Соопштенија
Левицата: Езерото Треска – изградено од народот, не смее да биде жртва на бизнисите на власта

Девастирањето и состојбата во која денес се наоѓа езерото Треска најдобро ги симболизира економските политики на транзициските политички елити, кои од солидарно градениот имот оставија единствено пустош и руини, кои сведочат за едно друго време, велат од Левицата.
„Деновиве градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, и Општина Сарај го усвоија новиот детален урбанистички план за ревитализација на езерото Треска, кој содржи елитен спортско-рекреативен центар со базени, аквапарк, простор за забава за деца и возрасни, викенд-куќички, хотели и трговски центар, а чија вредност се проценува дека би била приближно 200 милиони евра. Во меѓувреме, Општината почна и со уривање на објектите и камповите на езерото, кои пред четириесет години беа изградени со самопридонес на граѓаните издвојувајќи за негова изградба од своите работнички плати. Истите работници, кои во 1978 година солидарно го изградија езерото и таму имаа камп-приколки, денес се под притисок на Општината, која им определи рок до февруари да ги отстранат, заканувајќи се со интервенција на полицијата. Беџети во типичен насилнички стил претпознатлив за криминалната коалиција се закани дека камперите мора да бидат отстранети од езерото обвинувајќи ги дека нелегално изградиле цврсти градби на местата каде што имале приколки“, велат од партијата.
Од таму обвинија дека градоначалникот Петре Шилегов, иако тврдел дека на самото езеро Треска не се работи ништо, туку само во неговата околина, очигледно повторно манипулира со јавноста прикривајќи ја сопствената неспособност да се соочи со проблемот и со своите предизборни ветувања префрлајќи ги ингеренциите на Општина Сарај.
„Градоначалникот Блерим Беџети, пак, тврди дека Општината само го направила планот, а понатаму постапката ќе ја води Владата, која ќе го прогласи овој дел за слободна туристичка зона, која треба да прерасне во туристичка атракција. И повторно имаме случај на префрлање на ингеренциите сè додека се изгуби трагата – кој навистина е виновен за оваа узурпација и приватизирање на јавното добро. Сето ова се прави во интерес на лукративните бизниси на двете партии на власт, кои очигледно многу добро соработуваат кога се матни зделки во прашање“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Демократскиот сојуз: Македонците од дијаспората да ја искористат можноста и масовно да се попишат

Демократскиот сојуз на првиот ден од почетокот на пописот, ги повикува Македонците кои живеат во дијаспората, а имаат македонско државјанство, матичен број и адреса во Македонија, да ја искористат можноста која им се нуди со Законот за попис и масовно да се попишат преку онлајн апликацијата, во периодот од 1 март до 31 март оваа година.
Од партијата велат дека попишувањето на Македонците кои живеат на сите континенти, е од исклучителна важност за добивање вистинска слика за етничкото потекло на сите македонски државјани.
„Демократскиот сојуз предупредува дека отпорот против попишувањето и тивкиот бојкот кој се заговара од некои политички партии во Македонија, може да произведе неверодостојни податоци за бројот на етничките Македонци и да го доведе македонскиот народ во нерамноправна положба во сопствената држава. Истовремено, ги повикуваме и роднините на нашите Македонци иселеници, кои живеат во Македонија, да ги потсетат своите блиски на оваа обврска и да им го објаснат значењето на пописот и попишувањето“, се наведува во соопштението.
Соопштенија
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Шилегов не направи ниту еден проект

Петре Шилегов нема направено ниту еден проект. Нема тунел под Кале, нема нови булевари, освен булеварите кои што му ги остави Коце Трајановски, само менува имиња на улици, а Заев ќе го кандидира пак, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
Според нив, Шилегов е најнеуспешниот градоначалник на Скопје и со самиот факт што за Заев е фаворит, тоа уште еднаш потврдува дека целото работење на Шилегов е по насока на Заев, а тоа е целосна не работа и раздавање на тендери.
„Шилегов не оствари ниту 10% од неговата изборна програма. Нема никакви резултати од областа на екологијата, борбата против загадувањето и комунална хигиена. Скопје за овие 4 години стана еден од најзагадените градови во светот. 4 години Вардариште е дива депонија и проблем за Аеродром и Гази Баба. Диви депонии има на секаде во околината на Скопје и самиот град. Мерните станици на загаденоста на воздухот често покажуваат и по 10 и 20 пати зголемена канцерогеност на воздухот“, велат советниците од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие обвинија дека Шилегов не се грижи за зеленилото, граѓаните немаат доволно вода за пиење, а нема инфраструктурни проекти.
„Шилегов вети и не ја направи Универзална сала. Шилегов вети и не направи забавен парк. Шилегов вети и не направи тунел под Кале. Шилегов вети и не направи нови мостови и булевари. Петре Шилегов ќе остане само познат по потрошените 100.000 евра за новогодишна журка, ливадата на плоштад Македонија, продажбата на градска куќа, обезличување на Скопје и како најнекултурен градоначалник на Скопје кој ги навредува сите неистомисленици со многу погрдни зборови“, велат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
Соопштенија
Левицата: Осудени и амнестирани криминалци ги распродаваат националните интереси

Од партијата Левица реагираат на иницијативата на Владата за промена на учебниците.
„Амнестираниот Владо Бучковски, кој од позиција на министер за одбрана докажано немаше дилема да тргува со воени делови во време на воена криза, деновиве ги надградува националните понижувања, кои секојдневно ги приредува неговата матична партија. Овој докажан криминалец, кому тесна специјалност му е распродажбата на националните интереси, успешно си ја завршува задачата за која е испратен во Софија како специјален претставник на Македонија“, реагираат од Левицата.
„Бучковски најави дека во согласност со усвоената методологија во спорот со Бугарија, од која јавноста е целосно исклучена, ќе се иницира промена на учебниците не само по историја, туку и по географија и македонски јазик и литература. Овие промени не се мотивирани од желба за поквалитетни знаења, ниту од желба за унапредување на образованието – туку единствено од шовинистичките политики на бугарските власти“, додаваат од оваа партија.
Според нив, уште поскандалозно е што најавите доаѓаат откако министерката Мила Царовска на средба со Артан Груби најави измени на учебниците по географија, без никаква, како што велат, транспарентност“, консултација со експерти, или инволвираност на јавноста.
„Со ваквата распродажба македонскиот народ ги губи сите права да се идентификува себеси како посебен народ, како и правото на државност, а Македонија се сведува на парче земја, територија без идентитет и интегритет“, оценуваат од Левицата.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран