Контакт

Соопштенија

Левица: Од образованието не остана ништо освен проблеми

Објавено пред

Состојбите кои со години беа игнорирани и криени под килимче и тешките импровизации во организацијата на најважниот сектор од општ интерес сега излегуваат на површина во форма на акутни проблеми кои бараат брзи и функционални решенија, смета политичката партија Левица.

Од партијата преку соопштение наведуваат дека власта нема ниту желба ниту капацитет да понуди такви решенија, а поради немањето персонал, кадар, опрема и соодветни капацитети во здравството за соодветно да се менаџира состојбата со пандемијата, стапот, како и безброј пати досега, се прекршил од грбот на образованието.

„Децата, место во училишните клупи, почетокот на наставната година, со неоправдано задоцнување од еден месец, го почнаа од дома. Притоа, министерката Мила Царовска не најде за неопходно да понуди решение за очигледната техничка неподготвеност на огромен број ученици да следат настава од дома. Ним, ноншалантно, во манир на Марија Антоанета, им порача да следат настава на телевизија. Четириесет илјади деца од сиромашни семејства се најдоа надвор од системот за образование. Натаму, министерката не кажа ни збор за децата со пречки во развојот и нивните семејствата кои уште претходната година беа исфрлени од системот, иако на хартија целосно се вклучени. Каде се ветените образовни асистенти и на каков начин се планира овие деца да следат настава?

Фамозната платформа пропадна заедно со еден месец од наставната година, на крај од септември. На први октомври наставниците се најдоа исправени пред предизвикот на онлајн настава без соодветни обуки и без техничка подготвеност од страна на училиштата. Во замена на средства за работа, добија закани, уцени и притисоци самите да се снајдат и да си обезбедат технички средства за реализација на часовите.

И, како тоа да не беше доволно, министерката Царовска најави дека во периодот кој следи планира да штеди на греење така што ќе ги испрати наставниците да реализираат часови од дома. Да не знаевме дека три години беше на функцијата министер за труд и социјална политика ќе помислевме дека никојпат не видела ниту еден член од Законот за работни односи во кој, со член 50, јасно е предвидено дека (став 5): „Работникот има право на надомест за употребата на своите средства за работа од дома.“ Но, што може да се очекува од министерка која нема изреагирано ниту за бришењето на химната од наставна програма по Музичко образование, како еден од симболите на државата утврдени со Уставот?
Што да се очекува од министерка која си игра весела математика со процентот заболени деца, пресметувајќи го истиот врз основа на вкупниот број школски деца, а не врз основа на бројот деца опфатени со настава со физичко присуство, со цел да го минимизира?

Левица, како политичка партија, инсистира ваквите состојби на омаловажување на Уставот и игнорирање на правата на работниците и, особено, правата на децата на образование без дискриминација по било којa основa, да се обелоденат, осудат и да се решат“, велат од партијата.

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги кочи измените на Деловникот на Собранието

Објавено пред

„ВМРО-ДПМНЕ на чело со деструктивниот Христијан Мицкоски продолжува да работи на штета на граѓаните и во услови на сериозна криза со пандемијата предизвикана од коронавирусот се обидува да ја блокира работата на Собранието. Со поднесување голем број нелогични амандмани на предложените измени на Деловникот за работа на Собранието, кои треба да овозможат пратениците, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во изолација да можат да учествуваат во работата на собраниските тела на далечина, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го покажа своето неодговорно лице“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, во време на сериозни предизвици од коронавирусот, на граѓаните им се потребни функционални институции, кои ќе работат со полн капацитет, функционално собрание кое ќе носи мерки за ублажување на ударот од пандемијата.

„Граѓаните го препознаваат и ќе го казнат користењето на ситуации со заразени или пратеници во изолација за остварување на теснопартиски интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Молкот за тајните средби во Софија е доказ дека Заев преговара за идентитетот

Објавено пред

„Заев молчи и не кажува за што се преговара на тајните разговори во Софија овој викенд. Според нас, Заев сакал да прифати ретуширана историја, откажување од јазикот и македонското малцинство. Тоа значи дека Заев е спремен на ново предавство“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, молкот на премиерот во заминување Заев, но и на Димитров, Османи, Шекеринска, и цела влада и цел СДСМ, гласно говори дека оваа однародена власт преговара за идентитетот, јазичната и национална посебност, историјата и антифашистичките столбови на македонската државност.

„Власта на шверцерски начин сака на и така штетниот договор од 2017 да накалеми ново раскрчмување на националните интереси. Самиот премиер во заминување, Зоран Заев,  сето ова го навести во скандалозното интервју, а сега со молкот и сето тоа се потврдува. Никој му нема дадено право на Заев да тргува со народот, јазикот и историјата, бидејќи тие припаѓаат на сите минати, сегашни и идни генерации Македонци и останати граѓани на Македонија. Ова не е тезга, ниту Еленица, па да ја распродава. Ова е Македонија, суверена и независна држава.
Народот остро се спротивставува и уште поостро ќе одговори на ваквите штетни и анационални политики на премиерот во заминување Зоран Заев. Работата е дојдена до таму, или Заев или Македонија. Затоа оставка на Заев, слобода на Македонија“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Половина раководство на СДСМ бара смена на Заев и се срами од него

Објавено пред

Заев да си гледа во сопствениот двор и фактот што половина раководство му бара смена и се срами од него, наместо да врши дефокус од распродавањето на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако денес СДСМ порача дека Мицкоски успеал најбогатата партија во Европа да ја доведе до стечај.

„За долговите ги повикуваме да ги праша тие што му седат во скутот на Заев и работат за него со цел спас на неговата фотелја. Воедно да го прашаат и за Кацарска судството и Рускоска обвинителството за притисоците и уцените кои ги вршат врз ВМРО-ДПМНЕ. Но залудно, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа политика на свиткана кичма и компромиси со криминали не правиме“, се наведува во партиската реакција.

Во неа се предупредува дека на повидок е најнов скандал за водење на тајни разговори во Софија каде, како што се вели, се распродава идентитетот, јазикот, историјата.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Регистрирани 1.069 новозаразени, 1.242 оздравени и 29 починати лица од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 3.012 тестирања, а регистрирани се 1.069 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-489,...

Македонија12 часа

Починатите од Ковид-19 не мора да бидат погребани во затворен и залемен метален сандак

На денешната седница Владата го прифати заклучокот на Комисијата за заразни болести дека овластените оператори за погребални услуги се должни...

Македонија13 часа

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат во согласност со соодветен протокол,...

Македонија13 часа

Владата предлага продолжување на кризната состојба до јуни

Владата ќе достави до Собранието предлог за продолжување на кризната состојба до јуни в година. Владата на денешната седница го...

Топ15 часа

Украден паричник од покојник во ковид-центар во Скопје

Украден е паричник од маж што починал во ковид-центарот на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот вчера во полицијата го пријавил...

Македонија15 часа

Бучковски назначен за специјален претставник на Владата за Бугарија

Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Поранешниот премиер е именуван на оваа позиција на...

Македонија17 часа

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Филипче: Нема забрана за снимање, новинарите да продолжат непречено со својата работа

На барање на министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се одржа состанок со претставници на Здружението на новинари на Македонија...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски: Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци

„Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци и затоа навистина овој пат треба да...

Регион17 часа

Србија воведе нови мерки – угостителските објекти и продавниците ќе работат до 17 часот, за викенд ќе бидат затворени

Србија воведе нови мерки кои треба да бидат усвоени од Владата в четврток и да стапат на сила в петок....

Македонија18 часа

УКИМ: Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата

Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата, сметаат од Универзитетот...

Македонија18 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 846 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 846 пациенти позитивни и...

Македонија21 час

Волонтерите од Воено-медицинскиот центар и студентите од шеста година се вклучија во работата на ковид-центрите

Лекарите и медицинските сестри од Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) и студентите кои се на шеста година студии на Медицинскиот факултет во...

Регион21 час

Катимерини: Спорот меѓу Скопје и Софија ќе се пренесе во НАТО

Инсистирањето на Бугарија да ги блокира разговорите за пристапување во Европската Унија со Северна Македонија ризикува да создаде уште една...

Македонија22 часа

Почина заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи

Енвер Малиќи, заменик-градоначалникот на Град Скопје, починал денеска во болницата „Систина“, откако беше хоспитализиран поради низа здравствени проблеми, а беше...

Свет22 часа

„Модерна“ бара од САД и ЕУ да ја одобрат нејзината вакцина

Фармацевтската компанија „Модерна“ побара од регулаторите на САД и Европа да ја дозволат употребата на нејзината вакцина против коронавирус. Компанијата...

Свет22 часа

Азар: Првите вакцини против коронавирус во САД ќе стигнат пред Божиќ

Првите две вакцини против новиот коронавирус би можеле да им бидат достапни на Американците пред Божиќ, изјави американскиот министер за...

Свет22 часа

Си-ен-ен: Кина од почетокот криела податоци за коронавирусот, покажувала помали бројки

Си-ен-ен објави ексклузивни документи за кои наведува дека покажуваат значајни пропусти од страна на Кина на почетокот на епидемијата на...

Свет22 часа

Американски експерти: Ким е вакциниран против Ковид-19, вакцината му ја дала Кина

Кина му обезбедила експериментална вакцина против коронавирус на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и неговото семејство, тврди американскиот аналитичар Хери Казианис,...

Свет23 часа

САД: Осуден на смрт пред 20 години не може да биде погубен бидејќи нема инјекција

Судот во Јужна Каролина донесе одлука да се одложи извршување на смртната казна со вбризгување инјекција на осуденикот Ричард Бернард...

Македонија23 часа

Меркел: Северна Македонија се надеваме годинава да ги почне преговорите, Албанија ќе почека

Северна Македонија сè уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското...

Досие