Контакт

Соопштенија

Коалиција за европска Македонија:За иднината на Македонија сите треба да дадат придонес

Објавено пред

Коалицијата ,,Заедно за европска Македонија” го повикува раководството на ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да разговара, да размислува и да биде посветено на  иднината на европска Македонија. Има уште време до референдумот, има време да се охрабрат и да одлучат да останат на зборот и на нивната повеќедецениска позиција, членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

,,Граѓаните знаат дека најдоброто за секое семејство во Македонија и за нашата татковина е токму заедништвото и сплотеноста, како и одлучноста за членство во НАТО и во Европската Унија. 

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговорност и одлучност. Овој историски момент ги повикува членовите на ВМРО-ДПМНЕ да одлучат и да ја поддржат иднината на Македонија во европското семејство.Ние можеме да имаме политички разлики и да продолжиме со нашите секојдневни политички битки.

Но, за иднината на Македонија сите треба да го дадат својот придонес. Не смее да има неодговорност кога е во прашање иднината на Македонија.Да го дадеме нашиот глас за европска Македонија во најсилните сојузи во светот.Сите ние имаме одговорност да излеземе на гласање за да ја обезбедиме нашата иднина”, се вели во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: Институциите преку стратешки мерки го решаваат проблемот со загадувањето

Објавено пред

Институциите системски го решаваат проблемот со загадувањето, возвраќа СДСМ на обвинувањата на опозицијата, која претходно преку соопштение упати критики кон власта дека троши повеќе пари за луксузни автомобили и мебел отколку за загадениот воздух.

„Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ го игнорира проблемот со загадувањето на воздухот додека парите на граѓаните ги трошешe на луксуз, лажен барок, скапи возила и криминални тендери преку кои се уништуваше зеленилото и се загрозуваше животната средина. Владата предводена од СДСМ наследи огромни проблеми со аерозагадувањето, но презема низа стратешки мерки со кои системски се решава овој проблем. Во координација со Министерство за животна средина, Град Скопје, општините и надлежните институции, усвоен е план за чист воздух, со кој системски на краток, среден и на долг рок се решава загадувањето. За овој план, покрај редовните средства, одвоени се и дополнителни 1,5 милион евра“, наведе Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во реакцијата.

СДСМ додава дека планот за чист воздух овозможува 10 илјади домаќинства да бидат приклучени на парно греење, 20 илјади домаќинства ќе ги променат старите нееколошки печки на дрва, 15 илјади семејства имаат шанса да ја подобрат енергетската ефикасност на домовите, 3.000 семејства ќе добијат приклучок за гас.

„Се интензивираат инспекциските надзори и контроли, се санираат и расчистуваат дивите депонии. Истовремено, со субвенционирање набавка на еколошки автомобили и субвенционирање на трошоците за вградување уред на погон на ТНГ во возилата, ќе се пристапи кон намалување на загадувањето од сообраќајот“, додава СДСМ.

Со сите мерки што се спроведуваат сега и во иднина, од владејачката партија очекуваат во наредниот период загадувањето двојно да се намали.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Повеќе пари за луксузни автомобили и мебел отколку за загадениот воздух

Објавено пред

Најрасипничкиот и мегаломански буџет во историјата на Република Македонија предвидува повеќе пари за луксузни автомобили и мебел наместо за подобрување на квалитетот на воздухот. Високото ниво на загаденост на воздухот во последните неколку недели неколкукратно ги надминува границите на дозволеното. Скопје е меѓу најзагадените градови во светот, а Зоран Заев и Петре Шилегов не преземаат ништо, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, власта која ветуваше решавање на проблемот со загадувањето на воздухот повеќе од 2 години нема преземено ниту една мерка во насока на подобрување на квалитетот на воздухот. Напротив, Шилегов наместо да работи за граѓаните организира стенд ап настапи за исмевање на сопствената неработа.

,,Загадениот воздух веќе ги полни болниците, а најпогодени се малите деца, бремените жени, возрасните над 65 години и хронично болните. Високото ниво на канцерогените ПМ 10 предизвикува големи проблеми со кардиоваскуларните и респираторните органи.
Зоран Заев и Петре Шилегов ги излажаа граѓаните. Ветуваа чист воздух веднаш, а поминаа две години и ништо не е преземено. Наместо повеќе пари за животната средина, власта со буџетот за 2019 година ќе потроши 7 милиони евра за луксузни автомобили и мебел.
СДСМ потроши половина од нивниот мандат без да преземат било што во насока на подобрување на квалитетот на воздухот. Токму затоа СДСМ мора да си замине час поскоро”, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја зголеми сиромаштијата

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ откога е на власт успеа да ја зголеми сиромаштијата на 22 проценти, реагира ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на пратеничката Јагода Шахпаска.

„Иако тие ветуваа живот за сите, сепак околу 460.000 граѓани во државата живеат на работ на сиромаштија. СДСМ ветува зголемување на приходот на социјалните случаи, а не излегува со точни информации колку точно ќе изнесува приходот со покачувањето кое го најавуваат. Царовска најави социјална помош во вредност од 12.000 денари, односно изедначување со минималната плата, а сето тоа ќе има катастрофални последици бидејќи со тоа ги обесхрабуваат оние коишто сакаат да работат, а со тоа да стекнат работни навики, квалификации“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додава и дека Царовска го укина родителскиот додаток за трето дете, што беше проект на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се зголеми наталитетот во државата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Унгарскиот министер за правда: Унгарија не може да го екстрадира Груевски, тој може да добие патнички документи

Унгарскиот министер за правда, Ласло Трочањи, за телевизијата „Еко“ изјави дека Никола Груевски може да аплицира за патнички документи како...

Македонија1 час

Сијарто: Унгарските дипломати не го шверцуваа Груевски преку границите, тој имаше документи

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска одржа прес-конференција на која рече дека Груевски морал да премине преку три...

Македонија2 часа

(Видео) Апостолски: Недозволиво е да се одреди мерка притвор без да биде сослушан обвинетиот

Денеска, го добивме решението за мерката притвор на Сашо Мијалков. Без да се повика на сослушување, недозволиво е на обвинетиот...

Македонија2 часа

Директорот на затворот „Скопје“: Мијалков е во ќелија со други затвореници, има право на посети и два часа прошетка

Нема наредба од судот за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, да биде спроведен на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ поврзан со...

Македонија2 часа

Хан очекува објаснување од Орбан за азилот на Груевски

Еврекомесарот за проширување, Јоханес Хан на Твитер објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски,...

Свет3 часа

(Видео) Напад во Денвер, едно лице загина, двајца напаѓачи се уапсени

Доцна синоќа во центарот на Денвер две лица отвориле оган при што неколкумина беа ранети, а едно лице загина. Шефот...

Свет3 часа

(Видео) Американскиот Сенат преку писмо побара од Трамп втора истрага за Кашоги

ЦИА не успеа со сигурност 100 %, да утврди дали саудискиот престолонаследник го наредил убиство на новинарот Џамал Кашоги, изјави...

Македонија3 часа

МЗД: Да се разреши составот на Комисијата која утврди дискриминација кон Груевски

Со утврдувањето дискриминација кон Никола Груевски, Комисијата за заштита од дискриминација покажа селективно и непрофесионално работење, смета Мрежата за заштита...

Македонија13 часа

СЈО барало притвор за Мијалков поради оперативни информации дека ќе бега

Во решението на кривичниот суд за притворот на ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков, пишува дека мерката му е определена...

Македонија15 часа

Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за...

Македонија17 часа

(Видео) Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат...

Македонија17 часа

Владата го одби предлог-законот за амнестија предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Владата на денешната владина седница донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април. „Владата донесе негативно...

Uncategorized20 часа

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија20 часа

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски21 час

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија22 часа

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски22 часа

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Македонија1 ден

Сведокот ги препозна двајцата напаѓачи што го претепаа Никола Саздовски

На денешното рочиште за убиството на 20-годишниот навивач на групата „Комити“ повеќе од два часа сведочи сведокот Миле Алексовски, кој...

Свет1 ден

(Видео) Девојка со српско потекло меѓу убиените во Чикаго

Една од трите жртви на пукањето во болницата „Мерси“ во Чикаго е 25-годишна девојка со српско потекло, пишуваат српските медиуми....

Македонија1 ден

При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош

Денешното рочиште за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на претседателот на партијата ОМ, Љубе Бошкоски, продолжи со репродуцирање...

Досие