Британските пратеници усвоиjа амандман со кој се бара одложување на гласањето за договорот за брегзит. За одлуката за пролонгирање на...

Топ1 ден

Во стан во Карпош пронајден мртов маж

Во стан на ул.„Вич“ во скопската населба Карпош, вчера утрото бил пронајден починат 54-годишнен маж, М.Ш., соопшти МВР. По наредба...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Очекувам да се договориме за избори, ако Заев не се премисли

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека очекува утре на лидерската средба да биде постигнат договор за предвремени парламентарни избори,...

Македонија1 ден

(Видео) Заев предлага предвремени избори што е можно побрзо

Премиерот Зоран Заев предлага одржување на предвремени парламентарни избори што е можно побрзо. Во своето прво обраќање откако Европската Унија...

Досие