Контакт

Соопштенија

Грчките власти на бараа корекции во интервјуто на Заев, велат од МИА

Објавено пред

Македонската информативна агенција како реакција на обвинувањата од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, посочува дека немало никаква интервенција од Алексис Ципрас и од Атина за корекцијата на интервјуто на премиерoт Зоран Заев.

„Единствено што е точно е дека по увидените реакции во печатот за пренесеното интервју, е направена проверка на истото и е утврдено дека се направени погрешни интерпретации за што веднаш е направена корекција и истата коригирана изјава е дистрибуирана до јавноста“, информираат од државната новинска агенција.

Оттаму објаснуваат дека правило е кога агенциите ќе направат грешки да се испратат корекции, дополнувања на веста па дури кога станува збор за сосем погрешни вести и повлекување на истите.

Соопштенија

(Видео) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ моли европратеници да не ни дадат датум за преговори

Објавено пред

По којзнае којпат ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е криминална и антидржавна партија преку нeјзиниот последен обид да издејствуваат ЕУ да не ѝ додели датум за почеток на преговори на Северна Македонија, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Партијата на Мицкоски на средби моли меѓународни претставници и европратеници да не се додели датумот за преговори затоа што нивната режимско-криминална матрица е така кодирана да ја уништува државата, да ѝ ја блокира европската иднина и повторно да ја окупира“, посочи партискиот портпарол.

Ваквите постапки Костадинов ги оцени како антиевропски, антидржавни и антизападни.

„Крајната цел на ВМРО-ДПМНЕ е Северна Македонија никогаш да не стане членка на НАТО и на ЕУ само за да си го спасат криминалот и одговорноста за тоа што ја покрадоа државата“, кажа тој и додаде дека СДСМ останува посветена на реализација на стратешките интереси на државата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Костадинов: Законот за ЈО е ефикасен против сите кои сториле криминал, нема никаква скриена амнестија

Објавено пред

Законот за Јавно обвинителство е гаранција за воспоставување правна држава и како партија тврдиме дека со законот нема никаква скриена амнестија, порача на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој истакна дека Законот за Jавно обвинителство е ефикасен и применлив против сите кои сториле криминал.

„Продолжуваат предметите на СЈО кои се во фаза на судско постапување и нема законска пречка да им се суди на партиските криминалци од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Затоа го повикуваме судот да престане со бескрајното одложување на процесите и конечно да создаде услови за секојдневни судења. Продолжуваат истрагите и предистрагите на СЈО кои беа запрени со mислењето на Врховниот суд, иницирано од судијата Јово Вангеловски, кој важеше за судски заштитник на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи партискиот портпарол додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не сака да се соочи со фактите затоа што целото нивно постоење и функционирање почива врз криминал и корупција.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Авзиу: ДУИ се грижи за административните службеници и напредокот на нивната кариера

Објавено пред

Изминатите години успеавме да создадеме можност за вработување на околу 25.000 административни службеници Албанци и ја зголемивме правичната застапеност од 2 во над 20%, изјави на прес-конференција Адем Авзиу од ДУИ.

Тој порача дека грижата за административните службеници продолжува со законските измени, со кои се олеснува можноста за унапредување и признавање на високото образование за административните службеници вработени со средно образование, кои во меѓувреме завршиле факултет.

„Секој административен службеник кој две години е на работно место на исто ниво и имајќи ја предвид и последната просечна оценка при оценувањето, ќе може да премине од пониската во повисока позиција на тоа работно место“, објасни Авзиу.

Тој нагласи дека почнувајќи од 1 декември годинава, административните службеници ќе имаат можност да поднесат барање до раководителите на институциите, за обезбедување на вреднување на адекватното ниво на образованието во основната компонента на плата.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

(Видео) Почна маршот на ВМРО-ДПМНЕ за правда

Со развиорени знамиња и скандирања „Никогаш Северна, само Македонија“, поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, го почнаа маршот за правда пред зградата на...

Македонија3 часа

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија3 часа

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија5 часа

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион6 часа

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија7 часа

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Актуелно9 часа

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија9 часа

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Регион9 часа

Двајца Срби, членови на екипажот на крузерот, имаат коронавирус

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд принцес“, е потврдено дека се заразени со коронавирусот. Информацијата ја...

Македонија11 час

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Обвинителството и Врховниот суд

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест во 18 часот, кој ќе почне пред Обвинителството, а ќе заврши пред...

Спорт11 час

Џордан во солзи се прости од Коби Брајант (Видео)

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан се прости од Коби Брајант, кој на 26 јануари заедно со својата ќерка Џијана и уште...

Македонија11 час

Тестовите потврдија – нема заразен од коронавирус во земјава

Лицето кое синоќа беше примено на Инфективната клиника во Скопје е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство....

Свет11 час

Почна процесот за екстрадиција на Асанж во САД

Првото рочиште во процесот на екстрадиција на Џулијан Асанж во САД се одржа пред судот во Лондон, при што двете...

Свет22 часа

Паника од коронавирусот, Италијанците ги испразнија супермаркетите

Во напад на паника поради коронавирусот Италијанците ги испразнија супермаркетите, а фотографиите на празни полици што ги објавија медиумите се...

Спорт22 часа

Ванеса Брајант ја тужи хеликоптерската компанија за трагичната несреќа

Ванеса Брајант поднела тужба против хеликоптерската компанија „Ајланд експрес хеликоптерс“ барајќи економска и казнена отштета по смртта на нејзиниот сопруг,...

Свет23 часа

Вајнштајн прогласен за виновен за сексуални напади

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн е прогласен за виновен за две точки од обвиненијата за сексуален напад. Според Би-би-си, тој...

Македонија1 ден

Поради ужасните услови за живеење во Битола, Лука се враќа во Скопската зоолошка градина

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од фотографии од тажното мајмунче Лука, сместено во валкан кафез во битолската Зоолошка градина, без...

Свет1 ден

Автомобил удри во карневалска поворка – 15 лица повредени во Германија

Полицијата уапси возач кој со сребрен караван се забил во карневалска поворка во Германија, пpи што се повредени 15 лица....

Европа1 ден

Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми на седум лица

Во Италија почина и седмото лице од коронавирус. Станува збор за 80-годишен маж, кој претходно бил хоспитализиран, пренесоа локалните медиуми....

Македонија1 ден

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Досие