Контакт

Соопштенија

ДОМ: Веднаш да започне отстранувањето на дивоградбите во Охридскиот регион

Објавено пред

Партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ) остро го осудува продолжувањето на градежни активности на нелегалниот објект на кој при интервенцијата на општинската градежна инспекција беа уапсени градежни работници.

Од оваа партија бараат од локалните власти да се санкционираат прекршителите на законите и мораториумот за градба изгласан од Советите на општините Охрид и Струга и веднаш да се започне со најавената акција за отстранување на нелегалните градби.

„Граѓаните со нетрпение очекуваат да се спроведат препораките на УНЕСКО и да се обезбеди зачувување на нашето единствено светско природно и културно наследство. За крајот на овој месец, веќе е најавена и мисија на експерти на УНЕСКО“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава дека дрското непочитување на законите од страна на поединци фрла сенка на сите претходни вложени напори направени во поглед на заштита и зачувување на природното и културното наследство во Охридскиот регион.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев по насилен, неуставен и шверцерски пат сака да донесе Законот за ЈО

Објавено пред

Република Македонија и законодавниот дом не смеат никогаш повеќе да бидат заложници на криминалот, изнудите и тргувањето со националните интереси, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Како што шверцерски, преку непринципиелни пазарења, состави мнозинство за да дојде на власт и за да ја заобиколи волјата на граѓаните, така и на крајот од неговото владеење, Заев со уцени, закани и поткуп се обидува да обезбеди поддршка на сопствената амнестија.

Зоран Заев по насилен, неуставен и шверцерски пат преку своите слуги сака да донесе Законот за јавно обвинителство се со цел тој да се спаси од одговорност за сите криминални афери и скандали.

Заев ги злоупотребува институциите и во законот за јавно обвинителство гледа последна шанса за спас кога ќе падне од власт.
Законот е штетен и селективен, спротивен на Уставот, а тоа го потврдија и универзитетски професори, докажани во својата професија.

Интерес на сите граѓани во Република Македонија е владеење на правото, развиена и стабилна економија, а не насилство, уцени, и агресија од страна на криминално рекетарската власт на СДСМ и Заев.

12 април е денот кога ќе се стави крај на политичката криза, нестабилноста и несигурноста која што ја создава СДСМ и крај на политичката кариера на Заев“ порачува партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Ветените 30.000 денари просечна плата ќе ги реализираме наскоро

Објавено пред

СДСМ успешно креира и реализира економски политики насочени кон јакнење на економскиот потенцијал и подобрување на финансиските перформанси на државата и на граѓаните. Во скратениот мандат од две и пол години, ја зголемивме минималната плата од 9.000 на 14.500 денари. Нашата цел е минималната плата до крајот на 2024 година да изнесува минимум 18.000 денари, соопшти СДСМ.

„Просечната плата за само две години порасна за 3.100 денари денари и изнесува 25.757 денари. Ветените 30.000 денари просечна плата ќе ги реализираме наскоро, како резултат на сите мерки и политики кои ги преземаме во економијата.

Во изминатите 2,5 години покажавме дека можеме и умееме. Економските политики на СДСМ ја извлекоа економијата од минус, БДП порасна за повеќе од пет проценти, односно од минус 1,8%, се искачи на 3,6%.

Отворивме 60.000 нови работни места што е рекорд за толку кратко време и ја намаливме невработеноста на историски најниска стапка од 17.1 отсто.

СДСМ успешно ги реализира економските политики, посветени на враќање на парите кај граѓаните.

Граѓаните тоа го гледаат и затоа по 12 април, продолжуваме по правиот пат“ се додава во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски не знае дека платите на лекарите специјалисти од месецов растат за 25%

Објавено пред

Во ВМРО-ДПМНЕ постои само штаб за обнова на режимот и одбрана на криминалот, раководен од извршителот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски, соопшти СДСМ.

„Криминалното време на ВМРО-ДПМНЕ го урниса здравството, немаше лекови, клиниките и болниците беа руинирани и во големи долгови, со неупотреблива опрема и дефицит на медицински кадар.

Згора на тоа, ВМРО-ДПМНЕ го намали капитациониот бод на матичните лекари и ги намали нивните приходи. Затоа извршителот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да понудат ништо во интерес на граѓаните, најмалку во здравството.

Во СДСМ веќе одамна постои штаб за качување плати и неговите резултати се потврдени преку официјални податоци. Мицкоски се обидува да им ветува на специјалистите нешто што СДСМ го оствари.

Од февруари платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25 отсто. Кулулативно, за две и пол години, лекарите специјалисти ќе имаат за 40 отсто повисоки примања, општите лекари за 25 отсто, сестрите за 20 отсто, а здравствените соработници за 15 отсто.

Наместо да чека инструкции од Будипмешта и да го брани криминалот, го упатуваме извршителот Мицкоски да ги прочита извештаите на Државниот завод за статистика, таму може да види со какво позитивно темпо растат платите во овие две и пол години, како во здравството така и во сите останати сектори.

На извршителот Мицкоски треба да му биде јасно дека нема враќање назад. На 12 април граѓаните ќе порачаат режим никогаш повеќе, се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет46 минути

Бројот на заразени надмина 68.000, 70 нови случаи на крузерот во Јапонија

Бројот на заболени од коронавирусот на крузерот во Јапонија, од вчера порасна за 70. Министерот за здравство на Кина, Кацунобу...

Македонија1 час

Владата ги поништи распоредувањата во МВР од министерот Чулев

На деветтата седница на техничката влада, што се одржа доцна синоќа, Владата донесе неколку одлуки, меѓу кои и за поништување...

Свет2 часа

Водителката која го истепа својот дечко пронајдена мртва

Каролин Флек, поранешната водителка на британското риалити шоу „Лав Ајланд“, е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Лондон. Таа имаше...

Македонија2 часа

Пратениците ќе гласаат за законот за ЈО, одбрана и Совет на јавни обвинители

Пратениците денеска треба да гласаат за законот за јавно обвинителство, законот за одбрана и за законот за Советот на јавни...

Свет16 часа

(Видео) Итно евакуирани патници од авион на аеродромот во Дизелдорф

Патниците од авион на компанијата „Пегасус“, Боинг 737-800, попладнево итно беа евакуирани откако авионот слета на аеродромот во Дизелдорф. Патниците...

Македонија22 часа

Двајца македонски државјани позитивни на коронавирусот

Министерството за здравство има информација за двајца македонски државјани коишто се позитивни на коронавирус. Станува збор за еден член на...

Македонија22 часа

Макрон ја отвора вратата на ЕУ за Северна Македонија и Албанија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ако извештајот на Европската комисија за Северна Македонија и Албанија во март е позитивен,...

Македонија23 часа

Изгласани измените на изборниот законик – Дебар и Маврово-Ростуше се преместуваат во петтата изборна единица

Утринава пратениците во Собранието го изгласаа предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, со што Дебар и Маврово-Ростуше од шестата...

Топ24 часа

Две лица убиени во грабеж на казино во Скопје

Утрово околу 5 часот дошло до пукање во казино на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје пришто убиени се две лица....

Свет1 ден

Вкупно 1.523 лица починаа од вирусот во Кина, а 66.492 се заразени

Во Кина досега 1.523 лица починале од коронавирусот, а заразени се 66.492 лица, изјави официјалниот претставник на Националната здравствена комисија...

Македонија1 ден

Разрешена министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи

Собранието со 62 гласа „за“ и 26 „против“ го прифати предлогот на техничкиот премиер Оливер Спасовски за разрешување на техничката...

Македонија2 дена

Џафери: Ќе бидеме во постојано заседание до распуштање на Собранието

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, даде пауза од еден час по што собраниската дискусија по предлот-законот за ЈО ќе продолжи....

Свет2 дена

Во пожар во сиропиталиште на Хаитите загинаа 13 деца

Тринаесет деца загинаа во пожар во сиропиталиште во близина на главниот град на Хаитите, Порт-о-Пренс, соопштија вработени за грижа на...

Свет2 дена

Штајнмајер ги обвини САД, Кина и Русија за небезбедноста во светот

Германскиот претседател, Франк Валтер Штајнмајер, порача дека меѓународната политика влегува во мрачна доба за што се одговорни светските сили САД,...

Интервју/Дебата2 дена

(ВИДЕО) Тимоние: Влезот во ЕУ многу зависи од кредибилитетот на вашето судство

Францускиот амбасадор во земјава, Кристиан Тимоние, во екот на политичките препукувања на законот за Јавно обвинителство, во интервју за „Макфакс“...

Македонија2 дена

Јавноста нема да слушне дел од разговорите меѓу Милески и Јовановски под образложение дека се сензитивни

Јавноста е исклучена од денешното рочиште за „Рекет“, додека во судницата зе слуша нов разговор, кој според обвинителката Вилма Русковска...

Македонија2 дена

Груби: Од прв до последен ќе гласаме за законот за ЈО, ДУИ нема никакви условувања

Ставот на ДУИ е дека даваме недвосмислена поддршка за сите договорени закони, истакна претставникот на оваа политичка партија Артан Груби,...

Македонија2 дена

(Видео) Јовановски: Доцниме на судење бидејќи бев нападнат од затворски службеници

Спроводот на Бојан Јовановски од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари доцнеше 20 минути, а при влезот во судницата, тој кажа...

Македонија2 дена

Дескоска и пратениците од СДСМ нема да се јавуваат за збор за законот за ЈО за да заштедат на време

По барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, собранискиот спикер Талат Џафери даде пауза од еден час...

Македонија2 дена

Спасовски: Да се донесат законите, а потоа да се распушти Собранието

Премиерот Оливер Спасовски изјави дека прво треба да се донесат во Собранието сите закони коишто се важни за граѓаните, па...

Досие