Контакт

Соопштенија

Единствена Македонија: Заев наместо подобар живот, од ЕУ носи само хомосексуализам и дрога

Објавено пред

Наместо подобар живот, марионетскиот премиер Заев од НАТО и ЕУ носи само лоши работи, како, хомосексуализам, дрога, проституција, секојдневни убиства, грабеж на народни пари, безаконие, криминал и корупција, велат од партијата Единствена Македонија на Јанко Бачев.

„Марионетата Заев од вчера тргна да ги руши и македонските традиционални и семејни вредности со финансиската и морална подршка од власта на т.н. парада на гордоста на луѓето со поинаква природна ориентација“, се наведува во партиското соопштение.

Од таму најавуваат дека како одговорна партија, новата власт на Единствена Македонија би овозможила соодветен инстиуционален третман на луѓето со, како што велат, поинаква природна ориентација, во обидот за нивно враќање во нормалното и прифатливото.

„За Единствена Македонија нема дилема. Заедно со македонскиот народ и државјаните на Република Македонија остануваме на првата линија во поткрепа на традицијата, бракот и семејството“, истакнуваат од партијата на Бачев.

Соопштенија

Царовска: Социјалната реформа обезбедува подобар живот за 300.000 граѓани

Објавено пред

Потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска, ги продолжи средбите со граѓаните и разни целни групи. Денеска, на средба со Ромите од населбата Ѓорче Петров, Царовска порача дека реформите што ги реализира СДСМ во социјалата директно влијаат на подобрување на животот на над 300.000 граѓани

„Со социјалната реформа обезбедуваме повеќе пари за граѓаните, го враќаме достоинството и го креваме животниот стандард. Социјланата помош ја зголемивме над 300 отсто. Во споредба со претходно, 20 пати го зголемивме бројот на дечиња на кои сега им следува помош од државата. Конкретно, со новата социјалната реформа 22.374 деца земаат детски додаток, а 8.678 деца добиваат образовен додаток. Гарантиран минимален приход примаат 27.387 граѓани, а над 2.000 возрасни лица веќе користат социјална пензија“, рече Царовска.

Таа рече дека одлуката за покачување на пензиите од 900 денари, која, од друга страна, го следи растот на платите во државата, е најголемо покачување на пензиите досега и покажува вистинска грижа за постарите, но и за идните пензионери.

Царовска зборуваше и за предлог-законот за неевидентираните лица во Матичната книга на родените, со кој ќе го решат долгогодишниот проблем на неевидентираните граѓани.

„Овие наши граѓани премногу долго живееја на маргините на нашето општество. Со ова наше решение преточено во закон, кој веќе ја помина владината процедура, овозможуваме право на здравствена и социјална заштита и редовен работен однос. Нивните деца, конечно, ќе може да се вклучат во образованиот процес“, дополни таа.

На денешната средба со граѓаните од Ѓорче Петров се дискутира и за активните мерки за вработување, кои се дел од оперативниот план, за што оваа година се издвоени 1,1 милијарда денари.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Муцунски: Актуелната власт нема капацитет да ги спроведе потребните реформи

Објавено пред

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, денеска се сретна со директорката на одделот за Западен Балкан при службата за надворешни работи на ЕУ, Елса Фенет.

„Муцунски на средбата истакна дека најголем проблем со кој се соочува државата се криминалот и корупцијата и нивната неказнивост. Тој посочи дека се потребни суштински промени во правосудниот систем за борба против случаите на висока корупција“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ додал дека актуелната власт нема капацитет да ги спроведе потребните реформи.

„Муцунски додава дека новата влада што ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ ќе биде фокусирана на суштински промени во правосудството и спроведување на реформските приоритети. Муцунски потенцира дека членството во Европската Унија е стратешка цел на ВМРО-ДПМНЕ и на Република Македонија и дека ВМРО-ДПМНЕ има визија и програма што ќе ја донесе државата на брза патека за членство во Унијата“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Да не беше трагична, одлуката за Јанева ќе беше смешна

Објавено пред

Да не беше трагична, одлуката за ослободување на Катица Јанева од притвор ќе беше смешна, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по одлуката на Апелациониот суд, ексшефицата на СЈО од затворски да биде преместена во куќен притвор.

„Нема подобар пример за функционирањето на Кацарска-судството и Русковска-обвинителството од начинот на кој ја водат истрагата за случајот ‘Рекет’. Од почетокот негираа дека постои предмет, а Зоран Заев обвинуваше дека сè било конструкција на еден суетен новинар и едно лице со поинаква сексуална определба. Бидејќи пред фактите и боговите молчат, Зоран Заев мораше да се согласи неговата Русковска да отвори истрага, но до последен момент ја бранеше Катица Јанева. Додека некои беа во притвор, Катица Јанева си беше на плажа и ги губеше телефоните. По тоа, следуваа изјави дека немало инволвирани функционери, па под притисок на јавноста мораше Фрики да биде процесирана откако и таа претходно ги изгуби двата телефона“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе од јасно е, додаваат од партијата, дека сме сведоци на сценариото кога се реализираат спогодбите со инволвираните во аферата „Рекет“, само за да не ја откријат нивната врска со главата на октоподот – Зоран Заев.

„Ова не е правна држава. Ова мора да се смени и ќе се смени кога криминалот и корупцијата ќе бидат поразени на 12 април“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Гастро го демантира адвокатот на Боки 13: Во понеделникот му беше закажан преглед, но тој не беше донесен

ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроенетрохепатологија ги демантира тврдењата на адвокатот на Бојан Јовановски изнесени во некои медиуми дека не сакале...

Наука1 час

Таинствена компанија ослободи досега невиден потенцијал на сончевата енергија

Таинствена стартап-компанија, која е поддржна од Бил Гејтс, направи неверојатен пробив во областа на сончевата енергија што може да помогне...

Економија1 час

Ангеловска за ММФ: Оваа институција е претпазлива со заклучоците, но нема негативни коментари

Државата има максимална флексибилност, секогаш можеме да направиме ребаланс, да интервенираме со средства, ликвидноста на државата е голема. Народната банка...

Економија2 часа

Заев: Инвестираме во човечкиот капитал преку мерки во образованието

Во однос на мерките преку кои државата ќе инвестира во човечкиот капитал, на што е посветен предлог-буџетот за идната година,...

Европа2 часа

Пронајдени 25 слепи патници на брод во Холандија

Во контејнер замрзнувач на брод кој од Холандија тргнал кон Велика Британија пронајдени се 25 слепи патници, соопшти холандската организација...

Свет2 часа

НАТО проширува операции и во вселената

НАТО ги проширува своите операции во вселената, петта оперативна зона, по копното, морето, воздухот и неодамна и сајбер-просторот, велат извори...

Македонија2 часа

Димитров во Брисел на состанок со сојузниците од НАТО

На покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Брисел ќе учествува...

Регион14 часа

Мигрант силувал две студентки во Љубљана

Триесет и осумгодишен државјанин на Мароко е уапсен под сомнение дека силувал две студентки во Љубљана. Како што пренесуваат локалните...

Македонија15 часа

Хрватска го поддржува писмото за Северна Македонија, но нема да го потпише

Хрватска го поддржува писмото кое во врска со Северна Македонија и Албанија на Европската комисија ѝ го испратија министрите за...

Европа16 часа

Членките на ЕУ поделени за предлогот на Франција

Земјите членки на Европската Унија се поделени за предлогот на Франција, некои од нив изразиле поддршка, а други се воздржани...

Македонија17 часа

(Видео) Катица Јанева спроведена во домашен притвор

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, од затворот во Шуто Оризари беше спроведена во домашен притвор во стан во Скопје кога...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски: Најавеното покачување на пензиите е лажно ветување на Заев

Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемија пензиите 700 денари, туку, напротив, ги намалија 400 денари, изјави на...

Свет20 часа

Шведска ја прекина истрагата за силување против Асанж

Шведското обвинителство ја отфрли истрагата поради обвинение за силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, покренато уште во 2010 година....

Македонија20 часа

Екоактивистите ќе протестираат итно да се одземе концесијата од „Еуромакс ресурсис“

Се ближи датумот кога оваа влада нема да може да донесува и спроведува одлуки, а Министерството за економија сè уште...

Македонија22 часа

(Видео) Дуковски: На Боки 13 не му работи бубрегот и мокри крв

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски, на наменска прес-конференција за јавноста рече дека е загрижен поради здравствената состојба на...

Топ22 часа

(Видео) Во камион пронајдени над 100 килограми марихуана, приведен маж од Валандовско

Граничната полиција на преминот Табановце ноќеска во камион со приколка со бугарски регистарски ознаки пронајде 100 килограми марихуана. Приведен е...

Македонија23 часа

Тупураинен: ЕУ нема да му го сврти грбот на Балканот

Претседавачката со Советот на ЕУ, финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен, порача дека министрите на ЕУ од денешниот состанок...

Македонија1 ден

Дисциплинска за адвокатот Даути зашто бараше да бидат преведени сите списи на албански во ТНТ

Адвокатската комора со допис го известила судот дека повела дисциплинска постапка пред дисциплински обвинител за адвокатот на обвинетата во ТНТ...

Топ1 ден

Дрога и муниција пронајдени во куќа на 25-годишник во Ѓорче Петров

Полицијата уапси двајца скопјани на возраст од 25 и 32 години при извршен претрес во дом во населбата Ѓорче Петров....

Интервју/Дебата1 ден

(Интервју) Италијанскиот амбасадор Ромео: Ќе сториме сè за да ја поправиме историската грешка за вашата држава

На денешниот редовен Совет за општи работи во Брисел, на кој по иницијатива на Италија ќе се расправа за прашањата...

Досие