Контакт

Соопштенија

Единствена Македонија: Заев ја понижува државата молејќи ги странските газди во Брисел

Објавено пред

Зоран Заев продолжува да ја понижува Република Македонија на меѓународен план со најновото поданичко молење на неговите странски газди во Брисел да дадат датум за преговори оти ќе паднела неговата влада, вели партијата на Јанко Бачев, Единствена Македонија, преку соопштение.

Тие го повикуваат Заев да се врати дома, па наместо во Брисел, битката за својата Влада да ја води тука.

„Недозволиво е Заев да шета во Брисел и таму да ја бламира сопствената држава. Прашањето за една македонска влада се решава во Република Македонија, а не во Брисел, и затоа Зоран Заев за своите политики, со кои избриша сè што е македонско, нека се соочи со македонскиот народ, па така со сите расположиви демократски механизми да ја води борбата за својата власт доколку македонскиот народ е задоволен од него, а не да ја понижува својата држава кај европските бирократи.

Заев, џабе плачеш и молиш кај твоите странски газди во ходниците на Брисел да ти ја спасат марионетската власт во Скопје. Избриша име, идентитет, историја и традиција на македонскиот народ. Во земјата владеат беззаконие, корупуција и криминал. Ти нема спас од македонскиот народ, кој драстично ќе те казни на следните парламентарни избори, без оглед кога ќе се одржат“, велат од Единствена Македонија во соопштението.

Соопштенија

Единствена Македонија: Заев излажа дека во септември добиваме датум за преговори со ЕУ

Објавено пред

По вчерашната средба со германската канцеларка Ангела Меркел, Заев бомбастично изјави дека Македонија добива датум за преговори со ЕУ во септември, но само по неколку часа доби силен шамар од Меркел, со објавувањето на официјалното соопштение од германската влада, велат од Единствена Македонија на Јанко Бачев.

Од таму додаваат дека во официјалното соопштение за средбата никаде не стои зборот „септември“ како датум за преговори.

„Во соопштението беше кажана само болната вистина дека Северна Македонија го испорачала очекуваното на кое Берлин гледа позитивно, а кое останува длабоко трауматично за македонската национална свест оти марионетата Заев ја фрли Македонија на колена наспроти референдумската народна воља против бришење на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ“, нагласуваат од Единствена Македонија.

Партијата на Бачев смета дека Зоран Заев и неговите политики на домашен и меѓународен план, се поразени.

„Станува јасно дека се троши употребната вредност на марионетата Заев кај неговите странски газди и прашање на време е кога Заев ќе биде фрлен на буништето на историјата. Цел свет знае дека марионетската власт на Заев е инсталирана од странски центар и не ја отсликува вољата на бирачите“, стои во партиското соопштение во кое се додава дека единствено решение за политичката ситуација во земјава се предвремени избори.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Алијанса за Албанците: Потребни се избори и нова коалиција која ќе ја оствари европската перспектива

Објавено пред

Од партијата Алијанса за Албанците на Зијадин Села велат дека внимателно го прочитале соопштението издадено од германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот со премиерот Заев и на ниедно место на забележале ветување за датум за отворање на преговори меѓу земјава и ЕУ.

Според партијата, куриозитет е и тоа што немало ниту заедничка прес-конференција, нешто, кое како што велат, е вообичаено за состаноци од такво ниво.

„Во изјавата на германската канцеларка не се споменува проширување, туку само зајакнување на стабилноста во регионот, во согласност со новата стратегија на француската влада за Западен Балкан“, се наведува во соопштението на „Алијанса за Албанците“.

Исто така од таму додаваат дека доколку внимателно се анализираат дискусиите во парламентите на Германија, Франција и Холандија може да се заклучи дека сите се согласуваат оти Северна Македонија направила одлична работа во надворешната политика и добрососедството, но дека внатрешните реформи се целосно блокирани.

„Во согласност со актуелните изјави на премиерот Заев, неуспехот на СДСМ и ДУИ да ги отворат пристапните преговори, ова лето треба да го отвори патот за создавање на услови за да се подготви земјата за предвремени избори, како предуслов за создавање на вистинска реформистичка коалиција ослободена од хипотеките на режимот на ВМРО-ДУИ и која ќе има моќ и политичка волја да ја материјализира европската перспектива на Северна Македонија“, велат од партијата на Села.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Богоевски поднесе оставка, а сега неговиот пример да го следат Вељаноски, Милошоски и Димовски

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ покажува дека кај нив не само што ништо не се менува, туку напротив, остануваат заглавени во матрицата на Никола Груевски – деструкција и антидржавно однесување, сметаат од владејачката СДСМ.

Од таму додаваат дека оставката на Павле Богоевски од функцијата пратеник од морални причини е пример за висок морален чин и силно чувство на лична одговорност пред граѓаните.

„Од друга страна, тоа не е случај со пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, против кои се водат судски процеси за тешки кривични дела. Напротив, тие го бранат криминалот, наместо моралното однесување, тие пропагираат деструктивно однесување спротивно на интересите на граѓаните“, велат од СДСМ.

Од оваа партија сметаат дека Христијан Мицкоски треба да ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, Антонио Милошоски и Илија Димовски против кои се водат судски процеси и истраги за тешки кривични да си поднесат оставки од своите функции.

„Во најмала рака за да се избегне каква било можност да ги попречуваат или влијаат врз судските процеси и истрагите против нив“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека ВМРО-ДПМНЕ ќе нема минимум кредибилитет се додека во нејзините редови седат пратеници против кои се водат истраги и процеси за сериозни дела.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

И Британија го обвини Иран за нападот на танкерите

Велика Британија го обвини Иран и Исламската револуционерна гарда на таа земја за нападите на танкерите во Оманскиот залив, наведувајќи...

Регион8 часа

Уапсени опозициски функционери и симпатизери во Албанија

Албанската полиција уапсила 16 претставници и симпатизери на опозициската Демократска партија во албанскиот град Пјеренџас. Тие се товарат за блокирање...

Македонија12 часа

Светски ден на крводарителствотo: Да ја покажеме својата хуманост грижејќи се едни за други

По повод 14 јуни, Светскиот Ден на крводарителството, Министерството за здравство упати повик до граѓаните и во иднина да ја...

Бегството на Груевски15 часа

Заев за ФАЦ: Знаеме дека Груевски побегнал криејќи се во багажник

Во интервју дадено за угледниот германски весник Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ) премиерот Зоран Заев обелодени нови детали во врска со...

Македонија16 часа

Втор земјотрес на подрачјето на Охрид за помалку од една недела

Земјотрес чиј епицентар се наоѓал на 140 километри југозападно од Скопје и потекнува од охридското епицентрално подрачје, бил регистриран синоќа...

Македонија16 часа

Слободата на Јанкулоска зависи од одлуката на врховните судии

Ако за 16 дена петмина врховни судии не одлучат за времената мерка на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, таа...

Свет17 часа

САД објавија снимка како Иран отстранува мина од танкер во Оманскиот Залив

Американската војска објави снимка на која, како што тврдат од таму, се гледа како Иранската револуционерна гарда отстранува мина која...

Домашен1 ден

Осуда од ФФМ откако репрезентативецот Алиоски беше избркан од прилепски ресторан

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се огласи по информацијата дека репрезентативецот Езџан Алиоски бил избркан од ресторан во Прилеп, откако...

Свет1 ден

Америка го обвини Иран за нападот на танкерите во Оманскиот Залив

За нападот на танкерите во Оманскиот Залив одговорен е Иран, изјави американскиот државен секретар, Мајк Помпео. „Процената на владата на...

Топ1 ден

Кумановци изнајмиле стан за да продаваат хероин во Охрид

Охридската полиција поднесе кривична пријава против двајца кумановци на возраст од 33 и 41 година поради сомнение дека продавале хероин...

Македонија2 дена

(Видео) Јанева: Ако ме викнат, ќе го презентирам извештајот и во Собранието

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, на која на 15 септември ѝ истекува мандатот, два и пол часа го...

Македонија2 дена

(Видео) Меркел: Германија во септември ќе одобри старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија

Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на Европската Унија со Северна Македонија, согласно утврдените...

Македонија2 дена

(Видео) ГОБ „8 Септември“ доби хелиодром

Од вчера во Градската општа болница „8 Септември“ ставен е во функција хелиодромот што се наоѓа на само неколку метри...

Вести2 дена

Потпишани документите за екстрадиција на Асанж во САД

Британскиот министер за внатрешни работи, Сајид Џавид, го потпиша налогот за екстрадиција на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, на САД,...

Топ2 дена

Скопјанец загина во сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Штип

Педесет и седумгодишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на магистралниот пат Радовиш-Штип. Според информациите на МВР,...

Македонија2 дена

Холандија даде дозвола за преговори со Северна Македонија, а ги блокира за Албанија

Холандскиот парламент синоќа гласаше против отворањето на преговорите со ЕУ за Албанија, но ја отфрли истата резолуција што се однесува...

Топ2 дена

Во несреќата на „Првомајска“ загинаа 21-годишно момче и 48-годишен маж

Дваесет и едногодишно момче и 48-годишен маж загинаа во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на улицата Првомајска, сега Борис...

Македонија2 дена

Јанкулоска бара разрешување на судијката Кацарска

Сопругот на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, Влатко Илиевски, испратил претставка до Судскиот совет  за разрешување на судијката од...

Македонија2 дена

МВР објави оглас за 600 полицајци

Министерството за внатрешни работи објави оглас за вработување на 600 полицајци. На огласот се бараат полицајци за секторите за внатрешни...

Македонија2 дена

Заев утрово кај Меркел

Премиерот Зоран Заев денеска и утре е во дводневна посета на Германија. Тој утрово се сретна со канцеларката Ангела Меркел,...

Досие