Контакт

Соопштенија

Глас за Македонија бара итно одложување на пописот

Објавено пред

Глас за Македонија бара пописот да биде одложен најмалку до идната пролет, кога евентуално ќе се стекнат безбедни услови за негово одржување.

dobivaj vesti na viber

Во моментов, велат од партијата, епидемијата е во најголем пораст досега, пораст кој одзема човечки животи и со огромниот број заразени, блиску сме до колапс на здравствениот систем

„Владата не е способна да го имунизира населението. Живееме од лага до лага. Вакцини нема. Цели еснафи, како новинари, полицајци, бизнисмени, поединци, спасот го бараат во соседна Република Србија, која навремено набави доволно вакцини. И уште набавува. Таа и таква Србија го одложи закажаниот попис, како што го сторија и повеќе европски земји. Таму политиката не управува со здравството, туку обратно: здравјето на луѓето пред сè“, велат од Глас за Македонија.

Исто така, додаваат од таму, овој попис се прави по лоша методологија и закон, каде секој каде сака и како сака може да биде попишан.

„Ако во еден закон стои одредба ‘оној што најмногу го познава лицето’ и дека практично секој може да ве попише, тогаш за какви релевантни податоци станува збор? Во овој попис се замешаа и соседни земји, како Албанија и Косово, каде наши високи функционери лобираат за голем одзив во албанските средини и дијаспора. Тоа една суверена земја не смее да го дозволи. Поради сето ова, поголемиот дел од граѓаните нема да имаат доверба во резултатите од пописот. Со право, бидејќи сред епидемија и со лош закон, податоците навистина нема да се релевантни. Кога веќе не сте способни да се носите со епидемијата која коси, покажете барем минимум свест и совест. Одложете го пописот кој е на пат да се претвори во попис убиец“, велат од Глас за Македонија.

Соопштенија

Предности и поволности на новата Халки картичка за деца

Објавено пред

Сите деца на возраст од 9 до 15 години сега може да имаат своја банкарска картичка која ќе им помогне да научат одговорно да располагаат со парите и да штедат, но и да им се најде во ситуации кога итно им требаат пари, а родителите не се дома. Првата картичка за деца во земјава, која ја воведе Халкбанк пред неколку недели, е корисно и практично решение и за најмалдите и за нивните родители.

dobivaj vesti na viber

Дебитната картичка Халки може да се добие преку брза и едноставна процедура во која било филијала на Халкбанк во Македонија со присуство на двајцата родители/старатели. Таа овозможува низа предности и поволности за брзи, едноставни и безбедни трансакции преку интернет и во малопродажба. Особено е важно што, за разлика од користењето готовина, родителите имаат целосна контрола колку средства троши нивното дете и за која намена.

Во продолжение наведуваме дел од главните карактеристики на Mastercard Junior картичката на Халкбанк наменета за деца на возраст од 9 до 15 години.

  • Нула денари трошоци за отворање, водење и одржување сметка
  • Бесплатни СМС известувања за родителот/старателот за секоја трансакција
  • Можност за одредување лимит на дневна сума на платежната картичка
  • Повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во земјата и странство
  • Бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот на сметката на детето
  • Можност за дигитализирање на картичката на Apple Pay/Google Pay/Fidesmo Pay
  • Без надоместок за издавање на платежната картичка до 31.03.2026 година

Еден од најголемите бенефити од користењето сопствена картичка е поттикнувањето финансиска писменост на децата. На овој начин тие може да научат како да располагаат со месечен буџет, да штедат, да плаќаат безбедно на интернет и генерално како одговорно да ги трошат финансиските средства.

Исто така, поседувањето картичка овозможува префрлање пари од сметката на родителот на сметката на детето за само неколку минути. Ова е особено корисно кога родителот е на работа или на патување, а на детето итно му требаат пари за некоја намена или кога едноставно заборавило да понесе готовина со себе.

Во време на дигитализација и брз начин на живот, Халки картичката за деца е иновативно и корисно решение креирано за специфичните потреби и на децата и на родителите. Халкбанк постојано работи и инвестира во зголемување на финансиската писменост на децата, а оваа активност е дел токму од тие напори на банката.

 

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

„Sport Life“ ги израдува со новогодишни пакетчиња децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби

Објавено пред

Радост и празнично расположение кај децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби, при посетата на претставниците на „Sport Life“ обложувалници.

dobivaj vesti na viber

Тие им подарија новогодишни пакетчиња на 70 деца во групните домови за деца без родители од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, исто така и на верните пријатели од Здружението регионален центар за лица со интелектуална попреченост – „ПОРАКА НАША“ Куманово, а оваа година 32 пакетчиња беа доделени и на Здружението за рехабилитација и инклузија на лицата со даунов синдром – Дневен центар „ДОЗА СРЕЌА“ во Скопје.

„Ова е петта година по ред, во која во пресрет на Новогодишните празници, сакаме да ја подигнеме свесноста за децата од ранливите категории и лицата со посебни потребни, т.е. оние кои секојпат треба да бидат во нашите мисли и дел од општествената одговорност на компаниите.

Се надеваме дека оваа наша посета и донација, ќе им донесе многу насмевки и среќа и ќе им ги разубави Новогодишните празници. Оваа благородна традиција е дел од нашата визија за похумано и инклузивно општество и истата ќе продолжи и во иднина“ – изјави Петар Поцков, маркетинг директор на „Sport Life“.

Воедно, „Sport Life“ обложувалниците им посакуваат среќни Новогодишни и Божикни празници, на сите граѓани, со желби за здравје, мир и благосостојба.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Мукаетов: „Алкалоид“ го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија

Објавено пред

Во „Алкалоид“ посветеноста, економичноста и ефикасноста ги кренавме на највисоко можно ниво, настојувајќи максимално да ги оптимизираме процесите во компанијата потпирајќи се на нашиот највреден ресурс – луѓето, вели Живко Мукаетов, Генерален директор и претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје.

dobivaj vesti na viber

Тој вели дека компанијата и оваа година го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија.

„Го добивме бронзениот медал од EcoVadis (глобално призната платформа за оцена на одржливоста), со што се позициониравме меѓу водечките субјекти во регионот во поглед на транспарентноста и примената на одржливи практики“, вели меѓу другото Мукаетов.

Целото обраќање е објавено во видеото:

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Европа3 минути

(Видео) Голем напад врз Киев и Лавов неколку часа по предупредувањето на Зеленски, употребен Орешник?

Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина...

Македонија23 минути

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните...

Македонија33 минути

Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот

На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот...

Македонија12 часа

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...

Македонија14 часа

Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при...

Македонија16 часа

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија17 часа

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...

Македонија17 часа

(Фото) ДЗС: 30 полски кревети за евакуираните лица во Кичевско, во Ресенско со пумпи се вадеше навлезената вода од подруми и куќи

Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Кичево, во овие два дена и сношти, учествуваше во теренските активности...

Македонија18 часа

Нова состојба по обилните врнежи: Поплавени подруми и куќи во Охрид, Кичево, Битола, Тетово и Гостивар

Центарот за управување со кризи ја објави новата состојба до 13 часот по обилните врнежи од дожд во земјава. Во...

Топ18 часа

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари

Вчера во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума...

Македонија19 часа

Синдикат на култура: Преседан во културата, министерот Љутков повторно против колективните договори

Министерот за туризам, „културно“, но доста ехидно и веќе видено (за Велигден), сега им ја честиташе Новата година и божиќните...

Македонија19 часа

Валбон Лимани претстави 3 проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација на центарот и градскиот парк во Гостивар

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Националната алијанса за интеграција, Валбон Лимани, претстави три проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација...

Свет22 часа

Трамп одобри нова казна за Путин? „Даде зелено светло“

Американскиот претседател Доналд Трамп даде зелено светло за законски предлог за нови санкции против Русија, изјави синоќа републиканскиот сенатор Линдзи...

Европа22 часа

Зеленски предложи САД да го киднапираат Кадиров, стигна одговор од Чеченија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика САД да го зголемат притисокот врз Русија со киднапирање на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров,...

Свет23 часа

(Видео) Топлотен бран ја погоди Австралија, властите предупредуваат на „катастрофален“ ризик од пожари

Делови од Австралија в петок го очекуваат катастрофални услови на избувнување пожари, бидејќи топлотен бран го погоди поголемиот дел од...

Европа24 часа

Сикорски: Варшава е отворена за распоредување германски трупи во Полска

Варшава е отворена за евентуално распоредување на германски трупи во Полска во обид да се обезбеди прекин на огнот во...

Европа1 ден

(Видео) Руски независни медиуми: Путин го прослави Божиќ во тајна воена база

Рускиот претседател Владимир Путин очигледно не го прославил овогодинешниот православен Божиќ во една од познатите московски катедрали, туку во црква...

Македонија1 ден

Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан

Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга...

Свет1 ден

Трамп: Венецуела од профитот од нафтата ќе купува само американски производи

Претседателот на САД, Доналд Трамп извести дека Венецуела ќе ги користи своите приходи од нафта за купување исклучиво американски производи....

Македонија1 ден

Одрони, излевања и поплави на повеќе локации – во Кичево евакуирани 60 луѓе во спортска сала поради поплавени домови

Директорот на Центар за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на бројот за итни повици 112 и...