Соопштенија
Глас за Македонија бара итно одложување на пописот

Глас за Македонија бара пописот да биде одложен најмалку до идната пролет, кога евентуално ќе се стекнат безбедни услови за негово одржување.
Во моментов, велат од партијата, епидемијата е во најголем пораст досега, пораст кој одзема човечки животи и со огромниот број заразени, блиску сме до колапс на здравствениот систем
„Владата не е способна да го имунизира населението. Живееме од лага до лага. Вакцини нема. Цели еснафи, како новинари, полицајци, бизнисмени, поединци, спасот го бараат во соседна Република Србија, која навремено набави доволно вакцини. И уште набавува. Таа и таква Србија го одложи закажаниот попис, како што го сторија и повеќе европски земји. Таму политиката не управува со здравството, туку обратно: здравјето на луѓето пред сè“, велат од Глас за Македонија.
Исто така, додаваат од таму, овој попис се прави по лоша методологија и закон, каде секој каде сака и како сака може да биде попишан.
„Ако во еден закон стои одредба ‘оној што најмногу го познава лицето’ и дека практично секој може да ве попише, тогаш за какви релевантни податоци станува збор? Во овој попис се замешаа и соседни земји, како Албанија и Косово, каде наши високи функционери лобираат за голем одзив во албанските средини и дијаспора. Тоа една суверена земја не смее да го дозволи. Поради сето ова, поголемиот дел од граѓаните нема да имаат доверба во резултатите од пописот. Со право, бидејќи сред епидемија и со лош закон, податоците навистина нема да се релевантни. Кога веќе не сте способни да се носите со епидемијата која коси, покажете барем минимум свест и совест. Одложете го пописот кој е на пат да се претвори во попис убиец“, велат од Глас за Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: Со шарената револуција народот си ја спаси државата

Со шарената револуција илјадници граѓани во речиси сите градови низ државата си ја спасија државата од канџите на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, донесоа слобода и демократија кои денес се почитуваат и унапредуваат во континуитет, велат од владејачката партија СДСМ по повод петгодишнината од почетокот на ова граѓанско движење.
„11 години ВМРО-ДПМНЕ ја држеше државата заробена во режим, криминал, корупција и селективна правда сè додека оваа партија не беше поразена од граѓаните“, истакнуваат од СДСМ од каде додаваат дека политиките на Владата од 2017 година па до денес останале доследни во почитувањето на барањата и заложбите на шарената револуција.
„Денес предметите за висока корупција и организиран криминал се живи и тие добиваат и ќе добиваат судски разрешници, се случуваат сериозни реформи во судството, институциите се транспарентни, професионални и секогаш во служба на граѓаните. Процесот за унапредување на човековите права и слободи, за градење еднакво општество продолжуваат во континуитет како врвна заложба на СДСМ“, се наведува во партиското соопштение.
Од СДСМ додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ и денеска како партија знае, како што велат, само за режим, само да брани криминал и да шири лажни вести.
„Граѓаните шест пати ги поразуваат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и ќе продолжат да ги поразуваат сè додека од белиот дворец освен одбрана на криминал не нудат ништо друго“, посочуваат од владејачката партија.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Во викенд кога умреа 78 лица од Ковид-19, Филипче и Заев се возеа со мотори во Крушево, Охрид, по течението на Радика

Додека граѓаните умираат и се заразуваат, Зоран Заев и Венко Филипче си тераат прошетки со мотори, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Во овој викенд, кога 78 фамилии ги изгубија своите најблиски, овие двајца, кои се најодговорни за катастрофата, цело време шетаа на релации од Скопје преку Крушево, по течението на Радика, Охрид и каде ли уште не.
Овој месец изгубени се над 400 животи во Македонија затоа што Филипче и Заев не набавија навремено и доволно вакцини за имунизација на граѓаните.
Над 10.000 има нови заболени затоа што, наместо епидемиолошката слика, на Филипче и Заев им беа битни партиски избори, настани и попис.
И сега како сосема одлепени од реалноста, Филипче и Заев, без око да им трепне, се развозуваат со мотори низ Македонија во еден од најцрните викенди во ковид-епидемијата.
Срамно и бедно. Но, тие очигледно се оперирани од срам и одговорност бидејќи дозволија Македонија да биде на врвот по смртност и на дното по вакцинација во светот“, се додава во партиското соопштение.
Соопштенија
СДСМ: Мерките за помош на економијата даваат резултати

Официјалните статистички податоци потврдуваат дека мерките за надминување на последиците од корона-кризата, креирани и реализирани до институциите предводени од СДСМ даваат резултати, соопшти СДСМ.
„Со четирите пакети мерки 860 милиони евра завршија директно кај граѓаните и во стопанството.
Во јануари е регистрирано зголемување на просечната плата од 2,7 отсто, како и раст од 0,8 отсто на прометот во внатрешната трговија. Се забележува постепено намалување на стапката на невработеност, а вработеноста е соодветно зголемена.
Во однос на преткризниот период бележиме раст на буџетските приходи. Растот на вкупните приходи е 4,4 отсто, а 5 отсто е растот на даноците и придонесите.
Во јануари извозот има номинален раст од 15,4 отсто на годишна основа, увозот на стоки раст од 5,3 отсто, со што трговскиот дефицит во јануари се намали 29 проценти.
Во согласност со економските показатели и очекувањата предвидено е оваа 2021 година македонската економија да се врати на стабилни стапки на раст, платите да продолжат да растат, а невработеноста да се намалува.
СДСМ продолжува со креирање и реализација на мерки и политики за поддршка и поттикнување на домашната економија“, се наведува во соопштението.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш