Контакт

Соопштенија

Град Скопје: Во ЈСП за шест месеци е направено тројно повеќе отколку во целиот мандат на претходното раководство

Објавено пред

Од Град Скопје реагираат на соопштението на СДСМ во врска со Јавното сообраќајно претпријатие (JСП).

dobivaj vesti na viber

„Ниедна лага од СДСМ нема да го испере срамот што го ставија во Град Скопје. Корупциските скандали, многуте злоупотреби од претходното градско раководство и директорите на претходниот градоначалник Шилегов, кои трошеа и правеа огромни сметки за лични луксузирања, нема да бидат покриени со лажните соопштенија за нечии оставки со кои се манипулира јавноста.

Милионските долгови, организационскиот хаос и негрижата за вработените се она што СДСМ и претходното градско раководство го оставија во јавните претпријатија. СДСМ зборува за претпријатието што го руинира, го остави во 3,9 милиони евра долг, со ненамирени долгови кон доставувачите со над 240 милиони денари, со само 140 возила за цело Скопје, со негрижа кон барањата на скопјани и вработените во претпријатието, со редуцирани возни редови, правејќи непродуктивни трошоци и очајна финансиска состојба.

Во ЈСП за шест месеци е направено тројно повеќе отколку што претходниот градоначалник и поранешниот директор направиле за целокупниот нивен мандат. Зголемен е вкупниот приход за цели 65 % во споредба со истиот период минатата година, а остварени се приходи од тековното работење во висина од над 45 милиони денари, сѐ со цел вистинско консолидирање на ова јавно претпријатие, кое е во служба на сите граѓани“, велат од Град Скопје.

Македонија

Единствена Македонија побара од Руската православна црква да ја признае автокефалноста на МПЦ – Охридска архиепископија

Објавено пред

Политичката партија Единствена Македонија побарала од Руската православна црква признавање на автокефалноста на Македонската православна црква.

dobivaj vesti na viber

Од партијата на Јанко Бачев велат дека таквиот чекор е од големо значење земајќи ја предвид водечката улога на Руската православна црква меѓу православните цркви.

„Врските меѓу Македонската православна црква – Охридска архиепископија со Русија и Руската црква како стари словенски центри се континуирани во текот на вековите и датираат од времето на македонските просветители Кирил и Методиј. Но, од разноразни причини Руската православна црква досега не ја признаваше Македонската православна црква – Охридска архиепископија иако секогаш беше подготвена да им даде православна помош на браќата во Македонија“, наведе партијата преку допис до медиумите.

Единстевна Македонија искрено се надева и ја очекува радосната вест од Руската православна црква да ја исправи историската неправда кон МПЦ-ОА и безусловно да обајви признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Мицкоски да објасни што договарал со бугарските здруженија во државата наместо да се крие зад соопштенија од белиот дворец

Објавено пред

Наместо од белиот дворец секојдневно да пласираат лаги и невистини, Христијан Мицкоски треба да излезе и да објасни што договарал со претседателите и основачите на бугарските здруженија и клубови во државава. Основачите на клубот „Ванчо Михајлов“ имаат објавено многубројни фотографии, на кои се во друштво на Мицкоски и високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека деновиве во јавноста се појавија и фотографии на кои Мицкоски во еден манастир е сликан со претседателот на здружението „Цар Борис Трети“. Која била целта на овие среди и што договарал Мицкоски, тоа треба да каже тој наместо да се крие зад соопштенија од белиот дворец.

Владата предводена од СДСМ во врска со прашањето со Бугарија постапува сериозно и одговорно заштитувајќи ги црвените линии поставени со резолуцијата усвоена во Собранието.

Ниту за Гоце Делчев, ниту за јазикот ниту за македонската посебност нема и нема да има какви било преговори, македонскиот идентитет денеска е меѓународно потврден и загарантиран, ВМРО-ДПМНЕ да престане да глуми патриотизам и да ги лаже и вознемирува граѓаните, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Барањата на Бугарија не смее да станат дел од преговарачката рамка

Објавено пред

Oпозициската ВМРО-ДПМНЕ е децидна дека барањата на Бугарија не смее да станат дел од преговарачката рамка.

dobivaj vesti na viber

Од партијата преку соопштение велат дека Ковачевски молчи, додека таква рамка е капитулација за државата.

„Бугарските барања за ставање на нивните ултиматуми и уцени во преговарачката рамка, која ќе треба да ја исполни земјава при влез во ЕУ, се заглавување на Македонија и можност Бугарија да бара нови и нови отстапки кога ќе посака, а сето тоа да го правда како обврска за влез во ЕУ“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи ставање на бугарските барања во преговарачка рамка доколку тоа треба да биде гласано во Собранието.

„Прифаќање таква рамка е капитулација за државата. Ковачевски да не молчи и да каже и дали одобрил откажување од Гоце Делчев? Ковачевски, како и се досега, молчи и за преговарачката рамка што сакаат да ја наметнат Бугарите и за Делчев. Ковачевски не направи ништо за државата откако е премиер. Само порази и неуспеси. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори што побргу“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет45 минути

Нови детали за хоророт во Тексас: сите деца биле убиени во една училница

Објавени се нови детали за страшното масовно убиство што се случи вчера во Основното училиште во Тексас. Во нападот на...

Македонија1 час

(Интервју) Вангелов: Решение е можно ако Бугарите немаат разорно токсични изјави

Членот на мешовитата Комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, Огнен Вангелов, во интервју за „Макфакс“ вели...

Македонија2 часа

Се преговара за набавка на посебни ПЦР-тестови за дијагностицирање мајмунски сипаници

Здравствениот систем се подготвува за евентуална појава на мајмунски сипаници и кај нас, извести денес Комисијата за заразни болести. Доктор...

Македонија3 часа

Османи: Императив е во јуни да се почне со долго задоцнетиот пристапен процес

Императив е да се почне со веќе долго задоцнетиот пристапен процес на Македонија и Албанија сега во јуни, порача денеска...

Македонија4 часа

Руската православна црква го поздрави признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА

Признавањето на автокефалноста на црквата во Северна Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, изјави заменик-претседателот на...

Македонија5 часа

Џафери не чувствува одговорност да им се извини на собраниските службеници

Собранискиот спикер Талат Џафери не чувствува одговорност да се извини на собраниските службеници кон кои се обратил со пцости, а...

Свет6 часа

Убиецот пред масакрот во Тексас и’ испратил порака на непозната девојка: „Имам мала тајна“

Осумнаесетгодишниот Салвадор Рамос, кој уби најмалку 19 ученици и двајца учители во основното училиште „Роб“ во Тексас, пред масакрот на...

Македонија6 часа

„Бегај бе таму, хеј сус“ – пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со транспаренти во Собранието побараа оставка од Талат Џафери

Со транспарент, на кој е испишано „Бегај бе таму, хеј сус“, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од претседателот на Собранието,...

Топ6 часа

Четиринаесетгодишник со нож ѝ се заканувал на аптекарка, ѝ го одзел прометот и ја удрил со тврд предмет

Скопското Обвинителство до Кривичниот суд во Скопје достави барање за поведување подготвителна постапка против дете поради разбојништво. На 23 мај,...

Свет6 часа

Познат идентитетот на децата убиени во масакрот во Тексас

Неколку часа по масакрот во основното училиште во Тексас, почнаа да пристигнуваат информации за жртвите. Полицијата потврди дека загинале 19...

Свет7 часа

Сорос предупредува: Русија можеби го означи почетокот на третата светска војна, нашата цивилизација можеби нема да опстане

Американскиот милијардер и филантроп Џорџ Сорос се обрати на Светскиот економски форум во Давос предупредувајќи дека руската инвазија на Украина...

Свет8 часа

(Видео) Ова е напаѓачот што уби 18 деца – објавена е снимка пред да го почне масакрот

Вооружен напаѓач уби 18 деца и наставник во основно училиште во Увалде, Јужен Тексас, објави гувернерот Грег Абот, пренесоа АФП...

Свет8 часа

Наставничка е првата идентификувана жртва од масакрот во Тексас – се обидела да ги заштити децата од напаѓачот

Голема трагедија се случи вчера во САД кога 18-годишниот Салвадор Рамос уби најмалку 21 лице, меѓу кои 19 деца, ученик...

Свет8 часа

Лансирани три балистички проектили во Северна Кореја кога Бајден го напуштил регионот

Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја лансирала три балистички ракети рано утринава. Властите во Сеул соопштија дека проектилите биле лансирани...

Свет8 часа

Бајден по крвопролевањето во Тексас: Мора да направиме нешто, децата како да се на бојно поле

Американскиот претседател Џо Бајден ѝ се обрати на нацијата неколку часа по големото крвопролевање во основното училиште во Тексас, каде...

Европа19 часа

(Видео) Орбан прогласи вонредна состојба во земјата

Унгарската влада денеска прогласи вонредна состојба, соопшти премиерот Виктор Орбан. Причина за прогласување вонредна состојба е војната во Украина, а...

Македонија20 часа

(Видео) Пендаровски од Давос: Политиката на отворени врати не треба да важи само за НАТО, туку и за ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, денеска се обрати на...

Топ24 часа

Од водите на Вардар извлечен маж и итно пренесен во болница

Mеѓу зградата на МРТ и Железничкиот мост од водите на реката Вардар во Скопје бил изваден маж од Скопје, кој...

Македонија1 ден

Ковачевски: Автокефалноста на МПЦ– ОА е историска вест и автентичен дел на македонскиот идентитет

Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата...

Македонија1 ден

Архиепископот Стефан: 55 години седевме и чекавме во тремот, сега имаме кој да ни нацрпи вода

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан се заблагодари на Српската православна црква и српскиот Патријарх Порфириј за признавањето на автокефалноста...