Контакт

Соопштенија

Демократски сојуз: Балканска коалиција против тероризмот и организираниот криминал

Објавено пред

Во пресрет на утрешната расправа за безбедноста и тероризмот, што се одржува во Скопје помеѓу ЕУ и балканските држави, Демократскиот сојуз ја иницира потребата од формирање на Балканска коалиција за борба против тероризмот и организираниот криминал.

„Во оваа коалиција треба да бидат вклучени сите балкански држави: Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија и Грција“, сметаат од партијата.

Од таму предлагаат да се формира и Балкански центар за борба против тероризмот и организираниот криминал со седиште во Скопје, каде ќе се слеваат и обработуваат сите информации и ќе се дејствува превентивно.

„Тероризмот е сериозна безбедносна закана за балканските држави, затоа е неопходно државите поблиску да соработуваат, додека организираниот криминал разорно дејствува на демократскиот и економскиот развој“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека криминалот ги кочи и евроинтеграциските процеси на државите аспиранти за влез во ЕУ.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Легализацијата на криптовалутите ќе биде од бенефит за граѓаните и трговијата кон странство

Објавено пред

Легализацијата на трговијата со криптовалути ќе биде од бенефит и за граѓаните и за правниот промет кон странство, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија претходно најави дека ќе изготви законско решение и ќе го поднесе до Собранието, за да ја легализира трговијата со криптовалути и нивното чување. Според решението, граѓаните кои што ќе тргуваат ќе бидат ослободени од ДДВ, а инвеститорите од данок на доход и данок на добивка најмалку до крајот на 2023 година.

„Со формализирање на трговијата ќе им се овозможи на нашите граѓани кои тргуваат со круптовалути да можат да ги разменуваат за пари во Македонија, а на правните лица ќе им се овозможи да вршат плаќања кон странство кон своите добавувачи или клиенти во криптовалути, и сето тоа да биде формално регистрирано како да се работи за жирално плаќање, со тоа ќе се овозможи поголема брзина во трансакциите и пократки временски рокови за вршење на плаќањето“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека над 40 банки во Германија веќе овозможуваат трговија и чување на криптовалути за своите клиенти. Пеј Пал тоа го прави во САД, а Виза има дебитни картички кои овозможуваат поддршка на криптовалути.

Прикажи повеќе...

Македонија

Алијанса за Албанците: САД ги потврди нашите проценки за корупција

Објавено пред

Американскиот Стејт департмент го потврди она коешто ние цело време амармираме – за високото ниво на криминал и корупција, во кое директно се вклучени владини претставници и раководители на институции во земјата, велат од Алијансата за Албанците преку соопштение.

Во изврештајот е наведено дека „има бројни извештаи дека некои функционери сè уште се вклучени во коруптивни активности“.

„Во извештајот понатаму се наведува дека Северна Македонија има донесено антикорупциски закони, но тие не се спроведуваат. Извештајот ја пофалува работата на Државната комисија за спречување корупција, но ги истакнува проблемите во централните институции и судството како причина за неуспех во оваа битка. Овие се оценуваат во извештајот како главна пречка за инвестициската клима во Северна Македонија“, велат од Алијанса.

Алијанса за Албанците го оценува како несериозно и неодговорно однесувањето на Владата. Од партијата на Зијадин Села порачаа дека ваквите аларми власта ги третира со небрежност, додека најсериозните последици ги сносат граѓаните кои ја напуштаат државата секој ден, за да бегаат од недостаток на перспектива и корупција на институциите кои се фатени од сегашната власт.

Прикажи повеќе...

Македонија

Единствена Македонија: Доколку Бугарите бидат внесени во македонскиот устав, мора и Македонците да бидат внесени во бугарскиот устав

Објавено пред

Соопштение на Единствена Македонија

„Бугарски политичари во последно време се повеќе ја актуелизираат идејата за промена на македонскиот устав, со цел, во највисокиот правен акт да се споме и бугарско малцинство во државата.

Вршителот на должноста бугарски министер за надворешни работи Светлан Стоев дури рече дека промената на македонскиот устав е еден од начините за решавање на проблемите со припадниците на бугарското малцинство во Македонија.

Единствена Македонија нема ништо против овој повик од бугарска страна, но, само доколку до дојде до промена и на бугарскиот устав, со цел, во него да бидат внесени Македонците во Бугарија. Дотолку повеќе, во Бугарија има многу повеќе Македонци отколку Бугари во Македонија.

Доколку марионетската влада во Скопје не побара и Македонците да бидат внесени во бугарскиот устав и повторно оди против македонските национални интереси и меѓународно правно-признатите начела и норми во оваа сфера, Единствена Македонија ќе преземе потребни чекори во соработка со здруженијата на Македонците во земјата, во соседните земји и пошироко во странство“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

Охридското Езеро засега го задржува статусот на УНЕСКО

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на својата 44 сесија, која се одржува во Фуџу, Кина, донесе одлука Природното и...

Регион14 часа

Возачот на косовскиот автобус признал дека задремал зад воланот, загина и неговиот колега

Хрватската полиција го уапси возачот на косовскиот автобус кој денеска излета од автопатот кај Славонски Брод, Хрватска. Најмалку 10 лица...

Македонија16 часа

МНР купи електрични тротинети за вработените, набавката била дел од проектот „Зелена дипломатија – новото нормално“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги промовираше електричните тротинети, набавени за користење од страна на вработените во министерството, образложувајќи...

Свет19 часа

(Видео) Невреме повторно ја погоди Белгија, поплавата носеше возила

Силно невреме повторно ја погоди Белгија и предизвика штета, десет дена по поплавите во кои загинаа 36 лица. Возилата во...

Македонија19 часа

Скопје добива легални ѕидови за слободно користење на уличните уметници

Како дел од активностите на кандидатурата на Град Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“, назначени се две...

Македонија19 часа

Мал процент на граѓани се заразиле со Ковид по две дози вакцина, од утре вакцинација и дома

Само 0,02 отсто од македонските граѓани се заразиле со коронавирус по вакцинацијата. Конкретно, од вкупно 330.320 граѓани со примени две...

Македонија19 часа

Гужви на Богородица и Табановце, за влез и излез во државата се чека и до 45 минути

Големо раздвижување на граничните премини има утрово. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека на граничните премини Богородица и Табановце задржувањето за...

Македонија1 ден

Силно сме спротивставени на корупцијата, велат од Владата по извештајот на Стејт Департментот

Силно сме спротивставени на корупцијата – за разлика од претходната, оваа Влада сериозно ги зема предвид и постапува по меѓународните...

Македонија1 ден

Заев: Во првиот круг секој ќе настапи со свој кандидат, а во вториот ќе коалицираме со ДУИ, БЕСА и ДПА

Бидејќи сме коалициони партнери со ДУИ, БЕСА и со ДПА, заедно ќе настапиме за локалните избори, изјави премиерот и претседател...

Македонија2 дена

Регистрирани 37 нови случаи на коронавирус, најмногу во Тетово и Скопје

Во последните 24 часа се направени 4.264 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Тетово – 13, Скопје...

Свет2 дена

(Видео) Илјадници луѓе излегоа на протест во Австралија поради карантинот

Илјадници луѓе се собраа денес во Сиднеј и другите австралиски градови во знак на протест против воведените рестриктивни мерки поради...

Македонија2 дена

Од понеделник почнува вакцинирање во домашни услови

Министерството за здравство ја информира јавноста дека од понеделник граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат...

Македонија2 дена

Мицкоски: Советничка на Заев е предложена за член на Судски совет, ете зошто Македонија не е правна држава

Советник на Заев, финансиер на СДСМ, владин член на бордот на Телеком – Тања Чачарова Илиевска, сега е претставена за...

Европа2 дена

За исчезнати се водат 150 лица по поплавите во Германија

Во поплавите што ја зафатија западна Германија на 14. и 15 јули загинаа 180 лица, а околу 150 се уште...

Свет2 дена

ЕМА ја одобри вакцината на „Модернa“ за деца над 12 години

Вакцината против коронавирус од американскиот производител Модерна може да се инјектира и на деца и адолесценти на возраст од 12...

Македонија2 дена

Димитров: Влогот е огромен, ЕУ да нѐ третира со достоинството што го заслужуваме

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска, на вториот ден од неформалниот состанок на министри за европски...

Македонија2 дена

И Катица Јанева е спроведена во „Идризово“

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е спроведена од домашен притвор кој го издржуваше во Гевгелија во затворот „Идризово“, каде...

Македонија3 дена

Регистрирани нови 36 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.569 тестирања, а регистрирани се 36 нови случаи на...

Спорт3 дена

Македонското знаме се развиори на олимпискиот стадион во Токио

Македонската олимписка експедиција со осум спортисти и се претстави на светската спортска јавност при претставувањето на свеченоста на отворањето на...

Македонија3 дена

(Видео) Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими и Живко Мукаетов одликувани со Орден за заслуги

Претседателот Стево Пендаровски ги одликува Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими, постхумно, и Живко Мукаетов со Орден за заслуги за...

Досие