Контакт

Соопштенија

ДОМ: 8 Септември е ден за паметење и гордост

Објавено пред

ДОМ преку соопштение им го честита Денот на независноста, 8 Септември, на сите граѓани на Република Македонија.

„Тој е светол празник и на сите Македонци во светот, зашто во колективната меморија живее вековната борба за своеименска држава, каде Македонецот ќе биде свој на своето! Ова е ден за паметење и гордост, ден за оддавање почит на сите знајни и незнајни борци за македонска држава. Нека е честит 8 Септември, Ден на независноста, кога на референдум граѓаните на Република Македонија правно ставија точка на вековниот непокор“, се наведува во честитката на партијата ДОМ.

Соопштенија

СДСМ: Иванов и во пензија се однесува расипнички

Објавено пред

,,Додека актуелните носители на јавни функции штедат и значително ги намалуваат трошоците, Ѓорге Иванов, човекот кој ја извршуваше функцијата претседател и во пензија продолжува со расипничко трошење на парите од Буџетот”, соопшти СДСМ.

Според партијата, срамно и неодговорно е Иванов да ја демантира Државната комисија за спречување на корупцијата и да тврди дека не плаќа месечен закуп од 4.500 евра туку „само“ 1.950 евра. Научен на расипништво и непочитување на институциите Иванов треба да знае дека вкупните месечни трошоци изнесуваат 4.500 во кои влегува и киријата од 1.950 евра за канцеларискиот простор, како и плаќање на комуналните сметки, плати за тројца вработени и еден возач и пензијата на Иванов.

,,Дури и да се земе предвид само закупнината повторно се гледа расипништвото на Иванов. Ако се погледне во Алатката за отчетност, за месец Мај 2019, вкупните трошоци во ставката ,,Закупнина за стан за фунционери кои живеат надвор од Скопје”, изнесува 157 760 денари и се однесува за 7 носители на јавни функции, или просечно по 22 537 денари по лице, што во споредба со трошокот на Иванов од 120 000 денари е над пет пати помалку.

Според последните информации објавени преку Алатката за отчетност, вкупните лични службени трошоци на членовите на Владата на Република Северна во периодот декември 2018 – мај 2019 се намалени за 26 отсто во однос на првиот мониториран циклус од јуни до ноември 2017 година.Додека актуелните функционери трошат одговорно и домаќински, Ѓорге Иванов, човекот кој во најголемите кризи не изусти еден збор, денес бесрамно се расфрла со државни пари”, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо велосипедски патеки, скопјани со Шилегов добија урбан бетон и диви паркиралишта

Објавено пред

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје изразува загриженост и револт поради хроничната неработа на Шилегов и урбаниот и сообраќајниот хаос поради што се загрозува безбедноста на велосипедистите и пешаците. Наместо велосипедски патеки, скопјани со Шилегов добија урбан бетон и диви паркиралишта, порачаа од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

„Додека секаде низ Европа велосипедистите уживаат привилегии, само во град Скопје, под управа на Шилегов, тие се загрозена категорија учесници во сообраќајот. Две години Шилегов потроши на планирање и правење стратегија, а велосипедски патеки има сè помалку, а урбан бетон сè повеќе.

Сè што вети крадоначалникот Шилегов не исполни за велосипедистите.

– Пред изборите вети и не изгради нов велосипедски и пешачки надвозник кај „Алкалоид“ во Гази Баба.
– Вети и не исполни велосипедска патека на улицата Орце Николов.
– Шилегов вети и не исполни нова велосипедска патека кај реката Лепенец и реката Вардар во делот на Ѓорче Петров.
– Шилегов вети и не исполни велосипедски и пешачки мост во Аеродром.
– Шилегов вети и не исполни нов железнички надвозник за велосипедисти и пешаци во Даме Груев.
– Шилегов вети и не исполни изградба на велосипедски рути од Кисела Вода кон Карпош и Ѓорче Петров, од една страна, и од Бутел низ Чаир до Центар.

Наместо да мавта со документи и планови, Шилегов треба да си ги засука ракавите и да почне да работи. 2 години крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал, неработа“, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: За 2 години, обезбедени се 5 нови лекови, а буџетот за ретки болести е зголемен

Објавено пред

Привршуваат подготовките на мерката преку која веќе од 1 октомври граѓаните ќе ги добиваат потребните лекови во кој било ден од месецот. Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт, конечно, го решаваме деценискиот проблем со недостигот на лекови во интерес на нашите граѓани лековите да се препишуваат порационално, контролата е поголема, нема повеќе паника, метеж и чекање во редици пред аптеките, соопшти СДСМ.

„Воведени се три нови инсулини и набавени дополнителни 10 инсулински пумпи. Дијабетичарите сега имаат обезбедени лекови со сертификат за квалитет, укинат е паралелниот увоз и тие ја имаат најквалитетната терапија. Се грижиме и за лицата заболени од ретки болести, вложуваме во нови лекови за ретки болести.

За 2 години, обезбедени се 5 нови лекови, а буџетот за ретки болести е зголемен. За споредба, во 2016 година буџетот за оваа намена изнесувал 203 милиони денари, оваа година тој е 380 милиони денари, а со ребалансот на буџетот обезбедивме дополнителни 193 милиони денари.

Денес, никој не чека лек ниту, пак, некој е надвор од регистарот.

Ова се само дел од мерките што ја докажуваат грижата за граѓаните и пациенитие. СДСМ како одговорна партија останува посветена на заложбата за унапредување на здравствениот систем и обезбедување квалитетна и ефикасна здравствена заштита за сите граѓаните“, се вели во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Поради лекарски грешки годишно умираат 2,6 милиони луѓе

Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на...

Спорт5 часа

Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев,...

Регион6 часа

Кучиња намирисаа 11 килограми хероин во возило кај Драч

Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч...

Македонија7 часа

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија9 часа

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија11 час

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија11 час

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија11 час

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија12 часа

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Македонија14 часа

„02 Иницијативата“: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиона евра нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет15 часа

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Свет15 часа

Трамп: Иран стои зад нападот на Саудиска Арабија, но ќе почекаме да се докаже

Треба да се почека додека со сигурност не се дознае извршителот на нападот на Саудиска Арабија, изјави американскиот претседател Доналд...

Свет15 часа

Хамнеи: Никогаш нема да преговараме со САД

Иран никогаш нема да преговара со САД, политиката на Вашингтон заснована на максимален притисок ќе пропадне, изјави врховниот ирански верски...

Македонија16 часа

Пратеници формираа иницијатива за една изборна единица

Во Собранието на Северна Македонија се формира иницијатива за една изборна единица, во која се вклучија 12 пратеници од 10...

Македонија16 часа

Почнува внатрешното уредување на собите во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Државниот студентски центар преку Министерството за образование и наука почнува со внатрешното  уредување на собите во В и Г-блоковите во...

Свет1 ден

Путин ѝ понуди оружје на Саудиска Арабија

Рускиот претседател Владимир Путин во Анкара ѝ понуди на Саудиска Арабија да ѝ продаде свое оружје, по нападите на нафтените...

Свет1 ден

(Видео) Еруптира најактивниот вулкан во Јапонија, исфрли пепел до 4.000 метри висина

Еруптира еден од најактивните вулкани во Јапонија, Сакуријам, и над кратерот исфрла облак од пепел на најмалку 1.000 метри висина,...

Македонија1 ден

(Видео) Активисти за заштита на животните упаднаа на собир на Шилегов и Марин

Активисти за заштита на животните упаднаа на собир во скопската населба Аеродром каде што средба со граѓаните имаа градоначалниците на...

Македонија1 ден

Укинат притворот на Стевчо Јакимовски

Судот му го укина куќниот притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и му определи мерки на претпазливот....

Досие