Соопштенија
Единствена Македонија: Заев да ги каже со точен назив кои македонски организации биле кај него на средба

Зоран Заев вчера беше жив фатен во нова лага, која само потврдува дека пучистичката власт постојано се обидува да ја замајува јавноста откако стана јасно дека Македонците во земјата и светот се определија за неизлегување и бојкот на референдумот на 30 септември, велат од Единствена Македонија.
Во нивното соопштение испратено до медиумите посочуваат дека Заев продолжува да влегува од лага во лага и да лаже пред очите на целокупната македонска јавност.
Тие, како што посочуваат во соопштението, реагираат на вчерашното соопштение од Владата во кое информираа дека премиерот Заев имал средби со македонски организации од Швајцарија, Луксембург, Германија, Италија, Словенија, Хрватска, САД и за нивната подршка за референдумот.
„Во интерес на вистината го повикуваме Заев да ги каже со точен назив кои македонски организации биле кај него на средба во Владата за наводна поддршка на референдумот!? Немаше ниту една македонска организација на средба кај него бидејќи организациите на Македонците во странство на 5 август, заедно со 28 организации, го потпишаа меморандумот за стратешка соработка, со што Македонците во земјата и светот, единствени и сплотени, јасно ја изразија својата намера за неизлегување и бојкот на референдумот на 30 септември како единствен можен начин да се спречи обидот на пучистиката власт во Скопје и нивните странски ментори да ги избришат Македонците од светската мапа на нации со промена на името и идентитетот на македонскиот народ“, стои во соопштението испратено од Единствена Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Насевска: Ќе ја реконструираме киносалата во Злетово

Од песните и ората преку театарот, ликовниот израз, модерниот балет, уметничкото творештво е пулсот на македонското битие. Свесни сме дека без вложување во културата и негување на традицијата ќе го изгубиме она што не прави препознатливи како народ, вели Марија Насевска, кандидат за советник во Советот на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа во програмата на идниот градоначалник, Тони Тоневски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, планираме инвестиции во нови простори за културни активности.
Реконструкција на кино салата во Злетово, кино на отворено, културни фестивали кои ќе промовираат локални уметнци.
Културата расте таму каде што се сее, а ние ја сееме со љубов и визија“.
Соопштенија
Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, упати повик до членовите и симпатизерите на партијата, како и до сите граѓани, масовно да излезат во недела на 19 октомври и да гласаат за кандидатите за градоначалници и советници предложени од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа, како што вели, изборниот процес би се заокружил уште во првиот изборен круг.
„Ова не се избори само за локалната власт, туку и определба за тоа дали ќе градиме држава со сите елементи, во која ќе продолжиме со коренити и суштински реформи и на брза лента ќе се движиме кон ЕУ, дали ќе воспоставиме систем на владеење на правото, дали ќе ја искорениме корупцијата, дали ќе отвориме перспективи за младите во сите средини, а посебно во руралните и дали Македонија ќе биде информатичка сила.
Имаме идеја и визија за Македонија како модерна држава, но за тоа ни е потребна поддршка од граѓаните в недела на 19 октомври, се вели во повикот на лидерот на Демократскиот сојуз“, Павле Трајанов.
Соопштенија
Комненовиќ: Реализиравме 130 проекти, барам доверба за уште еден мандат да продолжиме со исто темпо

Кандидатот за градоначалник на Општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ, ја побара довербата од граѓаните за втор мандат, со пораката дека изминатите четири години биле посветени на чесна, домаќинска и проактивна работа.
Во својот прв мандат реализирал 130 проекти, бројка што е далеку над она што е направено во последните 25 години.
„Во 2021 година затекнав општина со долг од еден милион евра. Денес, Општина Чучер Сандево должи 0 денари. Тоа е првиот резултат на нашата работа“, истакна Комненовиќ.
Меѓу досегашните реализирани проекти, како што рече, се изградба на канализациони мрежи во неколку села, реконструкција и асфалтирање на локални улици, изградба на спортски и детски игралишта, отворање на претходно недостапната градинка, обнова на јавното комунално претпријатие со нова механизација и подобрени услови за вработените, реконструкција на културниот дом, како и основање на пензионерско здружение и прва канцеларија за пензионери во општината.
„Немаме со што да ве уценуваме, ниту сакаме. Го бараме вашиот глас не со ветувања за работни места, туку со 130 реализирани проекти“, порача тој пред граѓаните.
Комненовиќ посочи и на опструкциите од страна на централната власт, кои, според него, на неколку наврати попречувале веќе договорени и финансирани проекти.
„Фирмите што ги избравме преку јавни набавки доаѓаат и велат дека имаат насоки да почнат со работа по изборите, само за да ни се направи политичка штета“, рече тој.
И покрај тоа, додаде, општината успеа да привлече средства, да распише и спроведе набавки и да избере изведувачи за голем број проекти.
„Градевме и кога Владата не беше на наша страна. И во такви услови обезбедивме пари, проекти, и градевме. Доказ за тоа се два мои најголеми проекти , канализацијата во Кучевачка Бара и Бел Камен и обновата на Културниот дом во Сандево“, посочи Комненовиќ.
Најави и проекти за следниот мандат: завршување на канализационата мрежа и изградба на прочистителна станица, асфалтирање на патот од Бутел до рудник Бањани, изградба на нова детска градинка во Кучевиште, нови сообраќајни решенија и два кружни тека, нови бушотини за вода во Кучевиште и Сушева, изградба на пензионерски дом во Чучер Сандево.
„Не барам поддршка зашто немаме што да работиме. Барам поддршка за да го довршиме она што го започнавме . На 19. октомври, ззаокружете број 5. Лесно се памти, тешко се заборава.“, порача Комненовиќ