Контакт

Соопштенија

Единствена Македонија: Заев лаже дека договорот за промена на името не може да се поништи

Објавено пред

Зоран Заев продолжува да ја лаже јавноста за договорот со Грција за промена на името, па така, и вчера повтори дека договорот со кој се брише сè  што е македонско повеќе не може да се поништи.Заев свесно ја замајува јавноста оти договорот за промена на името е ништовен според домашното и меѓународно право и постои меѓународно правно-призната процедура како може да се поништи, соопшти Единствена Македонија.

„Според Виенската конвенција за договорно право, за валидноста на еден меѓународен договор, за кој се подразбира слободна согласност без уцени и закани, потребно е да бидат исполнети и два општи услови: првиот е да биде склучен од страна на надлежни органи, а Димитров, кој го потпиша договорот, не може да се смета за овластено лице бидејќи вакви договори не може да склучува Владата, туку претседателот на Републиката. Вториот услов е да постои дозволен предмет на преговарање. Договарања за име и идентитет претставуваат недозволен предмет бидејќи според општото меѓународно право и правото на Обединетите нации секоја држава може да носи име по свој избор оти името на една држава е прашање на внатрешните околности, а не на меѓународното право.

Според тоа, договор со Грција за името е ништовен со што се отвора патот на која било идна власт во државата таквиот договор да биде лишен од правно дејство.За Единствена Македонија нема дилема. Прва задача на новата легална власт на Единствена Македонија ќе биде поништување на нелегалниот договор за промена на името, се додава во соопштението.

Соопштенија

ДС: Балканот треба да отвори војна против криминалот

Објавено пред

Демократскиот сојуз оценува дека балканските држави треба меѓусебно да соработуваат, се со цел да се овозможи брз проток на стоки, капитал и идеи, како битни предуслови за економски развој.

Но, велат од партијата, мора во преден план да договорат заедничка борба против организираниот криминал и корупцијата.

„Криминалот го загрозува демократскиот, економскиот развој и евроинтеграциските процеси. Карактеристика на сите балкански држави, а посебно на Македонија, Албанија и Србија е високата криминализација, посебно институционалниот криминал, каде по правило во тешките облици на криминал е вклучена и власта. Изненадува фактот, што на овој Балкански самит никој не ја иницира потребата од ефикасна борба против криминалот“, велат од ДС.

Инаку, додават од таму, ДС е за соработка помеѓу државите од Балканот, но без формирање на сојузи како можни алтернативи за полноправно членство во Европската унија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Каевски: Преку конкретни проекти се грижиме за младите

Објавено пред

Како Социјалдемократската младина во изминатиов период покажавме дека барањата и интересите на младите се наш приоритет. Ги реализираме мерките од програмата за млади и нудиме шанса за секој млад човек, изјави Дарко Каевски, претседател на СДММ.

„Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2019 година е со најголем буџет до сега, а опфатот на лица е зголемен за околу 2000 во однос на минатата година. Со програмата Самовработување се опфатени 2076 лица, од кои околу 800 се млади на возраст до 29 години“, рече тој.

Каевски истакна дека нашата држава е единствена земја во регионот којашто не е членка на ЕУ, а ја ја спроведува Гаранцијата за млади, мерка преку која се вработиле 1839 млади лица.

За само 4 месеци, додаде тој, над 4000 млади луѓе аплицирале за Европската младинска картичка. Картичката е бесплатна, а за младите нуди голем број на поволности, мобилност, информираност и поврзаност.

Исто така, рече Каевски, после долг период, овој месец на универзитетите се органиираат фер и демократски студентски избори.

„Студентите сами ги бираат своите претставници, постои независност во студентското организирање“, изјави Каевски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Попов: СДСМ три години не може да ја заврши реконструкцијата на студентскиот „Гоце Делчев“

Објавено пред

Три години СДСМ не може да ја заврши реконструкцијата на Студентскиот дом „Гоце Делчев“, која ја почна ВМРО-ДПМНЕ. Блоковите А и Б се реконструирани во време на ВМРО-ДПМНЕ и пуштени во употреба. Блоковите В и Г стојат нереконструирани и неупотребливи, изјави Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дарко Каевски и СДСМ лажат кога велат дека нешто направиле. Три години ништо не направија. Да биде иронијата поголема, во нивната програма напишаа и од ова место ветија дека овде ќе има студентски град. Овде студентски град нема, а состојбата е полоша од кога било до сега. Каевски и неговата екипа ги лажеа младите и ништо не направија. На Каевски не му е гајле за младите затоа што додека тој седи во удобната фотелја фирмата на неговите родители ниже државни тендери“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа10 часа

Бугарите и Хрватите се најнезадоволни граѓани во ЕУ

Бугарите и Хрватите се најнезадоволни граѓани во Европската Унија, покажа најновото истражување на Евростат. Просечната општа оценка на квалитетот на...

Свет11 час

Демонстранти во Боливија запалија куќи на политичари

Претседателот на Народното собрание на Боливија, Виктор Борда, поднесе оставка откако демонстранти ја запалија неговата куќа. „Поднесувам оставка на местото...

Економија12 часа

Дубровник воведува петгодишна забрана за отворање нови ресторани

Градот Дубровник воведува петгодишна забрана за отворање нови ресторани, потврди градоначалникот, Мато Франковиќ. По ограничувањето на бројот на крузери во...

Македонија15 часа

Изречени 34 казни за палење стрништа

Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) информира дека за време на викендот ги зачести контролите на терен, осбено во оние региони...

Македонија16 часа

Мицкоски: За Македонија не постои друга алтернатива освен полноправно членство во ЕУ

За нас нема алтернатива освен она кое што го зборуваме цело време, а тоа е полноправно членство во рамките на...

Македонија18 часа

Заев: Балканот се менува кон подобро место за живеење

На заедничката пресконференција од Охрид, премиерот Зоран Заев истакна дека му е чест што на гости ги има лидерите на...

Регион18 часа

Рама: Нема оправдување зошто Косово не учествуваше во оваа иницијатива

Албанскиот премиер Еди Рама од самитот во Охрид порача дека Косово згрешило што не учевствува во иницијативата за регионална соработка...

Регион18 часа

Вучиќ: Тука не правиме Југославија, туку поквалитетен живот за нашите граѓани

Српскиот претседател Александар Вучиќ од Охрид изјави дека договорот што го постигнале со Заев и Рама, ќе им овозможи на...

Топ19 часа

Скопјанец повреден од куршум за време на грабеж на Бит Пазар

Скопјанец е тешко повреден, откако синоќа на Бит Пазар за време на грабеж на возило бил испукан куршум, кој завршил...

Свет20 часа

Лула да Силва: Трамп не е светски лидер, нека си ја гледа својата работа

Поранешниот претседател на Бразил Луис Инасио Лула да Силва му порача на американскиот претседател Доналд Трамп да си ја гледа...

Свет21 час

Иран пронајде ново нафтено поле

Иран откри ново нафтено поле на југот од земјата, соопшти иранскиот претседател Хасан Рохани. Како што изјави, нафтеното поле е...

Македонија21 час

Економска соработка и „мал шенген“ главни теми на самитот во Охрид

Инцијативата за воспоставување поинтензивна економска соработка на државите од Западен Балкан и најавуваниот договор т.н. „мал шенген“ се очекува да...

Регион22 часа

Тачи објасни зошто не дошол на самитот во Охрид

Косовскиот претседател Хашим Тачи на Фејсбук објави дека одбил да присуствува на самитот во Охрид, наведувајќи дека Косово не сака...

Свет1 ден

Двајца скијачи загинаа во лавина на Алпите

Властите на југот од Австрија соопштија дека двајца скијачи загинале во лавина на Алпите. Австрискиот сервис ОРФ објави дека тие...

Свет1 ден

На илјадници Американци им стигнаа честитки од починати пријатели и партнери

Повеќе од 60.000 луѓе во САД поради грешка во системот минатата недела добија смс-честитки испратени за Денот на вљубените –...

Свет2 дена

Северна Кореја се соочува со лоша жетва во моменти на сериозен недостиг на храна

Овогодинешната жетва на Северна Кореја се предвидува да биде полоша од вообичаеното, да ги влоши ионака сериозните недостатоци на храна...

Свет2 дена

Асад: Европа треба да се плаши од џихадистите со кои е во сојуз, а не од бегалците

„Лицемерен“ е стравот на европските народи дека Турција ќе им испрати бегалци, изјави сирискиот претседател, Башар ал Асад, во интервју...

Македонија2 дена

Макрадули: Собрани и испитани се сите хемикалии во „Охис“, нема никаква опасност

Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули на Фејсбук објави дека инцидентот во фабриката „Охис“ е саниран и дека сите...

Македонија2 дена

Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне на 22 ноември

Министерството за здравство информира дека вакцинацијата против сезонски грип ќе почне на 22 ноември. Од таму информираат дека се набавени 28.000...

Македонија2 дена

Податоците за загадувањето во Гази Баба се невалидни поради замена на дел

Податоците за загадувањето на воздухот од мониторинг станицата во Гази Баба во текот на изминатите пет часа биле невалидни поради...

Досие