Контакт

Соопштенија

Единствена Македонија: Силна шлаканица за Заев од Мицотакис

Објавено пред

Марионетската власт на Зоран Заев доби силна шлаканица, и тоа директно од лидерот на Нова демократија и најверојатно новиот грчки премиер по скорешните избори во Грција, Кирјакос Мицотакис, велат од Единствена Македонија преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Мицотакис во неговиот говор во грчкиот парламент за време на расправата по повод ратификацијата на договорот за промена на името, порача дека процесот на интеграција на Скопје кон Европската Унија не е поврзан со договорот и дека тој како премиер ќе стави вето на патот на Македонија кон ЕУ и одбива да го напушти ова право на вето кое го нарече право на грчката татковина.

Со ваквата изјава на Мицотакис излезе на виделина страшното предавство на Зоран Заев со кое избриша сè што е македонско во замена за некакво обично ветување за преговори за членство во ЕУ кое не може со сигурност да се тврди дека и ќе се реализира во наредните дваесетина години, а прашање е дали до тогаш ќе опстане Европската Унија.

За предавството на македонските национални и државни интереси, одговорност мора да има“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Од партијата во соопштението додаваат дека македонскиот народ и поголем дел од граѓаните во новата власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж за заштита на националните интереси бидејќи ќе следи поништување на сите антимакедонски и антидржавни акти како што се договорот за промена на името, кој е спротивен на домашното и меѓународното право, двојазичниот закон за јазична федерализација како преодна етапа кон територијална федерализација и одлуката за пристапување на Македонија во членство во НАТО, стои во соопштението на Единствена Македонија.

Соопштенија

Скопјани од денес писма и пакети може да примаат и да испраќаат и во сабота и недала, „Тотал пост“ отвори пакет-шоп во „Ист гејт“

Објавено пред

Писма и пакети од денес скопјани ќе можат да испраќаат и во сабота и во недела преку новиот пакет-шоп на „Тотал пост логистик“ отворен во трговскиот центар „Ист гејт“.

dobivaj vesti na viber

Директорот на Агенцијата за пошти, Сретен Миладиновски, на отворањето ги охрабри давателите на поштенски услуги да продолжат да ги следат светските трендови, да ги подобруваат услугите што ги нудат и да одговорат на барањата и потребите на корисниците.

„Тотал пост логистик“ најави вакви услуги и во други трговски центри.

„Ова е прв од неколкуте пакет шопови од овој тип што во иднина ќе ги отвараме по поголемите трговски центри низ Македонија, за да ја направиме поштенската услуга поблиска до корисниците. Нашиот пакет шоп ќе работи секој ден од 10 до 22 часот, а примачите и испраќачите ќе немаат временско ограничување кога да предадат или да го примат својот пакет. Модерните пакет шопови во моловите и проектот со пакетоматите во голема мера ќе ја олеснат комуникација со нашите партнери“, рече директорот на „Тотал пост логистик“, Алдин Нумановиќ.

Тотал Пост Логистик е еден од лидерите на поштенскиот бизнис во Македонија со повеќе од 150 курири и повеќе од 80 транспортни возила. ТПЛ работи успешно на македонскиот пазар од 2015 година.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

35 години од основањето на БИСИ: од први увозници на „Адидас“ во Македонија, преку угостителство, градежништво и хотелиерство до енергетика

Објавено пред

Од први увозници на Adidas во Македонија, преку угостителство, градежништво и хотелиерство до енергетика.

dobivaj vesti na viber

Македонија има свои херои во бизнисот и економијата. Јубилеите се повод да се зборува за проектите и постигнувањата на успешните бизнис приказни во нашата земја.

Една таква приказна е БИСИ, која за денешните генерации е докажан бренд во градежништвото, а повозрасните генерации сигурно се сеќаваат на малопродажниот ланец на продавници БИСИ за обувки и спортска опрема. Историјатот на компанијата на семејството Георгиевски, кое е основач на БИСИ е доказ дека кога се има храброст, љубов и план, бизнисот може успешно да се развива во повеќе сектори.

БИСИ е основана на крајот на 80те години од минатиот век, во време кога во Југославија малкумина се осмелиле да започнат приватен бизнис. Тогашните генерации беа сведоци на отворање на продавници на странски брендови со што се отворија и можности за развој на малопродажни објекти за различни производи. Во септември 1989 година, Славка и Иванчо Георгиевски започнуваат сопствен бизнис и БИСИ ја отвора првата продавница за продажба на обувки. Како пионер во малопродажбата во Македонија, каде младите генерации ги купуваа првите Adidas и Nike патики, БИСИ ја започнува својата успешна приказна. Во текот на 90-тите години БИСИ го проширува работењето на десетина продавници низ Скопје и станува синоним за спортски обувки.

Во последните 15 години на чело на БИСИ е Ивица Георгиевски кој фирмата ја трансформира и проширува во македонски бренд за изградба и продажба на премиум станбено-деловни објекти со уникатни градби и дизајн како во светските метрополи.

Покрај градежништвото, Ивица Георгиевски ја формира групацијата ИГ која развива неколку угостителски брендови, а своето работење го шири и во секторот на хотелиерство. Од неодамна нов предизвик за групацијата е инвестирање во производство на енергија од обновливи извори.

Со многу труд, посветеност и тим од високостручни професионални кадри може да се постигне највисоко ниво на квалитет во секоја гранка на економијата, а особено кога главната филозофија на работењето е сé што се прави да има предзнак “премиум”. На овој начин БИСИ и групацијата ИГ кои бројат преку 200 вработени оставаат сопствен белег во Македонија, со тендеција бизнисот да се прошири и надвор од државата.

Признание за успехот на БИСИ и групацијата ИГ е податокот дека во периодот од 2019година до денес истите влегуваат во друштвото на 100-те најуспешни во Македонија.

Јубилејот е повод Георгиевски да најави нови проекти во делот на градежништвото, хотелиерството и енергетиката. Во партнерство со деловните банки, БИСИ и групацијата ИГ ќе инвестираат над 50 милиони евра за изградба на премиум станбен комплекс ЕЛИСИУМ во бруто површина од 50.000м2, изградба на нов луксузен хотел во центарот на Скопје и изградба на четири фотоволтаични централи со вкупен капацитет од 18.5 мегавати.

Ретки се компаниите во нашата земја кои можат да се пофалат со постоење од преку три децении, а 35 годишниот раст и развој на БИСИ е светол и успешен пример достоен за внимание и почит.

ПР-објава

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Компанијата Зегин го отвори својот тренинг центар за обука на вработените

Објавено пред

Зегин во рамки на компанијата го отвори својот Тренинг центар за обука на вработените со цел да се  подобрат перформансите на вработените, зголеми  продуктивноста, како и за полесно и побрзо интегрирање на нововработените .

dobivaj vesti na viber

Тренинг центарот обезбедува структурирана средина каде што вработените можат континуирано да ги развиваат своите вештини и да бидат во тек  со најновите трендови и технологии во индустријата. Ова не само што ја подобрува индивидуалната работа, туку ја одржува и компанијата конкурентна.

Нудењето можности за професионален развој им покажува на вработените дека компанијата го цени нивниот раст. Вработените кои се чувствуваат поддржани во развојот на кариерата имаат поголема веројатност да останат лојални на компанијата.

Со тренинг центарот овозможуваме стандардизиран процес на прием, обезбедувајќи за сите нови вработувања да се соодветно запознаени со културата, вредностите и специфичните барања за работа на компанијата.

Редовната обука и развој им помага на вработените поефикасно да ги извршуваат своите улоги. Вработените стануваат покомпетентни, поефикасни и посигурни во своите улоги, што директно влијае на перформансите на компанијата и задоволството на клиентите.

Добро обучените вработени работат поефикасно и прават помалку грешки. Постојаната обука ги охрабрува вработените да размислуваат креативно и да предложуваат нови идеи. Оваа средина поттикнува иновации кои можат да доведат до нови производи, услуги или подобрувања на процесите.

Се радуваме на новите колеги кои ќе учествуваат во унапредување на квалитетот на животот на сите наши клиенти а воедно се заблaгoдаруваме на сите останати вработени кои тоа го прават секојдневно.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски за барањето на Ковачев ВМРО-ДПМНЕ да се исклучи од ЕНП: Тоа би била добра првоаприлска шега

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Штип го искоментира барањето на европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев да се исклучи партијата ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија5 часа

Кузеска: Инцидентот со знамето е грешка на протоколот на Сиљановска, заострувањето на односите на е во интерес ниту на Софија

Влошувањето на односите со соседите ја става под знак прашање европската перспектива и оди на директно на штета на националните...

Македонија5 часа

(Видео) Петрушевски: Љупчо дон Николовски плаќал и по 500 евра за хотел од вечер, додека земјоделците чекале да ги подобри работите

„Љупчо Дон Николовски наместо за земјоделците се борел за себе. Наместо да планира како да ги подобри условите во земјоделието,...

Македонија5 часа

Адвокатот на таткото на Вања: Обвинението се темели на доказите што ги прибавил Александар, тој е жртва

Адвокатот на таткото на Вања, Владимир Туфегџиќ, рече дека, денеска, во воведните говори на Јавното обвинителство не слушнале која е...

Македонија6 часа

Одлуката на Уставниот суд за балансерот е избрзана, не ни требаат тензични состојби, оценува Таравари

Според министерот за здравствo Арбен Таравари, одлуката на Уставниот суд за „балансерот“ е избрзана. „Уставниот суд, за жал, се судии...

Македонија6 часа

Ковачев: Ќе бараме ВМРО-ДПМНЕ да ја исклучат од Европската народна партија

Ја информиравме Европската народна партија за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и ќе побараме да се иницира процедура за исклучување на таа...

Топ7 часа

Ограбена аптека во Ново Лисиче, разбојникот уапсен веднаш по грабежот

Вчера, во 21.55 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го...

Македонија8 часа

Почнува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почнува судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Судечкиот...

Свет8 часа

(Видео) Напад со нож во Ротердам: има мртви, напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

Најмалку едно лице загина, а две се тешко ранети во напад со нож што се случи синоќа во Ротердам. Како...

Свет8 часа

Водостојот на Дунав расте: во Будимпешта би можело да го достигне својот врв за време на викендот

Дунав, чијшто водостој моментално е над осум метри, би можел да го достигне својот врв во Будимпешта за време на...

Свет9 часа

Подморницата „Титан“ се расипа само неколку дена пред фаталното нуркање

Подморницата која имплодираше при фаталното нуркање до потонатиот брод Титаник, при што загинаа сите петмина на бродот, се расипа неколку...

Свет9 часа

Нова студија ја потврди теоријата дека коронавирусот почна од кинески пазар

Нова студија за потеклото на Ковид понуди дополнителни докази за поддршка на теоријата дека вирусот првпат бил пренесен на луѓето...

Европа10 часа

Русија: Ќе ги браниме нашите интереси на Арктикот и во воена смисла

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено денеска вети дека Москва ќе ги брани своите интереси на...

Свет10 часа

„Компонентите од пејџерите користени во експлозиите во Либан не се од Тајван“

Компонентите користени во илјадници пејџери детонирани во Либан во вторникот не се направени во Тајван, рече тајванскиот министер за економија...

Македонија22 часа

Очигледно раководството на Северна Македонија не сака да продолжи по патот на европската интеграција па ја обвинува Бугарија, вели Ковачев

Во Република Северна Македонија немаат желба за европска интеграција и бараат изговор зошто тоа не може да се случи. Вака...

Македонија1 ден

Мицкоски од Брисел: Бевме понижувани многупати, ние не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми

Денеска до сега, до овој момент имав две значајни средби. Првата беше работниот ручек кој што го организираше старо-новата претседателка...

Македонија1 ден

Од пазарот се повлекуваат бисквити поради можност од присуство на надворешно тело, соопшти АХВ

Од македонскиот пазар се повлекуват производите на „Атлантик Штарк“: Кексичи како перелив 220 гр. серија 1507482842 и Најлепше жеље кукис...

Македонија1 ден

Мажот од Кочани, кој почина од западнонилска треска, дал податок дека не патувал никаде

Мажот од Чешиново-Облешево, кој почина од западнонилска треска во Македонија, до Инситутот за јавно здравје (ИЈЗ) дал податок дека претходно...

Македонија1 ден

Маж од Кочанско почина на Инфективната клиника поради компликации од западнонилска треска

78-годишен маж од општината Чешиново-Облешево, Кочани, почина на 16 септември на Клиниката за инфективни болести поради компликации од вирусот на...

Македонија1 ден

Бугарија лута по изјавите на Александар Николоски: „Тој провоцира, ги известивме партнерите“

Лавина реакции во Бугарија предизвикаа изјавите на македонскиот вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски, кој ја нарече земјата „нецивилизиран...