Соопштенија
ДС: Последната мега афера ги потврди оценките дека партизацијата на МВР ја загрозува националната безбедност

Последната мега афера со издавање пасоши на припадници на мафијата и лица опасни по безбедноста само ги потврди оценките дека партизацијата на МВР и другите безбедносни институции директно ја загрозува националната безбедност и ги кочи евроинтеграциските процеси, велат од Демократскиот сојуз.
„Повеќе од 20 години селекцијата за прием во безбедносните служби ја прават партиите и се доминантни при конечната одлука за вработување, без да се почитуваат цврстите критериуми, базбедносните проверки, тестот на интегритет, здравствената состојба и други параметри клучни за конечната оценка дали некој може да биде дел од највиталните институции во државата“, велат од ДС.
Од таму додаваат дека изостануваат контролни механизми во работата на овие сектори и служби, присутно е одлевање на класифицирани информации до криминалните групи, бизнисмени, а најмногу до политичките партии.
Демократскиот сојуз предлага целосна кадровска обнова или ремонт и анализа на можните злоупотреби, при што како приоритети ги нагласува: прво, да се извршат безбедносни проверки за сите вработени во МВР и другите безбедносни сектори, како и тест-интегритет, здравствената способност, проверка на имотната состојба и досегашната работа и резултатите од работата и да се забрани членување во политичка партија на припадници на службите за безбедност.
ДС предлага да се направи ревизија на издадени државјанства, внесени единствени матични броеви, впишувањата во матичните книги на родените, издадени лични карти, возачки и сообраќајни дозволи, дозволи за поседување и носење оружје, како и издадени обични, дипломатски и службени патни исправи и да се зајакне раководниот тим во МВР со врвни професионалци, да се разработат и имплементираат контролни механизми во работата на сите сектори и МВР да се ослобиди од кадрите кои не ги исполнуваат критериумите за работа во оваа институција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: Со шарената револуција народот си ја спаси државата

Со шарената револуција илјадници граѓани во речиси сите градови низ државата си ја спасија државата од канџите на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, донесоа слобода и демократија кои денес се почитуваат и унапредуваат во континуитет, велат од владејачката партија СДСМ по повод петгодишнината од почетокот на ова граѓанско движење.
„11 години ВМРО-ДПМНЕ ја држеше државата заробена во режим, криминал, корупција и селективна правда сè додека оваа партија не беше поразена од граѓаните“, истакнуваат од СДСМ од каде додаваат дека политиките на Владата од 2017 година па до денес останале доследни во почитувањето на барањата и заложбите на шарената револуција.
„Денес предметите за висока корупција и организиран криминал се живи и тие добиваат и ќе добиваат судски разрешници, се случуваат сериозни реформи во судството, институциите се транспарентни, професионални и секогаш во служба на граѓаните. Процесот за унапредување на човековите права и слободи, за градење еднакво општество продолжуваат во континуитет како врвна заложба на СДСМ“, се наведува во партиското соопштение.
Од СДСМ додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ и денеска како партија знае, како што велат, само за режим, само да брани криминал и да шири лажни вести.
„Граѓаните шест пати ги поразуваат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и ќе продолжат да ги поразуваат сè додека од белиот дворец освен одбрана на криминал не нудат ништо друго“, посочуваат од владејачката партија.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Во викенд кога умреа 78 лица од Ковид-19, Филипче и Заев се возеа со мотори во Крушево, Охрид, по течението на Радика

Додека граѓаните умираат и се заразуваат, Зоран Заев и Венко Филипче си тераат прошетки со мотори, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Во овој викенд, кога 78 фамилии ги изгубија своите најблиски, овие двајца, кои се најодговорни за катастрофата, цело време шетаа на релации од Скопје преку Крушево, по течението на Радика, Охрид и каде ли уште не.
Овој месец изгубени се над 400 животи во Македонија затоа што Филипче и Заев не набавија навремено и доволно вакцини за имунизација на граѓаните.
Над 10.000 има нови заболени затоа што, наместо епидемиолошката слика, на Филипче и Заев им беа битни партиски избори, настани и попис.
И сега како сосема одлепени од реалноста, Филипче и Заев, без око да им трепне, се развозуваат со мотори низ Македонија во еден од најцрните викенди во ковид-епидемијата.
Срамно и бедно. Но, тие очигледно се оперирани од срам и одговорност бидејќи дозволија Македонија да биде на врвот по смртност и на дното по вакцинација во светот“, се додава во партиското соопштение.
Соопштенија
СДСМ: Мерките за помош на економијата даваат резултати

Официјалните статистички податоци потврдуваат дека мерките за надминување на последиците од корона-кризата, креирани и реализирани до институциите предводени од СДСМ даваат резултати, соопшти СДСМ.
„Со четирите пакети мерки 860 милиони евра завршија директно кај граѓаните и во стопанството.
Во јануари е регистрирано зголемување на просечната плата од 2,7 отсто, како и раст од 0,8 отсто на прометот во внатрешната трговија. Се забележува постепено намалување на стапката на невработеност, а вработеноста е соодветно зголемена.
Во однос на преткризниот период бележиме раст на буџетските приходи. Растот на вкупните приходи е 4,4 отсто, а 5 отсто е растот на даноците и придонесите.
Во јануари извозот има номинален раст од 15,4 отсто на годишна основа, увозот на стоки раст од 5,3 отсто, со што трговскиот дефицит во јануари се намали 29 проценти.
Во согласност со економските показатели и очекувањата предвидено е оваа 2021 година македонската економија да се врати на стабилни стапки на раст, платите да продолжат да растат, а невработеноста да се намалува.
СДСМ продолжува со креирање и реализација на мерки и политики за поддршка и поттикнување на домашната економија“, се наведува во соопштението.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш