Контакт

Соопштенија

ЛДП И ДОМ остро реагираат кон власта и опозицијата со поднесени амандмани за отворените листи

Објавено пред

За нас е неприфатлив предложениот праг од два процента за независни кандидати на локалните избори, нашиот предлог е прагот да изнесува 0,5 проценти, само така ќе се овозможи олеснато вклучување на независните кандидати во единиците на локалната самоуправа, остро реагираат ЛДП и ДОМ со поднесување амандмани на предложениот изборен законик од страна на пратениците Моника Зајкова, Маја Морачанин и Боби Мојсоски.

„Во однос на другите поднесени амандмани, ние за отворените листи бараме, наместо прагот со преференца од 3 проценти од вкупниот број избирачи на Избирачкиот список, да биде 10 проценти од бројот на вкупно освоени гласови на листата или, пак, воопшто да нема праг. Финансирањето од буџетот предложено во предложените измени на Изборниот законик ги фаворизира големите партии, со што тие ќе добиваат по 45 проценти од средствата, за нас тоа е некоректно бидејќи се ставаат во поповолна положба четирите големи партии од власта и опозицијата“, истакнуваат пратениците од ЛДП и ДОМ.

Тие додаваат дека за сите други помали политички партии, кои не се делови од пратенички групи во парламентарните политички партии и независни кандидати, наменети се само 10 проценти од средствата.

Затоа, пратениците од двете партии предлагаат распределба во соодносот на средствата од 35 проценти за двете најголеми партии на власт, 35 проценти за двете најголеми опозициски парти и 30 проценти за политичките партии што се помали и немаат пратеничка група во парламентарните партии и независните кандидати.

Тие велат дека доколку власта и опозицијата сакаат демократски локални избори и ефикасни совети, каде што ќе се слуша гласот на граѓаните, амандманите треба да се прифатат во целост.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Никој не верува дека дрогата стоела во возилото 5 години на автопаркот на МВР

Објавено пред

„СДСМ го институционализираше криминалот! Дали возила на МВР се користат за шверц на дрога?!

Колку и да се правда Спасовски и да дава банални изговори не може да го објасни фактот како црногорската полиција знаела дека токму во возилото на МВР имало дрога. Очигледно е дека станува збор за дојава и за возило кое претходно е очекувано.

На Спасовски не му поминуваат лагите. Никој нема да поверува дека дрогата стоела во возилото 5 години. Не е можно возилото 5 години да било возено, да минувало технички прегледи, контроли и граници и никогаш до сега да не е пронајдена дрогата.

Никој не верува дека дрогата стоела во возилото 5 години на автопаркот на МВР.

Спасовски да не се крие и да излезе со одговори.

Ова не е прв случај на шверц на дрога на луѓе на Спасовски. Претходно американската ДЕА го фати командирот на полициската станица Прилеп како шверцува заедно со шоферот на Заев, и тој наместо во затвор седи во домашен притвор.

Македонија со Спасовски стана наркомека“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта кон трагедијата со модуларната болница се однесува како кон пожар на летна тераса на некој ресторан

Објавено пред

„СДСМ и ДУИ бегаат од темата за трагедијата со модуларната болница. Се обидуваат да ја игнорираат, да дефокусираат, да блокираат собраниска расправа. За власта трагедијата со 14 жртви е банална тема. Со еден збор Заев, Филипче, СДСМ и ДУИ се однесуваат индолентно и неодговорно како да се работи за пожар на летна тераса од ресторан, а не модуларна болница во која живи изгореа 14 пациенти.

Власта бега од јавноста и дебатата затоа што ќе треба да даде одговори како е можно цел објект да изгори за 3 минути, зошто во тендерската постапка не се внимавало на огноотпорноста на материјалите од кои е градена, зошто немало противпожарни апарати и системи за заштита, зошто немало надзор, технички прием и градежна дозвола. Сите овие прашања власта е должна да ги одговори, но таа бега. Бега затоа што ќе мора некој да сноси и одговорност, прво морална, па потоа и кривична.

Да имаа грам доблест Филипче и останатите ќе поднесеа оставки од морални причини, но тоа што после 17 дена нема ништо, отвора сомнеж дека тие останаа на функциите за да прикријат докази, да влијаат на сведоци или да влијаат на истрагата. Народот будно ги следи и нема да дозволи ниту еден одговорен да се извлече без санкција. Може да бегаат, но одговорноста ќе ги стаса“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Неодговорната ВМРО-ДПМНЕ во Собранието упорно блокира сѐ што е во интерес на граѓаните и на државата

Објавено пред

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието наместо да се посветат на интересите на граѓаните, посветени се на блокади, деструкции за лични и партиски интереси.

Во Комисијата за финансирање и буџет пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го кочат Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија. Овој закон предвидува отпис на каматите од страна на доверителите, како и репрограмирање на долговите и трошоците на јавните претпријатија.

ВМРО-ДПМНЕ го кочи и Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица во време на Ковид-19. Со овие законски измени на институциите од јавните дејности им се наредува да ги простат и избришат долговите на сите граѓани, по основ на камати во висина од 100%.

Во Комисијата за труд и социјална политика, деструктивната ВМРО-ДПМНЕ ги кочи измените на законот со кои недела станува неработен ден за 92 отсто од работниците.

ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за образование и наука ги кочи и измените кои треба да обезбедат трајно вработување на 4.700 наставници. Со овој закон се предвидува и зголемување на платите, како и исплата на додатоци.

ВМРО-ДПМНЕ се противи и на измените на Законот за служба во Армијата со кои војниците ќе имаат право на избор, ќе имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина по навршување на 45 години, како и дополнителни можности при пензионирање.

ВМРО-ДПМНЕ е насочена директно против интересите на граѓаните и интересите на државата како ниту една друга опозиција во светот.

Таквото деструктивно однесување граѓаните го ценат и соодветно ќе го казнат и на овие избори“.

Соопштение на СДСМ

Прикажи повеќе...

Најново

Свет19 минути

(Видео) Најмалку пет лица застрелани пред ресторан на Менхетен, меѓу нив и напаѓачот

Најмалку пет лица се застрелани во пукотници пред еден ресторан на Менхетен рано утрово, соопшти њујоршката полиција. Полициските службеници биле...

Европа2 часа

Олаф Шолц: Дојде време ЦДУ/ЦСУ да замине во опозиција

Пo објавувањето на нецелосните официјални резултати од парламентарните избори во Германија денеска рано наутро, социјалдемократите (СПД) и нивниот кандидат за...

Европа3 часа

(Видео) Најмалку една жртва по серијата земјотреси во Грција, Турција издаде предупредување за цунами

Неколку земјотреси утрово го погодија грчкиот остров Крит, а најсилниот беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, јавуваат...

Свет7 часа

По три месеци, Сиднеј го укинува целосното затворање

Австралиските власти најавија крај на тримесечното целосно затворање за вакцинираните жители на Сиднеј. Карантинот во Сиднеј и во преостанатиот дел...

Македонија8 часа

СДСМ со митинг во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид – почнува кампањата за локалните избори

Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори, кои се закажани на 17 октомври. Кампањата за првиот круг ќе заврши...

Македонија8 часа

Почнува вакцинирањето со трета доза во Македонија

Граѓаните што имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести од денеска со потврда ќе може да...

Топ22 часа

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Регион23 часа

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Македонија24 часа

Регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица

Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 169, Велес...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција обвини дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери, а случајот го...

Македонија1 ден

(Видео) Заев се попиша: „Конечно ќе добиеме релевантни податоци за креирање на реални политики“

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска...

Европа1 ден

Германија бира наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за...

Македонија1 ден

Од утре изборна кампања

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври. Кампањата ќе заврши на 15 октомври...

Македонија2 дена

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија2 дена

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа2 дена

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Регион2 дена

Татко си ги задавил трите деца во Загреб, oставил писмо на „Фејсбук“

Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко во стан во Загреб, во населбата Млинови. Полицијата на местото...

Европа2 дена

Кој ќе ја наследи Меркел: Изборите се неизвесни, постизборните сојузи се уште понеизвесни

Околу 60,4 милиони Германци в недела, 26 септември на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот,...

Македонија2 дена

Заклучен избирачкиот список, кампањата почнува в понеделник

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список, со што од понеделник почнува кампањата за локалните избори закажани на 17 октомври....

Македонија2 дена

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се...

Досие