Контакт

Соопштенија

Заев со честитка за Курбан бајрам: Празникот нека нѐ води кон подобра и посветла заедничка иднина

Објавено пред

По повод празникот Курбан бајрам, Зоран Заев во свое лично име и во име на СДСМ упати честитка до сите верници од исламска вероисповед.

„Почитувани граѓани, на сите припадници на исламската верска заедница им го честитам празникот Курбан бајрам, со срдечни желби денот да го минат во добро расположение со своите најблиски и секако со почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

Овој празник е празник преку кој се шири добрината и е потсетник дека токму солидарноста, еднаквоста, меѓусебното помаѓање и почитување се вредностите околу кои сите треба да бидеме обединети.

Само на овој начин, ако вистински се почитуваме и помагаме, ако бидеме солидарни едни кон други, ќе успееме да изградиме еднакво и праведно општество на почитувани и задоволни индивидуи.

Нека вредностите и духовноста што овој празник ги носи со себе нè водат на патот на подобра и посветла иднина за сите“, стои меѓудругото во честитката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Соопштенија

СДСМ: Горан Трајковски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, има дел од вината за стечајот на „Еуростандард банка“

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ во познат стил продолжува да шири лаги и се обидува да наметна неоснована паника меѓу граѓаните во врска со стечајот на „Еуростандард банка“, велат од СДСМ.

„Како што соопшти и Народната банка, стечајот е поради проблеми од минатото, а дел од вината за таквото работење има и кадарот од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Трајковски, директор на Управата за јавни приходи во време на режимот и досегашен претседател Управниот одбор на ‘Еуростандард банка’“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека ВМРО-ДПМНЕ треба да ги бара одговорите за затворањето на банката на таа адреса.

Од СДСМ воедно повикуваат партијата на Мицкоски да сопре со пласирање лажни вести и паника кај граѓаните и да дозволи институциите да ја работат работата за која што се надлежни.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ДОМ: Премиерската функција не е весела математика

Објавено пред

За зелената партија ДОМ, барањето на ДУИ за премиер по етнички клуч е неприфатливо затоа што води кон поделеност на македонското општество, подем на национализмот и претставува закана за општествениот систем и современиот граѓански концепт – едно општество за сите.

Премиерската функција не смее да се претвори во весела математика од типот 1+3, 2+2, 3+1. Дополнително, ротацијата на премиерската позиција би можела во иднина да стане пракса и за други политички функции, што би довело до нефункционалност на институциите, соопшти партијата.

ДОМ смета дека сите политички субјекти треба да покажат одговорност и конструктивност, да ја остават зад себе предизборната популистичка реторика и да ги стават интересите на граѓаните и државата пред партиските интереси.

„Евроинтеграцијата, владеењето на правото, справувањето со здравствените и социо-економските предизвици од корона-кризата како клучни приоритети на идната влада, презентирани од мандатарот Заев, претставуваат принципиелна основа за обединување разни политички субјекти и формирање парламентарно мнозинство и нова влада. ДОМ бара во програмата на идната влада да бидат вградени и принципите на Европскиот зелен договор на Европската Унија за ефикасна борба против климатските промени и загадувањето на животната средина и заштита на биодиверзитетот“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев противправно го узурпира мандатот, а соучесник во кршење на Уставот е и Пендаровски

Објавено пред

„Зоран Заев во своја корист продолжува со кршење на Уставот. СДСМ и Заев продолжуваат со неславната пракса на кршење на Уставот, при што сега активен учесник е и Пендаровски.
Ваквото узурпирање на мандатот е со цел да се добие дополнително време, во кое претседателот на СДСМ, кој инаку самиот признава дека нема мнозинство, ќе ги искористи овие 20 дена да прави непринципиелен и нехуман притисок и уцени врз пратеници за да обезбеди мнозинство во парламентот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Уставот е јасен, потребен е доказ за поседување мнозинство врз основа на кој се доделува мандатот. Сè друго е кршење на Уставот.

„Сега, по изборите, народот ја гледа сметката од неспособното владеење на Заев. Сега граѓаните плаќаат 7,5 % повисоки сметки за струја, пропаѓа банка, цената за откуп на грозјето е катастрофална, излезе на виделина дека долгот пораснал 1 милијарда евра за три месеци. Македонија е меѓународна опасност за ширење на коронавирусот, се нема конечен план како ќе се спроведува образовниот процес и редица други неуспеси што ги донесе власта на Заев.
Македонија со Заев продолжува да пропаѓа и тоа мора да престане“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија10 минути

Костовски за „Еуростандард банка“: Погрешивме со изборот на Управниот одбор, тие нè наместија

Бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на „Еуростандард банка“ го обвинува Управниот одбор за пропаѓањето на банката. Тој на денешната прес-конференција, заедно...

Македонија1 час

Регистрирани 160 нови случаи на коронавирус, оздравени се 368 пациенти, а починаа 3 лица

Во последните 24 часа се направени 2.172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија1 час

Според ДУИ албанската опозиција ги поткопува позициите оти не се појавиле на средбата со Ахмети

ДУИ ја обвини опозицијата дека го напуштила Сојузот на албанските парламентарни партии кој бил основан по парламентарните избори од 11...

Македонија3 часа

Aлијансата и Алтернативата: Сѐ уште не сме во преговори со Заев

Коалицијата „Алијанса за Албанците – Алтернатива“ на прес-конференција рече дека засега немале средби со СДСМ и лидерот Заев за евентуалното коалирање....

Македонија4 часа

Србија воведе задолжителен ПЦР-тест за македонските граѓани

Странците што доаѓаат во Србија од одредени земји ќе мора да имаат негативен ПЦР-тест не постар од 48 часа, одлучи...

Топ5 часа

Воз удри во „ситроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „ситроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Топ6 часа

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата, зад убиството...

Македонија7 часа

Апасиев најавува предлог-мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левицата, Димитар Апасиев, најави дека партијата набгру ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор по случувањата со...

Македонија7 часа

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ7 часа

Уапсен тетовец, кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата „ЕВН Македонија“, на две одвоени...

Свет8 часа

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет8 часа

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет11 час

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет20 часа

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет20 часа

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа21 час

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија22 часа

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија23 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ1 ден

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Досие