Соопштенија
Глас за Македонија: Да се воведе масовно и бесплатно тестирање на коронавирус
Партијата Глас за Македонија бара бесплатно, масовно тестирање на населението на коронавирусот.
Како што наведуваат од партијата на Солза Грчева, по препораките на Светската здравствена организација, само раното тестирање и брзата изолација на заразените е ефикасен начин за запирање на ширењето.
„Изолирањето региони се покажува неефикасно бидејќи во просек секој заразен заразува најмалку 10 околу него. Проблемот е што 80 отсто од носителите немаат симптоми, а се високозаразни“, објаснуваат од партијата.
По примерот на Јужна Кореја, партијата предлага организирање неколку регионални центри за тестирање, каде што луѓето што се тестираат остануваат во своитe автомобили и целата постапка трае 10 минути.
„Резултатот го добиваат следниот ден на телефон во порака. Вакви центри веќе се организираат во повеќе земји и тоа е начин што не бара богата инфраструктура“, велат од Глас за Македонија и порачуваат дека пари за тестирање мора да се најдат.
„Сега е моментот кога навидум нема многу заразени. Но, кога луѓето не се тестирани, таа бројка е сосема непозната. Можеби ги има многу повеќе“, велат од партијата за својот предлог за спречување на вирусот за кој истакнуваат дека доколку навреме не се стави под контрола, може да се рашири како пожар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Инвестирајте како гејмер: 5 P2P стратегии позајмени од светот на стратегиските игри
Ако знаете како да изградите совршен build во League of Legends, да издржите долг raid во World of Warcraft или да победите во StarCraft со паметна стратегија – честитки, веќе имате предност во светот на P2P инвестирањето. Да, сериозно. Во суштина, и игрите и P2P инвестициите бараат исто нешто: тактика, анализа, трпение и добри P2P стратегии.
Финансискиот пазар е како една голема, сложена стратегиска игра: добивате ресурси (вашите пари), мора да ги распределите (инвестирате) и, што е најважно, да ги избегнувате опасностите (ризикот).
Разликата е само што наместо XP, тука заработувате реален пасивен приход. Ако сакате да ја пренесете вашата “in-game” интелигенција во реалниот свет, време е да го откриете финанскиот “playbook” што го користат паметните инвеститори.
Од гејминг до инвестирање – иста логика, различна арена со вистинските P2P стратегии
Многу често најнеочекуваните светови се среќаваат во средината, а кога станува збор за игрите и инвестирањето – стратегијата е таа заедничка точка. Стратегијата е клучна за успех било да сте гејмер или инвеститор. Еве ги 5-те P2P стратегии што звучат како од светот на гејмерите – но функционираат совршено и во светот на P2P инвестирањето.
1. Диверзификацијата е вашиот „Heal Potion“
Во секоја добра стратегиска игра, никогаш не одите во битка без вашиот Heal Potion. Тоа е вашата “back-up” линија, начинот да се вратите во игра кога сте под најголем напад. Истото важи и за инвестирањето – диверзификацијата е вашиот штит против неочекувани загуби.
Во P2P светот, тоа значи: не вложувајте сè во еден заем. Наместо тоа, поделете го вашиот капитал на повеќе мали инвестиции во различни заеми, категории и оригинатори. На тој начин, ако некој заем не се отплати во целост, останатите продолжуваат да ви носат добивка.
Pro Tip: Како искусен RPG играч, секогаш ги делите вашите Skill Points на повеќе статистики (сила, интелигенција, одбрана). Така, поделете го вашиот капитал на повеќе заеми – за да бидете силни во сите области!
2. Реинвестирањето е вашиот „XP Grinding Loop“
Секој гејмер знае дека вистинскиот напредок не доаѓа од еден quest, туку и од постојано фармање XP. Во P2P светот, тоа се вика реинвестирање. Кога добивате месечни исплати од заемите, наместо да ги повлечете, повторно инвестирајте ги во нови заеми.
Така создавате loop на раст – каде што секоја добивка ви носи уште поголема добивка. Ова е вашата верзија на level up – само што наместо нов меч или spell, добивате поголемо портфолио и стабилен пасивен приход.
Pro Tip: Ако сте играч што сака да има контрола врз build-от, можете рачно да избирате заеми. Но ако сакате да го играте „финансискиот sandbox“ на полесен начин – вклучете ја функцијата Auto Invest, внесете ги подесувањата за автоматско инвестирање и гледајте како профитот расте.
3. Деталите на заемот се вашиот „Item Stats Screen”
Секој искусен гејмер знае – пред да го екипирате новиот меч, штит или оклоп, мора да го отворите Item Stats Screen-от. Не е доволно само да гледате дека мечот изгледа убаво – мора да ги проверите статистиките: attack power, durability, speed, special bonuses. Еден предмет може да изгледа моќно, но да не одговара на вашиот play style. Истото важи и за P2P инвестициите.
Пред да кликнете „Купи кредит”, проверете ги сите детали на заемот – тоа е вашиот финансиски Item Stats Screen. На P2P.mk, секој заем има јасно прикажани клучни информации:
· Шифра на кредит – Уникатен ID за следење (како item code во инвентарот)
· Финансиско друштво (Оригинатор) – Кој издава заем (вашиот “vendor” или “guild”)
· Годишна каматна стапка – Колку заработувате годишно (вашата “damage stat”)
· Рок на отплата (месеци) – Колку долго траат исплатите (вашата “cooldown time”)
· Износ на кредит – Вкупна сума на заемот
· Месечен прилив – Колку добивате секој месец (вашиот recurring income)
· Вкупен прилив – Што добивате на крај (total reward за мисијата)
Не вложувајте во заем само затоа што има висока каматна стапка – проверете ги сите детали! Може заемот да има одличен „attack stat” (14% камата), но долг рок што не одговара на вашата стратегија. Или можеби износот е премногу голем за вашиот капитал за диверзификација.
Pro Tip: Како што анализирате дали новата опрема одговара на вашиот build пред да ја купите, така анализирајте дали заемот одговара на вашето портфолио. Проверете ги сите stats, споредете ги со другите достапни заеми, и одлучете дали е вистинскиот “item” за вашата стратегија. Паметните инвеститори не кликаат импулсивно – тие проучуваат, споредуваат, и избираат стратешки.
4. Гаранцијата за Откуп е вашиот „Checkpoint“ (Точка на Спас)
Во секоја тешка Campaign, Checkpoint-от е клучниот елемент што ви овозможува да преживеете. Тоа е точка на спасување; ако изгубите, не почнувате од самиот почеток. Гаранцијата за откуп (BuyBack Guarantee) е вашиот финансиски Checkpoint.
Вие можете да се фокусирате на стратегијата за раст, а не на мониторинг на поединечни заемопримачи. Со оваа заштита, вашите инвестирани средства се чувствуваат речиси исто толку сигурно како и во банка, но со потенцијал за далеку повисок принос.
Pro Tip: Паметните играчи секогаш имаат backup план.
5. Фокусирајте се на вашиот „End-Game“ (Крајна Цел)
Во секоја игра, вистинските шампиони не се оние што трчаат најбрзо – туку оние што играат паметно на долг рок. Истото важи и за P2P инвестирањето.
Немојте да очекувате “instant wins” или “cheat codes” за брзо богатство. Наместо тоа, размислувајте како стратег што планира неколку потези однапред. Колку подолго останете во играта со паметна стратегија, толку повеќе можете да акумулирате. Вашата трпеливост и дисциплина се вашето најсилно оружје – тоа е вашата „ultimate ability”.
Pro Tip: Поставете си реална цел на 6, 12 или 24 месеци. Гледајте на секој месец како нова рунда – и оставете вашите пари да работат за вас. Но имајте реални очекувања: P2P не е магија, туку алатка за диверзификација на вашето инвестициско портфолио.
Оптимизирајте ги вашите инвестиции со вистинските P2P стратегии
P2P инвестирањето не е брзо збогатување (no quick cheat codes). Тоа е долгорочна, одмерена стратегија која константно генерира приход. Тоа е како да ја градите вашата base – малку по малку, но стабилно и со растечка моќ.
Време е да ги извадиме тие вештини од виртуелниот свет и да ги примениме таму каде што навистина се важни: во градењето на вашиот финансиски раст. Со P2P.mk, првата македонска peer-to-peer платформа, инвестирањето станува едноставно и забавно. Започнете да инвестирате со вашите P2P стратегии денес на P2P.mk.
(ПР)
Соопштенија
Wolt+ и во Македонија: нула денари достава со месечна претплата
Wolt ја активира претплатничката услуга Wolt+ во Македонија, наменета за корисници кои нарачуваат храна, намирници и производи од локалните продавници присутни на платформата. Со Wolt+, сите нарачки од партнерите обележани со W+ во апликацијата се испорачуваат со нула денари надомест за достава. Месечната претплата изнесува 199 денари, со можност за годишен пакет по намалена цена, а новите корисници можат да го пробаат сервисот бесплатно во период од два месеци.
Нула надомест за достава кај W+ партнерите кои се квалификуваат, транспарентни минимални износи, двомесечен бесплатен пробен период и можност за откажување во секое време директно во апликацијата.
![]()
За корисниците кои почесто нарачуваат, Wolt+ се „исплатува“ со околу 2–3 нарачки месечно, според вообичаените трошоци за достава. Платформата со W+ ги обележува рестораните и продавниците кои се наоѓаат на растојание до 5км од корисникот на апликацијата, а минимален износ во кошничката е 350 денари за ресторани, 350 денари за продавници и 700 денари за намирници. По активирање на претплатата, корисникот во апликацијата веднаш може да види кои партнери се означени со W+. Апликацијата овозможува претплатата да се откаже во секое време преку корисничкиот профил. Wolt+ се обновува автоматски, а со членството можете да го управувате или да го откажете во секое време од табот Wolt+ во вашиот профил.
Wolt+ е осмислен со јасна корист за потрошувачите, како намалување на вкупните трошоци за достава за оние кои нарачуваат почесто, со едноставни правила видливи во апликацијата и транспарентни услови за откажување.
Но, бенефитот од платформата го чувствуваат и партнерите – рестораните и продавниците кои немаат потреба да инвестираат во сопствена онлајн продавница, а стигаат до многу поголем број потрошувачи. Платформата ја зголемува видливоста на малите бизниси, а со тоа и бројот на нивни потрошувачи. Сега со обележувањето на рестораните, маркетите и специјализираните продавници со W+ значка се зголемуваат и можностите за ексклузивни понуди за потрошувачите. Со приклучување на Wolt+, корисниците откриваат повеќе омилени места што се во околината, што за партнерите значи почести посети од потрошувачи и повисока фреквенција на нарачки.
![]()
„Со Wolt+ сакавме преку намалување на трошоците за достава на корисниците на платформата Wolt да им овозможиме уште поудобно и подостапно искуство при нарачување. Најголеми придобивки имаат оние што користат почесто, но и повремените корисници остваруваат значајни заштеди. Во повеќето случаи, членството се исплатува по само две до три нарачки месечно. Бенефитот не е само за потрошувачите, рестораните и продавниците добиваат поголема видливост и повисока побарувачка. Нашите партнери се задоволни и веќе забележуваат значителен пораст на нарачките,“ изјави Ѓорѓе Давидовиќ, генерален менаџер за Србија и Wolt Македонија.
Претплата важи само за државата каде е купена претплатата, а правилата, минималните износи и опсезите може да се ажурираат во секое време. Сите детали важечките услови се достапни во апликацијата и на веб-страницата на Wolt.
Wolt е технолошка компанија со седиште во Хелсинки, со мисија да донесе радост, едноставност и заработка во соседствата ширум светот. Wolt развива платформа за развој на локалната економија која ги поврзува луѓето што сакаат да нарачаат храна, намирници и други производи со луѓе заинтересирани да ги продаваат и испорачуваат. Wolt е основан во 2014 година и во 2022 се здружи со DoorDash, кој во 2025 година ја заврши аквизицијата на Deliveroo. Денес, Wolt е дел од DoorDash семејството и работи во повеќе од 30 земји.
(ПР)
Соопштенија
Освоена ЏОКЕР-премија со 6 погодоци во вредност од 3.152.640 денари
87. коло од Лото 7 израдува еден среќен добитник, кој ја освои премијата од играта на среќа Џокер, во вредност од 3.152.640 денари. Уплатата е извршена во продажното место „Димпо“ во Битола. Иако добитникот не се согласи за јавно објавување на неговите податоци, тој сподели со нас дека за него оваа добивка претставува уште една потврда дека секогаш треба да се верува во среќата.
Продажното место „Димпо“ во Битола е познато по среќните добивки од игрите на среќа на Државна лотарија. Таму е „изгребана“ и најголемата премија од инстант лотаријата – 10.000.000 денари од инстант лозот „Мега Милионер“.
Од почетокот на приредувањето на играта на среќа Џокер во 2010 година, во рамките на Ново Лото 7/34, освоени се вкупно 17 Џокер премии, а ова е 11-та освоена Џокер премија од почетокот на приредувањето на Лото 7 во 2019 година.
Уплата на еден Џокер број чини 30 денари, а може да донесе вредна добивка. Џокерот се избира по компјутерски пат, а бидејќи среќата знае да изненади, не треба да се пропушта шансата со одиграна лото-комбинација да се уплати и еден Џокер број.
Во Делчево се освоени две Џокер премии, по една Џокер премија е освоена во Струмица, Берово, Кавадарци, Свети Николе, Струга, Крушево, Пехчево и Битола и седум во Скопје. Првата премија од играта на среќа Џокер беше постигната во Делчево.
Среќата е насекаде со Државна лотарија!
(ПР)

