Контакт

Соопштенија

ДОМ: Европските зелени се залагаат земјава веднаш да добие датум за преговори

Објавено пред

Од партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ) велат дека европските зелени се залагаат земјава веднаш да добие датум за преговори за членство во ЕУ.

Како што нагласуваат од ДОМ, веднаш по најавата на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, за можното одлагање за добивањето датум за пристапни преговори за нашата држава, копретседателот на европските зелени, Рајнхард Бутикофер, ги повикал сите земји членки на ЕУ да помогнат во отворањето на пристапните преговори со Република Северна Македонија.

„Блокирањето на една ваква важна одлука ќе значи грешка од историски размери. Тоа ќе предизвика екстремно негативни последици за европската безбедност, за стабилноста на Балканот и за кредибилитетот на ЕУ во меѓународни размери. Ваквата одлука ќе претставува страшно предавство спрема граѓаните на Република Северна Македонија“, посочил Бутикофер.

Тој истакнал и дека владите на земјите членки треба да покажат макар половина од храброста што ја покажале граѓаните на Северна Македонија и да се согласат да почнат пристапните преговори со ЕУ.

 

 

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев веднаш да поднесе оставка

Објавено пред

Доста бea лаги, доста манипулации. Зоран Заев веднаш да си поднесе неотповиклива оставка. Европа кажа не на криминалот и корупцијата, кажа не на рекетот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Европа му кажа не на Зоран Заев, а жртва за жал се граѓаните и Република Македонија. Овој пораз е единствено на сметка на Зоран Заев и погубните политики на СДСМ, а не на македонскиот народ и граѓаните на Македонија“, обвини опозициската партија.

Како што предупредуваше ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од таму, откажувањето од името, идентитетот, јазикот и историјата не се европски вредности, без реформи европската перспектива за Македонија е само мисловна именка.

„Потребни се реформи кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги предложи во најкус можен период. Доаѓа обновата на Македонија и крај на криминалната банда која ја корумпираше секоја пора на македонското општество. Заев е во паника и единствено го одложува неизбежниот крај на неговата трагична политичка кариера во која донесе само порази за македонската држава и македонскиот народ. Заев се плаши само од едно нешто, тој се плаши поради тоа што ќе мора да плати за се што стори. Се плаши бидејќи ќе одоговора за лоповлукот, корупцијата, рекетот, криминалните тендери и грантови на штета на македонскиот народ. Крајот е близу, време е за обнова, време е за предвремени парламентарни избори, на кои граѓаните на Република Македонија ќе кажат доста е од корумпирани политичари за кои синоним е Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: За Заев, поважен е законот за дроги отколку македонските евроинтеграции

Објавено пред

Зоран Заев и СДСМ среде трагедијата со отворањето на македонската интеграција за почеток на преговорите во ЕУ туркаат закон за дроги и се грижат за закон за богатење на личните семејни бизниси на кланот Заеви, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Како што рече тој, за Заев, поважен е законот за дроги за да спечалат семејните фирми во Свети Николе, Карбинци и во Валандово отколку македонските евроинтеграции.

„Уште повеќе, се злоупотребува европското знаменце за тоа. Демек, законот е европски, а нема ниту еден наведен референтен европски закон на кој би се повикувал овој закон“, посочи партискиот портпарол, кој потоа се задржа на средбата на премиерот со Биг Мајк, таканаречениот крал на марихуаната.

Според Стоилковски, токму по таа средба Заев изготвил закон од кој има личен интерес и, како што рече портпаролот, со европско знаме го доставил пред пратениците.

„Зоран Заев е само пример како картелот на власт, октоподот, ја злоупотребува власта за лични богатења. Политичките функции се злоупотребуваат за лични богатења на семејните бизниси. Затоа, бараме сите политичари што вршат јавни функции, доколку се сопственици, акционери или косопственици на одредени компании, суштински да ги отуѓат бидејќи отвораат можност за корупција и за насочување на економските текови во државата кон лични цели“, посочи Стоилковски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Мицкоски: Голем интерес за акцијата на ВМРО-ДПМНЕ, над 15.000 граѓани посочија на проблеми

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва оствари средба со граѓаните од Кисела Вода, на која порача дека партијата почнува нови активности, поради, како што кажа, големиот интерес во државата во врска со акцијата и теренските активности што ги води ВМРО-ДПМНЕ.

„Практично денеска и тоа што ќе се случува почнувајќи од следниот викенд, секој ден штабовите на ВМРО-ДПМНЕ ширум нашата татковина ќе бидат отворени за граѓаните да можат да дојдат, да бидат сослушани, пречекани од страна на активистите, да можат да ги запишат, односно да ги сослушаат граѓаните кои се нивните проблеми во секојдневниот живот“, рече Мицкоски.

Лидерот на опозициската партија нагласи дека досега повеќе од 15.000 граѓани, директно или индиректно, ги артикулирале своите проблеми до ВМРО-ДПМНЕ.

„Од викендот практично почнуваме континуирано со состаноци во месните заедници, во руралните и урбаните средини заедно со граѓаните во Македонија и повторно разговори на отворено за она коешто претставува реален проблем што е дел од нивното секојдневие“, нагласи Мицкоски и додаде дека очекува од СДСМ набрзо да се охрабрат и да излезат на предвремени избори.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

(Видео) Заев предлага предвремени избори што е можно побрзо

Премиерот Зоран Заев предлага одржување на предвремени парламентарни избори што е можно побрзо. Во своето прво обраќање откако Европската Унија...

Вести1 час

(Видео) Вонредна состојба во Чиле по насилните протести поради поскапувањето на јавниот превоз

Чилеанскиот претседател, Себастијан Пинера, прогласи вонредна состојба во Сантијаго откако во градот со шест милиони луѓе синоќа избувнаа немири во...

Македонија2 часа

Измама во ФК Куманово 1903, претседателот затаил данок од речиси милион денари

Полицијата поднесе кривична пријава против претседателот на правното лице „Фудбалски клуб Куманово 1903“, против сметководителка и против правното лице Здружение...

Свет2 часа

Почна најдолгиот лет во светот, научници го следат однесувањето на патниците

Авиокомпанијата „Квантас“ вчера вечер го почна најдолгиот комерцијален лет во светот што ќе ги поврзе Њујорк и Сиднеј и ќе...

Економија4 часа

Светска банка ќе даде поддршка од 120 милиони долари за финансирање на пет проекти

Светска банка ќе даде поддршка од околу 120 милиони долари за финансирање на пет проекти со кои ќе се подобри...

Европа4 часа

(Видео) Полицијата ја презеде контролата над улиците во Барселона, уапсени 27 лица

Каталонската и шпанската полиција ја презедоа контролата над улиците во Барселона и другите каталонски градови по синоќешните насилни протести. Полицијата...

Македонија4 часа

САД: Разочарани сме од одлуката на ЕУ за Северна Македонија

САД изразија разочараност затоа што Европскиот совет не додели датум за преговори за Северна Македонија и за Албанија.Стејт департментот наведува...

Спорт15 часа

Батистута повторно на операција: Ги молев лекарите да ми ги ампутираат нозете

Аргентинската фудбалска легенда, Габриел Батистута открива дека ги молел лекарите да му ги ампутираат нозете по големите проблеми со повредите...

Македонија16 часа

Хелсиншки бара казна за училиштето во Гостивар каде деца со војнички поздрав ја поддржаа офанзивата во Сирија

Хелсиншкиот комитет остро го осудува злоупотребувањето на учениците од гостиварското основно училиште Мустафа Кемал Ататурк за политички цели. На 17.10.2019...

Македонија18 часа

Ципрас: Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот, отколку во Европа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас го осуди фактот дека лидерите на земјите-членки на ЕУ не успеаја да се постигнат согласност...

Култура19 часа

Министерството за култура го осуди вандализмот, бара да се заштити Аквадуктот

Министерството за култура енергично го осудува вандалскиот чин на оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што...

Македонија19 часа

(Видео) Интервју со Села: 18 години не одговарал ниеден функционер од ДУИ

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „Макфакс“ рече дека не може да се оочекува ЕУ да...

Македонија19 часа

Влада: Во тек се консултации, Заев носи одлуки во интерес на граѓаните и државата

Во тек се интензивни консултации после заклучоците на Европскиот совет, премиерот Зоран Заев носи одлуки водејќи се исклучиво од интересите...

Македонија21 час

Лидерската средба ќе се одржи в недела во вилата на Водно

На иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, в недела – 20 октомври во кабинетот на претседателот во „Вилата Водно“, со почеток...

Европа21 час

Макрон: Земјите од соседството на ЕУ не е нужно да бидат нејзини членки

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во првото обраќање во јавноста откако стави вето за пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија...

Македонија22 часа

Туск: Верувам дека ова е кратка криза, а не крај на проширувањето на ЕУ

По завршувањето на самитот на ЕУ во Брисел, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и претседателот на Европскиот совет, Доналд...

Македонија23 часа

Конте: Одлуката на ЕУ за Северна Македонија и Албанија е историска грешка

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, изјави дека одлуката на Европската Унија да не го отвори пристапниот процес за Северна Македонија и...

Македонија23 часа

(Видео) Пендаровски свика лидерска: Не е време за разочарување, туку за обединување

По одлуката на Советот на Европската Унија да не даде датум за почеток на преговорите за членство на нашата држава...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија23 часа

Хан: Одговорноста за овој неуспех не е на Северна Македонија, туку на ЕУ

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, вели дека одговорноста за одлуката да не им се додели датум за преговори на Северна...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски: Предвремени парламентарни избори за да се надмине кризата

Одлуката за недобивање датум е пораз, но не пораз на народот, туку на политиките на Заев и оваа власт, навлезена...

Досие