Соопштенија
Герасимовски: Со ограничувањето на движењето на возилата во Дебар Маало го растоваруваме сообраќајот во населбат

Кандидатот за градоначалнк и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со идните советници поделени во тимови, синоќа беа на терен „од врата до врата“ во Дебар маало и околу Градскиот парк. Тие посетија повеќе од 200 домаќинства кадешто разговараа за сработеното во изминатите четири години, но и за проектите што се предвидени да се реализираат во новиот мандат.
Герасимовски, потенцираше дека во изминатиот мандат Општината покажала дека може да функционира чесно, отчетно и транспарентно.
„Инвестиравме во градинки, училишта, паркови, улици и јавни услуги што се од голема важност за нашето секојдневие. Граѓаните беа вклучени во процесите на одлучување и заедно креиравме политики за подобар живот. Доделивме многу стипендии и субвенции, организиравме многу културни и забавни настани, средби со граѓани, отворени денови, форумски сесии со што Општина Центар ја изградивме во пример на отворена локална власт која работи за доброто и во интерес единствено на своите граѓани“, рече Герасимовски.
Жителите на Дебар Маало ја поздравија одлуката на Герасимовски за ограничувањето на движењето на возилата на Дебар Маало со што ќе се растерети сообраќајот во оваа населба.
„Еден од главните проекти е иницијативата за ограничување на движењето на возилата во Дебар Маало. Со овој проект предвидено е затворање на сообраќајот за викендите, почнувајќи од петок во 18:00 часот, па сѐ до понеделник во 06:00 часот. Во тој период, поставуваме рампи на четири клучни локации, со што значително го намалуваме метежот и бучавата, а ќе се овозможи и повеќе простор за пешаците, велосипедистите и за жителите да уживаат во мирна и безбедна средина“, изјави Герасимовски.
Тој потенцира дека влез ќе биде дозволен исклучиво за граѓаните кои живеат во Дебар Маало и ќе поседуваат специјални дозволи издадени од Општината.
За останатите возила ќе постои можност за кратко задржување до 15 минути, со цел да се овозможи достава или извршување неопходни обврски, но со строго регулирани правила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Сарамандов: Во Гевгелија ќе се реализираат две големи инвестиции кои ќе овозможат над 500 нови вработувања

Андон Сарамандов, кандидат за градоначалник за општина „Гевгелија“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и ги истакна реализираните проекти за неговиот четиригодишен мандат, од областа на комуналната, патната инфраструктура, проекти за заштита на животната средина, образованието, спортот, културата.
„Горд сум што Гевгелија се развива во успешна, модерна и урбана заедница. Реализиравме повеќе капитални проекти од областа на комуналната и патната инфраструктура, проекти за заштитата на животната средина, образованието, туризмот, спортот и културата. Горд сум што во тек на реализација се две инвестиции во Гевгелија, кои во наредниот период ќе овозможат над 500 нови вработувања, горд сум што Гевгелија се развива во успешна, модерна и урбана заедница. А, со макотрпна работа успеавме да ги реализираме ветувањата на кои се обврзавме пред нашите сограѓани во 2021 година“, истакна Сарамандов.
Во врска со изборната програма Сарамандов истакна дека таа е јасна, конкретна и гарантира развој на општина Гевгелија, и наброи дел од приоритетните проекти за наредните четири години.
„Таа е реална, јасна, конкретна и гарантира развој на општина Гевгелија. Заедно со членовите на Советот ќе ги реализираме ветувањата за доброто на сите наши сограѓани. Секундарен влез и излез во градот преку улицата „Борис Кидрич“, реконструкција на улицата „Маршал Тито“, изградба на Кеј на Вардар, изградба Нов „Парк на Мирот“ на потегот кај Сува Река, нов фудбалски стадион во урбан блок 5 – „Касарна“, Модерен Градски Плоштад. Во програмата се обврзуваме и на други суштествени проекти за нашите сограѓани кои ќе ги реализираме во наредниот период. Реконструкција и проширување на патниот правец Динќут – Горничет, реконструкција на Пионерски дом во Гевгелија, изградба на трета фаза од каналот Рауљ, изградба на подземни контејнери во централното градско подрачје, реконструкција и целосна обнова на младинскиот дом во Миравци, изградба на фекален колекторски систем со пречистителна станица во Негорци“, посочи Сарамандов.
На крај Сарамандов ги повика граѓаните да го направат вистинскиот избор, да гласаат за број 9, за нови проекти, напредок, и сигурност во општина Гевгелија.
„Мои гевгеличани, време е за вистинската одлука, време е за нови проекти и уште повеќе резултати. Да избереме напредок, сигурност и посветеност. Ве повикувам на 19 октомври масовно да излезете и да гласате за број 9 за Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“!, дециден е Сарамандов.
Соопштенија
Николоски: Со најголемиот инфраструктурен проект, брзата пруга Скопје-Солун, Гевгелија ќе биде центар за туризам и бизнис во регионот

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес се обрати од народниот митинг во општина Гевгелија, кој се одржа во рамки на изборната кампања со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“, за локалните избори закажани на 19 октомври годинава. Николоски зборуваше за проектите на кои се работеше изминатиов период во Гевгелија, а се осврна и на обиколницата околу Гевгелија, којашто целосно ќе ја промени општината, браната Коњско, како и најголемиот инфраструктурен проект, а тоа е брзата пруга Скопје-Солун.
,,Во последниве една година и 3 месеци со Владата предводена од премиерот Мицкоски, работите се сменија, Гевгелија доби огромна поддршка. Гордо можеме да зборуваме за реализирана програма или програма која што е во тек“, рече Николоски.
Николоски истакна дека се работи на реконструкција и реставрација на заштитената стара чаршија во Гевгелија.
,,Интензивно работевме да се обезбеди цела документација со цел да имаме реставрација одобрена од сите надлежни институции и да стане еден повторно нов симбол на градот“, кажа Николоски.
Тој зборуваше и за изградбата на обиколницата околу Гевгелија, Западниот булевар, кој целосно ќе ја смени општината и начинот на функционирање како и начинот на сообраќајот, а го спомена и проектот за браната Коњско.
,,Булеварот ,,Свети Климент Охридски“, кој што беше поддржан од Владата, преку програмите коишто ги има во рамки на Владата. А исто така се проектите коишто ги почнуваме во овој момент, тука е секако браната Коњско, којашто го виде светлото на денот и е при крај на реализација токму откако беше избрана оваа Влада, затоа што нејзината изградба беше целосно запрена“, истакна Николоски и додаде:
,,Во моментов се проектира патот од брана Коњско до Ново Коњско околу 10 километри. Се очекува, во 2027 година да е завршен, до тогаш треба да е наполнета и браната и да имаме уште едно вештачко езеро во Македонија. Така работи ВМРО-ДПМНЕ“.
Николоски се осврна на патната делница од Смрдлива Вода до ски центарот ,,Кожув“, и истакна дека се работи да се врати туризмот таму, а спомена и три проекти кои започнуваат сега. Во неговото обраќање, тој зборуваше и за водоводни канализациони системи на којшто се работеше изминатиов период.
,,Тука се и три проекти коишто сега почнуваат, коишто за мене се навистина драги, во Моин, во Прдејци и во Богородица, за целосна реконструкција на улиците таму. Тука се и бројни водоводни канализациони системи, и бројни други проекти коишто се работеа во изминатиов период, а уште многу следуваат во годиниве коишто се пред нас“, вели Николоски.
Николоски го нагласи и најголемиот инфраструктурен проект, брзата пруга Скопје-Солун, која ќе биде втората најголема железничка станица во земјава после скопската.
,,Најголемиот инфраструктурен проект, којшто, не само Македонија, туку цела југоисточна Европа ќе го види, тоа е брзата пруга Скопје-Солун. Втората најголема железничка станица после скопската ќе е гевгелиската железничка станица, до Скопје ќе се патува за час и 10 минути до Солун за половина час“, рече Николоски и додаде:
,,Тоа ќе значи многу и за бизнисот, затоа што солунското пристаниште буквално ќе е на дланка за сите компании кои што извезуваат, а најавувам дека веќе е избран изведувач и за многу брзо време ќе почнеме и на проширување на постојниот граничен премин. Ќе се додадат дополнително ленти, со цел бизнисот, оние кои што се занимаваат со транспорт, полесно да може да функционираат“.
Соопштенија
(Видео) Шукова: Ѓорче ќе добие БРТ систем, зелен кеј и подобра инфраструктура, крај на маргинализацијата на општината

На митингот на СДСМ во Ѓорче Петров, кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, истакна дека општина долго време беше заборавена од локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ. „Ѓорче долго беше оставено на маргините. Време е тоа да се промени,“ рече таа, нагласувајќи дека жителите заслужуваат видливи резултати и реални проекти.
Шукова истакна дека Ѓорче ќе стане почетна точка на модерното, зелено и поврзано Скопје. Со новиот БРТ систем, кој ќе има 21 станица, две посебни ленти и еколошки автобуси, ќе се скрати времето на патување, ќе се намали загадувањето и јавниот превоз ќе се врати како вистински избор за граѓаните.
„Кога ќе го поврземе кејот, нема да поврземе само километри, ќе поврземе луѓе, општини, идеи и иднина“, рече Шукова додавајќи дека проектот не е само урбанистички, туку обнова на врската меѓу западниот дел на Скопје и остатокот од градот.
Шукова ја истакна и важноста на инфраструктурните решенија кои ја поврзуваат општината со другите делови на градот, со цел да се решат сообраќајните гужви и да се овозможи рамномерен развој.
„Ѓорче повеќе нема да биде последен на списокот. Ќе биде прв кога се гради, кога се инвестира, кога се создава иднина. Сакам Скопје да не биде поделен град, туку град што поврзува, што живее со луѓето. Да го вратиме достоинството на Скопје и сјајот на Ѓорче“, рече Шукова на вечерашниот митинг.