Контакт

Соопштенија

Заев: Народот секогаш носел мудри одлуки

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев од Крива Паланка порача дека народот секогаш носел мудри одлуки и на 30 септември ќе гласа за европска Македонија, колку и некој да не го кажува својот став.

„Заедно сме бидејќи бизнисот знае дека се отвораат европски пазари. И во малите дуќанчиња знаат дека ќе има повеќе промет, штом граѓаните имаат повеќе пари. И спортистите целат кон Европа. И синдикатите знаат дека ќе се унапредат работничките права и ќе има поголеми плати. Ако народот има пари, и економијата во државата ќе расте“, рече Заев.

Тој додаде дека претстојниот референдум и предреферендумската атмосфера покажуваат дека живееме во демократија што го отвори патот кон ЕУ и НАТО.

„Штом Македонија тоа го има обезбедено, ќе чекориме по вистинскиот пат, па колку некој и да не е одлучен и да не кажува ставови. А мора да кажува. Имаме народ што секогаш носел мудри одлуки“, рече премиерот Заев.

Тој ги повика граѓаните да се гордеат со постигнатото со договорот од Преспа што осигурува членството на Македонија во ЕУ и во НАТО.

„Ќе ѝ покажеме на Европа и дека има граѓани и земји коишто имаат и успешни референдуми. Затоа што убеден сум дека на 30 септември ќе гласаме за европска Македонија“, рече претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на трибината со граѓаните на Крива Паланка.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

СДСМ: Пензиите растат и ќе продолжат да растат

Објавено пред

Од белиот дворец, симболот на криминалот, расипништвото и трошењето на народни пари, шири лаги ВМРО-ДПМНЕ, партијата која што го укина усогласувањето на пензиите на пензионерите, им скрати пари и создаде огромна финансиска дупка во фондот на ПИОМ, велат од СДСМ.

„ВМРО ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за пензионерите затоа што со своето неодговорно однесување, погрешни криминални политики создаде и остави хаос во целокупниот пензиски систем.

Наспроти криминалните политики на ВМРО ДПМНЕ, владата предводена од СДСМ го стабилизираше пензискиот систем, обезбеди редовна исплата, континуиран раст на пензиите и сигурни пензии во иднина. СДСМ го врати редовно усогласување на пензиите со растот на трошоците за живот и можноста за дополнителен раст на пензиите со растот на БДП над 4 отсто.

Пензиите растат и ќе продолжат да растат.

Статистичките податоци го потврдуваат тоа и целосно ја демантираат лагата на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2016 година просечната пензија изнесувала 13.754 денари, во 2017 е 13.954, денари, а во 2018 година 14.421 денари.

Владата предводена од СДСМ со реформите кои ги воведе во пензискиот систем, гради стабилен пензиски систем, пензионерите го добиваат тоа што законски им следува , пензиите растат и понатаму ќе растат“ се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ место да реализира нови проекти, се фали со нашите

Објавено пред

СДСМ и понатаму продолжува да ги лаже граѓаните. Веќе две години откако СДСМ ја има власта во свои раце, нема реализирано ниту еден проект, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, СДСМ наместо да промовира и реализира нови проекти, се фалат со проектите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, СДСМ се фали дека наскоро ќе бидат пуштени во употреба автопатот Миладиновци – Штип и автопатот Кичево – Охрид, но тоа се проекти кои беа оставени во напредна фаза на реализација од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Државата и граѓаните станаа жртви на неспособноста и незаинтересираноста на СДСM. Затоа многу скоро граѓаните ќе го казнат СДСМ за сите црнила што ѝ ги нанесуваат на Македонија”, се додава во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Оваа година над 1 милијарда евра за изградба и реконтрукција на над 700 километри патишта

Објавено пред

Владејачката партија СДСМ најавува дека 2019 е година на интензивен инвестициски циклус за развој и унапредување на патната инфраструктура низ целата држава.

„Со започнување на градежната сезона, низ целата држава продолжува изградбата и реконструкцијата на најголем дел од патната мрежа. Со инвестицискиот циклус во вредност од 1 милијарда и 270 милиони евра ќе се градат нови и реконструираат постоечки патни правци во вкупна должина од над 700 километри низ целата држава.

Продолжува изградбата на автопатот Кичево -Охрид, автопатот Миладиновци – Штип наскоро ќе биде пуштен во употреба, а интензивно се работи и на експресниот пат Градско – Дреново.

Меѓу позначајните проекти за оваа година се: изградбата на автопатската делница Скопје – Блаце, втората фаза од експресниот пат Штип – Радовиш и третата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп и реконструкција и рехабилитација на бројни патни правци низ целата држава.

Развојот на инфраструктурата и модернизацијата на патиштата го олеснуваат животот на граѓаните и влијаат позитивно врз економскиот раст и конкурентноста.

СДСМ како одговорна партија останува посветен на унапредување на патната инфраструктура со цел да се обезбеди брз, ефикасен и безбеден сообраќај за сите граѓани“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Ќосето до Ѓорчев: Требаше досега да ги посетиш фамилиите на затворените за 27, а не откако најави кандидатура за претседател

Горан Ангелов – Ќосето обвинет за случувањата од крвавиот четврток, преку социјалните мрежи му се обрати на пратеникот Влатко Ѓорчев...

Македонија1 час

Агенцијата за медиуми го испитува сопствеништвото на 1ТВ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми поведува постапка против 1 ТВ поради наводно скриено сопствеништво. На утрешната седница на дневен...

Македонија2 часа

СЈО бара да им биде продолжен куќниот притвор на Камчев и Мијалков

За сите осомничени во истрагата ,,Империја”, СЈО бара да им биде продолжен куќниот притвор бидејќи сè уште постојат причините за...

Македонија4 часа

Граѓаните на пешачки маратон во МРТ, лифтовите на поправка

Речиси една недела не работи ниту еден од четирите лифтови во зградата на Македонската радио-телевизија каде што се сместени и...

Регион4 часа

Грчките пратеници вечерва ќе гласаат за ратификација на договорот за името

Вториот ден од дебатата за преспанскиот договор, на пленарната седница во грчкиот парламент, ќе биде заокружена доцна вечерва, кога се...

Македонија4 часа

(Видео) Закани до обвинителите на СЈО: „Фатиме е наша, а на тој каурот ќе му ја расплачеме фамилијата“

Во кривичниот суд во Скопје повторно се одложи рочиштето за предметот на СЈО „Титанк 3“, во кој обвинети се Ејуп...

Македонија4 часа

Мијалков на 31 јануари ќе го испрашува свиркачот Лазаревски

Судењето за предметот „Таргет-Тврдина“, кое се однесува на незаконското следење на комуникации, е одложено за 31 јануари. Свиркачот Ѓорги Лазаревски...

Македонија6 часа

Каракамишева: Венециската комисија поради притисоците испрати писмо до Османи и Заев

Венециската комисија испратила писмо до Кабинетот за вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, и до премиерот Зоран Заев во кое се...

Свет6 часа

Кинески воени авиони ,,покажувале сила” летајќи во близина на Тајван

Кинески воен авион „сухој Су-30“и транспортен авион „шансји Ј-8“ на Ослободителната војска на Кина (ПЛА) прелетале над каналот Баши меѓу...

Македонија6 часа

На 12 март одново ќе почне судењето за набавката на 300 полициски „шкоди“

На 12 март, во 10 часот, во кривичниот суд во Скопје одново ќе почне судењето за предметот „Триста“ на СЈО,...

Свет7 часа

Најмалку 5 мртви во заложничката криза во банка на Флорида

Вооружен напаѓач упаднал во банка во Флорида и се забарикадирал внатре, а потоа се јавил на бројот за итни случаи...

Свет8 часа

САД одбиваат да ги повлечат дипломатите од Венецуела

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, одби да ги повлече американските дипломати од Каракас тврдејќи дека владата што ги прекинала дипломатските...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не сакаат да се договорат за една изборна единица

Многуте повици од помалите партии за измени на Изборниот законик, со кои ќе се воведе една изборна единица и отворени...

Анализи23 часа

Политиката го подели СЈО на табори

„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции....

Македонија23 часа

Ѓорчев: Не се грижам кој ќе биде противкандидат од СДСМ, тие го излажаа народот

Без да одговара на новинарски прашања, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев ја објави кандидатурата за претседател на државата. Тој повеќе...

Истражувања1 ден

(Видео) „Лимак“ и Градот ги изиграа скопјани, се гради хотел место прво да се изгради подземната сообраќајница

Место прво да ја изгради подземната сообраќајница па потоа да ги гради содржините над земја, турската компанија „Лимак“ кај Стара...

Македонија1 ден

Врховните судии ќе расправаат дали СЈО може да отвора истраги и да презема предмети

Адвокати на обвинети во предметите на специјалното јавно обвинителство, преку неколку иницијативи, бараат од Врховен начелно правно мислење за постапките...

Македонија1 ден

Нимиц: Длабоки и опасни последици ако не успее преспанскиот договор

Специјалниот пратеник на Обединетите нации, Метју Нимиц, предупредува дека пропаѓањето на преспанскиот договор би имало опасни последици за двете страни,...

Свет1 ден

Шпанските спасувачи во трка со времето – ќе успеат ли да го извлечат двегодишното дете од бунарот

Шпанските спасувачи се во трка со времето и неизвесно е дали ќе успеат да го извлечат двегодишното дете кое пред...

Македонија1 ден

Протестот за воздухот в сабота за едни политички за други неопходен

Нова најава за протест против загадувањето на воздухот од синоќа ги подели скопјани на верници и луѓе кои повеќе не...

Досие