Контакт

Соопштенија

ДОМ: Секој граѓанин да излeзе на референдумот и да го искаже својот став

Објавено пред

Партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ) денеска одржа седница на Централниот одбор на која беше договорено партијата да се вклучи во позитивната кампања на референдумот.

Како што предходно беше соопштено, ДОМ како политичка партија ја поддржа ратификацијата на договорот со Грција, а оттаму велат дека крајната одлука останува на граѓаните кои ќе се изјаснат на референдум.

„Важно е секој граѓанин да излазе и да гласа, зашто само искажаниот став станува видлив и се брои. Ова го темелиме на убедувањето дека стратешки интерес на Република Македонија е влезот во ЕУ и НАТО, а друга алтернатива во моментов не постои“, се наведува во партиското соопштение.

На денешната седница била донесена и одлука за одржување на редовниот Четврти конгрес на ДОМ во декември годинава. За таа цел преку јавна објава во медиумите ќе бидат повикани членовите на ДОМ да се обратат до општинските организациии во своите места на живеење за да го искажат својот интерес за учество во новите органи и тела на партијата.

Соопштенија

(Видео) Колемишевски: До крајот на 2020 година просечната плата ќе се искачи на 30.000 денари

Објавено пред

Само ако останеме на правиот пат од државата може да направиме квалитетно и удобно место за живеење, во кој секој ќе ја гледа својата иднина. Истакна претседателот на Комисијата за економија на СДСМ Кирил Колемишевски на граѓанската трибина „На прав пат“ во Струга.

Колемишевски се осврна на економските политики на СДСМ, кои, како што рече, даваат очигледни и реални резултати.

„Економијата од минус за само две години бележи раст на БДП од над 4 насто, директните странски инвестиции од минорни бројки во 2018 година се искачија на на 624 милиони евра. За три години минималната плата се зголеми за 5.500 денари од 9 на 14.500 денари“, нагласи Колемишевски, и ги повика сите работници на кои газдите им бараат пари назад слободно да ги пријават.

Тој најави дека со ваквото темпо на раст на платите, до крајот на 2020 минималната плата ќе се искачи на 16.000 денари, а просечната на 30.000 денари.

„Со младинските и економските политики на СДСМ, младите повеќе нема да се иселуваат, тука ќе имаат услови за добро платена работа, бидејќи ние се грижиме за граѓаните, вложуваме во нив, а не во споменици“, истакна потпретседателот за економија на СДСМ Кирил Колемишевски на граѓанската трибина „На прав пат“ во Струга.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Шекеринска: Продолжуваме по прав пат до нова победа на брзи избори

Објавено пред

Кога е најважно ние сме најбројни, кога е најсериозно ние сме обединети и тоа повторно ќе го покажеме, истакна заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на граѓанска трибина во Струга.

„Постои една порака многу јасна и најважна, ние нашето го испорачавме, Европската Унија направи историска грешка. И тоа е порака испратена од највисоките претставници на Унијата. Со чист образ и многу долга листа исполнети обврски дојдовме во Брисел. Се она што зависеше од нас беше исполнето.Разбирливо е разочарувањето на граѓаните, но едно нешто останува јасно, ова што ни се случи не прави посилни, не прави повеќе убедени дека сме на вистинскиот пат и дека ќе победиме. Затоа од Струга праќаме порака дека веруваме во нашата држава и нашиот народ. Подготвени сме. Веруваме дека нашиот народ ја носи вистинската одука на брзи избори за да продолжиме по прав пат“, Шекеринска.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев веднаш да поднесе оставка

Објавено пред

Доста бea лаги, доста манипулации. Зоран Заев веднаш да си поднесе неотповиклива оставка. Европа кажа не на криминалот и корупцијата, кажа не на рекетот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Европа му кажа не на Зоран Заев, а жртва за жал се граѓаните и Република Македонија. Овој пораз е единствено на сметка на Зоран Заев и погубните политики на СДСМ, а не на македонскиот народ и граѓаните на Македонија“, обвини опозициската партија.

Како што предупредуваше ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од таму, откажувањето од името, идентитетот, јазикот и историјата не се европски вредности, без реформи европската перспектива за Македонија е само мисловна именка.

„Потребни се реформи кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги предложи во најкус можен период. Доаѓа обновата на Македонија и крај на криминалната банда која ја корумпираше секоја пора на македонското општество. Заев е во паника и единствено го одложува неизбежниот крај на неговата трагична политичка кариера во која донесе само порази за македонската држава и македонскиот народ. Заев се плаши само од едно нешто, тој се плаши поради тоа што ќе мора да плати за се што стори. Се плаши бидејќи ќе одоговора за лоповлукот, корупцијата, рекетот, криминалните тендери и грантови на штета на македонскиот народ. Крајот е близу, време е за обнова, време е за предвремени парламентарни избори, на кои граѓаните на Република Македонија ќе кажат доста е од корумпирани политичари за кои синоним е Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

Лидерска средба без меѓународен фактор за првпат од независноста

Лидерската средба организорана од Претседателот на државата, Стево Пендаровски денеска во 17 часот, е првата средба во овој формат од...

Македонија2 часа

Пановски: „Ла Верита“ пишува глупости, Заев не барал одмрзнување на 750.000 евра

Обвинителот во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, Наум Пановски ги демантира пишувањата на италијанскиот весник „Ла Верита“ за инволвираност...

Свет4 часа

(Видео) Тестиран првиот лет во историјата од Њујорк до Сиднеј без прекин

Авион на австралискиот авиопревозник по 19 часа и 16 минути лет, утрово успешно слета во Сиднеј. Тоа беше прв нон-стоп...

Свет4 часа

Трамп ја повлече одлуката самитот на Г7 да се одржи во неговиот хотел на Флорида

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече одлуката следниот амит на Г7 да се одржи во неговиот хотел „Дорал“ во близина...

Свет4 часа

Турција планира да врати два милиони бегалци во Сирија

Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, изјави дека Турција сака силите на сириската Влада да се повлечат од пограничното подрачје,...

Македонија4 часа

Лидерите на средба кај Пендаровски за предвремени парламентарни избори

Лидерите на најголемите политички партии денеска попладне во вила Водно ќе имаат лидерска средба, на која повика претседателот Стево Пендаровски...

Свет5 часа

Туск доби писмо од Џонсон за одлагање на брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск потврди дека синоќа добил писмо од британскиот премиер Борис Џонсон во кое се бара...

Свет5 часа

Во Барселона повторно судири меѓу полицијата и демонстрантите

Во Барселона синоќа продолжија судирите помеѓу полицијата и демонстрантите, откако Мадрид го одби барањето на каталонскиот лидер, Квим Тора, кој...

Свет18 часа

Турција ги предупреди САД: Исполнете ги своите обврски или ја обновуваме операцијата во Сирија

Турскиот министер за одбрана, Хилуси Акар изјави дека турската војска е подготвена да ја обнови операцијата „Извор на мир“ во...

Свет21 час

Џонсон: Предлог законот за брегзит ќе го испратам во парламентот идната недела

Британскиот премиер Бори Џонсон им порача на пратениците дека од Брисел нема да бара ново одлагање. Тој треба да побара...

Свет21 час

Одложено конечното решавање на брегзит

Британските пратеници усвоиjа амандман со кој се бара одложување на гласањето за договорот за брегзит. За одлуката за пролонгирање на...

Топ22 часа

Во стан во Карпош пронајден мртов маж

Во стан на ул.„Вич“ во скопската населба Карпош, вчера утрото бил пронајден починат 54-годишнен маж, М.Ш., соопшти МВР. По наредба...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски: Очекувам да се договориме за избори, ако Заев не се премисли

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека очекува утре на лидерската средба да биде постигнат договор за предвремени парламентарни избори,...

Македонија1 ден

(Видео) Заев предлага предвремени избори што е можно побрзо

Премиерот Зоран Заев предлага одржување на предвремени парламентарни избори што е можно побрзо. Во своето прво обраќање откако Европската Унија...

Вести1 ден

(Видео) Вонредна состојба во Чиле по насилните протести поради поскапувањето на јавниот превоз

Чилеанскиот претседател, Себастијан Пинера, прогласи вонредна состојба во Сантијаго откако во градот со шест милиони луѓе синоќа избувнаа немири во...

Македонија1 ден

Инспекциски надзор во училиштето во Гостивар каде учениците ја поздравија воената операција во Сирија

Во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар, каде што учениците со војнички поздрав ја поздравија турската офанзива во Сирија,...

Македонија1 ден

Измама во ФК Куманово 1903, претседателот затаил данок од речиси милион денари

Полицијата поднесе кривична пријава против претседателот на правното лице „Фудбалски клуб Куманово 1903“, против сметководителка и против правното лице Здружение...

Свет1 ден

Почна најдолгиот лет во светот, научници го следат однесувањето на патниците

Авиокомпанијата „Квантас“ вчера вечер го почна најдолгиот комерцијален лет во светот што ќе ги поврзе Њујорк и Сиднеј и ќе...

Економија1 ден

Светска банка ќе даде поддршка од 120 милиони долари за финансирање на пет проекти

Светска банка ќе даде поддршка од околу 120 милиони долари за финансирање на пет проекти со кои ќе се подобри...

Европа1 ден

(Видео) Полицијата ја презеде контролата над улиците во Барселона, уапсени 27 лица

Каталонската и шпанската полиција ја презедоа контролата над улиците во Барселона и другите каталонски градови по синоќешните насилни протести. Полицијата...

Досие