Соопштенија
Кекеновски: Верното членство на ВМРО-ДПМНЕ да не потпаѓа под влијание на алчната „Мериот“-коалиција

Лидерот на партијата Фронт за демократска Македонија (ФРОДЕМ), Јове Кекеновски, упати апел до, како што вели, верното, искрено и чесно членство на ВМРО-ДПМНЕ да не потпаѓа под влијание на, според него, нарачаното наменско сценарио за растурање на партијата.
Ваквото сеценарио Кекеновски го гледа во најавата за одржување на, како што вели, нелегален и нелегитимен конгрес закажан од страна на довчерашните прислужувачи, а сега одработувачи на политиката на Заев.
„Дали ВМРО-ДПМНЕ во иднина ќе се реформира како и секоја друга европска, современа, демократска и патриотска политичка партија, каде што на ред ќе дојдат и полагањето сметка и одговорноста на сегашното раководство, одлучуваат исклучиво членовите на партијата, а не сценаристите од ‘Бихаќска’ и внатрешните алчни петтоколонаши“, вели лидерот на ФРОДЕМ и додава дека за главните протагонисти во т.н. ‘Мериот’-коалиција заедничко е тоа што досега никој од нив не е осуден за сторениот криминал и злосторство врз граѓаните за времето додека биле на власт.
Кекеновски смета и дека ВМРО-ДПМНЕ не заслужува да ја рушат, а најмалку да ја водат кадри кои зад себе, како што вели, имаат куп кривични пријави.
„Партијата не треба повторно да биде отскочна штица за персони што имаат нескриени амбиции преку грбот на членството повторно да дојдат до власт, да крадат, да се богатат и притоа да не одговараат. Не смее да се дозволи поделба и разнебитување на партијата само заради тоа што така си замислило лицето З.З. во договор со поранешните креатори и поддржувачи на режимот“, смета лидерот на ФРОДЕМ, според кого, конгресот на ВМРО-ДПМНЕ мора да се закаже и да се одржи во согласност со Статутот на партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги повикаат граѓаните да се попишат

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да го споделат повикот за ангажирање попишувачи, апелираше преку соопштение СДСМ.
„Скандалозно е свесно и намерно да блокираш попис кој треба да се спроведе по цели 19 години, како што тоа го прават ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Наместо конструктивност, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште еднаш се ставаат на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата“, реагираат од партијата на власт.
Преку соопштение, СДСМ испрати повик до сите граѓани, сите заедници, сите партии, сите да се вклучат во споделување на повикот за попишувачи објавен од Државниот завод за статистика.
„Потребни се попишувачи кои ќе се пријават на јавен, отворен, транспарентен и државен повик. Мицкоски и ДПМНЕ да ги повикаат граѓаните да се попишат, наместо да собираат нелегитимни потписи за внатрепартиска употреба, наместо да коваат планови за бојкот за кои и самите знаат дека нема да им успеат“, стои во соопштението на СДСМ.
Соопштенија
СДСМ: Правдата е тука и ќе ја има сè повеќе и сè почесто

Правдата е тука и ќе ја има сè повеќе и сè почесто, истакнуваат од владејачкиот СДСМ и, според нив, во иднина сè почести ќе бидат одговорите на институциите, како оној за обезбедување присуство на Сашо Мијалков, кон сите кои, како што велат, се ставаат над законот и се обидуваат да си играат со владеењето на правото.
„Преку силен одговор на државата, бегалецот Мијалков беше спречен да ја напушти државата и принуден да се предаде. Обезбеден е неговиот притвор“, стои во соопштението од оваа партија.
Ова, според СДСМ, не значи и ослободување од одговорност на лицата поради кои се случи тој да биде недостапен за органите.
„Очекуваме брза и ефикасна истрага која ќе ги лоцира пропустите кои довеле до можноста за бегство на Мијалков и секако санкции за одговорните за кои ќе се утврди дека сториле свесни и намерни пропусти. Со овој случај падна во вода единствената улога на Мицкоски, поради која и беше поставен од Мијалков и Груевски на чело на ВМРО-ДПМНЕ“, напоменуваат од СДСМ.
„Мицкоски, кој претходно ги призна сите криминали на ВМРО-ДПМНЕ за кои се водат судски процеси, одново е поразен, му пропаднаа лажните обвинувања за ‘политички монтирани процеси’, исто како што не му успеа ниту блокирањето на Законот за Јавно обвинителство и преземање на предметите од СЈО“, додаваат од партијата на власт.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев преку Мијалков покажа дека постои мафија во државата

Во која земја бегалец од правдата откако ќе биде вратен, завршува со домашен притвор и низа други екстра поволности, реагира преку соопштение опозициската ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Сашо Мијалков.
„Циркусот што го приреди власта на Заев, во содејство со правосудните органи под негова контрола, покажа уште еднаш дека во Македонија не владее правна држава, туку мафијата и криминалот. Бегството на Мијалков и неговото враќање е само една обична театарска претстава која не поминува веќе ни кај членовите на СДСМ“, велат од оваа партија.
Според нив, целиот договор, заедно со анексите е разобличен од јавноста и сите знаат, како што велат, дека се работи за евтин пазар со правдата, нешто што Заев, според нив, во континуитет го прави.
„Резултатите од таквиот договор се наѕираат и јавноста ги претпоставува. Затоа е нервозата кај власта толку голема. Затоа се хаотични во своите постапки, па час распишуваат потерници, час се жалат на системот, час глумат одлучност, час симнуваат телесна температура, час зборуваат за координирани акции. Вистината е дека реакцијата на јавноста и други фактори влијаеја да се пишманат и да се предоговараат“, велат од опозициската партија.
„Зоран Заев покажа дека е врвот на коруптивната и мафијашката пирамида во Македонија, а неговата единствена улога е да координира меѓу криминалните релации“, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер